1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Ако помине референдумот, понатака идеме следна етапа, договорот треба да се ратификува во Грчкиот парламент, да ги известат членките во Нати и прво ги започнуваме преговорите со Нато А другата година ќе ги почнеме со ЕУ.
     
    Последна измена: 17 септември 2018
    На WildMk и theunforgiven им се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    На Чешка и Словачка им требаше 14 години на Хрватска 10 за прием. Многу ми е интересно кога некој од ракав ќе истресе дека за 5-6 години ќе се влезело во ЕУ, луѓе во кој научно-фантастичен филм сте?

    Потребни се да се испреговараат и заклучат 35 поглавја кои ги вклучуваат сите сфери на општеството вклучувајќи ги и најкорумпираните. Знаејќи ја брзината и ефикасноста на нашата администрација тоа личи на невозможна мисија.

    Оптимистички е 20 години а пореално 25-30 под услов Холандија и Франција кои се против прием на нови членки да се премислат а и Грција да не стави вето.

    Се друго е правење филмови со никаква врска со реалноста.
     
    На M&M, buba4e89, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Тоа понатака ќе зависи нашиве тука колку време ќе преговораат и за колку време ќе ги извршат тие промени, се зависи од ефикасноста кај нашиве политичари, некои поглавја што се битни ќе мора побрзо да се имплементираат за за некои оставаат време па да се завршат.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    41751228_2031715000226432_2909350128357736448_n.jpg
     
    На Feminka22 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  5. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Шо нема да биде како до сега? Ау дабе се заборавив јас се нема да биде како до сега во право си.Цените од храна па се до облека се ќе скокне а платите ќе останат исти или пак што е уште полошо ќе се намалат. Те молам не ми зборувај дека ќе биде подоро не е битно дали Македонија ке е во НАТО и ЕУ или не, битно е кој ќе е на власт во државата а ние баш убаво знаеме како беше со предходните и како е сега.Кога ќе дојде некој нормален на власт и кога во државата ќе функционира се како што треба тогаш животот ќе ни биде розов или што би рекле мед и млеко има држави кои се во ЕУ а се доста послаби со финансии од некои кој не се. Не е се да се влезе во ЕУ и Нато ама не може на секој да му се докаже и да разбере.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    22.923
    Пол:
    Женски
    Па да, има логика од пуста желба за еу и нато ќе се смениме. Еве на пример нема да се вози брзо и да се газат деца, и се тоа од љубов према еу и нато. Полицијата ќе си ја врши работата ко што треба, нема да убива со службено оружје се од љубов према еу, за побрзо да влеземе де.
    Реформи???? Што ќе ми се мене реформи коа кој како дојде на власт си ги обрзбедува своите задници.
    Партиски вработувања и слично. Епа после и да се смени нешто нему му е исти такво пошто он е сигурен. А обичниот смртник ќе си трпи.
    Читав глупости од типот ако сме у еу бесплатно лечење во државите на еу. Значи не се нормални колку лажат. Баш за македонија ќе е бесплатно, а за нивните таму не.
    И што сте се запнале за тие бугарски пасоши????
    Еве мојот кум работи во Германија без бугарски пасош, се пријави на оглас, отиде еден ден на разговор, потпиша договор и му дадоа виза. Виза после добија и жена му и децата. Значи до среќата е!!!
    И алал да ви е, вие сакате ко демек да оди државата напред , а од друга страна демек немало да треба бугарски за да се излезе од границите.
    Нато па ќе ме бранеле... Јас ич ги неќам после она што и го направија на Србија, а ништо чудно да не стрефи и нас ако не им дадеме она што ќе ни побараат.
    Не е се така бело....
     
    На buba4e89 и Keiner им се допаѓа ова.
  7. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Разликката во тогаш и сега е тоа што здравје ако ги почнеме преговорите нема да има толкава коруптивност и ќе имаме многу помала партизираност, судството понезависно ќе работи. Секоја власт која и да биде ќе треба да ги направи овие работи согласно европските, а бенефитот ќе го осетиме сите граѓани.
     
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Реформите прво ако ги спроведат ќе ги видиме ние граѓаните и ќе имаме ние полза од тоа и те како се битни, пошто сме сега многу далеку од нив. И второ сите ќе можеме да се движиме со наш пасош , ќе бидеме покункуретни на пазарот, слободни граници , ке имаме поквалитетни производи и сл.
     
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    22.923
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека квалитетни производи имавме, ама истиве овие што демек сега ќе ни ги овозможат, тогаш ги уништија?
    Ги знаеш Газела, Годел, Чик Куманово и еден куп други? Кои работеа и извоз?
    Сте се запнале со тие граници... Ко да ќе ги решат сите проблеми. Не ми треба слободно да ја шетам европа, ако стандардот рипне и немам со што. Зошто реално побогата нема да станам, ќе останам тоа што сум.
    И на крај, болката е што ништо од ова што се случува не е случајно, туку под наредба. Не сакам некој да ме условува, да побараа да смениме некои работи ок, ама име, устав итн ми е ниско, а доволно кажува колку лесно се продаваме па увек ќе не влечат за нос.
    Али, ајде нека биде, барем некој во нашава држава да се усреќи, зошто мене да ми биде боље сигурно нема.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Синот на Локвенец си лапнал 100.000 евра стипендија. Жглаб вака референдумски. Да си има детето за мастика и ужинка де.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Добро, која ви е алтернативата ако не ЕУ и НАТО?
    Ќе седиме вака уште 30-60-90 години??
    Колку?
    До кога?

    Колку генерации треба да умрат во оваа бедотија од држава?

    И да, од нас зависи најногу!
    Затоа ќе си стиснете га*от и нема да крадите, фаќате врски, земате мито, лежите на работа (државно зборам) и да се дудлате по партии и по пријатели...

    1 милијарда евра годишно само за плати и придонеси, за администрација ни бега, и пак ништо не е сработено.

    Затоа овие странчиштава со нивните пари ни требаат.
    Да видиш како изгледа од нив даени пари да ги искористиш, има да те сокапат од аудитинг и од претресување кое евренце, кај завршило... Има да фрчат после казни, оти и тие што казнуваат ќе има можност да бидат казнети. И тие што ги казнуваат казнувачите, и тие.. и сите!

    Само стапот! Неделкан!
     
    На Amellie13, LejlaD и LollySky им се допаѓа ова.
  12. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @XMaN

    Февруари 2004 год. - Македонското Собрание усвои „Декларација за поднесување на апликација за членство во Европската Унија„

    22 Март 2004 год.- Премиерот на Македонија, Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Р.Македонија во Европската Унија.

    1 Април 2004 год- Спогодбата за асоцијација и стабилизација откако ја ратификуваа сите земји членки на ЕУ.

    1 октомври 2004 год. - Претседателот на Европската Комисија Романо Проди го предаде Прашалникот на Владата на Република Македонија.

    31 јануари 2005 год. - Владата на Република Македонија ги финализирала одговорите од Прашалникот на Европската Комисија за апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ.

    14 февруари 2005 год. - Делегација на Република Македонија во Брисел ги предададе одговорите на Прашалникот од Европската Комисија на Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо.

    9 ноември 2005 год. - Европската Комисија го објави мислењето за кандидатурата на Република Македонија за членство во ЕУ. Во мислењето се препорачува доделување на статус кандидат за членство во ЕУ.

    17 декември 2005 год. - Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и' додели статус на кандидат за членство во Европската Унија.

    Чешка:

    Commission recommends starting of negotiations :15 July 1997
    European Council sets negotiations start date:12 December 1997
    EU joining date:1 May 2004

    Нешто помалце од 7 години.


    Словачка:

    Commission recommends starting of negotiations : 13 October 1999
    European Council sets negotiations start date: 10 December 1999
    EU joining date: 1 May 2004

    Нешто помалце од 5 години.

    За Чешка и Словачка(погледни ги уште еднаш фазите тука,бидејќи ние веќе имаме статус на кандидат)
    upload_2018-9-18_20-42-53.png


    Хрватска помалце од 9 години(околу 8,5 години,почеток на преговори во Декември 2004,влез во ЕУ 1 јули 2013 год.).

    Хрватска имаше исклучително тешки преговори и не треба да заборавиме дека Словенија процесот го кочеше поради проблеми со територијата,и особено со проблемот за Љубљанска Банка односно Нова Љубљанска Банка.Откако потпишаа Договор за проблемите со Љубљанска Банка,Парламентот во Словенија ратификуваше.И денес имаат проблеми помеѓу себе.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Ljubljana_Bank
    https://seenews.com/news/croatia-slovenia-reach-agreement-on-ljubljanska-banka-339852

    Од 35 поглавја,14-16 поглавја или нешто под 50% се во трите најпроблематични категории.Ова е на примерот на Чешка,Словачка и Хрватска.Тука сме и ние,можеби за нијанса полоши.

    Околу 7-10 години е временскиот период за кој можеме да ја завршиме нашата домашна задача.
    Договорите со Грција и Бугарија се начин како да се елиминираат пречките на патот до членство во ЕУ и НАТО.Како ќе функционира тоа во пракса ќе видиме,првиот тест и барометар е НАТО каде исто има ратификување.

    Тоа што се случува во Франција и Холандија може дефинитивно да го забави процесот,но е фактор кој е надвор од наша контрола.
     
  13. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Лелеее, луѓе зборуваат за периоди од 15 години.

    Пред недела дена во Шведска трета партија со 17,5% од гласовите се Шведските Демократи. За цели 5% ја зголемија нивната популарност за 4 години. За нив не гласаат имигранти, туку Швеѓани што значи дека се многу популарни кај Швеѓаните. Во Данска исто така се крцка референдум за излез од ЕУ во блиска иднина.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.401
    Пол:
    Женски
    Првин не се ЕВРА туку ДОЛАРИ.
    А шо па тебе те заболе извини за синот на Хари?За во Македонија можеш да си фатиш врски за стипендија а за во Америка треба да го испотиш г*зот а не да чмаеш по форуми и да млатиш празна слама.
    Истиот муабет како со ќерка му на Димитров.Благе везе нема со темава ама одамна немаше излупетано нешто, те очекував.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.597
    Пол:
    Женски
    Јал не јал, пак на лук мирисал...како беше она..хмммм...Абе луѓе, излегле или не излегле, референдумот ќе биде успешен...се е стокмено како треба..:devil:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.206
    Пол:
    Женски
    Ти не си и потребна на Европа па тебе да те финансира. Парите се наменети за премиерот и компанија кои треба да бидат потчинети на западот наместо на истокот, понатаму владејачката партија има контрола и ингеренции врз тебе, не го интересираш западот. За тебе ќе капне нешто ако си ептен прилепена до власта.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Знам дека нема да бидат за мене... Ниту пак за премиерот.

    За инфраструктура ќе бидат, за образование, здравство.. итн...

    Шо не напраја до сега, па да нема потреба од западна компанија?
    Нека напраеше некој нешто.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    17.805
    Пол:
    Женски
    Зар уште не ви е јасна пораката со пенкалце и запалка како поклон? Со пенкалце чкртнуваш нешто и со запалка го палиш листот, можеш зад параванот а можеш и симболично до кутија да одиш со запалено ливче, по што ќе следи громогласен аплауз.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.383
    Ме интересира зошто мислиш дека истокот би бил подобар?
     
    На WildMk и HardSex им се допаѓа ова.
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Затоа што Истокот ќе биде подобар за 15 години.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.