Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.475
    Допаѓања:
    22.803
    Пол:
    Женски
    Ќе кажат дека е сечено лепено и монтирано.
    Пораки праќаа бе во име на вмро... Во 13:50 на свекор ми, член на ниедна партија. Пријвено е пред да рипнат горе некои зошто не пријавуваме, па затоа имаше и на вести.
    После само вмро се служеле со лажги.
    Абе не знам, еве не знам како да им верувам на политичариве.
     
    На Zaljubena26, ЕденЧлен, Vennera.aa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Власта да не се поде*аваше со прашањето и да прашаше што сака да праша ќе беше многу поразлично. Грешно ја тераа пропагандата, небаре готово еу и нато не чекаат нас на 01.10.
    И власта треба да сфати дека "критична" маса секогаш се неопределените, оние со малку повеќе мозок, оние кои одбраа дома да седат овој пат. На сите избори тие ја прават разликата, така и сега. Таа маса поинаки се таргетира. Не со пенкалце, тефтерче и млатење празна слама за ЕУ. "Делото го краси човекот", а овие слабо со делата. Само продолжија кадр другиве застаа.
     
    На Lianna Anna, An-na, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.258
    Допаѓања:
    31.227
    Пол:
    Женски
    Значи според логиката на оние кои тврдат дека референдумот е успешен, и 5 души само да излезеа и гласаа ЗА повторно ќе беше успешен?! :rofl: Нешо минимална излезност како да требаше или нема врска? :D#прашањакоимемачат (facepalm)
     
    На Harper, Tanjamm, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Еден куп неопределени гласаа, чисто за информација.
     
    На WildMk, LollySky, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Доколку беше облигаторен.
    Ама пошто не беше, затоа што на сите им е јасно дека цензус нема да има пошто нереален е списокот, власта може (и ќе) си го користи како сака.
    А бојкотирачите буквално и' помогнаа на власта. Ама ќе ви текне!
     
    На WildMk, LollySky, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Јас ниту еден таков не знам.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.653
    Допаѓања:
    175.113
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека некој кој до сега не излегувал на гласање или излегол само на едни избори , сега баш на референдумот отишол да гласа ? Вакви има еден куп ?!
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Супер прославивме све , сега малце сериозно.
    За една работа ќе се согласам со патриотиве (иако неќум) а тоа дека вчера стварно имаше пунење кутии, имаше шутка , имаше во 25 мај школоно , во сарај, сингелич и уште едно место не ми текнува, имаше луѓе кои не ни беа на списокот , некои беа преместени од едно на друго место во список , значи хаос беше, За Шутка тој набљудувачот што ги открил и што му се заканувале и малтретирале беше пријавено , не знам колку све е санкционирано само , за 25 мај драго ми е што е продолжена традицијата ( кога беа вмро , чавков пунеше тогаш кутии , сега овие се на ред) Браво.
    За Сарај ќе кажам дека им се може и нема кој таму да пријави или пак смее нешто да каже , минатата година еден дојде со пуна кеса , ја отвори кутијата ги истури и си отиде , ни комисија ни полиција ни набљудувачи не можеа да писнат... Да не спомнувам пред обсе набљудувачи кога цел пазар дојде да гласа...чим таму може, фората е што знаат дека никој не им може и тамо уназат со години се пуни и се прави што сака...
    За вчера имаше неправилности и пунење кутии и хаос , дали неспособни или не знаат како се краде не знам...Вмро барем по 10 ливчиња бутаа на секој саат , овие 100 одеднаш , стварно значи ...
    Верувам дека како и за сите избори , така и за овие , ќе се каже , ќе се види ама нема да се санкционира итн итн...

    Е сега другото за собранието. Не знам колку ќе биде успешно и мислам дека би можело да се иде на предвремени.
    Тука мислам дека треба да се калкулира многу од двете страни.
    Заев ќе иде на тоа дека тие 500-600 илјади што гласаа вчера ќе го подржат и на избори , плус ако направи пак коалиција со дуи муи и остало ...
    Мицко знае дека тие 1.200.000 нема да го гласаат , прво 40-50% од тие не ни искачаат на било какви избори бидејќи им е гајле за политика и Македонија. Друго има тие што ги мразат Сдсм и Вмро па би гласале и за други, има доста што се разочарани во Вмро па нема да ги гласаат , нешто како на локални што беа казнети , итн итн итн ... Плус и сега вмро го немаат џокерот полнење кутии , сега е кај Сдсм хахаааааа.

    Доста калкулации имаат пред себе , Заев вајда ќе иде на ризик да добие многу или да изгуби све ... Другите исто ... Во секој случај процесот ќе трае многу години и ќе се влече и кочи , политичарите имаат луксуз да си играат како сакаат , си имаат пари, си имаат живот , народот е тој што ќе треба да надева дека утре подобро ќе биде итн, он годините ќе ги изгуби замарајќи се со политика и глупости.
    Така да мој совет е да гледате да си избегате од тука или евентуално да си се снајдете да подобар живот пошо како што гледам без разлика кој ќе тепа на избори и што ќе се деси ќе иде ова и ќе се влече уште долго.
     
    На CameliaMiller, LollySky, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Еве, и јас неутрална, не гласав... ама ме нарекоа про-вмровски ориентирана на форумов. Не можат да сфатат дека човек може да мисли со своја глава, не им е до таму нивото :D и да им нацрташ џабе е, вмровка си и точка!!! :D
     
    На Harper, kukla21, Shmizla94 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Малку реалност после референдумот. Шверцерот на Заев добил само 6 месеци затвор. Независно, транспарентно и европско судство. Ѓон образ. Затоа не сме во ЕУ, а не поради името. Вчера наполнија 80,000 гласови и никој нема збор да писне. Јебе ве вас Европа со мозок и менталитет на копитово новоселско што шверцало цигари со европскион му син.

    https://kurir.mk/makedonija/vesti/s...dsmovskiot-gradonachalnik-shvercer-na-cigari/
     
    На Dzevelekova, Abeja, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Јас сабајлето се облеков за на гласање и заради оваа причина не отидов на крај. :) А неколку пати се имам изјаснето во темата дека ќе одам и ќе гласам ЗА. И воглавно, се согласувам со ставовите на луѓето што се настроени за промена на името.

    АМА, со кампањата си дадоа автогол, буквално. Ме натераа да отворам и да читам и да се заангажирам малку повеќе. Петпати се предомислив и на крај се изреволтирав од тоа како со години некој пробува да ме (не') убеди дека ќе влеземе во ЕУ и НАТО САМО и само со промена на име, иако јасно е како ден дека тоа нема да се случи. Бар не во мојот работен век овде.

    На крај, се' се сведе на тоа дека референдумот не се играше на државно ниво, се играше на политичко ниво. Тоа можеби ќе запали кај некој, ама не и кај мене, а верувам и кај голем дел други луѓе што одлучиле едуцирано и аргументирано да ја донесат одлуката.

    Мојот глас ќе беше само статистика и пребројување за предвремените избори и онака. Одлуката беше донесена.

    Сум за да се смени името за да мрднеме напред, ама не сум за перење мозоци. Ако беше прашањето - Дали сте за промена на името во Република Северна Македонија, ќе отидев да гласам.

    Причина плус за мојот револт (иако се имам изјаснето поинаку пред само неколку месеци) беа и вртоглавите стипендии доделени на синови и ќерки на функционери. Мене не ми дадоа ни мочани 500 евра кога побарав, ни па каква било помош кога ми требало, било во образование, било во здравство. Нека им работат тие овде и тие нека ја оправаат државава, I'm done anyway.

    И не, не сум ВМРО. Не сум ни СДСМ. Дузи сум. :D
     
    На SV1911, An-na, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Да имаше референдум со прашање дали сме за влез на Македонија во ЕУ и НАТО без промена на име уште во 9 часот сабајле 95% од Македонците ќе гласаа ЗА. Не ви проаѓаат тие приказни со Европска Македонија кога утрово по ургенција на СДСМ казната на новоселскиов градоначалник му се намали за 2 пати. Затоа на следни избори ќе добиете потоп.

    За крај.



    Клуч на темата.
     
    На orevokrsacka, orevka, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  13. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    @Mamli дај бе опушти се малце. Што се однесуваш кон тие што не мислат како тебе како кон стока? Ќе видете на следните избори? Кој ќе виде? Вие го делите народот, таквите како тебе. Срамота. После родољубци сме дрн дрн јариња..
     
    На CameliaMiller, LollySky, daylight и 6 други им се допаѓа ова.
  14. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Ако тимот не дојде на утакмицата, несомнено "тепал" другиот тим :) Не сум тука да се контрам, туку да ви кажам дека ВЕЌЕ е одлучено. Да беа повеќе од 51% ПРОТИВ тоа ќе беше друго...ама вака беше очекувано.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Кај нас стана пракса кога има гласање и двете страни да слават – така беше и за изборите, така испадна и со референдумот. Да не си го барам мислењето од пред некој месец низ темиве за политика – реков дека договорот ќе помине, вака или онака, и кај нас, а после и во Грција, затоа што така е наложено од повисоки инстанци – call me форумска баба Ванѓа за политика. :D

    Во НАТО ќе влеземе дефинитивно, и тоа што побрзо, за ЕУ ќе почекаме, затоа што не исполнуваме буквално ни еден критерум за влез, а и затоа што ЕУ нема некаков интерес да влеземе во таа унија што побрзо, па да ни прогледаат низ прсти.

    У однос на референдумот – со консултативниот карактер беше така скроен за да власта може да си ги протолкува резултатите во своја корист, без разлика на исходот. У случајов, мнозинството гласаше „за“, со 91%, иако цензусот не беше исполнет. Власта вели дека без разлика на тоа, референдумот е успешен, затоа што „видливото мнозинство“ го поддржало преспанскиот договор.

    Во поневеројатниот случај гласовите да беа 50-50 (за и против), власта пак ќе можеше да рече – „Народот е неодлучен, ама затоа е тука Собранието, избраниците на народот, за да пресечат“ – и пак ќе поминеше.

    А во најневеројатниот случај повеќето да гласаа против, власта едноставно ќе можеше да рече дека цензусот не е исполнет (затоа што со сегашниот нереален избирачки список е практично невозможно да се исполни) и дека референдумот не успеал, па затоа Собранието ќе одлучи, а у крајна линија и така е консултативен референдум и неговиот резултат не е обрзувачки и без тоа.

    Поентата на референдумот не беше да се чуе вистинското мислење на народот, туку беше да се даде некаков, каков било, легитимитет на власта во имплементирањето на преспанскиот договор и промената на името, под изговор дека народот бил прашан и дека е негова одлуката, иако реалноста е далеку од тоа.

    Со едно чудо fail-safe механизми, како консултативен карактер место обрзувачки, нереално надуен избирачки список и невозможно висок цензус, референдумот беше осуден на пропаст од самиот старт – пропаст во правна смисла на зборот, затоа што во метафоричко-фигуративна е очигледно успешен за некои.

    Останува уште да видиме дали ќе успеат да обезбедат 2/3 мнозинство со аболиција на криминалите на некои од пратениците на ВМРО или ќе остават кривичните дела да им застарат за возврат за нивниот глас или пак ќе се оди на уште една циркузијада предвремени избори. Се надевам ќе успеат, таман за конечно да се види кој е колкав партиот и што му е помило – слободата или државата, ем за да не се пролонгира агонијава непотребно, а и зашто на наредниве избори стварно ќе нема за кој да се гласа, пошто ги видовме и едниве и другиве, а за ситни партии не се гласа, тоа ти е исто како да си го фрлил ливчето у веце шолја. #негоситнетеотпорот :D
     
    На WildMk, Lianna Anna, Priroden и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
     
    На hunter26, Shmizla94, ЕденЧлен и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Еве дека мртвите ( Margarita Dime Smileska) можи СДСМ да ги оживи, абе денеска најдовте да ја барате мајка ми да ви племето, денеска кога и пеев три години последно пеење, абе мртви е не ги оставате раат да почиваат во мир.Дното го постигнавте

    https://www.facebook.com/vaskosmileski/videos/10212275605022336/

    Може да зборат што сакаат,они што се разбираат од видео и видео монтажа,само знаат колку време треба за волку мал дел од видео,да се лепи,монтира,сихронизира.Треба да се сече буква по буква од сите гласови,па да се лепи буква по буква,па да се направи професионална сихронизација,за едно видео од 20 секунди,се потребни повеќе од еден месец,така да сеа нека зборат дека е лепено.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dm1991

    dm1991 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Успешен е референдумот? :D Не сум у тек...
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Патот до ЕУ и Нато е тој !
    Трасата е таа,не ја диктираме ние .Ниту пак имаме капацитет судејки по вчерашното однесување на народот наш .
    Романтичарски фантазии од типот името да го зачуваме ,ама да влеземе во ЕУ и Нато ,не се реални туку фантазии и одредени лица можат и доживотно да фантазираат ,а на штета на сите идни генерации,реалноста е дека ке останеме изолоирани и опкружени со апетити на Албанија и Косово,без инвестиции и со корумпирани партии ,исто ко што бевме и до сега.
    Сакаме ова да го имаме,во ред.

    ОК,Но одземање на сите бугарски пасоши,враќање назад на нашите иселеници од Германија итд,и нема издавање нови,и нема иселување.Забрана.Стратегија.
    Зошто без народ,држава ,немаш.
    пр.Косово.Србите до утре можат да викаат косово е Србија ,ама не е .Го нема народот.
    Седење тука и соочување со реалноста .
    Колку само ке се издржи додека балонот не пукне е прашање?
     
    На oblace1, JuLleE, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  20. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Од непотврдени информации Димитров дал неотповиклива оставка, заради неуспешниот референдум.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.