Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Galaxia

    Galaxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    94
    Викате не го решиле Црвенковски и Груевски спорот,го претставувате споров како некоја математичка задача која политичарот кој што е на чело на државата е способен или неспособен да ја реши.Јас на споров гледам само како уцена врз нашиот народ која главните фигури во државата можат да ја прифатат или не.За жал Заев падна на колена пред неа.
    Зошто?Навистина ли мислите дека тие држави кои ни ја наметнале оваа уцена утре ќе бидат истите кои ќе ја направат нашата држава подобро место за живеење?Толку ли ни мислат добро оние што ни го ускратуваат основното човеково право,правото на самоопределување,за ние слепо да им веруваме дека дека не чекаат со отворени раце во нивната заедница.Зошто воопшто размислувате на начин дека некој од страна треба да дојде и да ви ја направи државата подобро место за живеење.Зарем оваа филозофија ја користите и во вашиот приватен и деловен живот.
    Се жалиме како државата не идела напред а никако да го впериме прстот кон себе.Оваа држава не иде напред само поради огромната концентрација на индивидуи на кои финансискиот интерес им е приоритет пред личното достоинство.Партиските војници кои иако се свесни дека се неквалификувани за одредена позиција(влада,администрација,здравство итн)без срам ја земаат на оние поквалификуваните од нив.Ај што не се квалификувани,они не се ни трудат да стекнат некоја квалификација или да сработат нешто,единствено нешто што ги интересира е да ја добијат платата.Тука се и оние квалификуваните кои за своите услуги бараат мито.Политичарите,и од едната и од другата страна,кои единствена цел на нивната функција им е личното збогатување.Корупцијата во државата не ни ја создава никој од надвор па така никој од надвор нема ни да ја реши.Утре истите партиски војници кои ги интересира само сопствениот џеб ќе бидат задолжени и за парите кои ќе ги добиваме од Европската унија(ако воопшто добиеме нешто).Зошто мислите дека совесно ќе се однесуваат со нив?
    Размислете бе луѓе,зошто оној истиот Заеб кој се колнеше дека никогаш нема да го смени името уште во првата година од неговото владеење го направи тоа?Зошто порано самиот не земаше промена на името во предвид и како денес тоа ви го продаде како хероизам?
    Зошто вие самите го продавате сопственото име за кое до вчера пеевте песни како не го давате за само мислата(немате дури ни гаранција)за подобра финансиска иднина?Ако ништо друго барем признајте го недостатокот на достоинство.
    Промената треба да почне во секој од нас поединечно,а не да ја купуваме од оние кои не ни мислат добро за скапа цена #бојкотирам
     
    На Jane.Birkin, carangigia, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе кажеш од Македонија дека си, досега да не кажуваше од Република Македонија? Или од фиром, пупу скраја да е... ;)

    Интересно е што многу луѓе очигледно референдумот го перцепираат како референдум за или против владата :)

    Верувам дека се наоѓа по некое шефче или директорче што злоупотребува службена позиција и им се сили на вработените. Ама не им се плашете, не ви можат ништо. Што ќе пишат во образложение на отказ, одби да оди на референдум? Абе ај.
     
    На oblace1, JuLleE, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  3. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Кое ,,црно" шефче? Поголем дел од раководни места уште ги држат Вмровците, не се сменети. Некој, си се снајдоа т.е си зедоа книшки од Дуи и никој ништо да не им може. Јака карта во џеб, кој да се смени, Дуи не се менуват.
    Разрботени шеми од Вмро, кој мислат дека Сдсм ги практикува. Релно, плукаат по нешто што тие години го правеле. :(
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Рaбoтaтa секoгaш зa мене билa декa зaпaдoт ќе изврши притисoк дa се oбезличиме, нo никoгaш не oчекувaв декa ќе дoјде дo рaскoл кaј мaкедoнците и дo вaкви oстaпки кoн грците aлбaнците и бугaрите, референдумoт oд дoбрa идејa се претвoри вo изгoвoр нa пoлитичaрoт дa немa винa oд oнa штo следувa, јaс oдбивaм дa бидaм игрaчкa и лaжен oд вaкви клoвнoви дaл сдс ил врo, јaс oстaнувaм нa мислењетo нa предците единственa aлaткa зa сoчувaње нa мaкедoнскиoт нaрoд oд хегемoнијaтa нa четирите aјдуци е сaмo преку мaкедoнскa држaвa, мaкедoнијa зa мaкедoнци нa мaкедoнци, инaку ќе не aсимилирaaт и делaт внaтрешнo нивните слуги, србoмaните бугaрaшите гркoмaните, единственo aлбaнците избoксувaa преку нaтaлитет вештa пoлитикa и нaивнoстa кaј нaшите дел oд теритoријa.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Еве да ти одговорам живеам во Република Македонија многу добро знам
    Во тие сојузи не не примаат бидејки имаме проблем Со Грците они се внатре се, ние за надвор сме Фиром и така фигурираме, значи како Р.М немаме никакви шанси да влеземе се виде овие години.
    Заев не е Дедо Мраз заштоќе си имаме работа со луње и систем каде што важат некои ред и правила а не како до сега пашибузук.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Да, ве потсетам на Евровизија ( сите гледате) како не претставуваат- ФИРОМ или Р.Македонија?
    Ај, симнете се од облаци, вратите се во реалноста, патриЈоти.
    Јако државиште сме, фактор држава, земја се тресе од нас, колку сме моќни.
    Посебно најјаки зад тастатура и анонимни форуми.
    Ем шуто, ем боде.
     
    На Jane.Birkin, galapce, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Ова ти е надополнување или реплика нешто;)

    Ја не сум партиски активна нити иам некоја лична корист, сметам дека треба да гласам.

    хаха браво за ова:)

    Све ти стои на место ова, но проблемот е озбилен ние навистина не можевме овие години правилно да функционираме, станавме дисфунционална држ ради политичарите си правеа што сакаа уво не ги боли за народот е затоа сме дојдени до тука.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Нека замини 30 ти септември, и на реклами и политика и ништо да не видам и слушам, оти на крајот ќе се излезе на виделина кој и што направил па после никој да не се чуди..
     
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    На кој дел конкретно мислиш?
    Првото е одговор на @Kikiccc , второто е мој коментар општ, а третиот дел коментар за тоа што го пишала @SeaMermaid :D Да не пишувам посебни постови, па се натрупав во еден.
    А и јас ќе гласам, ќе си го искористам демократското право на глас.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    ок е
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Galaxia

    Galaxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    94
    Во овој случај ти препорачувам да се информираш колку е подобрен животот на бугарите откако се влезени во ЕУ.Зборувам за обичниот бугарин не за оние корумпираните,бидејќи во Бугарија корупцијата и лошата политика цветаат повеќе и од кај нас.Како некој што има пријатели и роднини таму можам да кажам дека слушам само негативни коментари.Никакво подобрување,примаат плати и пензии од 150-200 евра а трошоците за живот се многу зголемени.Нема ни тука да процветаат рози.
     
    На Abeja и zuto им се допаѓа ова.
  12. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    2.239
    Девојко скоро сум била Бугарија и тоа повеќе пати, платите им се повисоко од нас, има разлика како фунционираат реално они се години пред нас.Намалена корупцијата од што била, поголем пазар имаат, и многу се гради.Највеќе ми се свиѓа угоститетлите имаат добра услуга, туризмот е далеку пред нас и ски ценри и бањи итн.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DushkoFH

    DushkoFH Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    За кого бе да излезам за преваранти и пијаници кои дошле на власт да ми глумат како ќе ја опраеле државава, ќе сме имале поголеми плати ако сме влегле во Еу, подобар ќе ни бил животот во суштина, поголеми пензии и што ти ја знам веќе што не накажаа.. А бе Смешна е и бедна оваа новава власт што дојде и сигурен сум во тоа дека нема да тера долго, и едно да им е јасно, а тоа е дека народот не е стока па секој да си подигрува со него како што сака. #БОЈКОТИРАМ
     
    На carangigia и zuto им се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки
    Б О Ј К О Т И Р АМ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На Јаневски, carangigia, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Oни веќе се имaaт решенo декa ќе oдaт дo крaј... Плус референдумoт е кoнсултaтивен не е oбвзувaчки...
    Нa 30 ќе излезе сaмo нивнoтo членствo и aлбaнците.
    Нo тие 350 000 мaкедoнци oд сдс некa се чукнaт пo глaвaтa мaлку штo слушaa вo декември 2016.
    Немa прoменa нa устaвнoтo име буквaлнo дерење.
    Пa немa двoјaзичнoст немoже без две третини, вo глaвaтa нa груевски.

    Ајде бaрем oвaкви лудaци еднaш дa гo сплoтaт мaкедoнскиoт нaрoд зa мaкедoнскa републикa у пм.
    Еднaш и Мaкедoнецoт дa се изрaдувa.
     
    На carangigia и zuto им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Јас и сега не гледам ништо од тоа. Едноставно е: не гледај македонски канали, не читај македонски портали и voilà
     
    На Amellie13 и LollySky им се допаѓа ова.
  17. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Иако се декларираш како непартиска сите постови ти се како да ги слушаме објаснувањата на владата. Бугарија беше ептен беда предходно со стапувањето во ЕУ дојде до некое ниво кое е за малку пред нас пак кој сне дно-дна во Европа. Ниедна европска држава која е сега економски јака со висок стандард на населението не била слаба пред ЕУ, туку си биле со јак стандард и без ЕУ.
    Јас и понатаму сум убеден дека проблемот ни е корумпирани и алчни политичари кој не сакаат финансиски силен народ туку сиромашен како би можеле лесно да манипулираат на избори со нив. А се знае досега кој имаше фајде од избори, апсолутно сите до еден премиери и министи, пратеници и разноразни директори по разни фондови кој дојдоа гладни, боси и сиромасни на положба а си заминаа како олигарси. Неспорно е дека ќе ни биде подобро во ЕУ ама не баш по секоја цена, каква е таа демократска европа во која една членка може да се иживува со кандидат за ЕУ. Замисли еве каква ќе ни биде државата ако секој поважен закон го носевме со гласање на сите пратеници каде и еден да беше против ќе значеше негласање на тој закон. Ако се тие демократи немаше таков дискримаинаторски закон да си донесат, башка тоа што Република Македонија еднаш направи отстапки:смени знаме, смени устав,дури и се согласи да влезе во ОН со референца со која ќе можеше да влези во секоја организација во која ќе аплицира. Зошто не сакаат да не примат преку референцата во Нато? Сите кажуваат дека конечно ете ќе се избрише потценувачката рефернеца ФИРОМ и ќе се замени со Република Северна Македони ама не кажуваат дека ќе се смени и името Република Македонија и тоа на повеќе места отколу што е ФИРОМ.
    Нашите претци да беа со овакво размислување како тебе, сега ќе го немавме овој спор бидејќи ќе бевме или сите муслимани или сите бугари
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    А пa кoј викa декa ќе влезете вo еу aкo глaсaте зa.... Сериoзни сте ? Еу хaхaхa, ниеднa држaвa oд зaпaден бaлкaн немa дa влезе... Пoпрвo еврoпa ќе се пoдели нa зaпaден и истoчен блoк... Се свестијa луѓетo декa не сaкaaт нивните oгништa дa бидaт зaменувaни oд туѓинци и културaтa дa се сoтре.
     
  19. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    824
    Пол:
    Женски
    Цела кампања е тераат ЗА Европска Македонија од пусти срам да речат Северна Македонија.
    Европска може да биде (ако биде ) после 2035.
    Па и на врата ми дојдоа 10 души бе ...ми дава пенкало за европска Македонија ... мизерија... ќе се срамите утреден им реков.... и им затворив врата. Ветено им е ако помине реф. ќе ги вработат... за тоа обравотуваат пиуните на терен.
     
    На H.VAGA, carangigia, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Galaxia

    Galaxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    94
    Не зборувам за туризамот кој бугарите го имале и ќе го имаат со и без ЕУ благодарение на природните богатства,ниту за тоа како работите ни изгледаат од страна и на нивните извештаи.Зборувам за животот на обичниот човек,вработените,пензионерите...
    За градење(читај ‘к’ прва буква)и кај нас се гради,посебно со предходната власт со која цветаше урбаната мафија...
    Дозволувате вашата револтираност од одредена партија,која и кај мене постои од двете,да ве заслепи од реалноста дека ЕУ нас нема да не спаси ако не се спасиме самите.Истиве што вчера г(к)раделе ќе г(к)радат и утре.Не за џабе сите земји што беа најпогодени од економската кризата беа токму членки на ЕУ.
     
    Последна измена: 26 септември 2018
    На Hacon и SeaMermaid им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.