Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    А? Ај описмени се.

    Па со оглед на тоа дека тие без став ќе си седат дома, таков ќе биде резултатот од тие што излегле, ти што мислиш ;)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DushkoFH

    DushkoFH Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Да точно, во суштина и така е. Но со некого може, ама со некого нема да му успее така лесно, не сме сите исти.. ;)
     
  3. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Имaaт стaв не бери гaјле Мaкедoнскa Мaкедoнијa не гледaш зaд зaвесaтa.
     
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Добро луѓе, не ли е јасна работава на што сме ?!
    Незнам зошто сеуште се дискутира за нешто кое де факто е ,,поминато,, де јуре ,,доаѓа,,:D

    Зарем ако не е сигурен Заев дека нема да помине референдумот ќе биде волку сигурен во себе?

    Ја ценам и почитувам опозицијата, го почитувам нејзиното залагање да му ги отвори очите на народот, ама...џабе се трудат:)
     
    На JuLleE, LiliBoz, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Не е битно индивидуалното, туку колективно какви сме.
    А 27 години се покажуваме како дебилен народ и такви и ќе останеме.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Дечко ја не ни можам да гласам ало не па партиска книшка да имам дај олабави малце.Какво бањање какви бакарчи не мешај лонци ПЛИЗ
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Колку е смешно тврдењето дека не можеле да те отпуштат ако не излезеш на референдум, демек што ќе стоело во отказното решение-не излегол на референдум? Оф, буквалисти или до толку им сече.

    А друго, за тие што велите дека тие што немало да излезат да гласаат на референдум немале свој став и не биле меродавни да коментираат за истиот, во заблуда сте. Има и трета страна чии мозоци не се испрани и кои размислуваат со своја глава. Никој нема да ме натера да одговорам на прашање (кое содржи потпрашања) за нешто со кое не се согласувам. Има разлика, ама изгледа не ви е јасна. Немам потреба да гласам за преспанскиот договор со кој се менува името на мојата/нашата држава, а тоа наметнатото како демек влез во ЕУ и НАТО да биде параван за да се откажеме од нашата националност.
    Не гласате за влез во ЕУ и НАТО, гласате за промена на името на вашата држава, промена на вашиот идентитет, бришење на Македонската историја и Македонскиот народ. Нема да гласам ниту против, зашто тоа значи дека дозволувам некој да тргува со името Македонија.

    Па уште и Оливер ќе казнувал за бојкотирање. Бојкотот на референдум е мој став, мое размислување, мое право и никој не може да ми го одземе тоа. Како што го дрват со платена политичка пропаганда и перење мозок во смисла дека треба да се излезе и да се гласа за влез во ЕУ (боже сачувај, треба да ти фали нешто ако мислиш дека само и тоа е прашањето), со што се влијае врз размислувањето на луѓето така треба да се дозволи и бојкотирањето на референдум и откривање на вистината, бидејќи секој има право да знае и да се информира.

    Кои сме ние да менуваме име на држава која постоела со векови, да продаваме име, идентитет, историја. Ние сме само изгубена генерација тотално заслепена од политика. За Македонија се бореле и ќе се борат (во моментов од партиска заслепеност никој не се бори). Ако не си се жртвувал за Македонија, тогаш не си достоен да ја преименуваш. Македонија не ја градела оваа генерација, таа се градела со векови. Ние немаме право преку ноќ за туѓи интереси да и го смениме името. Немаме право да пркосиме на борбата на Македонскиот народ за ова парче земја, немаме ниту право во однос на идните наши поколенија. Каков пример би им дале, дека мора да им го смениме името и личниот опис ако така рече комшијата само за да му отидеме на гости? Страшно.
     
    Последна измена: 26 септември 2018
    На orevokrsacka, carangigia, fana и 10 други им се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Нема да се важеле тие што нема да излезат да гласаат.
    И сега, ако Заев и неговата фамилија, вкупно 9 души изгласаат ЗА, а останатите 2 милиони не излезат, значи дека референдумот е успешен. Логика на ниво.:clap:

    И зошто ако толку се важат само гласовите ЗА, паролата на кампањава е "Излези За...", а не "Гласај За..."?
     
    На Luciferovog zlo♧, Цвет88, orevokrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Иначе да за бркањето од работа се согласувам.Ќе најдат влакно во јајцето и ќе ги избркаат сигурно во отказното решение нема да пишува дека се избркани бидејќи не искочиле на референдум хахахаха fuck logic.
    Абејче златна нешто што се создавало со години како Македонската историја не може да се избрише за еден ден.Еве пример од Абеја Станковска (моминско през) стануваш Абеја Петковска (презиме на мажот), дали со тоа ти веќе не си дете на твоите?Внука на предците?Значи дека не постоиш како личност?Одиш во друга ќуќа, друга фамилија или можеби и друг град/држава.Остануваш без идентитет?Без фамилија и минато?
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Додека се расправате, да ве потсетам дека договорот ќе помине секако, а од успешноста на референдумот ќе зависи само дали ќе помине според план А или според план Б. План Б значи дека штом народот „нема глас“, тогаш институциите (собранието) ќе одлучи. Тоа ќе подразбира поголема тензија, демонстрации, нереди, одложување на следните чекори, поголеми трошоци за државниот буџет итн. за на крај пак да дојдеме до истото, со поголема транзиција и во Европа ќе оставиме впечаток на бунтовна и небебзедна членка со која треба многу претпазливо, полека.

    Нејќам да звучам непатриотски, ама ако не знаеме да си ја водиме државата т.е. немаме добри политички лидери со визија, со работна етика и морал, тогаш и подбро ако Европа ни ја води земјата. Подобро Европа, отколку мафија, октоподски врзани апаши. Се е тоа добро што имаме јако минато, историја, корени до центарот на Земјата, браво и аплауз за тие претходниците. Ама ние живееме во сегашноста и со сегашни политички лидери кои ја влечат Македонија со децении низ „транзиција“ и само си префрлаат одговорност за лајната. Едноставно помирете се дека не ни го бива политичкото водство, а не се појави ни некоја нова кредибилна политичка сила.
    И немојте ве молам дека Европското политичко водство не го бива. Ако е така, зошто младите бегаат во Европа каде што „не чини“? Зошто вадат бугарски пасоши?
     
    На Nausicaa, BoaVista, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Феминче златна, кога склучуваш брак имаш повеќе опции за избор, да го задржиш твоето презиме, да го додадеш тоа од сопругот, буква од твоето и неговото цело, да го земеш неговото, а тој да го земе твоето итн. А за влез во ЕУ мора да го смениш името Македонија. Тоа е разликата, за во ЕУ Мора со сменето име и одредби кои ти менуваат милион работи поврзани со историја и иднина. Бракот нема договор кој ти ја менува историјата. Среќа Македонија нема презиме, ќе имаа дупла работа. А и споредбава со брак е без врска и се вергла одамна. Кратка сум со слободно време, толку имав за сега.
     
    На orevokrsacka, carangigia, Luciferovog zlo♧ и 3 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Да те надополнам со уште една можна опција: Можеш и воопшто да не склучиш брак. Дури ни на тоа никој не те присилува ;)
     
    На carangigia, Luciferovog zlo♧, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Да де епа ние не го менуваме името, додаваме географска одредница гледаш што убаво објасни.На нашето презиме (Македонија) го додаваме на мажот (Северна)
    Со еден удар две муви.
    Пак ќе имаме МАКЕДОНИЈА пак ќе сме МАКЕДОНЦИ ќе зборуваме на МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК.Само ќе додадеме СЕВЕРНА (Македонија)
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.202
    Пол:
    Женски
    А ти што мислиш, чија марионетка е неспособниот Заев моментално? Да не случајно Европа ни ја води државата и сега, како и изминатите 27 години и баш им е гајле за квалитетот на стандардот и условите овде?
     
    На orevokrsacka, carangigia и Abeja им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.202
    Пол:
    Женски
    И во Устав правиш од Албанците државотворен народ, и законот за јазици поминува заедно со договорот со Грција (Таљо и Аљи вчера се пофалија) и додека Албанците го јакнат нивниот национален дух, комисии од грчки и бугарски историчари ќе одредуваат колку си ти навистина Македонка, ако нешто не ти се свиѓа, одма вето ти лепат, блокада, ќе си се простиш со преговорите за ЕУ, во случај тебе се да ти се свиѓа, ќе најдат они пак нешто што не им се свиѓа кај тебе, и така.
     
    На Abeja и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Не сте свесни колкави поделби ќе има после референдумот.
     
    На carangigia, Abeja, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    ЕУ па ЕУ, божем тоа е плукни залепи па во понеделник со музика и сватови ќе не чекаат, така беше тоа...реалноста е дека никогаш, ај да кажам барем во догледна иднина од 20 години не припаруваме, гуглајте нешто што се вика Копенхашки критериуми.
    Второ, референдумот е нелегален по повеќе основи хинт види го излагањето на Апасиев.
    Трето, ги заболе компанијата за ЕУ и НАТО, којзнае колку имаат лапнато за да помине, овде ги вклучувам и баграта вмвровска и сите останати пратеници.
    И последно, ова е најмизерна кампања што некогаш се водела тука, да правиш рекламни спотови од смртта на Трајковски и стечајци кои по нивна вина станаа тоа што станаа, па треба амеба да си во паметот....
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Да Заев е под водството на ЕУ. Груевски не беше. Да беше, немаше да го тргнат.
     
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    И Груевски беше под водство на ЕУ, но човекот имаше барем мало достоинство за разлика од ретардава сега.
     
    На carangigia, sjdgo и zuto им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.