Незнам темава дали ја има ако ја има се знае што следува... Заинтересирана сум за фарбиве од авон многу ги фалат а некои пак се жалат од нив.Што мислите вие што ги имате пробано....
една пријателка на мајка ми си зеде .. ама се жалеше многу .. ептен неубаво и излегла .. плавата .. како на жолто .. а пак една друга жена ептен ги фали .. и се погодиле
Јас се фарбав двапати, со таа најплава што е. Имав пишувано и во некоја друга тема.. Бидејќи ми беше веќе ептен плава косата ми фати многу убаво бебешко плава. Само во корените беше бааги темна, потемна од останатите фарби. Ама ептен ми се бендиса што воопшто не ми ја оштети косата, кога се измив исто како да се немав штотуку исфарбано, ептен ми беше мека.. И плус нема непријатен мирис како другите фарби.
Јас ја имам моментално фарбава и се мислам дали да се исфарбам ме фати страв многу мои пријателки се жалат демек косата им испопагала бојата не била убава и се по ред ...
Значи од авон ако земате фарба никогаш нема да си ја погодите бојата..бидејќи една е боја на сликата,а кога ќе ја донесат сосема друга..
Јас сум многу задоволна од овие фарби. Преубаво мириса косата, не сум приметила да ми се оштети од фарбањето и изгледа како природна.
:up: . Во едно пакување си има пре и пост третман, во фарбата има доволно количина за должина под рамена, убаво мириса, убаво покрива, не гори/чеша/пече како некои други, лесно се нанесува и смесата е одлична да можеш сама да се нашлакаш. Најмногу што ми се допаѓа е сјајот кој трае и после неколку миења. Освен дека треба да си ја зголемат палетата на бои, засега само пофални зборови.
Од последниов каталог нарачав фарба за прв пат па да видам како ќе ми се погоди Чекам да ми стигне неделава,иначе го земав ова бројче : Малце ми изгледа темничка на сликава за мој вкус ама ќе пројде веројатно зошто есента секогаш сакам вакви нијанси така да не верувам да се разочарам Да не ја има случајно некој користено? Јас ќе пишам како и да е после фарбањево коментар
Јас користам производи од Авон, но фарба не би зела. Не сум сигурна како ќе испадне. Кога купувам фарба ја земам, ја вртам и разгледувам од сите страни, а овие од Авон само можеш да ги видиш нијансата каква е, а како ќе ти излезе на твојата боја на коса не знаеш.