Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Па никој не рече да не бојкотирате.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    па ти рече задолжително да гласаме. Не сакам да гласам.
     
    На carangigia, Lianna Anna, Јаневски и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    14.456
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека избирачкото право е неприкосновено,овој притисок е кривично дело.Мое право е дали ќе го искористам или не.Сега со разгледувањето се осетив како под истрага :rofl: Ќе ти одговорам за да не копаш по старите мислења.Не сум член на партија,симпатизер сум и сум политички активна.Ама за разлика од партиските роботи,јас си имам мој став.И во никој,ама баш во никој случај не би изнела ваква информација по партиска наредба.Прво затоашто се работи за моето семејство и мојот личен живот,второ затоашто објективно,а не партиски,гледам на ситуацијата,и трето,за да не си го нарушам личниот интегритет.И не се присилувани само членови на партии,туку сите вработени во фирмата.А меѓу нив има од сите партии,и такви кои се неопределени,па ти види сега.Не знам дали некаде на друго место се случува уцена,веројатно да,ама овде конкретно е.
    И моите стари мислења,односно моите размислувања за одредени теми,не ти даваат за право да оцениш каква личност сум јас.Да,патриот сум,ама тоа не кажува ни 5% за мене.
    Се извинувам на оф топик :D
     
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.794
    Допаѓања:
    176.490
    Пол:
    Женски
    Како задолжителен ?!
    Ако не можам да гласам да ме казнат ?!
    Или ?:?:
     
  5. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Точно така, референдумов е за Северна Македонија, не за Европска Македонија. Барем сега со интернетов можеме да прочитаме и слушнеме се- дали имате случајно видено што се' треба ние да смениме освен тоа името? И само едно имам да кажам, земам пример од еден бугарски професор кој еднаш рече (преведувам): „ Нас не примија во ЕУ за да им го чистиме БОКЛУКОТ“ (т.е. ИЗМЕТОТ, ЃУБРЕТО). И не само тоа, не можам да заборавам на настаните кои моите баба и дедо ми ги имаат раскажувано за сите мои предци кои се бореле за нашава татковина, кои биле стрелани и ред други работи...Затоа, излишно е и да се зборува за некаков си референдум. Половина од моите другари и другарки кои ќе гласаат, знаете ли поради која причина ќе го направат тоа? Само за да ја задржат државната работа која ја добија, ете само заради тоа. Мораат, бидејќи се партиски определени, ги разбирам и ги жалам. Е јас драги мои, се откажав од државна работа на која бев 8 години само и само што не сакав да се мешам во партии, барем не во вакви партии кои гледаат само штета да предизвикаат на народот- да го ограбат, оголат до кожа дури се може. Како и да е, имам премногу причини за ова и затоа кажувам дека јас КАТЕГОРИЧНО #БОЈКОТИРАМ
     
    На carangigia, zuto, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.206
    Пол:
    Женски
    Оние определените за сдс нема ни да сетат дека всушност се принудени да гласаат, а не па да шират наоколу дека ги тераат.
     
    На carangigia, zuto, orevokrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    14.456
    Пол:
    Женски
    Веројатно членката мислела на тоа.Ама по Устав и по Закон за референдум,тоа не смеат да го прават.Прво,избирачкото право,како твое политичко право,е твоја лична работа.Тоа дали ти ќе го искористиш или не,си е твое.Не може и не смее никој да те присили да го искористиш.Пречкртувањето на ливче,не е израз на бојкот.Тоа е сепак израз на некаква волја,не се сложуваш со ништо од наведеното.Додека бојкотот е неизразување на волјата,поради револт или друга причина.Така што,никој не смее да те казни ако не излезеш.Ова е de jure.
    А de facto,па ете пишав погоре за државна администрација,сега дали е секаде така,не знам.
     
    На carangigia, zuto, blackpanter и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Среќно во животот најискрено. И така живееш во подобар свет и не ти е гајле според твоите зборови, па така можеш да си пишуваш на странски форуми и да не се замараш со нас веќе. Ќе те посрамотиме не за друго.
     
  9. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    :inlove: Питомец, колку тоа убаво звучи.
    Мирно кротко, секаде те следи, за се те слуша и ти доаѓа да го погалиш, ама не го галиш! Пошто е груба љубов и треба да знае кој е газда. Само од време на време му дозволуваш да ги собере ронките од колачињата што ги јадеш, доволно, дури многу му се. :devil:
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Имаш напишано факти што се точни но ако почнам да реплицирам детално, колку и да има смисол муабетот ќе забегаме во тешки политики а не е тука ни време ни место, ниту пак ќе има аир што јас и ти ќе се распишеме :).

    Се согласувам со повеќето работи, делумно не се согласувам дека мора така да биде (посебно за администрацијата) но сеуште мислам дека тие што одлучуваат не се сигурни што да прават понатаму па ЕУ им доаѓа како Дедо Мраз што од утре ќе дели подароци и ќе потече мед и млеко (ЕУ фондови итн). Фали визија за понатаму а не ја гледам од политичкиве фактори. Реално 90% од работите што ги напиша се и мое мислење само можеби не би се согласиле за алтернативте или па би, којзнае :D.

    Ќе прајме муабет по референдумот, секако ќе има за што да се дискутира :).
     
    На HardSex му/ѝ се допаѓа ова.
  11. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.699
    Пол:
    Женски
    Дали ќе излезам незнам - се мислам. Но знам луѓе кои потенцираат дека ќе гласаат "ЗА влез во ЕУ и НАТО", несвесни дека не гласаат за "ВЛЕЗ", туку само за промена за името.
    Али тоа е, слушнал не дослушнал, прост народ силна држава.
     
    Последна измена: 24 септември 2018
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки


    Моќно, моќно. ВМРО до сега на ниту еден протест не е под 8,000 народ што зборува дека партијата е во добра кондиција и разните инфилтратори во партијата немаат никаква поддршка меѓу народот.

    Колку луѓе ќе соберат Љубчо, Љубе и Стојанче заедно? Ќе наполнат 2 автобуси или ги преценувам?
     
    На carangigia и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    Ова всушност ви е реалната бројка 8000 - 10000. И уопште не е за фалење ко ќе размислиш. Во споредба со претходните 50000 - 100000 (ко што кажувавте) ова е смешно. Сега се гледа како ги полневте митинзите, протестите и контрапротестите додека бевте на тронот, со влечење за уши, уцени и закани.
    И после некој како тебе ќе ми продава патриотизам (facepalm)
     
    На oblace1, Hipster, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Почнаа мисионери да ни праќаат. Интересите од балканските војни се вратија, Мис Стон се врати, Турско се врати, наолку опортунисти, мршојадци и нивни слепи поддржувачи, настрвени да грабнат парче. Интересите никогаш не ни заминале, сега само доаѓаат до израз, повторно.

    Западњачка тактика, секогаш напаѓаат кај што е најлесно, бараат маргинализирани групи и ги регрутираат како топовско месо. Ама не, тие се добротвори, нашите филантропи и бенефактори.

    00:35 Менаџерот на кампот си кажа самиот дека „им предаваат на младите таму, како лидерството еколошки работи иии така, овие теми“, демек ги учат децата англиски, арно ама - не, шират пропаганди и идеологии.

    Ова што ни се случува е срамота и греота, редно време е да почнеме да се организираме против овие канцерогени појави.

    Толку апла е очигледно, што кој не го воочува ова, е непријател.

    ----
    Извор: https://telma.com.mk/amerikanski-volonteri-ke-predavaat-angliski-vo-makedonski-uchilishta/
    ----
    Американски волонтери ќе предаваат англиски во македонски училишта

    55 волонтери од Америка ќе предаваат англиски јазик во македонски училишта и ќе работат како дефектолози помагајќи им на децата со посебни потреби во дневните центри низ државата.

    Со служба ќе започнат од декември, а во наредните три месеци ќе го изучуваат јазикот и ќе се запознаваат со македонската култура и фолклор.

    Пристигнаа денес, а ќе волонтираат во наредните две години како дел од Мировен корпус кој е американска владина организација.
    Од 1996 година до сега, повеќе од 750 американски државјани волонтирале во Македонија.


    ----
     
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Eве си пишува, ова функционира од 1996 година, и никогаш не било спорно или сомнително. Не знам што им текнало сега да ја актуелизираат веста.
     
    На WildMk, Joi и galapce им се допаѓа ова.
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Телма десничарска телевизија шири пропаганди...

    Секогаш е спорно, ова е нов бран.
     
  17. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    До сите оние кои се оправдуваат за неоснован бојкот и го користат името на нашите револуционери за тоа, Даме Груев, Гоце Делчев, Татарчев, Никола Карев итн... Кога би знаеле за каква Македонија се бореле, би се превртеле во гробот, лесна им земја...
    Тие биле големи умови, интелектуалци, боеми и не им го валкајте името со денешните политичари.
    Кој сектор во нашава земја е како што треба?
    Здравството? Што секој ден умираат луѓе што чекаат за операции или од милоста на граѓаните да се соберат пари. Сведоци сме секој ден како родители молат за своите деца, а тие зборуват за милиони на телевизија.

    Образованието? Каде работа се добива само со партиска книшка и некој со врски да те напика, па дали си за таа позиција, мање битно. Каде учителките на првиот час ги прашуваат децата каде биле на одмор за полесно да одредат финансиски статус. Каде платата е иста за професор по филозофија и матматика.

    Слобода на говор? Каде секој на некоја партија е марионетка и само зборува тоа што му се наредува за да си ги оствари личните интереси или интересите на фамилијата. Каде луѓето одат во затвор по 10 години поради различно мислење на партијата на власт, а се на слобода партиски убијци.

    Плати? Политичарите си градат вили во Швајцарија и низ светот, а работникот е платен како да не умре. Никаква заштита за работниците и преголема класна разлика помеѓу лугето.

    Политиката? Срање во боја. Тие зборуваат ние им веруваме, а најлошото е што имаме премногу време да се замараме со политика додека во развиените земји не знаат ниту кој е премиер или министер за земјоделие.

    Сума сумарум...Системот ни е брз врска и мислам дека нашите политичари го имаат погрешно сфатено концептот на демократијата. Ниту сум во некоја партија, ниту моето семејство има корист од партија, само гледам што се случува и не ми се допаѓа. Сакале да признаеме или не, тука сите човекови права се прекршени во секоја смисла. Името искрено ништо не ми менува. Дали е северна или било кој друг епитет тоа е небитно доколку нешто се смени на подобро. Да имаме мир, спокој, финансии и да се надеваме дека доколку го смениме името и нештата би се смениле. Јас сум за промена, па да видиме како понатаму.
     
    На Hipster, WildMk, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Хахаха... Колку собра СДСМ месецов? Дебакли на секој агол. Бројка од 10,000 за македонски услови е и повеќе од добро. Поразително е цел систем да е во твои раце, а да не можеш да собереш 100 луѓе како СДСМ.
     
    На carangigia и zuto им се допаѓа ова.
  19. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Браво!

    [​IMG]
     
    На carangigia, Yipman2, blackpanter и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Среча ние соросоидите веќе имаме искуство со предавање на државата (цели 5 год ) така да нема проблем уште еднаш да ја предадеме на 30ти (И после уште неколку пати на следни избори).


    Него дечки конечно излезе планот за како што понатаму , стварно не знам зашто се грижат луѓево.
    7 чекори за подобра иднина и смрт за предавниците !. ПОБЕДУВАМЕ !!!!

    [​IMG]
     
    На Hipster, WildMk, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.