Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.629 глас(а)
    73,0%
  2. Не, никако

    602 глас(а)
    27,0%
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    90.757
    Пол:
    Женски
    Абортусот од секогаш бил друштвен,морален,правен,законски „проблем„околу кој се дискутира.
    Ќе се задржам на ова.
    Тоа не е причина за оправдан абортус .Односно прашањето за оправдан или неоправдан е само продавање магла.
    Ако жената била психички и емотивно зрела да стапи во незаштитен однос тогаш тогаш ке научи да биде и емотивно и психички зрела да изгледа дете.Одговорноста започнува со започнување на сексуалните односи.
     
    На mira.mira, Rama, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Отсекогаш ми било фасцинантно кога свештени лица дебатираат, образложуваат кога е оправдан, а кога не, објаснуваат и морализираат за, за нив, целосно хипотетичка ситуација како абортус - тема за која имале, имаат и ќе имаат 0 лично искуство во текот на целиот свој живот - од проста причина што сите, без исклучок, се мажи. :)
     
    На realGirl, Lolo5, *Лорена* и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Прво, ти заштити се колку сакаш, бременост секако може да се случи. Ни пилула, ни кондом не се 100% сигурни. Следно, дете не треба да биде казна зошто мајката се дрзнала :o да има имала секс чисто за уживање, а не поради размножување. Детето секогаш треба да биде плод на љубов, не последица од тиранско ограничување на слободата.
     
    На Lolo5, Annath, SV1911 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    А во случај на присилна проституција а?
    Еве кога ја подведуваат некоја 17-18-19-20год. што не е зрела психички да е мајка на сексуални односи а?
    Дајте малце по опенмајндет тинкинг.
    Ианку јас те разбирам на што целиш.
    Почитувам не оправдуваш абортус ТИ лично.
    Но и таа ТИ сметам дека е дегутантно да солиш памет на друга што само прашала цена на медицинска услуга-абортус што да прави.
    П.С.Ова повеќе е насочено кон про-лајферките што се предрски,не за тебе.
     
    На Lolo5 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    90.757
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај мажите,одлуката за абортус би требало да е заедничка бидејки заеднички учествувале во чинот на создавање нов живот.
    Против сум, тупавата мантра "одлучување за сопственото тело"бидејки знаеме дека со абортусот не се одстранува никаков дел од женското тело.
    Односно дали детето ќе се роди, да зависи само од добрата волја на потенцијалната мајка.

    Види,веке реков околу абортусот, одсекогаш се кршат копја и тоа од секаков аспект,но од аспект на детето воопшто не е битен начинот како настало,дали од присилна проституција,малолетничка бременост,силување,како контрацепција и сл.
    Па детето секако ке биде плод од љубов иако контрацепцијата затаила.Поточен термин и вистинит би бил дека во тој момент дете не се вклопува во "shedule" ,а не некакво тиранско ограничување на слободата,право на избор и слично.
     
    Последна измена од модератор: 2 февруари 2018
    На mira.mira, Rama, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Доколку девојката не сака да го роди детето, а го раѓа бидејќи некој друг и' кажува дека е неморално (на пример ти или гинекологот), тогаш нема љубов во раѓањето на тоа дете и се работи за ограничување слобода.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Sanjichka007 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    90.757
    Пол:
    Женски
    Се работи за сопствена одлука и за превземање одговорност.
    Дали ке има или нема љубов во раѓањето на тоа дете ,не можеме да знаеме или тврдиме,додека не се роди.
     
    На mira.mira и Rama им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    Да де...
    "Деца" (најчесто) без срцева реакција ти се тоа.. затоа што абортусот не се прави во поодмината бременот..
    Кои што не осеќаат ни болка ...
    Ембрион еејј.. не е ни фетус

    Од што веќе немате контра-аргументи на прашањата "Зошто им е мешате на луѓето во нивниот живот", почнуваме со медицински проповеди?

    Добро би било следен пат, пред се, да одговориш на тоа што сум го пишала, а не да вртиш околу..

    Или срам ти е да кажеш зошто уживаш во мешањето во туѓ живот проповедајќи што за тебе е добро а што не?
    Бесрамни проповедајќи без притоа да си го ставиш прстот на глава и да помислиш дека членката не те праша за мислење, туку само за цена ;)
     
    На Lolo5, Annath, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Ќе да алудираш на моето мислење од „На колку години ја изгубивте невиноста“
    Не, спремност за секс не е исто со спремност за родителство. Милион години се оддалечени. Мислам, хелоу. Секс е уживање и забава, родителство е одлука (и одговорност!) која од корен го менува животот, на секој можен план. Не ми е јасно како воопшто можеш да поистоветиш купување на кондоми со воспитување на дете???? :x:x:x

    *****
    @Cosmi, Лела ти одговорила- за да биде плод на љубов, тоа дете најпрво треба да биде сакано. Не сите деца се планирани, но родените- сите се сакани :)
     
    Последна измена: 2 февруари 2018
    На Lolo5, Annath, Kitten и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.755
    Пол:
    Женски
    Мене јасно ми е. Ако некоја е спремна да има секс, би требало да е свесна дека може да се случи да забремени. Не иде тоа така, да шири нозе и да ,,се забавува'' а да не може да се носи со исходот од таа ,,забава''. Ако не е спремна да стане мајка, не треба да има секс уопште. Но што знам па јас... персона од 19 век. :?:
     
    На zalosna, Rama, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  11. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Гледaм феминките веќе ти oдгoвoриле.
    Видеoвo целoснo ги oпишувa сите нa кoи секoј втoр збoр им е пaри, пaри и сaмo пaри.
    Акo женaтa е емoтивнo и психички зрелa дa имa oднoси епa требa дa биде зрелa и зa рaѓaње нa бебе.
    Акo некoјa Миa рoдилa бебе вo чувaњетo нa тoa бебе ќе пoмoгне пaртнерoт, рoдителите или рoднините.
    Ајде нaјди ги мoите двoјни стaндaрти. Тoa е мoј стaв кoј се рaзбирa немa дa гo прoменaм.
    Пoвели вo мoјoт дoм нa превoспитувaње.:)
     
    Последна измена од модератор: 2 февруари 2018
    На Rama, elimkd, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Не бе, едните исти секогаш ја тераат на друга страна работата.

    Ако имала некоја секс, автоматски требало да знае и мајка да биде. Па онда зошто постои контрацепција мајкому? Баш за тие што не се спремни да бидат родители. А сексот не е само за деца да раѓаш, туку и физичка потреба, телесно поврзување меѓу двајца....
    Aa не чекајте заборавив. Вие бевте тие што дури и сексот во врска, то ест пред брак го гледавте како искористување, тие што имаат секс, им велевте дека се животни, дека без него не можеле да издржат. Па сега со ова ќе се правдате? На ваква болна тема наметнувате вакви грди мислења?
    Вие ли ќе спречите некоја девојка да има секс? И утре ако самите бидете мајки, вака ли ќе им зборувате на децата? Да, секако дека треба да ги подучите се околу имањето односи, СПБ, абортусот, ама во исто време и самите да одлучуваат за своето тело, а не некој друг да им каже дали да абортираат или да имаат секс или не знам што.

    Велите да се едуцираат младите околу контрацепција. Епа нели требало мајки да знаат да бидат? Вака сте контрадикторни.
    Одете прво самите разберете се, после дојдете продавајте морал на некој што појма немате како му е, и подобро да не се најдете во негова кожа, иако ни тогаш не би имале право,
    Ми се гади кога ве читам веќе.

    И истите што имавте таков став, еднаш ве прашав. Секојдневно готвите, се туширате, пеглате. Ако избувне пожар, самите ќе гаснете? Спремни сте за тоа? Бидејќи ризик е тоа да се случи при неисправна инсталација ете, или расипан уред.
     
    Последна измена: 2 февруари 2018
    На Lolo5, *Лорена*, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Како да се изразам, а да не навредам некого? Мизерни ви се муабетиве, сериозно.

    Објаснувањето дека може да се роди следниот Бетовен е смешно, јер шансите да се роди следниот Хитлер се 50-50.

    Двојни аршини - во ниту еден случај не би абортирала здраво бебе, ама доколку бебето има аномалии би го абортирала? Срамота и греота. Дали бебе со аномалии е помалку вредно од здраво бебе? Дали бебе со аномалии не е живо суштество? Значи спремни сте да убиете бебе со аномалии за да си го олесните животот, ама нема да ви е проблем да родите здраво бебе? Треба да ги наведнете главите и да замолчите.

    Не знам дали тука или во некоја друга тема имам пишано - жената е таа која има целосна контрола над своето тело и на тема абортус нејзиниот збор е последен. Зошто? Затоа што е жена и и' се може!
    Целосно го поддржувам абортусот, небитно која е причината за истиот.

    Има мал милион ситуации кои би натерале девојка/ жена да абортира. Доколку личноста остане бремена премногу рано, доколку психички не е подготвена, доколку нема финансиска можност, доколку таткото е one night stand и не е спремен да стане родител, доколку жената има деца и од медицински или финансиски аспект не може да израсне уште едно дете... Не е ваше да судите и морализирате. Кога вие ке сте во улогата мајка или татко, тогаш одлучувајте, во спротивно - молчете си.

    Дали би абортирала? Да.
     
    На realGirl, Lolo5, SV1911 и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ах бе... крај краева, не знам која корист воопшто од разговор и дискусија со луѓе кои не сфаќаат што е немање финансиски средства туку знаат само за „збес“ по пари со кој се мајтапат, кои мислат дека треба иста психичка спремност за сексуални односи и за раѓање дете, и по најново - кои прво би спасиле ембриони пред дете (во множина, оти Ортофил да рипне у Вардар - и групичето сите по ред ќе изрипаат) (facepalm)
    Вака се чувствувам при крај на секоја дискусија со истите, и жал ми паѓа за тастатурата на какви луѓе ја трошам...

    [​IMG]

    Жално.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Благодарам на покана,а на која улица во мрачното доба си?
    Да пресметам низ колку века треба да пропатувам наназад со временската машина за да стасам до тебе.:lol:
    Едит-Јас немам против тоа што сте против абортус.
    Ваше право на сите пролајфери.
    Ама немате право дрско да и се попува на некоја што можда и онака од љубопитност прашала колку е цената на медицинска процедура која легално се обавува во болница и се вика абортус,а не убиство.
     
    Последна измена: 2 февруари 2018
    На Lolo5, CameliaMiller, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    57.533
    Пол:
    Женски
    Како бе тоа, не треба да имаш секс ако не си спремна да бидеш мајка? Уште ова го немав слушнато. :?: Зошто сексот автоматски мора да значи потомство? :| Што е со тие што имаат секс а не сакаат никогаш да раѓаат :^)
     
    На Dadusicka, realGirl, Lolo5 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.616
    Допаѓања:
    181.611
    или со тие што веке родиле па доста му се деца
    е таму завршува сексуалниот живот
    нема децО више ебавање
     
    На Lolo5, Annath, Kitten и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Како го кажувате ова "ембрион" како зрно грашок да е... :tmi:
     
    На Meckicja, Rama, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Си продразмислувам....
    Жени бре не ви е жал да фрлате со дрва и камења за тие што го оправдуваат во денешно време абортусот,кога условите денес го прават прилично безбедна и рутинска постапка?:^)

    Не ви паѓа жал за женскиот род за кој абортус изведуван во минатото во никакви услови било сигурна смрт дали од самата процедура или од самоубиство кога дознавале дека се бремени а не во брак?
    Греота ако не за вас дека сте пролајфери за животите на сите жени од минатото(па и во денешно мрачно веме на некои жени) кој залудно си ги дале бидејќи од мерак/љубов или присилно сексуално општеле со маж.
    Не ли ви е жал што жени умирале при абортуси иако и мажот бил виновен и се уште е и тој делимично виновен ама него ништо не му е?
    Само мало потсетување погледнете го филмот Revolutionary Road.
    И немојте да судите зошто некој се решил за абортус.
    Бидете благодарни што и покрај тоа што личноста според вас прави убиство барем нема со се тоа и самата да си го скрати животот како во минатото што биднувало.
    Радувајте се на можноста да се спаси барем еден живот.
    Некако со сите придобивки на современиот живот сите некако станавме пораспекмезени со преосудувачки ставови за се.
    Сите веднаш волни да замавнат со камен без да размислат дека може да ги удри и нив некогаш по глава или нивното женско потомство.:!:
    Жалосно.
    0 толеранција,0 разбирање на туѓа мака,ама само бескрајни осудување,морализирање.....
     
    На Girisham, Lolo5, ane.bella и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.148
    Допаѓања:
    137.213
    Пол:
    Женски
    Да бевте така хумани ко што мислете дека сте ич немаше да ви е гајле дали некој е ,,убиец,, или не туку ќе одговоревте тоа што беше прашано, пошто информација беше побарана а не мислење.
     
    На Lolo5, Annath, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.