1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авицена лаборатории

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од vaga95, 27 мај 2019.

  1. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Многумина од нас имаат искуство со лабораториите на Авицена. Ги споменуваме насекаде низ темите за здравје, но видов дека нема посебна тема.

    Ја отворив темава провоцирана од еден "review" на нивните услуги, каде пациентка беше изреволтирана од грешни резултати поради наводно кратење на реагенси кои се користеле. Згора на тоа и било кажано дека само доколку "фати врски", ќе бидат искористени реагенси во потребните количини. Се надоврзаа и други корисници со исти искуства.
    Јас сум правела анализи тука, но искрено не сум се посомневала на нивната веродостојност до моментот кога го прочитав ова.

    Колку од вас имале слични искуства на не/поклопување на точност на резултатите во Авицена во споредба со други лаборатории?
    Општо, какви се вашите искуства со анализите во овие лаборатории?
     
  2. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Јас често вадам крв од Авицена бидејќи ми се блиску и секогаш имаат точни резултати.
    Лани направив апоредба со уште две други лабаратории, вадев крв од 3 различни лабаратории за 1 недела и најточно, но и најбрзи биле во Авицена.

    Имаат некои нови игли од лани, па не се ни осеќа кога ќе те боцне, чисто е, си има ред, не може кој како сака да доаѓа на шалтер, услужни се, мене ми е топ.

    Е сега, секогаш и секаде ќе има по некој незадоволен. Мислам дека не би требало коментарот на една пациентка да те исплаши.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум во Авицена.
    Само таму, не можам на државно освен ако не сум на систематски.
    Не сум разгалена ама каде каде попријатно ми е во чисто и средено него во болницине.
    Еднаш морав одма во Идадија, ми го подуа цел прст модра се шетав.
    Од Авицена сум презадоволна, и моите одат таму дали за кс, дали за брис.
    Не сме имале непријатна ситуација
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јас од Авицена -задоволна.
    Додуши освен крвни слики и брисови некоја посебна услуга не сум барала.
    Ама читајќи го воведот, се уплашив.
    Можно ли е да кратат на реагенси кога си плаќаме на приватно и тоа не баш малку.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.553
    Во државно не ги прифаќаат резултатите од авицена. Јас со бебе одев, и и земаа пак крив у детско, им кажав дека резултатите ми се пред еден саат од АВицен,а рекоа не ги важиме тие.
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Мене не ми направиле таков проблем.
    Матичната ми е во Букурешт.Кога била малата настината ме прашувала за каде сакам упат, за Авицена или кај нив во Букурешт.
     
  7. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    20.854
    Пол:
    Женски
    Мн лосо искуство со авицена.При поскапо испитување(респираторен панел) кои го воведоа меѓу првите лабаратории,ми извадија погрешен резултат.
    Како лабараторија нудат навистина мн испитувања,но незнам дали немаат доволно вработени,или па вработените не имс е доволно обучени со тие нови методи на испитувања,и ради тоа често даваат грешни резултати.
     
  8. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    А како откри дека резултатот ти е погрешен? И јас размислував за тестирање на еден од нивните панели.
     
  9. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    20.854
    Пол:
    Женски
    go povtoriv istot testiranje na klinika koe se sovpadna so momenatlnata sostojba na deteto+ona sto go kazuvase k.s.Da pojasnam,pedijatarot tolkuvase,da ne mislis deka bezveze napagam.
     
  10. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Јас одам често во Авицена, ми се свиѓа дека се е брзо, чисто, резултати веднаш после 12 ч се симнуваат од нивната страна и плус за кс оди преку фонд.
    Единствено со урината малку ми се сомнителни, на два пати ми се појави кај бактерии +, еднаш еден плус, еднаш три. Првиот пат повторив после 1 месец, предходно пиев доста течности, увин чај и од брусница и после немаше ништо, но кога се појавија +++ наредниот ден веднаш однесов исто кај нив примерок за уринокултура и излезе чист, немаше изолирано никаква бактерија.
    Не ми беше јасно како може да има 3 плуса кај бактерии, а да не се изолира бактерија во урина. Матичната ми рече дека кај нив понекогаш се случува тоа кај урината, најдобро да се провери по некое време пак...
    Инаку примерокот го носам според упатство од нивната страна, во стерилен сад, пред првата урина интимна тоалета со сапун и вода и го земам средниот млаз.
     
  11. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Со години одам во Авицена, презадоволна сум од се', ама веќе две години го имам истиот проблем. Три плуса кај бактерии во урина, пет уринокултури - сите чисти.
     
  12. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    А дали ти се случило да ти се појават и кетони во урината?
     
  13. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Ух, не памтам ама мислам не
     
  14. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    ОК, фала, мене и кетони ми се појавуваат, ама ќе проверам и во друга лабораторија.
     
  15. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    192
    Здраво
    Да прашамдосега вадев крв во иста една лабараторија авицена крв е сега сакам во друга поблиску што е, дали се исти резултати или да идам во таа иста што идам?
    Конкретно за тсх и цела крвна слика
     
  16. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.786
    Допаѓања:
    8.808
    Пол:
    Женски
    Ако си задоволна таму каде одиш, продолжи да одиш. Јас од Авицена сум задоволна, вчера и јас вадев таму баш за ТСХ, поради тоа што добив сомнителни резултати кај нас на државно. Веќе нема да ми падне на памет вака да се стресувам, ќе си продолжам како до сега во Авицена.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.