1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kejtmoss

    kejtmoss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Ајде бе луѓенца малце олабавете. Ниту вака ниту така ќе добиеме нешто. Остајте ги што сакаат нека прават, одете водете љубов, шетајте, забавувајте се не туку ке бојкотирале :*
     
    На honey.11 и Читател им се допаѓа ова.
  2. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Девојче, г-ѓо или г-ѓице, не знам што си па се надевам нема да ми замериш.
    Бидејки гледам дека слабо стоиш со меѓународна политика, меѓународно право, геостратешка политика, а и градивото од македонската историја го немаш совладано во школо ја овде ќе прекинам да дебатирам со тебе.
    Само ќе нотирам, Илинденското Востание е македонско востание и во овој дел нема што Премиерот да внимава и да се извинува на Р. Бугарија, тоа е востание водено од македонскат кауза. Понижувањето од бугарска страна е резултат токму на Договорот со Бугарија кој е резултат на неспособните и подпросечни политичари кои се актуелна власт.
    Румен Радев бара Премиерот експлицитно да се извини, Бојко Борисов излегува со изјава типа “г-дин Заев да внимава што зборува бидејки кога ке дојде ред за прием на државата во НАТО и ЕУ ние ке се присетиме на неговите изјави“. - Со индуктивно расудување донеси си заклучок за понатамошниот тек на настаните.
    Утре грците ке ти кажат “какво е тоа македонско востание“.
    Ете во каква мизерна позиција не доведоа Животоносците.

    За крај, најтопло ти препорачувам да си прочиташ малку за премрежијата низ кои поминуваше македонскиот народ низ историјата, борејки се за остварување на вековната идеја. Прочитај си барем за оние клучни настани и датуми од македонската историја.

    И да, најтрагичното во ова е што и самиот Премиер ја познава историјата на македонскиот народ на некое твое ниво, затоа он не може да ја види штетноста на овие договори, но македонскиот народ си ја знае историјата и затоа ќе му го бојкотира референдумот.
     
    На martovsko cveke, Lianna Anna, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  3. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Референдум со карактер како што има идниов, со прашање чиј креатор заслужува псиијатриско вештачење и кој засега противуставно склучен договор за бришење на една нација, не заслужува ништо повеќе од бојкот.
    Бадијала се труби дека цензусот не е битен и дека институциите ќе одлучуваат доколку референдумот доживее катастрофална излезност. Црпнатиот е упрпан максимално. Ако масовноста не е битна зошто ненормалниот од Муртино се растрча и организира состаноци со небитни ликови кои полтронските медиуми ги претставуваат како лидери на дијаспората? Зошто нови вработувања во администрацијата во очи на референдумот? Зошто најава за блокирање на веб страни и профили на виртуелни карактери на социјалните мрежи чии референдумски ставови не се поклопуваат со оние на владата? Зошто периодов што следи милионски инјекции во странски пари од повеќе странски национални агенции ќе се вшприцаат во еден куп невладини организации со назнака за освестување на граѓанскиот сектор (читај вакцинација од цензусен дебакл). Зошто црпнатиот им нудеше на ДПМНЕ техничка влада и предвремени избори како трампа за поддршка на договорот/референдумот? Зошто со целосно одврзано кесе полно народни пари ќе тера кампања за важноста на успешноста на референдумот?
    Зашто? Затоа што црпко во моментов е во фекалии до гуша. На 30-ти попладне ќе биде до муцката, а на 31-ви септември ќе му биде потоната и тиквата со све цепаницата што му ја направија на 27/04.
     
    На Abeja, Lianna Anna, Valentina.Vaki и 4 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.716
    Допаѓања:
    38.421
    Пол:
    Женски
    Размислувам дали да одам да гласам. Најверојатно ќе бојкотирам.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    https://m.facebook.com/photo.php?fbid=1860433680688628&id=100001660416730&set=a.1855820311149965
    Рашковски го забораив!!!!!! Или како шо би рекле погоре циркузантот.
    Со секој глас за вие имате ист став со будалетинкава и гласате за после некои наредни избори да му измислат ново работно место со 3 докторати.
    Ами синот на Грчев со твитер гнасните канцер шеги. Еве уште еден циркузант.

    Ами Казандол шо мавташе црпнатиов северномуртинец пред избори, рудниците на смртта?????? Или не живеете у близина, па не ве тангира сеа???? Па и премиер сме имале циркузант види види 8)

    Ами гасоводот на Водно? Каде е таа твитер елита да гушка дрвја сега? Не сме отпор веќе?
    Или треба време пошо опструкции праеле вморонит? Да ги почекаме да се смилуваат и да не опструираат?
     
  6. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    6.069
    Пол:
    Женски
    Значи да се разбереме, секој меѓународен договор мора да биде ратификуван во собрание, СЕКОЈ ! Ние го ратификувавме, колку знам уште не поминал во грчкиот парламент.
    Не реков дека сум против ЕУ, НИКАДЕ читај убаво.
    Јас сум против НАТО и каков било воен сојуз.

    Дури и да се исполни договорот никој не гарантира влез на државата во ЕУ и НАТО !

    Ситуацијата во државата ни е жална, ама влез во ЕУ и НАТО не е магичното решение.
    Треба прво ние внатре да си поработиме на проблемите. Корупцијата нема ЕУ да ни ја реши, поделеноста у државата нема ЕУ да ни ја реши, тоа што имаме разлика во примена на правото на територијата на државата нема ЕУ да ни го реши. Лошото образование, здравство ...

    Прво треба ние само да си ги решиме проблемите, не да чекаме некој друг да дојде од страна и да ни каже што треба да правиме.

    Референдумот е ради реда, на крај ќе направат тоа што планираат.
     
    На Joi и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    6.158
    Пол:
    Женски
    Не планирам да излегувам да гласам на престојниот референдум заради неколку причини.
    Прво сметам дека не треба да влегуваме во ЕУ и НАТО. Во ЕУ не треба да влеземе бидејќи нашиот стандард нема да се зголеми. Ќе имаме ист случај како во Бугарија, каде сите млади ќе избегаат во странство. Тогаш би немало потреба да вадат било каков пасош со кој би си заминале од државата. Друга работа заради која сметам дека не треба да влеземе цените ќе се зголемат, а платите ќе останат на исто ниво. Ни во унијата не е се така розево. Во последно време во Европа се актуелни се политиките на самоидентификација на народите, нивната посебност и така натаму.

    Во врска со влегување во НАТО сметам дека сме обиколени со земји кои се членки на оваа организација и не сме под некоја опасност за да мораме да влеземе во НАТО.
     
    На martovsko cveke, Tanjamm, Independent Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    https://kurir.mk/makedonija/vesti/m...a-na-partiski-vojnici-na-grbot-na-gragjanite/

    Партиски вработувања и притисоци врз администрацијата да гласа на референдумот. Ако мислите дека после две години власт на СДСМ без никакви резултати, реформи, инфраструктурни проекти, инвестиции во економијата, здравството, образованието, буквално ништо сработено ќе ви биде подобар животот само поради тоа што ќе гласате на референдумот тогаш живеете тотално во илузија и ви нема помош во животот.
     
    На Anna85 и sjdgo им се допаѓа ова.
  9. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Не гласам, не го поддржувам ова предавство на сопствениот народ.

    Мислам дека ВМРО досега требаше да тераат јака пропаганда против ова, а тие сеуште не знаат главата каде им е - барем јас таков впечаток имам. Разбирам дека прават анализи, за да постапат соодветно, ама, редно време е да го поларизираат гласачкото тело, наместо да чекаат СДС[m] да го направи тоа за нив и да го стави македонскиот народ во уште полоша положба. Народот нема да знае дали да бојкотира или да гласа против, а сепак ќе има доволна излезеност и ставот „против“ ќе се разводни, така што, СДС[m] и нивните коалициони партнери ќе победат. Народ ќе почне да се материјализира и од странство за да гласа, така што, потребна е доволно брза и недвосмислена поларизација - она што е најчисто и најлесно за изведба. Ако е најлесно сите дома да седат - нека седат. Ако остане народот непредводен, ќе се поларизира статистички и најверојатно ќе изгубиме.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Мамли душо...партиски и непартиски, стручни и нестручни кадри се вработуваа и во претходната власт..батали веч виџени ствари....навикнати сме на тоа...ШТО се однесува до излегувањето на референдум..офф..сакам да влеземе во еу и нато...но срце и совест, душата не ми дозволува да гласам за смртна пресуда на мојата татковина, срце не ми дава да погазам многумина родољуби кои го дадоа својот живот за Македонија...не, неможам да бидам предавник, не можам ниту во сон да замислам да ставам потпис мој за промена на име...не...останува само да одиме на кафе со чиста душа и мирна совест.
     
    На Anna85, Joi и Victorian им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.651
    Допаѓања:
    14.106
    Јас мислам дека ВМРО сакаат да се реши веќе еднаш името, така тие веднаш ќе дојдат на власт, а Заев ќе изгуби. Ако се против промена на име, требаше веднаш да повикаат на бојкот.
     
    На Lianna Anna, Joi и Јаневски им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.651
    Допаѓања:
    14.106
    И јас исто, срце не ми дава да дадам легитимитет на нешто што е против нас, а знам како наши луѓе во соседството се бореа да се докажуваат дека се Македонци и ден денес се борат. Ако сега гласам пример за Северна, ќе бидам предавник, совест ќе ме јаде, ќе ги предадам тие луѓе, а и сите кои гинеле за да имаме држава.
     
    На orevokrsacka и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Има да заокружам 'За', и да бидам најголемиот 'предавник' ако треба.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Совеста нели ќе те јаде!???
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    За што? За тоа што на 2 генерации им појде јабана животот?
    Уште колку треба да се 'жртвуваат'?
    30 години не сме мрднати од место.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.651
    Допаѓања:
    14.106
    И кога ќе се збришеме сами себе, ќе не биде, ќе ни тргне, ќе не прими некој вакви во ЕУ и НАТО мислиш? Мислиш 500 евра плата ќе имаш по референдумот?
     
    На zuto и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Да де.. и кога се распадна СФРЈ, се 'избриша' претходно се' што беше за нашето минато. Автоматски!
    Пошто, официјално, од тогаш сме самостојна држава на мапата на светот.

    Малку ми се 500 евра. Циљам на 1500 минимум
     
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    НОРМАЛНО ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗАМ И ЌЕ ГЛАСАМ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО!
     
    На cresa-jagoda, LiliBoz и WildMk им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Во што ја гледаш НОРМАЛНО нормалноста!?
     
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Во потребата да мрднеме од мртва точка.
    Смачено ми е од тоа сите да кукаат и да плачат како не не бивало како држава, се било катастрофа , а не сакаат со прст да мрднат нешто да се смени!
     
    На Annath, honey.11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.