Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.640
    Допаѓања:
    14.093
    СФРЈ беше државиште, а Македонија е државиче со 30% ако не и повеќе малцинства. На СФРЈ историјата не и ја бришеше Бугарин, Грк, и кој уште не.
     
    Последна измена: 17 август 2018
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Тоа ги става на исто рамниште со СДС[μ].
     
    На Lianna Anna, honey.11 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Не ме разбра.
    Бидејќи викаш: Ако го смениме името, автоматски ќе постоиме од 2018та.

    И кога се разделивме од СФРЈ, каде бевме само република во федерација, па наеднаш станавме самостојна земја, со име ФИРОМ, не заборавивме што претходно беше, ниту историските факти од претходно исчезнаа.

    Вака ќе биде:

    Република Македонија беше дел од СФРЈ, се до 1991 година, кога се осамостои. Во 2018та, поради спорот со Грција, државата беше преименувана во Република Северна Македонија.

    Континуитетот ќе си се одржи. Не сме пред 2000 години, па да заташка некој-нешто, кој памтел-како памтел, па артефакти ископување, па не знам што. Сега, со интернетов, ништо не можеш да скриеш.
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Да мрднеш од мртва точка за да умреш..преголема цена...за ништо.
     
    На Anna85, Јаневски, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.640
    Допаѓања:
    14.093
    Да. И јас така мислам. Сакаат друг да го носи товарот, а тие да глумат победници и патриоти. И тие не уништија.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.640
    Допаѓања:
    14.093
    За да нешто се смени, не е проблем во името, туку немаме култура, економија, здравство, патишта, немаме социјала како што треба. Во нас е вината. Мито давате колачи и кафе на лекар кога одите за да ве гледаат?Епа не треба така, тоа се пријавува. Секој несовесен се пријавува.
     
    На Gosh, Lianna Anna, Feminka192 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Да, но многу луѓе не разбираат
    кои се бенифициите од влезот во ЕУ и НАТО и џабе збориме. Прогресот го гледаат надвор од државава, наместо да гледаат истата да тргне напред, а што е најтрагично истите тие лаат и бојкотираат референдум!
    Да ги прашаш што значи ЕУ појма немаат!
    Инаку ја не давам мито, оти приватно и поштено си плаќам .
    А, поголемата глупост ја гледам во докторите, за кутија колачи се подмитуваат?
    Еее, но кога ќе бидат добро платени, па кога ќе имаат голема контрола, па една кутија Атлантис, спиење во канцеларија и неетичко однесување кога ќе ги кошта 50% од плата или во полош случај работното место, ќе видиме дали ќе се лечам во привана установа и сите ќе ја вратиме вербата во државното здравство и секој ќе си ја работи работата како што треба.
    Повеќе е во системот, а народот се превоспитува кога исто така ќе се удри по џеб!
     
    На Joi, cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.261
    Допаѓања:
    50.849
    Пол:
    Женски
    Нема да излезам и да излезам ништо нема да биде тоа е се веќе наместено, па за на крајот да кажат граѓаните така одлучија.
     
    На Lianna Anna, Anna85, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Ќе излезам и ќе гласам ЗА.
     
    На referentka, honey.11, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Туку... До кај е анонимноста на референдумов? Во секое избирачко место, ќе се знае кој за што се определил - јавен простор, се гледа. Според анкетава досега, соодносот помеѓу "ќе излезам и ќе гласам за" и "ќе излезам и ќе гласам против" го прави заклучокот дека, ако комшијата излегол, тој гласал за промена на името, воочлив. Истото важи и за обратната ситуација.
     
    Последна измена: 17 август 2018
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.640
    Допаѓања:
    14.093
    Кога спомнувам за животот овде, јас не дека умирам за леб или јадам леб и маргарин. Не ни треба само леб и сметки да се платат, да се купи некое парче облека. На оваа држава и треба стабилност, да се свестиме веќе еднаш дека сакаме овде да живееме убаво. Дека сакаме безбедна држава. Дека сакаме да сме газди во своја држава, дека сакаме просперитет, а не криминалци да не водат. Со бегање од државата, се разнебитуваме, затоа што Македонците што ќе останат ќе бидат малцинство овде многу брзо, дури да трепнеме, а ние каде и да одиме ќе бидеме без МАТИЧНА држава. Сите народи имаат матична држава, а ние што ќе имаме ако вака неодговорно се управува со нашата земја. Каде и да одам, Америка, Австралија, Европа, ок, убаво би било, ама сакам дома да се вратам, сакам моите роднини комшии долгорочно да живеат во мирна, стабилна земја, а не секоја година да мислиме дали војна може да избие. Јас кој чита внимателно, не зборувам за себе, зборам за нас како колектив,заедница, народ. Името е на сите нас, овде, во соседството, во дијаспората.

    Грујо, Мицко, Зајко ги гласавме, јадат народни пари и треба да дадат отчет, но и да мислат што прават. Нема што мене ми се погодило или не, за сите треба да биде подобро, е тогаш нема да се жалиме. Да си почнеме од себе, па понатаму да завршиме со тоа што одговорност ќе бараме од политичарите.
     
    На orevokrsacka, Anna85 и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.240
    Допаѓања:
    258.837
    Се мислам сеуште.
    Не сум задоволна од политиката на Сдсм и разочарана оти се очекуваше многу, а они се слични на Вмро.
    Сепак сеуште стојам на тоа дека Вмро е најголемото зло што ни се случило.
    Нејсе, сега не се гласа за партија туку за нешто кое не засега сите нас. На избори ќе поништам ливче ваљда, ама овде се мислам оти стојам на ставот дека ни треба ЕУ и НАТО, макар и по цена да сменеме име.
     
    На HardSex, iloveyou29, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Види искрено, кој ги гласал нека ги трпи. Јас не сум ни еден од нив гласала :)
     
    На Joi, Feminka192, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Не излегуваш на избори, или гласаш за помали партии?
     
  15. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Океј да се вратиме на циркузантите бојкотирачи глеам ти го избришаа постот :D

    Eве ја ќе бојкотирам и цела моја фамилија и голем дел од поширока фамилија, не од патриотски причини и никогаш не сме гласале за вмро ниту ќе гласаме.

    Гледаш некоја разлика меѓу павле богоевски кој е за договорот и оние од умс вмро шо демек бојкотираат а немаат ни храброст јавно да го кажат? Мене ми се исти, дури павле со секоја изјава се повеќе ги разочарува оние шо излегуваа по улици со него, за тоа шо не се очекуваше да стане тастер и да пишува статуси по фб ќе гласам за законот, ама друго мислам. Барем си ќути у последно време.

    Меѓу мира од сдс 20илјади евра патни трошоци и бонева?

    И да гласам и да не гласам решена работа е дека у НАТО ќе влеземе, ЕУ за најмалку 12-13 години. Али легитимитет да им дадам за да верглаат по митинзи народот народот...мало сутра шо викаше заев по митинзи.

    Рачунам дека тоа ќе биде златна можност за некоја помала партија за пратеници чии места би биле одлучувачки, странциве да ги натераат пратенците на вмро да го гласаат договорот у собрание. И колку сдс "предавници" толку и вмро

    Или еве ако апелација за две недели го потврди затворот за грујо, ќе гласам за 8)
     
    На Victorian и honey.11 им се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Кои ваши пријатели ќе бојкотираат?

    Во овие драматични, а по многу што и трагични, моменти за Република Македонија, би сакал нагледно да може да ви ги претставам своите долгогодишни ставови за меѓуетничките и меѓуконфесионалните релации во Република Македонија.

    Тоа се ставови кои што, со леснотијата на комуњарски преки суд (како Лазар Мојсов, Коле Чашуле и Панта Марина во случајот со Ченто, на пример), се перманентно окарактеризирувани како “говор на омраза“, “верска нетрпеливост“, неразбирање на традициите и навиките на малцинствата и слично. Тие фабрикувани обвинувања против мене, во ниту еден момент ме немаат поколебано да ги бранам своите ставови и да ги пласирам своите директни обвинувања за фашизам, геноцид, тероризам кон нас Македонците од страна на нашите соседни држави Грција, Албанија, Бугарија и делумно Србија, но и од албанката етничка заедница во Македонија. Во таа заедница де, каде исламот е доминантна религија.

    Погоре напишав дека “нагледно“ ќе ви ги претставам своите ставови. Односно ќе ве замолам, долколку сте љубители на вистината а не фашисти, да го направите следниов тест, по што ќе видиме дали Миленко бил во право во однос на другите соседни народи и “мањински“ етнички заедници и конфесии во Македонија. Или можеби сум ја грешка, па стварно неосновано ширам говор на омраза.

    Значи, ги молам сите оние што во директна комуникација, јавно по социјалните мрежи (најмногу на ФБ) и на други начини пред секој голем муслимански празник пишуваат и прокламираат “на сите мои пријатели од муслиманска вероисповест им го честитам тој-и-тој празник“, да го направат следното: Сите тие ваши пријатели од таа вероисповест на кој им честитате нивен верски празник да ги прашате дали ќе го бојкотираат претстојниот референдум?! Просто е прашањето, а одговорот не може да биде друг освен “да“ или “не“. Дали се сите тие ваши пријатели #Бојкотирам, или вашите пријатели кур ги боли што вам ќе ви го сменат името и идентитетот и што ќе ви ја избришат историјата?

    Доколку ви се пријатели, во онаа мерка во која вие сте им ним пријатели, во најмала рака би требало да бидат загрижени ако на нивен пријател на сила му го менуваат името и идентитетот.

    А, ако не се загрижени, џабе ви се сите честитики за разно-разни празници што со години снисходљиво ги праќате.

    Може и потпрашње за сите тие на кои им честитате, колку од нив јавно го осудиле и се оградиле од злосторствата на ден Велигден на Смилковско езеро, на пример? Има ли некој, било кој? Кога сме веќе кај верските празници, де!

    Да не остане се само на албанците и муслиманите, за да докажам еквидистанца, еве уште еден тест: Сите оние што си имаат кампови во Грција, станови, апартмани, сите што се редовни гости кај некој си Јорго – значи сите што се во пријателски односи со народот јужно од нас, може ли истите прашања и дилеми ним да им ги поставите. Има ли некој, барем ЕДЕН грк, што ќе рече “Браво, треба да бојкотирате“. Таму дури и лидерот на Виножито во последното интервју застана на страната на “Договорот од Преспа“ и нашето преименување.

    Истите прашања во ист контекст може да ги постават сите македочињата со бугарски пашапортчиња на луѓето од нашиот источен сосед со кои се бизнис партнери, чии камиони возат, чии компании и производи застапуваат во Македонија… Прашајте ги вашите пријатели и бизнис партнери од Бугарија дали се за или против #Бојкотирам.

    Па така сите вие со камп приколку во Грчка, бизнис партнери во Бугарија и пријатели албанци (на кои им честитате разни рамазани и бајрами) во Македонија, ќе си знаете дали соживот е можен, ама да е двонасочна улица. Оти соживот не е само ние МАКЕДОНЦИТЕ да даваме а сите други да земаат. Не е тоа соживот, тоа е ФАШИЗАМ.

    Видете дали има еден пост за осуда, еден пост каде се бара акција на полицијата и судовите заради “одбрана на европските вредности“, една колумна од сите самонабедени албански као-колумнисти, а во основа бивши бербери и сунет мајстори. Оти нели, ЕУ вредности ќе сме споделувале?!

    Светските невладини, кои не се невладини ами се соросови активисти, домашните партии и нашите полициско-правосудни органи можат од позиција на сила, и од позиција на “Миленко е сам, а ние сме многу“ да продолжат со обвинување и репресии на моја сметка. Да, да со тоа можете да продолжите. Но, на погорниов директен и јасен пример нема да имате одговор.

    Па така, бидејки “политиката е уметност на можното“ и бидејки во “политиката нема вечни пријателства, ами само вечни интереси“, не гледам зошто би бил добронамерен кон било која етничка заедница во Македонија, било кои народи во соседството и било кој бирократ од Брисел или Вашингтон ШТО САКА МЕНЕ ДА МЕ НЕМА?!!! А на сметка на убиството на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, нивниот народ, држава и конфесија да профитира!!!

    http://www.dudinka.org/кои-ваши-пријатели-ќе-бојкотираат/
     
    На martovsko cveke, orevokrsacka, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @Priroden кој дел од не сум ги гласала ни ВМРО ни Павле ни Мира ни Бонева не ти е јасен?

    Или кај вас постоjат само 2 категории на луѓе, оние што гласаат за ВМРО и оние што гласаат за СДСМ?
     
    На Lianna Anna и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Исто како кај тебе што сите што бојкотираат се квази патриоти. Освен ако не мислеше на Бачев и сите тие околу него, у тој случај се согласувам :D
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Никаде не реков сите. Жал ми е што се пронајдовте. Во едно од избришаните мислења добро го посочив тоа.
    Има разлика од бојкотирање затоа што мислиш дека тоа е правилниот избор и бојкотирање затоа што сите ти се криви.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    А што значи тоа квази патриоти? Не го сфаќам тој термин.
     
    На orevokrsacka и zuto им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.