Па тогаш вие не можете да преживеете како нова фамилија. Разбирам јас и поинакви приоритети кога си сингл, и трошоци за иди ми дојди ми, излегувања, бесови. .. ама да не знае да заштеди...не знам, мене ми е многу лош показател. Пошто рече солидни примања. Сме почнувале од нула, под кирија,со сметки, со се, па пак нешто од нешто се заштедувало..
За штедење, трга по нешто на страна, ама постојано се жали за финансии, како многу пари потрошил, дали за забар, дали за нешто по дома, нешто што рандом му искочило. Може е период, вака ми изгледа како да се труди, ама некако не му успева. До толку не ми е да му се мешам во финансии, само знам дека постојано се жали дека многу пари му иделе.
Би сакал уште ова да дополнам. Најпоследен избор би ми било да земам кредит, и да се задолжам и исплаќам цел живот заради тоа што ако не сакам да седам на посебен спрат или било што и тоа е добро, сепак не сме сите богати и со поголеми можности.
Ова со плаќањево дома ми е малку чудно и да не му стигнуваат парите, дали знае да управува со пари и ако не е тајна која е таа солидна сума месечна плата? Еве јас ќе си кажам во месецот моментално ми се собираат околу 40-42 илјади плата, од кои 6 илјади ми одат за раата (исплаќам/откупувам стан од тетка ми), за кај баба ми носам јадење пошто јадиме заедно и и оставам 1000-1500 да плаќа сметки нешто. Дома кај татко ми исто така сам си купувам за јадење, башка јадиме пошто тој е малку поинаков тип. Немам пороци со пиење, коцкање... онака излегувам често на кафе, ресторани кафана и пак имам бар 30-40% да заштедам пари. Ако ги плаќав дома сметките би имал барем 20-30% да ми останат пари. Исто така да напоменам имам кола, ја возам онака умерено по потреба само и ми треба само 3-4 илјади за гориво на месец и нешто. Исто така да заборавам често одам да го посетам брат ми, а патот и за таму што носам за 5 дечиња храна и по нешто облека ме кошта 50-100 евра патот, гледма да одам барем еднаш месечно некогаш и по два пати.
Го делам горе-долу истото мислење со првите напишани на темава. Во денешно време кога имаме голема слобода, се помалку треба да се провите кои избираат/живеат во заедница. И логично би било, секој да сака да има свое катче и да не дозволува никој да му се меша, со јасно поставени и изградени граници. На 18 години излегов од дома и живеам со цимери. Научив многу, и не беше преку ноќ. Иако сум доста самостојна од мали нозе, сепак кога жиееш настрана од дома и веќе ти одгоараш за себе и за своите постапки, многу поразлично гледаш на работитет и пореалистичен станува животот. Некој кој не живеел повеќе од броени месеци надвор од дома, не знае какво искуство е тоа. И да, не можам да си претставам да живеам некаде каде некој друг ќе воспоставува правила и ќе диктира темпо. Помирена сум со своите одговорности за слободите што ми ги носат.
Па тоа го зборам. Ти не штедиш-инвестираш да речеме. Исто ко штедење ќе му дојде. Неразбирливо ми е човек што живее на свое, а има солиден приход, да не може да заштеди. И треба да се мешаш @Цунами . Сте стигнале до муабет дека мајка му ќе ги гледала децата, појма немаш зошто и како не може да заштеди. Мислам, кога се збори за озбилно, за формирање семејство, се праи муабет за се. И фала богу на ,,модерново,, време, што можеш да живееш со некого пред брак, да видиш дали есапот ви излегува или не. Не може само жена да се адаптира и да трпи.
Џабе спрат кога делиш ист двор, да не можеш на тераса да седнеш или во двор. Ако се разбрани и да не се мешаат ок, ама ако не се разбрани и преку океан да отидеш ќе се мешаат, а не па во ист двор.
Девојче паметно си.Знаеш ли овде колку членки се жалеле зашто мажите ги излажале дека само привремено ќе бидат кај неговите ?Многу.Дечкото предвреме си се отворил и си рекол свои гледишта.Овде на Балканов родителите се малку заглавени.Никако да сватат дека снаата е за синот не за нив.Не се залажувај дека ,ете не се во сјајни односи и дека утре при проблем ќе застане на твоја страна.Само ќе те повлечат и тебе во нивните проблеми. Најубаво би ви било под кирија .Двајцата видете како функционирате.
Се тоа во ред, ама и ко че видиш колкај се разводите и колку на првите препреки одма бегаат се караат, сепак е преголем залак да си заминиш и да основаш нешто сам или да земиш кредит и после ој одглави се.
Од каде да си заминеш од дома ли?Па и таа заминала од дома па што. Замисли како им е на жените што вложиле во спрат од куќа.Го гледале ко свој дом ,родиле деца ,и некое лигле се изживува со нив.И она на крај е па безгласна буква оти тоа не е нејзино.Тој огромен залак многу жени го изеле ,па никому ништо. Мажите се проблем.Бракот е светиња,и се гради взаемно.Подобро во гарсоњера под кирија ,а не во вила со отров.
Ќе си го седнеш дотичниов на маса и со отворени карти ќе му кажеш. И он има избор или да седи и да игра по твое или да си оди заскогаш. И у двете варијанти си у добивка. Овој пари свои сопствени не може да си распредели, а не па да чува деца утре. Други од страна ќе ви ги воспитуваат децата. Исто ко шо други од страна му ја распоредуваат платата. Парите си се трошат, а него таквото не го боли, што маж е ова... Без разлика на било што, ти треба цврсто да си се држиш на својот став дека ни под разно не сакаш да живееш во заедница. Не го зборам само јас ова, туку и 10 други жени ги го кажаа истово. Ако сакаш животот да ти стане пекол, само напред, уште утре досели се кај неговите. Али еден ден ќе ти биде многу криво ако на него му го дадеш воланот сега. М од маж немаат ваквиве. Извини, не разбрав? Ова не е играчка, девојче. Посебно ако немаш друг имот шо твоите планираат да ти го остават. Иди уште утре кај неговите да живееш, а станот цел на брат ти. Само напред. Утредента, мислам скраја да е, ако му текне да стане насилен или па да те исфрли од НЕГОВАТА куќа, е тогаш ќе си останеш со таквото у рака, без имот, без пари, без ништо, скраја да е и на улица да се најдеш. Тој стан до крај да си се бориш до да го поделите по пола. И да се продаде рецимо и парите по пола, пажљиво да си ги искористиш. Никако давање на дечко ти, да гради некакви си спратови. Никакви полномоштва да не потпишуваш за станот, НИКАКВИ. Ако те тераат да потпишуваш било што, да си побараш адвокат. Оти тој стан колку што е на брат ти, толку е и твој. Како ли има луѓе што уште мислат дека цел имот треба да е на машкото, а девојчето ќе си има од кај што ќе се омажи? Како ли? Нејќам да судам, али фустрацијата до плафон ми лета кога слушам дека ова сè уште постои. Да си ги седнеш и да си ги размислиш сите овие работи со ладна глава, оти ако сега згрешиш, ќе ти биде катастрофално за цел живот и многу е тешко потоа да почињаш живот од нула кога си заглавена во токсично семејство, плус деца кои патем се огромна обврска. Е тек тогаш ќе видиш како се штедат пари, кога у бракот се еден куп трошоци, скраја да е, уште и да каже парите на едно место да стојат...
Јас од 18 години живеев со цимерки две години, после тоа пет години живеев сама. Немав никаков проблем, прилично самостојна, иако не работев, земав стипендија, ми даваа и од дома пари, не дека не, ама сама си се организирав и за сметки, и за купување храна и за се друго. Обично гледав да не барам пари повеќе од тоа што ми даваат од дома. Е после тоа се вратив дома, се вработив, солидна плата, и се вратив на заедничкиот живот со моите дома. Иако живеевме во стан, секој си имаше свој простор, пак придонесував со тоа што чистев, готвев, пазарував, итн…сакам да кажам не бев готованец и придонесував за одржување на домот. И така некако после тие 7 години самостоен живот, претопло и преубаво ми дојде да си бидам покрај луѓето што најмногу ги сакам во животот. Си креирав комфорт зона, која не сакав да ја напуштам. Е после дојде заедничкиот живот со сегашниот сопруг. Ние сме речиси десет години заедно и многу добро се познаваме меѓусебно, немаме никакви проблеми, ама така некако имав грутка во грло кога требаше да се преселам кај него дома. Не знам, имав измешани емоции, среќа и задоволство од една страна, и тага и страв од друга страна. Иначе сега кај што си седиме, 98% од време сме си сами, во другите 2% со свекрва, ама и тоа ќе биде кратко време, додека не се средиме во другиот стан. Со свекрвата немам апсолутно никаков проблем, и она е за тоа дека треба да живееме одделно, и ни дава поддршка во нашите намери. Инаку за темата се инспирирав, во разговор со другарки кои исто така се во тој преоден период, и поприлично тешко ги прифаќаат новите промени, а некои од нив уште во старт наидуваат на недоразбирања со свекври и сл.
Сите кои планираат да се мажат/жената, задолжително треба да живеат со тој некој човек пред брак, пред дете да направат, пред сите зурли и тапани. Јасно дека ние во Скопје, а и во други градови каде што релативно блиску имаат факултети, не се селиме од дома на 18, а од финансиски причини (некогаш и психички) и подоцна. СЕПАК, 6 месеци макар со тој некој што сакаме да ни е маж да живееме под кирија, може да не спаси од многу поболни ситуации подоцна. За лично себе ми е криво што сама не живеев порано, поинаку размислував, никој не ми бранеше, не сакав да си одам од кај моите. Два пати бев повеќе месеци во странство и страшно го поднесов тоа, затоа тука немав храброст да се отселам. Низ некои ситуации подоцна поминав не затоа што сакав, јебига живот се случува, ама од денешен аспект, секој кој може сам финансиски да издржи, треба да се отсели од дома и да се осамостои, а ако тоа е неизводливо, барем со идниот брачен партнер некое време да живеат пред брак. Ќе бегам колку ме држат нозете. Најискрено.
Jas nemam tipicna adaptacija kon semejstvoto na maz mi. Od 18 godini nadvor od doma delev stanovi so cimeri , potoa pocnav da ziveam so deckoto koj podocna mi stana maz, rabotevme po dve raboti nekogas za da izlezeme na kraj. Koga se vencavme pak nemase klasicno vseluvanje site raboti mi ostanaa vo mominskata doma, nie prodolzivme pod kiriite.Kaj semejstvoto od maz mi odev i seuste odam kako na gosti nekolku dena poseduvam i toa e, ama veruvam deka e tesko osobeno ako prethodno voopsto nemas ziveeno sam so mazot pa odis i treba da se prilagodis na kukata, lugeto, nacinot na ziveenje i slicno.
@Цунами ти предлагам да се спакуваш и да поминеш месец дена кај него во куќа и да види и он како се функционира. Ама онака лагодно да си се понашаш како дома да си да не се стегаш како гостинка па да газиш на јајца. Он кај тебе на секс партија си доаѓа, зборите за брак а ти кај него се осеќаш како 13 то прасе? А не. Штом работиш од дома земај опрема и кај него стационирај се. Па да види како ќе биде.
Се извинувам ако следново што ќе го напишам ќе им звучи дрско на одредени личности тука. Прво нешто тука е дека дотичниот е недораснат, не сака да се оддели од дома за да почне нова фамилија, не знае да менаџира со финансии, не сака компромис (или он како каже, или ништо), сака ти да купиш поголем стан за да живеете во него, пошо он куќа имал, ама во НЕГОВАТА куќа живеат и неговите родители кои како и да се однесуваат со било кој од вас двајцата, па утре и со децата, он нема да ги избрка пошо се кладам и дека сѐ уште куќата е на име на татко му, од кого утре ТИ ќе треба да бараш согласност кога ќе се омажиш за дечко ти, татко му да потпише дека ти дозволува да живееш во НЕГОВАТА куќа, што дополнително ќе те фрустрира тебе, а според ова што го имаш напишано можам да те замислам како остварена, добра и финансиски писмена личност. Како таква финасиски писмена личност, знаеш дека во никој случај не треба да инвестираш во нешто кое тебе не ти припаѓа црно на бело, a таа куќа не е твоја. Како што пишаа другите членови погоре, стапките на развод се многу големи, посебно на тие што живеат во заедница како што и сами си пишуваат во другите теми, и да не се правиме многу удрени дека се е розово во животот, туку во обзир треба да се земат сите потенцијални сценарија и да се разговараат. Ако дојде во случај на развод, ти остануваш без ништо, и дури можат старите да те испратат со муабети од типот, абе ние ја раневме ја чувавме ама она неблагодарна, сѐ и сметаше. Друго што не е напишано е, дали он има брат/сестра? Плус што викаш дека он нема сјаен однос со неговите, зошто тогаш би очекувал ти да имаш сјаен однос со неговите? Децата кога ќе дојдат на свет, гледам дека би било уште похаотично пошо нели ти кажал МАЈКА МУ ќе ти се најде за помош, а не он (таткото). А што ако она не сака да ти помага, и не и е обврска фала богу да ти помага околу децата (твои и на син ѝ) туку само ако сака. Кога веќе сте во врска, мора да разговарате на темите како што се: Финансии - кој како располага, кој какви очекувања има и кој кон што цели. Утре во брак како би ги распределиле овие работи? Заедничко живеење: Каде ќе живеете, очигледно е дека ако идеш кај него има да попуштиш психички. Мој совет е да поживеете заедно на страна сами двајцата одреден период и во тој период да видиш како ќе се однесува и по дома и со неговите и со пари. После ќе процениш сама, ама јас искрено не ти препорачувам во никој случај да идеш и да живееш со неговите, плус на тоа сте со добри примања и двајцата и можете да стегнете заби и да земете нешто ЗАЕДНИЧКО. Деца: Како ќе ги воспитувате, кои се негови ставови, дали ќе ги гледа, да не те тера да седиш утре дома да гледаш деца и да не работиш за да не давате екстра пари на градинки? Кој го знае... Така ми тера некако. Да не си живеела сама досега, нема да имаш никаков проблем да идеш да седиш кај него, ама веќе ко имаш искусено да си сам свој газда, тешко да се вратиш назад. Пробајте да разговарате првично да ги средите работите, во краен случај е да прекинете со врската, ама сметам дека ако се сакате може да се среди нештово и да прифати типот дека врската и бракот и заедницата е за ДВАЈЦА, децата се на ДВАЈЦАТА и имотот треба да е на ДВАЈЦАТА.
Баш така, нивниот брак ако се случи, уште од сега е осуден на пропаст. Независна жена неможе да му седи дома на маж шо неможе да се осамостои. Сега е заљубена и не ги гледа убаво работите, ама кога љубовта ќе ќидне низ џамот, тогаш појасни ќе и бидат работите.
Интересна тема. Првично, адаптација не мора да значи само во поглед на станбено прашање. Ние не живееме со свекор и свекрва, па пак мислам дека и после 11 години врска и 2 години брак, јас уште пробувам да се адаптирам некако, до некој разумен степен. Едноставно сме тотално различни карактери, и супер е што живееме одделно. За живеење во заедница не сме ни помислиле никогаш, ни јас ни маж ми. Инаку мислам дека доста влијание има ако личноста после средно продолжи да живее дома или не. Јас бев во студентски неколку години, и поубаво нема искрено. Почнав да работам од уште дури студирав и седев во студентски. Последните две години од студии почнав да живеам со мм (тогаш дечко). Ама си имав плата, и апсолутно не барав ни денар од дома. Кога ќе се тргнеш од дома, живееш со цимери/дечко, планираш буџет, осетиш самостојност и сл, потешко е после да сакаш да се вратиш дома и да живееш со твоите. Па плус и сопруга. Ние сме од помал град. Не живееме таму сега, ама сите другари на маж ми кои се оженија и живеат таму, си направија свои посебни куќи/купија станови. Иако сите од нив имаат голема куќа каде им живеат родителите, и каде би можеле и тие. Ако врската станува сериозна, треба апсолутно да се разговара за овие теми. И мене ми е тотално неразбирливо како може ако женското не сака да живее во заедница (што мислам дека е најправилно), машкото да настојува да живеат со неговите... Скроз примитивно. Ние сами стан си купивме, сами си го средивме. Не жалам ич. Потешко е финансиски, ама мирот нема цена. Си знам дека е лично наше, од наш труд и заслуга. Да одам туѓи спратови, соби или станови да реновирам и опремувам нема шанса. И на крај пак може старите да им прдне и да речат - наше е.
Иако важен фактор за развој и индивидуализам е 1) евентуално живеење сами, одделени од примарно семејство, и 2) со партнер пред брак, бар психолошки, посебен момент е да живееш заедно со партнер како брачни другари за разлика од претходно, "само" како пар. И не дека парче хартија сменило нешто ама за многу луѓе менва и то си "пролева" понатаму во односот и како такво е нов предизвик. Иако многу велат 'no wifey duties on a girlfriend salary', сепак, предбрачно живеење заедно знај да ни покажи кои проблеми би ги имале покасно и дали нештото има иднина. Шо ме носи до @Цунами. Јас би експлорирала зошто сака да остани во куќата. Иако и јас мислам како тебе, дека сите фактори кои ги наброја играат улога. И јасно кажи му како ти се осеќаш и шо сакаш и нели кои работи се deal breaker и зошто. Јас сфаќам дека врска е компромис, ама да се очекува жена да се откажи (па и да створи), а другата страна само да седи и да речи: "lol this ezy ако сакаш поинаку напрај си" ми е лично глупо пошто то не е партнерство. Некој погоре рече оди на трајл период кај него. Ако си отворена за живот во заедница би рекла мора да има трајл период и предложи да одиш и да пробате како би функционирало то. Ако не си, то е нешто шо ќе треба да го поставиш како строга граница најбрзо шо можиш. И со среќа. Ова се големи и доста тешки прашања во една врска.
Мене ми крена нерви она: Купи голем и комфорен стан па тогаш да.. мислам WTF... ја од овај би бегала колку нозе што ме држат. Ми личи на тип: Навечер секс со женичката, сабајле мамичка доручек ќе ми направи, дете ќе направиме жените ќе го гледаат, јас спрат дадов, доста е... @Цунами отварај 200 очи ова не е баш мал проблем.