Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    22.923
    Пол:
    Женски
    Ок, дај боже да идеме напред, но зарем стварно мислите дека нема корумпираност веќе?
    Вчера на маршот со свои очи видов како ги читаат по список.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.652
    Пол:
    Машки
    Еве Бугарија е членка. Катастрофа од држава, поголема беда од Македонија.
    Секој сака да мрднеме од оваа позиција ама зошто да менуваме име? Зошто да бидеме луѓе кои го продале својот идентитет? Плус тоа јасно е кажано дека и да помине референдумот нема да влезете во ЕУ.
     
    На theunforgiven и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  4. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    3.354

    Ама што ќе ми биде подобро, немој да се зафркаваш !!! Па дали имаш чуено мислења на луѓе од Бугарија, Хрватска, па и Словенија (најблиску ни се) ? ? ? Јас сум чул мнооооогу луѓе како не им е сјајно од ЕУ.

    Ама тоа ти е, гладна кокошка - просо сонува. Мислиме дека ако влеземе во ЕУ ќе се случи чудо.

    Ама какво чудо, по ѓаволите ??? Па ние, со нашиот менталитет, можеме да влеземе не знам кај - НИШТО нема да се смени. Само можеме да се претвориме во покондирени тикви, ништо повеќе. Оти, нас, македонците, дај ни власт - одма сме јаки.
     
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Во ЕУ, за да можеме да работиме таро Џерманијо и ние без бугарските пасоши.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.652
    Пол:
    Машки
    На Македонија и треба само добра власт која нема да краде како сегашната и предходната. Ниту ЕУ ниту друга унија. Ако луѓе со 500 евра плата се фалат дека им е добро јас мислам доколку просечна плата би била 400 дека тука никој нема да се жали. И да напоменам, државата не е должна да вработува луѓе туку е должна да обезбеди услова за работа, а сите луѓе според своите способности и знаења да си го најдат местото и да носат некаков придонес.... Во народот е проблемот овде, не е до името.
     
    На Harper, Danchy, Роберт 7 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Искрено да ви кажам, к** ме боли за името. Ако сакаат и без име нека нѐ остават.
    Единствено проблем ми е што голем број на луѓе се убедени дека доколку го смениме името со раширени раце ќе не примат во ЕУ.
    Немаме покана за таму.
    Не не сакаат, па и знамето менувајте го ако сакате. Што уште не е јасно?
     
    На fana, Feminka22 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам со сумата само, 400 евра се премалку. Јас речиси толку земам, а сингл сум и пак не ми стасуваат, камоли да имав семејство. Со 700 евра веќе е друг муабет.
     
    На BlackNight и Јаневски им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.721
    Пол:
    Женски
    Подобро некогаш отколку никогаш
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Јас уште не разбрав како луѓе крпат крај со крај со 200-300 евра месечно.
    Не се сега деведесетите па тоа да се многу пари, а ни тогаш не беа ама сепак...
    Најверојатно живеат во семејство па 50-50 делат трошоци, друга логика не гледам.

    Крпен живот.
     
    На WildMk и LollySky им се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Кога ќе ги почнеме преговорите со нив тоа е сериозна работа тогаш ќе има помала корумпираност нема да биде во толкави размери како што е сега, реформи во правосудтвото според европски стандарди, реформи во јавна администрација поголема ефикасност ќе има промени .
     
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.721
    Пол:
    Женски
    Извини ама знам луѓе со 400 евра со две деца што се и поминуваат без да се жалат така да ама знам и некој со 400 евра плата што имаат по 5 дена плата а другите денови кукаат како не им стигнува платата за цел месец . До човекот ее излеа
     
  13. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Баш така. Со толку мали примања само ако живеат со стари, па и тие да даваат по нешто од пензиите.
    За факултетски образуван човек сегашните плати се понижувачки.
    @нина122, не е работата да "поминеш"(крпен живот), туку да живееш нормално. Да можеш да си дозволиш кино, ресторан, квалитетна облека и обувки, да прошеташ бар еднаш годишно во странство, да истераш заслужен одмор во хотел а не едвај да прикрпиш за апартман во Албанија итн. Штета е што нормалното ни звучи како луксуз.
     
    Последна измена: 17 септември 2018
    На Amellie13, HardSex, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    3.354
    Еве јас не знам што е најпаметно да направам... Да излезам и да гласам негативно или воопшто да не излегувам? Не знам, хаос...
     
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Значи Сум Била во Бугарија на шетање повеќе пати во скоро време. Имаат промена што се Во Еу, Почнувајќи од чистотата по градовите, друга работа што приметив, туризмот им е на повисоко ниво зборам за ски центрите, во угостителството малце на повисоко ниво, некако им е вече проевропски менталитетот. Ова го приметив и го кажувам.
     
    На Feminka22, LollySky и нина122 им се допаѓа ова.
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Како прво луњево нема да имаат потреба да се тепаат за бугарски пасош.
    Со тој пасош здравје можеш колку сакаш да работиш или да шеташ, и ќе бидеш рамноправен со таму тие што живеат, и за наши што ќе одат, да студираат ќе биде поевтино размена и сл, друга работа, наши што живеат таму ќе може да отворат бизнис тука кај нас пошто ќе бидат малце подобри работите во тој поглед ке имаме подобри институции се тоа влече.
     
    На WildMk, oblace1 и LollySky им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.652
    Пол:
    Машки
    Со тоа што ќе влеземе во ЕУ нема да ти се смени понашањето ниту мене ниту тебе. Катастрофа од народ сме тоа е факт. И те молам не ми збори за чистота бидејќи чистотата зависи од секој поединец а не од ЕУ. Сум живеел во држава на ЕУ и менталитетот не се должи на членството во ЕУ туку во гените на народот.
    Не ти треба ЕУ за да го фрлиш ѓубрето во канта наместо на улица или да привлечеш туристи...
     
    На Harper, dunika и theunforgiven им се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    3.354

    Ама како можеме да очекуаме да влеземе во ЕУ откако ќе помине референдумот? Мижи Митро - тулумби паѓаат! Па кој знае колку време треба да помине за да се случи нешто такво... А и во меѓуреме, додека чекаме, и оваа шака народ што остана ќе си ја кидне. Шо, да не чекаат другите 5-10 години за да добијам ЕУ пасош од МК? Глупости... Ништо нема да се смени, исто ќе си биде.
     
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    БОгами со 200 евра а 60 посто тука негде зимаат до кај 15 илјади преку сила.
     
    На Јаневски, WildMk и LollySky им се допаѓа ова.
  20. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    ДРуже веруј реформите си го прават своето, нема да биде како до сега, според нивна правила и прописи ќе играме ако сакамеда влеземе и да имаме нивни грантови пошто на членките им даваат поголеми грантови.Ќе видиша како ќе ни се смени менталитетот.
     
    Последна измена: 17 септември 2018
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.