Секој ден џогирам, имам многу кондиција затоа што додека сите си седеа дома зимоска, јас трчав уште од ноември по ладното. Прекинав само кога беа големите снегови и кога беше ептен многу ладно. Веќе две недели интензивно трчам секој ден по час,час и половина на трева и се чувствувам одлично. Како да ја избацив целата негативна енергија од мене, кондиција имам многу голема, вежбам и уживам во тоа што го правам со добра музика. Совет од мене...сите што се двоумат, нека почнат веднаш да трчаат. Резултатите се одлични, а не е некој огромен физички напор. Со тек на време се привикнуваш, џогирањето е одлична навика што ќе си ја применувам и во далечна иднина.
Колку време џогирате? На пр. 1час, половина час или? Сакам и јас да почнам, оддамна се канам, ама никако.. голема мрза сум
Како за почеток почни да трчаш помалку време затоа што ќе ги воспалиш одма мускулите и нема да можеш да мрдниш.Почни со 15 минути, па половина час и натаму ќе набиваш поголема кондиција и за подолго трчање од час,час и половина.
Можи ќе сум оф топик Сакам да почнам да возам со точакот, ролерите и да трчам ама времето е... Денес во Битола сабајлето снег врнеше Ама арно сега сонце има па се истопи
Јас почнав вчера да џогирам, истрчав 1 км. а денеска ги истрчав 2 км и ке глеам да накачувам така постепено па за неколку месеци да стигнам и до 10-15 км (само да не дае господ да се откажам ) Инаку почнав со џогирање затоашто имам проблеми со килограмите, треба да симнам некои си 15-20 килограми, а почнав и нов здрав режим на исхрана. Па ако некоја феминка сеуште џогира нека се јави бидејќи многу ќе ми биде полесно кога ќе имам со некого да ги споделувам искуствата
Јас веќе трчам 1 месец.. Дали некоја од вас има трчано од сабајле, 5 и пол, 6 ? Дека некако ми изгледа судејќи по обврските, најприлагодно време..Што мислите?
Имам џогирано во 5 и 5 и 30, воопшто не е страшно, не е многу ладно, ама со долги да се облечиш ако одиш толку рано. Друго не знам што да ти кажам.
Тоа е најдобро време за трчање, можеш да изедеш една банана пред да излезеш од дома и спрема си. После тоа маваш туш и ќе се чувствуваш одлично и полно со енергија цел ден! После трчањето би ти препорачала да јадеш за доручек некои житарки, мусли ... и јогурт или чоколадно млеко. Најдобро е да се трча рано наутро за да ги трошиш калориите што се наталожиле претходниот ден.
Zdravo do site jas sum najnova i da vi kazam mnogu obozavam trcanje arno ama od minatata prolet do denes neam ni eden metar istrcano Uuuf kako da pocnam pak? Neznaete kakva mrza me fati ovaa edna godina cudo nevideno dajte motivacija ili ke stignam do brojka na kg sto nesakam da ja napisam pozdrav do site
Еве една тема која служи како мотивација за вежбање fitnes/kako-da-dobijam-inspiracija-za-da-pocnam-da-vezbam-t5408/ И ќе те замолам да пишуваш кирилица
Јас минатото лето, 2 недели по ред секое сабајле во 6 саатот џогирав со другарка. Не сакам повеќе никогаш да ми се деси некое такво искуство. Прво, ужасно е тешко да стануваш толку рано, знаејќи дека е распуст а вечерта си си легнал во ниедно време. Второ е претерано досадно. Зборувам за мене. Монотоност до немај-каде. Имам само кошмари од тоа време! Да ми даваат пари повеќе не станувам од сабајле да џогирам/трчам whatever.
Ааааа не до толку да станувам сабајле најнормално време наспиен кога си а може и приквечер еве на пример јас сега добив мотивација од линкот на КИМ и сеа ке почнам да трчам во место во собава моја Кој од вас има трчано во место? Јас одсекогаш сум трчала во место и многу ретко надвор затоа што немам со кого и верувајте има многу големи ефекти да не речам поголеми од трчањето надвор зато што кога трчам во место нозете ги кревам многу повисоко отколку кога се трча надвор оти тогаш се знае колку може да се креваат нозете и вака во место се троши многу повеќе енергија тоа знам со сигурност му доага како рипање на јаже ама и од тоа е појака зашто и коа се рипа на јаже не се креваат многу нозете не се свиткуваат колената. Ова е мое лишчно искуство пробајте и кажете дали е така ? Ми треба и ваше мислење
Јас џогирав рано наутро 2-3 пати покрај стаза на кеј. Оддамна не сум трчала бидејќи за жал немам друштво, а и некако ми се виде многу глупаво додека трчав сама еден саат/саат ипол. Преубаво е чувството после трчање, бидејќи тогаш цела негативна енергија ја оставаш надвор, а мене па како ми се погоди баш тие денови додека трчав бев под големо влијание на негативна енергија, па после трчањето се чувствував одлично. Сега сакам да пробам џогирање во место, па верувам дека ќе има резултати. За тие што имаат друштво и мотивација благо препорачувам џогирање. Доколку некој се пријави за друштво да ми прави да трчаме, повторно се враќам на стаза
Ме замисли за ова со јажево и трчањето во место . Сепак на прво место би го ставил скокањето на јаже од причина што сакал нејќел јажето мораш да го префрлиш преку глава а и движењата со раце се кружни а скоковите се од листовите што прилично замара. Нормално зборам за најтешката варијанта на скокови. Со трчањето (не спринт) после извесно време малку ги движиш нозете а движењата се главно од колковите на што сме повеќе навикнати ради одењето. Така да мене скокање на јаже побргу ме уморува но не значи дека и кај другите ќе биде исто .