Па кој нормален би останал смирен во ваква ситуација. Бегај од таков отров, зборувај со психолог, посвети се на себе, сето останато ќе дојде само по себе. Не се сите ѓубриња од мажи, нажалост на такви си налетала досега. Во иднина од старт на прво знаменце откачувај, така ќе се заштитиш самата себе од психички последици. Не значи дека ќе немаш никогаш среќно семејство. Има и добри луге, овие досега само психата ти ја разорале. Ти ќе бидеш добро ама ваквите будали на кои си налетала никогаш нема да се средат.
Не успеав се да прочитам на темава, само првите неколку поста. Забележав дека имаше искоментирано дека по природа си хармонична личност. Вака реагираш само на провокации. Верувај ми дека на она што ти го имаш доживеано од машкиот пол, 50% од нас овде полошо би изреагирале на вакво однесување и непочитување. Она на кое ти треба да поработиш е да почнеш да се сакаш со тоа што нема да дозволиш гадови да ти влегуваат во животот и да те понижуваат на таков начин. Ми се згади од она што го имаше напишано. И не, не е ни малку нормално маж вака без почит да се однесува со жена. Сум имала психички проблеми цел мој живот и не знам која е поврзаноста, ама и јас одбирав вакви гадови кои не ме почитуваа. Ама после сфатив дека далеку подобро е да бидам сама, и да го искористам тој период да поработам на себе. И кога конечно се доведов сама себе во ред, почнав сама да живеам, избегав од се што во минатото ме мачеше, се засакав (под ова подразбирам да ги одбирам најдобрите опции за мене, да не се измачувам со будали и да не дозволам да ме понижуваат), работев на тоа да се подобрам на професионален план, да си го подобрам изгледот, да сум средена, скоцкана и среќна дама. Тогаш се појави вистинскиот и оној што ќе ме цени и со мене ќе се однесува како што доликува. Ова малце сеа кога се читам клише ми звучи, како некој мотивационен говорник да сум, ама верувај тоа е лекот. Посебно на личности кои имале тешко минато, последна работа што им треба е нова личност да ги малтретира, а мислам дека и потсвесно го бираме тоа дека тоа ни е познато. Јас на почеток кога се запознав со сегашниот партнер, и кога конечно осетив дека е добар, се однесуваше со мене како што и треба маж со жена да се однесува се исплашив. Ден денес знае да ми го спомне тоа. Избегав од него и сакав да му раскинам со зборовите, не може да си вистински, ти мене ме лажеш и лицемерен си, кога тогаш ќе ме повредиш како другите, само прашање на време е. Ама тој беше упорен и ме разбираше и знаеше се што имам поминато и имаше трпение. После два три месеци јас почнав да се навикнувам дека ете, можело и добро да биде, и полека полека и јас се смирив. И сфатив дека проблемот не бил до мажите, туку до тоа што ја за такви се лепев и тоа потсвесно го барав. Тоа кај себе да го откриеш и да идеш против него, многу работи во животот ќе ти се средат. Верувај многу е поубаво кога си опкружен со добри луѓе, полесен е животот и по радосен. Ама ќе ти треба време да се навикнеш, знам по мене, ми беше тешко да се навикнам на мирното и на доброто. Знаев на моменти од игла да направам слон, само за тој адреналин од проблемот да го доживеам, ама со разбирање и љубов се се надминува. Само искреност и верба во себе. Јас верувам дека ти си јака и ќе успееш да се победиш себе, а се друго ќе си дојде на свое место. Ти посакувам се најдобро, и навивам за тебе, да го победиш тој дел од себе кој упорно сака да те влече надолу.