Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптација на жената во новото семејство

Дискусија во 'Брак' започната од Alm., 15 декември 2024.

  1. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. Или дека се пронајдов, затоа. Јас живеам во друг град, но во стан на родителите, сама. Дечко ми сеуште живее со неговите. Кога ќе разговараме за брак, тој инсистира да живееме кај него, да средиме посебен спрат. Во чудна ситуација сум, со неговите родители скоро и да сум немала контакт, сме се виделе 3 пати. Обично тој иде кај мене на гости, дека живеам сама, плус не возам, па полесно ни е така. Кога би отишла кај него, не знам колку би имале приватност.

    Кога и да му зборам да си живееме посебно (веројатно станот кај што живеам, на брат ми би останал, или по пола) дига галама и ме убедува дека таму ќе ни биде подобро бидејќи и да земеме кредит, помал би бил. Додуша јас имам доста заштедено и продолжувам да штедам, обично тој е оној кој стално се жали за пари и не успева да заштеди. Ама да се разбереме, и двајцата земаме солидни плати за стандардот, на страна проблемот со цените по квадрат последниве години... Вака како што му го гледам односот со родителите, не им е нешто многу сјаен, ја со моиве ептен пријателски однос имам и чудно ми е малце. Сепак секое семејство си има своја семејна динамика.

    Стварно не знам што да мислам, нити еднаш не ме послушал за тоа да живееме посебно. Ми вика купи стан ама да е простран и ќе живееме, не ми е проблем, јас куќа имам. А да не зборам за тоа што е доста оддалечена од Центар и малце е проблем со превоз ако не возиш. Па и да возиш, доста време се губи, среќа за сега од дома работиме. Не знам дали е разгален, дали си ја сака комоцијата и не му се замара, или се плаши да се осамостои. Веројатно е комбинација од сите... И така, да си ги кажам маките... и ве разбирам оние кои коментирате на темава. И мене порано ми изгледаше чудно, и сум за самостоен живот, ама ете ме, се најдов во ваква ситуација. Дури и за деца кога сме збореле, ми одговарал во стилот, таман при помош мајка ми ќе ти се најде. Според мене, ако си се наши деца, ние треба да си ги воспитуваме и чуваме, другите може да потпомогнат, ама не и обврската да ја превземат. Плус баби и дедовци немаат авторитет врз децава, па знае после и од таму да се јави проблем, со разгаленост, водење инает и сл., имам неколку и вакви примери во околинава. Скроз ми е јасно зошто е отворена темава, доста парови така живеат и се соочуваат со истите проблеми.

    Ама што би правеле на мое место, кога партнерот не сака и не сака да ризикува и да се оддели од дома.
     
    На Lorasss му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.342
    Извини што цитирам ама ќе се надоврзам, и за тебе и за другите.
    Вакви прашања не се заебанција и ако не можете да најдете компромис кој ќе одговара за двајцата, тешко би продолжиле.
    Не знам стварно кој нормален неќе со партнер да си бидат сами, макар и гарсоњера било. Една соба, ама двајцата сами, да не ти е срам да се издупиш и да прднеш. Кој не ужива во мир?
    Не попуштајте никогаш пред вакви работи, да не ви продаваат филмови за уредување спратови во куќи што ги немате на папир.
    И затоа апсолутно ТРЕБА да се замараат млади жени со вакви прашања уште пред брак, а не кога ќе дојде јајцето под газ. Каде ќе живеете, каков однос ќе одржувате со фамилиите итн. А не како тука на форумов што зборат демек абе вие немажените што се замарате со свекрви и фамилии, ај уживајте таму. Ахам.
    И може да се неговите најмили и ко свое дете да те прифаќаат, пак нема да имате раат ни вие ни они во заедница.
    И јас со мојава будуќа си имам убав однос ама заедничко живеење не е воопшто во обзир, ни мој ни нејзин. Оти и јас и она си ги имаме тие принципи дека заедничко живеење е невозможно и никому не е од корист, најмалку на нас. И она сака да сме си сами, и ние сакаме она да си има мир.

    И не секогаш финансиите се проблем, ете вие зимате големи плати, а дечко ти пак со заостанати сфаќања. Повеќе до паметот е.
     
    Последна измена: 17 декември 2024
    На JustBeautiful, Snowflake97, marrisa и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    877

    Јас искрено имам разбирање за луѓето со став како на дечко ти. Како што ние имаме став дека не сакаме во заедница, посебен спрат и сл. така имаат и тие свој, и далеку од тоа дека тој е погрешен. Сметам дека за вакви битни теми треба да се разговара на почетокот на една врска како не би доаѓало до вакви ситуации.
    Веројатно луѓето кои се израснати во големи куќи, двор, “имаат” свој спрат (еднаков на стан) од раѓање - растат со тој факт. Тешко би ја прифатиле адаптацијата на затворено, на стан и една тераса, заглавени со кредит, додека нивниот спрат стои празен. Исто како што ти тешко би ја прифатила опцијата која што тој ја нуди. Ако имате различни ставови на оваа тема, за среќен крај еден од вас ке треба да го прифати ставот на другиот, ама искрено со срце и чиста глава. За да утре нема кавги од типот “Ти реков”.
    Сметам дека треба да се разговара на оваа тема со отворени карти, кои се предности и мани на двете опции. Па, да се избере помалото зло.
     
    На ForeverYoung, lovemme и Цунами им се допаѓа ова.
  4. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Исто и тој дел, со инвестирање во нешто во што нема нигде твое име, нешто што е на име на свекор, свекрва... е за тоа се изјаснив, пари не давам. Моите ќе ги инвестирам во нешто, некоја недвижнина макар и за издавање. Морам да имам некоја сигурност. Стварно не знам зашто е заостанат за овие работи... или се плаши. А вака подобар од него нема. Ама уште од сега знам дека со заедничко живеење би имала проблем со будуќа свекрва. Од далеку ми мириса, по нивниот однос. Јас нити еднаш немам отидено таму на кафе, толку време врска, муабети за брак, 2 кафиња дали имам испиено. Кај мене е секој втор ден и останува на спиење, што искрено не ми смета воопшто. Ама последен пат кога се видов со неговите на прослава, како 13-то прасе се осеќав... не знам што да мислам и што да кажам.
     
    На theowndemon, SummerGirl, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    И ова ми го спомнува, дека куќата така ќе му стоела, и со многу помалку пари би се реновирало и би живееле многу покомотно. Пример тој не е чувствителен како мене и стално знае и да им се потскара и да си го тера неговото, јас пример не сум таква. Единствено би се сложила кога би имале посебни влезови и би биле како комшии од зграда. И да знам дека нема дома да ми се мешаат. Поинаку не би живеела, би била и во 35 квадрати.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    877
    “Договор куќа гради” :D
    Читам дека сте долго заедно, така да овој муабет треба сериозно да се направи. И ова што го пиша тука, тоа што го мислиш и предлагаш да му го кажеш и него (а верувам дека е кажано) и да си донесете одлука.
    Среќно :inlove:
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.342
    Предложи на твоите станот кај што си ти да се подели на пола и ќе имате една отскочна даска за ваш стан. Ете може тоа за почеток:)
    И пак ќе речам, не е до односот со неговите.
    Јас кај дм сум била милион пати, и сум преспивала и сум се бањала, и повеќе дена сум седела (сами кога сме биле) Со будуќа имаме убава комуникација досега, баш е мила жена и стварно ми се нашла во некои ситуации ама многу и ја почитувам и нејзе што за вакви работи не ми кажува причи со спратови и заедници туку јасно си кажува што и како мисли, за разлика од многу други де. Вика не ви се мешам кај ќе идете што ќе прајте, мерак ми е да сте си сами. И фала богу и јас никогаш ама никогаш не би прифатила во заедница, и ангел чувар за свекрва да ми пратат.

    И затоа гледај ТЕБЕ како ти одговара, не гледај однос со неговите, не попуштај со инвестирање во туѓо.
     
    На Spidy и Цунами им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.896
    Допаѓања:
    179.101
    Веројатно луѓето кои се израснати во куќи со дворови, мислат дека куќата сама се чисти, дворот сам се средува...и ќе тера така до 101, тате носи, мама меси:smirk:. Ако може жена му стан да купи-арно, пошто он не успева да заштеди. А и деца сами растат де, има баба да ги гледа. Значи него му е се погодено, топ|(

    И од сето ова само не разбирам- како приватност ви треба во врска а нема да ви треба во брак или како замислува златниот?:^)
    Значи стварно се трудам да имам разбирање и осет и се, ама инстантно ми пука филм од вакви...размазени, мрзливи, несериозни, недомаќински ликови, што ви трошат време и живци(lalala)

    Све жена треба да се адаптира, он златен ништо не треба, доволно е што постои:yawn:
     
    На JustBeautiful, Snowflake97, Tinaaa и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.342
    Апсолутно е погрешен.
    Не може млад маж (или било кој) да не сака приватност со партнер. Значи у глава не ми влегува. Па побогу кога сме млади, во врска, едвај чекаме едниот да е сам дома да си поседиме сами, дали ќе гледаме филм, дали секс ќе падне, дали ќе готвиме или едноставно ќе си уживаме во неколку саати мир двајцата.
    Ама за цел живот сакале во иста куќа со родители. Немој да ме јебеш.
    И пак ќе речам, не може да се секогаш финансиите проблем кога тука очигледно е размислувањето што тешко се менува.
    Вакви размислувања се апсолутно заостанати и погрешни и се чудам како жени се понижуваат да слушаат вакви мажи.
    И не треба да ги поддржуваме овие ставови.
     
    Последна измена: 17 декември 2024
    На Erika.greeneyes, marrisa, Cka и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    877
    Мубетот е спрат. Посебен спрат. Не заедница со една кујна и тоалет. Соседи ке бидат. Ке имаат клуч на врата ако немаат осет старите.
    И за секое лонче има капаче. Стојам на тоа дека ставот не му е погрешен, се додека него му е убаво да си го тера тоа. Не се менува став поради нечиј коментар дека тоа размислување е заостанато. Никој никого не тера на ништо. Ако не и одговара, не прифаќа. Си продолжува. Толку
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.342
    Спрат кој не е твој на папир е прелоша идеја.
    Ставот му е погрешен ако неќе од мама да се оддели.
    Значи ако стварно зимаат убави плати, прв ќе предложи барем кирија, а не спрат.
     
    На Lavender13, Anyshka, Цунами и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.339
    Пол:
    Женски
    Со 10 илјади плата отидов да живеам на страна од моите, со цимерка во дупка од барака. Ама имав 24 години и ми беше смачено од живот со родители, а не мислев да се мажам. Од Скопје сум, и на моите тој потег им беше незамислив. Ама си легнаа на брашното кога видоа дека нема назад.
    Освен привремено од оправдана причина со дефиниран краен рок, во ниеден друг услов не можам да сфатам живеење во заедница. Пример 6 мес живееме со свекрва додека да остварам право за кредит, или нешто слично. И леб и сол јадам додека не дојдам до свој кров.
    Да ми речел маж ми дека со мајка му ќе живееме, на лице место ќе му раскинев. Не сум барала маж со стан, кирија ќе плаќаме заедно.

    Он топик, адаптацијата во брачен живот беше едноставна зошто двајцата живеевме сами без родители пред да се земеме. Немаше компликации зошто веќе си ги знаевме обврските. Со раѓањето на детето беше покомплицирано зошто ни беше ново, ама затоа со второто дете многу подобро бевме организирани иако многу потешка беше таа транзиција од повеќе причини.
    Се на се, нормално е да треба адаптација на заеднички живот, не е нормално да очекуваш брачниот другар да се навикнува на редот на нечии родители. Бракот е само на двајцата кои стапуваат во него.
     
    На Snowflake97, mama31, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    21.947
    Пол:
    Женски
    По мое мислење, типот зрачи со црвени знаменца.
    Можеби не е таков, но од ова шо го читам таква слика добивам.

    Прво, не знаел да штеди.
    Второ, не сака да се осамостои.
    Трето, мајка му ќе ти помагала наместо него, кој патем ќе биде татко на вашите деца
    Четврто, нема добри односи со неговите а богами и ти немаш, викаш дека се осеќаш како 13то прасе покрај нив.

    Ако испуштив нешто, допишете.

    Не сакам да те плашам или да ти всадувам идеи во глава, ама чим си способна сама да заработуваш и да живееш, немој да си помислила да отидеш кај свекрва.
     
    На Erika.greeneyes, marrisa, Manako2 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.896
    Допаѓања:
    179.101
    Абе нека си тера он, нека не ја прави нејзе будала.
    Што муабет е тој-
    ?
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Интересно е вака да се слушнат мислења. Исто коментар што добивам кога го критикувам за ова е дека јас сум разгалена, сум немала реални трошоци (ова веројатно дека родителите инсистираа на плаќање пола сметки, што и да би ги платила не би ми правеле многу разлика на вкупниот буџет), дека немам трошоци околу кола. Ама јас колку што знам за мене е одкако ја најдов првата работа, колку и да беше ниска платата, денар не побарав од моите. Нити јас, нити тој плаќаме кирија, кога сме кај киријата.

    Искрено, после толкав период живеење сама на оваа, не знам како би се привикнала на живот подалеку во заедница. Колку и да се посебни спратови, сепак мислам дека би имало минимално мешање, сепак на човек му имаш отидено под покрив шо се вика. Наводно неговите биле мирни луѓе што не се мешале, ама не би можела тоа да го знам, со луѓево скоро и да немам никаков контакт. Каша ми е малце во главата и решение што на двајцата ни одговара не гледам на хоризонтот кога сме кај оваа тема, живеење во брак.

    Баш ќе му ги покажам овде мислењата, да види дека не сум единствена жена шо вака се осеќа.
     
    Последна измена: 17 декември 2024
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.443
    Допаѓања:
    96.528
    Под исти кров, ни посебен спрат се важи, ни ништо. Посебно па ако си во исти влез, тогаш па ич. Не разбираат нашиве од посебно, приватност и сл. Најубаво е кога сите во иста тиква прдат, тоа е 'фамилија'. Како од мајка и татко ќе се заклучуваш? Па тоа може хаос да настане...
    Ни спрат, ни ист двор. Само подалеку.
    Нека си бидат пак тие 'мирни'.
    Само подалеку од тебе. Ако нема договор за посебно живеење, разлаз и сите среќни и весели.
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.632
    Допаѓања:
    18.936
    Пол:
    Машки
    Најубо е сами, еве во краен случај на одделен спрат со башка влез.
    Се друго овде е бајки и желботеки, колку сакате кудете ме мал е процентот на женишта, односно се чека на мажо се. :)
     
    На Цунами и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.896
    Допаѓања:
    179.101
    А тој има реални трошоци за што? Трошоци за кола? Плаќа сметки, живее сам на спратот?
    Не дека лично ме занима, ама чисто за претстава. На што троши цела плата, без жена и деца?
     
    На Cka, SummerGirl, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Па дели сметки со неговите и трошоци за храна по дома, да не е како гостин цело време. Си делат се колку што знам.
     
  20. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Па да, воглавном тоа му е коментарот, да не се задолжиме за навек. Вака и да има несогласувања, полесно би се решиле, него ли голема рата за кредит.