Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.687
    Да ќе излезам и мислам дека многу луѓе што викаат не сепак ќе излезат
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Ова со референдумот, ЕУ, НАТО на крајот ми излегува ко ај ма стави го еднаш у уста и сигурно ќе те оженам.
     
  3. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    3.799
    Пол:
    Женски
    Не сум член на ниедна политичка партија, но од она што сум во тек со моменталните политички настани, ова е мојот став во врска со референдумот.

    Не знам чуму референдум кога секако немаат намера да ја слушат волјата на граѓаните. Да сакаа да ги чујат граѓаните вистински, ќе го направеа референдумот обврзувачки, како што е и регуларно според закон. А вака, мижи асан да ти баам, шо и да излезе од референдумот тие се решени да си истерат по нивно. Да беше обврзувачки може и ќе се замислев, но вака, решив да не излезам да гласам од причина што верувам дека мојот глас нема да се смета и цени. Како ни вашите, делумно. Резултатите ќе бидат изработени според нивните потреби и без разлика на се, ќе си го истерат договорот во собрание.

    Други причини нема да набројувам, затоа што се е разглабано веќе во темава и не би да должам, но да ми велат оди гласај, искористи си го правото, за да подоцна тие ми го помоножат со нула...No, thanks.

    Вака, барем знам дека мој глас не злоупотребиле за нивни цели.
     
    На koritsaki, Danncee, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Како тоа се присилени? Јасно им е кажано дека доколку не излезат на референдум ќе биде прекинат нивниот работен однос?
     
    На Danncee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Аха, Да. Уште така лесно да се прекинува работен однос.|(
    Приказни за мали деца.
     
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Твојот глас ќе биде валиден ако гласаш, сите ние граѓани треба да се изјасниме што сакаме, дали вака да си остане или да ја смениме ситуацијата.
     
  7. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Ах што ќе ми биде мило да им пропадне планов, ќе видиме здравје
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.206
    Пол:
    Женски
    Европа нема да ја интегрира Македонија, гарантирам дека гледаат со одбивност кон ова население. Споредете го само народот на Скопје („култура“, манири) со оној во метрополите на континентов, дури и балканските главни градови, и ако не се почувствувате непријатно сеејќи европска магла, немам друг коментар за вас, ѓон-образ. Какви реформи, каков мониторинг... (има и во Македонија ретки луѓе кои би можеле да направат некаква разлика, ама вие не би им дозволиле, порадо би играле на Заев). ЕУ нема да ви врши надзор по дома за начинот на кој ги воспитувате вашите деца до 10 години. Тоа е изворот на сите неприлики, таму се потребни коренитите промени. Само дури е теле се учи, но нема кој да го научи. Постои една варијанта која ми паѓа на памет, а тоа е да ви ја собираат челадта во интернати, што знам дека звучи премногу режимски за да биде спроведено. :D
    Како и да е, нема да гласам на референдумот наменет за занесени либтардо-комуњари и припадници на малцински групи што едвај чекаат да се брише Македонија и македонизмот за они да манифестираат доминација и бетер да станеме. Севернистан.
     
    На dayla, SeaMermaid, Danncee и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Не сaмo штo немa дa излезaм дa се укинaм себеси туку и тие штo се зa некa си прaшaaт дaли глaсaaт сaмo зa преспaнскиoт дoгoвoр, ќе ги нaпрaвaт aлбaнците држaвoтвoрци штo пo aвтoмaтизaм знaчи прaвo нa теритoријa и сaмooпределувaње зa сецесијa.
    Прaшувaјте кaкo ќе глaси преaмбулaтa пред дa oдлучите дa глaсaте.
     
    На sjdgo и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  10. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Колку сте смешни за тие што ќе гласаат ЗА референдум, искрено ништо нема да постигнувате, тоа е само за промена на името а не за европска унија и нато. Разбудете се што правите само ќе се заглавите и после немат назад. Заев не е дедо мраз па да ви исполни сите желби и подароци. Фала чао
     
    На Abeja, carangigia, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Ама ќе го оставиш ливчето празно и сепак ќе гласаш ЗА на референдумот, ти или некој друг, ти текнува? :drunk:
     
  12. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    2.975
    Пол:
    Машки
    Црпнатото муртинско магаре прво преки измет рамадани се закануваше со дестабилизации, па видеа направија со конфликтот, диво насеље и сеа демек ќе испровоцира некој грев, ради тоа шо кажува не се броеле тие шо не гласале, а одвај 15 месеци е на власт. Каков психопат
     
    На Abeja, sjdgo и Danncee им се допаѓа ова.
  13. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки


    Заради ова никогаш нема да излезам на референдумот и да си го променам својот личен идентитет и да дозволам од другата страна на Вардар да ме дупат како немам име, нација, јазик.
     
    На Abeja, carangigia, sjdgo и 3 други им се допаѓа ова.
  14. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    3.799
    Пол:
    Женски
    Но, нема да придонесам за цензус и не сакам да учествувам во нешто за кое мислам дека е однапред испланирано. И бојкотот е право на избор. Башка тоа, еве хипотетички земено, референдумот не успева, односно повеќето гласаат против. Може пак да си го изгласаат во собрание? Може. Кој ми гарантира дека ќе го почитуваат таквиот исход? Никој. Да верувам на збор на политичари кои безброј пати си го погазиле? Не верувам.

    Да имаа муда, ќе го направеа обврзувачки, како што е регуларно според закон, да не се повторувам, верувам ме сфаќаш што сакам да кажам. Е! тогаш ќе беше граѓаните како сакаат, ако секако се е регуларно, без местенки. Тоа е мојот став и нити некого сакам да разубедувам, нити мене некој да ме разубедува, фино си кажав, секој со својот став и право да одбере како да постапи. :)
     
    На carangigia, fana, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Тоа и го почитувам, личен став и избор.
    Јас ќе гласам ПРОТИВ, затоа што сметам дека во една демократија секој треба да си го искаже ставот. Мене конкретно ми е апсурдно менување на име под туѓ притисок, сметам дека нас ни е ускратено правото на именување на државата, а и да имало некој меѓународен уставен суд таму би добиле пресуда дека никој од позиција на насилник, нема право да бара да се преименуваме.
    А и можеа чесно да го постават референдумското прашање: "дали сте за промена на името во Северна Македонија", ама тоа веќе е друг муабет.
     
    На Hristov, Harper и TheGoldenPeach им се допаѓа ова.
  16. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    За мене помангупски е сите да излезат на гласање и да покажат дека повеќе се против отколку за договорот. Со бојкотирање е посигурно дека нема да успее референдумот ама секогаш ќе биде она дека некој едноставно не мозел да гласа а не дека е против. И кога се оди на полесниот начин едноставно имам чувство дека оние кои се против не веруваат дека се повеќе од оние што се за.
    А вистината е што и да биде нас не не бива пред се бидејќи сме лоши како народ, бидејќи кој да е на власт едноставно мисли само како да ограби а не да направи прстоен живот за граѓаните на Македонија. А не ни треба многу ,минималец нека е 500 евра никој нема да замине од Македонија. Како народ и не ни заслужуваме подобро кога двајца кои одвај преживуваат се караат за тоа кој поубаво ни го “начукал“ односно се збогатил на наша сметка, наместо да се здружат па на бесилка ако треба таквите апашишта од било која партија да ги закачат.
    Повеќето не ни знаете дека слични приказни кажуваа пред 28 години кога го убедуваа народот дека социјализмот е крив што немаме плати како на запад, дека ако било капитализам ќе сне имале плата како Германија. Ама сетне не било до тоа сега гледаме дека немаме висок стандард само затоа што не сне во ЕУ, и дека само што ќе влезиме во ЕУ одма ќе потече мед и млеко.А 99% македонци сакаат ЕУ не затоа што ќе ни се управи стандардот во државава туку оти полесно ќе ја дувнат во Европа.
    А додека влезиме во ЕУ кој знае богатите еевропски држави вокаква федерација ќе си сездружат па пак ќе се тешиме дека ете баш таму му е мајката да влезиме за да живееме некој нормален живот
     
    На Hristov и LollySky им се допаѓа ова.
  17. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    3.799
    Пол:
    Женски
    Значи воглавно се согласуваме во се. :) Да беше референдумот обврзувачки можеби и јас би одлучила да излезам и гласам против, но сега сметам дека нема фајде при ваква фарса за жал.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.355
    Допаѓања:
    19.903
    Пол:
    Женски
    Референдумот не е за влез во НАТО и ЕУ, туку за промена на името се работи. Ќе видите дека така ќе излезе на крај.
     
    На Abeja, LollySky, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    За ваков народ каков што сме ние само геноцид му е мајката. Не постои нешто што би не вратило на вистинскиот пат. Ве читам и ви се чудам на паметот и на едните и на другите. Не знам само како им е на оние што се бореа 2001 година за да го имаме ова парче земја и на оние семејства кои загубија свои блиски во тој пекол. Не знам како се чувствуваат тие кои учествуваа во целиот тој пекол. Дали имаат горчлив вкус во устата? Дали им стојат кнедли во грлото? Дали се чувствуваат измамено и повредено? Нема ниту да дознаеме само тие си знаат. И некој ќе рече не гледајте во минатото, треба да гледаме кон иднината. Која иднина ? Се слушате ли што зборувате или само колку нешто да се каже. А идентитетот го изгубивме уште кога го потпишаа рамковниот договор и името да ни го сменат ќе си останеме глуп и прост народ и секој ќе не е.... како сака. И после се јас да излезам на референдум и да си ги извалкам рацете со крвта на бранителите. Епа не сум луд. Ај со здравје. (fingers)
     
    Последна измена: 25 септември 2018
    На Цвет88, Abeja, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    14.456
    Пол:
    Женски
    Баш така.Дека е голем притисок и врз нив-најтесното раководство,и дека мораат да излезат.Притоа моите не се општи работници,во администрација се.
    @makedonkamak за тебе приказни за мали деца,ама за мене реалност.И туку така секојдневно се прекинуваат работни односи.
    Да беше референдумот јасен: Дали сте за промена на уставното име во Северна Македонија?
    Ќе излезев и ќе гласав против.А вака,ова замајување со „Европска Македонија“,манипулација на ниво.Конфузно и незаконски во секој случај.Советодавен законски референдум се спроведува за поважни прашања,вклучувајќи ги и тие за Република Македонија.Ама,промена на Уставот што сакаат да поттурат со закон за ратификација,тоа е и те како противуставно.Да имаа респект кон народот,референдумот ќе беше обврзувачки.Вака решиле да не сменат,ама ај да не биде дека не не „прашале“.Како овци за стрижење.Плус има пресуда од Меѓународен Суд на правдата против Грција,тоа е и те како сериозна работа.Малку на тоа да се повикаа?
    Правно не е во ред,ќе повторам уште сто пати.Кој се занимава со право или го учи,знае на што мислам.
    @Jane.Birkin пријателке драга,целото мислење ти е во ред.Ама тоа што си го наведила да го постигнеме,не се постигнува со промена на име.Треба внатрешно да работиме и да си ги средуваме проблемите,а не да чекаме како гладни деца од ЕУ-на која не и е гајле за нас,да ни ги решава како со маѓично стапче.И нема ЕУ,ова е референдум за промена на уставно име.Кога ќе добиеме покана за ЕУ,јас ќе се изјаснам на тој референдум,за тоа конкретно прашање.
     
    На Jane.Birkin, carangigia, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.