Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Јaс oдaм и ве oстaвaм сo песнa.
    Акo дo сегa не сфaтијa луѓевo декa oвa е гoлемa прaвaрa oд душмaните нa Мaкедoнијa незнaм.
    Дoле рaмкoвен дoле бугaрски дoле преспa.
    Пoчитувaм мoлк и нa интернет.
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    Што зборуваш монибејби, добога. Се разбира дека Бугарите се Словени и јазикот им припаѓа во јужнословенската група на јазици. Во петто одделение се учи и во прва година средно се повторува.
    Не сте постигнале вие решение, туку сте ги продлабочиле проблемите. Утре Мицотакис со полно право ќе прашува што има ние да се нарекуваме било каква Македонија, кога црно на бело скопскиот МНР во присуство на неговиот премиер потпишал дека се одрекуваме од македонската историја, цивилизација и култура.
     
    На orevokrsacka, carangigia, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    ок тоа со бугарите, но за договоров не се продлабочува договорот, тој е постигнат подобар не ни може да има пошто Мицотакис овој не го признава а не па друг, тврди позиции има а исто и Мицковски така да договор нема да се постигне никогаш.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    Консултативен значи дека е нелегитимен и противуставен, зашто консултативниот референдум претходи на некоја одлука, а тие го распишаа откако веќе потпишаа договор и истиот се обврзаа да го имплементираат и т.н. :D
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Консултативен е, ако има поголема излезеност на пример над 700 илјади а повеќето се За договорот ќе помине, а ако има повеќе против нема да помине. А ако нема доволна излезеност може да го гласаат во Собрание.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Абе Даре се вратил пак?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Врска нема,консултативен е бидејќи одговорот што ќе се добие на референдумот не е обврзувачки за владеачките елити туку се зависи од нивната "добра" волја дали ќе го постигнат тоа што го наумиле.
     
    На carangigia, Abeja и sjdgo им се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Не ние не сакаме да бидеме заробени во сопствена држава каде не владеат институции каде ништо не функционира. Не сакаме да бидеме заложници на некои кои не ја сакаат прогресивна државава. Не фала доста е. Се напати нашиов народ од криминални политичари. Да се навикнат сите на ред и правила ако сакаме да не биде, а не да држиме празни демагогии во држава каде е далеку од добро и идеално. На ова политичирате требаше да мислат порано. Друга Алтернатива немаме и точка. Ова се однесува на повеќето кој сепротив договоротда не пишувам во други постови.
     
    Последна измена: 28 септември 2018
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Не е обврзувачки но ако има поголема излезеност за договорот ќе го прифатат. Ако има повеќе против рекоа ќе го поништат. Рекоа ќе го направат ова ако биде таква ситуацијата.
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Сега се ми се разјасни :whew: Тенкју плиз
    Ми се свиѓа кога не се учи по дефиниција туку онака аналитички, со размислување и поврзување.

    А што стана со неговата консензуалност? Некоја дефиниција?
     
  11. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    За да се смета за успешно спроведен референдумот,треба излезноста да биде над 50%.Не е исто од пр: 100 000 избирачи да гласаат 25 000,и тоа да се смета во ред.Значи прво им треба излезеност.А резултатите се нешто друго.И не може да одлучуваат во собрание туку така.Ако било така,не морало ни референдум да спроведат.Не може тоа така.Легитимитетот им извира од граѓаните,и тие го имаат последниот збор.Не се деспоти да наредуваат.
     
    На zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  12. korisnik123

    korisnik123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    9
    Ете ја Бугарија во Европска унија е веќе подолго време па пак има криминал и корумпирани политичари колку сакаш, корупцијата во образованието е исто така многу големо кај нив не се промени ништо посебно на тоа поле. Да не се лажеме менталитетот ни е никаков како народ и нема во скоро време да се промени животот тука макар и уште одма влеземе во Европска унија, единствено ќе можат младите полесно да избегаат надвор но колку е коректно да мењаваш некои историски работи со цел само за да избегаш не сум баш сигурен. Многу по коректно во таква ситуација е да си земеш БГ пасош и да си смениш самиот идентитет а не на цел народ да им мењаваш име, книги, идентитет, култура поради лична пред се економска корист

    Без разлика дали е консултативен или обврзувачки треба да има 50+1 % за да биде успешен. Е сега просечниот Македонски политичар си ги толкува законите како што му одговар така да се е можно во државава дури и со 30% излезност да речат ете граѓаните го подржуваат договорот иако не би требало да е така. Ако се направи преседан тогаш и референдумот од 2004 година за територијалната поделба треба да се прифати како успешен
     
    Последна измена: 28 септември 2018
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  13. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Mislev ako ima pogolema izlezenost nad 700 iljadi mozat da go prifatat ako poveketo se za ili protiv toa kje im bide seriozen indikator spored mene.
     
  14. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Види ја искрено не гледам само лична корист, таква сум гледам и на државава да и биде подобро. А точно дека доста извадија за да имаат подобар живот бидејчи не се живее само од име и патриотизам. Не се секирај за Бугарите, и таму ги средија не викам дека нема корумпираност но биди сигурен дека нее како тука. И не се фаќајте само за Бугарија и Словенија е членка па е најдобра во Балканот. Секоја членка си е различна и ние зависи како ќе ги спроведуваме реформите така ќе напредуваме , но нема да биде како до сега пашибузук туку ќе има критериуми и според нив ќе се однесуваме.Со нато добиваме поголема стабилност и многу повеќе ќе имаме инвестиции секој сака да вложи ако му е побезбедно тргни од себе., ќе се гради повеќе. За еу треба повеќе работа но имаме поголеми бенефиции на секое поле. поз
     
    Последна измена: 28 септември 2018
  15. korisnik123

    korisnik123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    9
    Да се надеваме дека ќе биде подобро ама јас не сум ич оптимист со оглед на сегашнава политичка ситуација и политичари генерално гледано, ако не дојде некоја трета партија со млади образовани и поштени луѓе тешко дека ќе ја управиме државава а отселувањето на младите во странство ќе продолжи. Не сум политички ориентиран ама сегашнив премиер и неговиот кадар не направија ниту една реформа внатре во државата за да бидам оптимист, многу ветуваше пред избори помина скоро пола мандат а ништо не реализираше и мислам дека сега се надеваат со почнувањето на преговорите (ако воопшто се случи тоа) ќе добијат уште 1-2 мандати на таа карта додека украдат доволно за наредните 3-4 генерации.

    Кога веќе сме кај Словенија тука веќе има огромна разлика во менталитетот, они се многу поблиску со државите северно од нив отколку со тие што беа во Југославија како нас, Србите итн. И пред да влезат Европска унија имаа многу подобра економија и плати и бележеа позитивен тренд во економијата, здравство, образование итн.

    Што се однесува до референдумот многу манипулативна работа направија што вметнаа еу и нато во прашањето за договорот, настрана тоа и ги кријат уставните амандмани што секако внесува дополнителен сомнеж околу договорот со Грција. Работава е првен гласајте па после ќе ви кажеме за какви промени сте гласале (wtf)
     
  16. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Мисли си само. Референдумот ќе помини сакале или не., што би рекол Заев за инат на душманите А за во ЕУ ќе видиме понатаму.
    А дека ништо не исполнија, исто е точно.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.258
    О, души ние напатени... Цел живот ќе се смараме со вакви и слични политички нешта. А, коа подобро ќе размислиме, не одлучуваме ние. Се лажеме ако мислиме дека ние сме фактор, граѓаните.
    Па за ова одлучуваат некои големи сили, драги мои. Што е Македонија? Ништичко. Како ќе ни речат - така ќе играме.

    Затоа, релакс сите до еден! Како за сите- така и за тебе.
     
    На orevka и tigrica92 им се допаѓа ова.
  18. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Ништо нема да се случи.
    Недела ќе биде тивко, Понеделник Македонија ќе биде Серверна Македонија.
    Нема глави да летаат, а треба.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.775
    Допаѓања:
    141.876
    Screenshot_20180928-075721_Facebook.jpg

    Комплетно се согласувам со статусов.

    Е сега, со оглед на тоа дека министерот за внатрешни објави дека кривично ќе се гонат сите на спц мрежи кои ќе пишуваат во молк за референдум, ја повикувам @RainBow или некоја од модераторките да ја заклучи темава у 12 ноќеска со цел да спречи некоја од нас да оди у затвор. Знаете дека у ваков режим мора да пазиме, особено што за фб статус се брка од работа.

    #бојкотирам промена на име и уцена од цигани !
     
    На orevokrsacka, zuto, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  20. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Неколку дена се воздржувам да ти одговорам на реторичково прашање и свесна сум дека не е убаво во молк да се пропагира, убедува и слично. Не знам дали некој од "различните" ти одговорил, но мојот став на ова е следен. Мојата определба е IGNORE (преку бојкот) на нелегален, фашистички и неколкусмислен референдум. Ако во 2004, територијалната поделба помина на штета на македонците по мешаните општини, бидеjќи, нели, некои прашања не заслужуваат одговор, аналогно и по примерот на истиот, ни ова не заслужува! Тогаш барем, референдумското прашање, за кое излезеноста била цели 26,58%, е јасно и недвосмислено, во согласно со Уставот на Република Македонија! Толку! Уште многу би пишувала, не верувам дека на "за" електоратот, допрва ќе им се разјасни дека гласат за Северна Македонија, а не за Европска. Секое добро!
     
    На zuto, TheGoldenPeach, Јаневски и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.