АДХД кај возрасни

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од NekojNovLik, 20 јануари 2018.

  1. NekojNovLik

    NekojNovLik Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво луѓе!

    Се зачленив на форумов затоа што барам информација дали кај нас има некој доктор/психолог кој работи со АДХД односно ADHD - Attention deficit hyperactivity disorder или кај нас познато како Хиперкинетичко растројство, но типот што се јавува кај возрасни.

    Јас пар години страдам од анксиозно-депресивно пореметување и пијам терапија за истото, но терапијава како да не е од голема помош. Имам одено и на пар психотерапии(ЦБТ, Јунгова итн) и тоа некако е со краток век.

    Пред некое време налетав на интернет на некои тестови за ова пореметување и многу од симптомите ми се совпаѓаат и можеби ги имам уште од детство(обично оваа дијагноза им се дава на хиперактивни деца). Па се враќам на прашањето погоре. Дали знаете некој доктор или психолог што работи со АДХД за возрасни со дијагностика и третман во Македонија? Дали можеби некој има лично искуство со АДХД?

    Доколку ве интересира повеќе погледнете ги следните линкови:
    http://www.addadult.com/getting-help/screening-checklist/
    https://www.helpguide.org/articles/add-adhd/adhd-attention-deficit-disorder-in-adults.htm
    и еден од тестовите:
    https://www.additudemag.com/adhd-symptoms-test-adults/
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.