Тоа е кога ти земат крв од вена и ти стават во бут или така нешто, изгледа никој ништо не знае, ајде ќе видиме како ќе биде наесен па може ќе ви пишам како што е.
Автохемо терапија е тип на терапевтски третман при алергични реакции. Најчесто се препорачува доколку се смета дека самиот организам не ги препознава сопствените клетки и ги напаѓа ( ова наједноставно објаснето ) . Не е страшно единствено е непријатно боцкањето . Обично се работи во болнички услови или во дневна болница под надзор на лекар дерматолог / алерголог во случаи кога причината за настанувањето на алергиската реакција ( уртикарија) не може да се утврди од ананмензата или од алерго тестовите.
Дали знаете нешто повеќе за ова? Зошто гледам нема коментари на темата многу? Имам уртикарија и оваа терапија ми ја предложија Дали е ризично? Дали ви помогнала?