Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптација на жената во новото семејство

Дискусија во 'Брак' започната од Alm., 15 декември 2024.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.549
    Пол:
    Женски
    Баш тоа и јас сакав да го пишам ама не сакав да мрчам :rofl:
     
    На izgubena:), nena2010, Цунами и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Освен што сме разговарале на темава, а немало нешо многу разбирање од негова страна, си стои на ставот дека финансиски е подобро таму да сме, му ја покажав и темава. Сакав да види дека не сум единствена жена шо така размислува. Се изнервирал не спиел цела вечер. Сме го вреѓале во коментари (што донекаде и е вистина, многу е добар како човек, не е баш таков расипник, може лошо изгледа претставено ради моменталниот проблем, ама сепак се работи за битно прашање овде)

    Вака е многу добар човек и ради тоа прогледувам низ прсти. Не сум ни јас цвеќе за мирисање, да се разбереме, си имам жути минути... ама сепак тоа се големи чекори и големи прашања. Разговарав и со родителите на темава имот и на кој што ќе биде.

    Она што го знам е дека од дечко ми имам поддршка за моите пари да си ги инвестирам во нешто мое, а од родителите побарав за 5-6 месеци да одлучат на кој што ќе припадне и убаво би било да можат да го поделат колку-толку подеднакво.

    Она што ми е цел во блиска иднина е прво јас да си се обезбедам, да не попуштам. Па после ако дојде до брак и ни одговара супер, ако не, секој нека си го брка ќејфот. Исто и со брат ми, секој нека си го гради животот. И сите мирна глава и сите сигурни.

    Нит ќе им вложувам, нит ќе ми должат нешто, а и со брат ми чиста сметка ќе си имам. Фала ви за коментарите и мислењата, сите ги прочитав, само не ми се навлегуваше овде во подлабоки дискусии, таа тема е чувствителна за мене во моментов.
     
    На Stark и Momichka им се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.450
    Допаѓања:
    4.354
    Мм е ист. Ми вика како станав ваков човек, порано се ми беше средено и наместено, као многу бил педантен, а откако почнавме да живееме заедно започнал многу да расфрла. :rofl:
    Е кога беше педантен си живееше со мама и тато, не се грижеше за сметки, ручек, машини, чистење.
    Рака на срце, собата му беше секогаш средена, ама ај да не му е, само тоа му беше обврска.
    Мене ми смета што нема живеено сам, еве ќе бидам искрена. Се гледа разлика од авион кој од нас двајца живеел сам. Во моментот кога се вселивме заедно, јас веќе имав 10 години стаж во самостојно живеење. Се труди, ама дефинитивно има разлика и првата година навистина имаше многу работи кои ме нервираа и ми сметаа.

    А темава е излишна на прагот на 2025, зарем сеуште ќе дискутираме за ова?
    Сакам да има теми од типот, заедничко живеење со свекор и свекрва, како да се заштитите финансиски пред да влезете во таква авантура, како да поставите граници за да не ви забега менталното здравје.
    А не вакви патријархални теми.
     
    На Цунами, Biljarkata и Malesia им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Исто и мојов исто кажува, ама го учам де да се осамосталува. Многу работи не им се јасни :D
     
    На eliesaab, Цунами и Lavender13 им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.318
    Допаѓања:
    113.952
    Пол:
    Женски
    А со кој памет си му ја покажала темава.. човекот не велиме дека е лош, ама ти сама кажа дека ќе ти е неудобно таму живеењето. Ти кажав, оди поседи кај него па види. Да немаше ти стан кај ќе се гледавте? Дај малку биди реална. Не си стапнала таму да седнеш едно деноноќие со неговите а збориш за живеење под ист кров..
     
    На Angie1432, Alm., butterfly_91 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Некои работи жената ги премолчува пред мажот, ако знааеш убаво ќе си поминуваш.
     
    На izgubena:), Herrera, Joanna28 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.201
    Допаѓања:
    8.370
    Мажот и жената се новото примарно семејство, свекорот и свекрвата и бабата и дедото стануваат секундарни семејства. Според ова никој на никого нема да се адаптира освен мажот и жената еден на друг во заедничкиот живот, ако немаат живеено заедно пред брак.

    Темава е како од 60ти искочена.
     
    На izgubena:), CameliaMiller, Cka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.549
    Пол:
    Женски
    Ама и многу луѓе во Мк живеат како во 60тите.
     
    На izgubena:), Zumbulche, butterfly_91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Ок, може ќе размисли така ненаспан и навреден, па ќе почне и да мисли и да заштеди нешто:D
    И темата снаи и свекрви да му ја покажеш, и брачни проблеми и така, цели празници имате за читање.

    Никој не рече дека е добар или лош, тоа мислам не е предмет на дискусија.
    Секое добро.
     
    На CameliaMiller, boo3, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    12.673
    Пол:
    Женски
    Сите феминки убаво ти одговорија претходно, ама и ти самата не знаеш што сакаш. Доаѓаш и кажуваш како е, следно му покажуваш тема и ти си се коригираш и браниш. Ако не е ова коментирање со цел да се оправдаш пред него, а тука некоја се потрудила да те советува..чист безобразлук. Среќно сега, ќе те чита во секоја наредна тема.
     
    На winnie02, Iva.T, Цунами и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    267.586
    Израснав во голема куќа со голем уреден двор, затоа кажувам дека за куќа и двор (да личи на нешто дворот, не депонија да биде) треба: 1. Волја на сите жители да вложуваат време, физичка енергија и некогаш и фина сума на пари во тој двор. Сам не се чува, не се чисти, не се садат цвеќиња сами, не се рине снег сам итн. Секој проблем та со капија, та со кров си е твој личен, што е и физички и финансиски терет.

    Втора опција е да имаш доволно пари и да си плаќаш народ да ти средува.

    Јас не сум волна ни да косам трева, ни да чистам снег, затоа денес знам дека не е за мене куќа. Е, ако имам да платам некој се останато да прави, јас само цвеќиња да садам.

    Може маж со куќа ќе си најдам, јасно и гласно да си кажам дека не сум работлива жена до толку. Ако сам му се средува и поправа, волно.
     
    На Spidy и nena2010 им се допаѓа ова.
  12. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Или сум наивна, или не сум таков карактер да премолчува, обично се си кажувам. Или е добра или е лоша особина. Нејсе... кај сака нека тера работата, нит сум во брак нит сум обврзана за да правам нешто на сила што не сакам да го правам.

    Ако видам дека работава бутка во ќор сокак, ќе си барам чаре. Инаку морав да му ја покажам, од причина што сите другари му се од истиот град и сите се „балканци“ вака што ги слушам, он најсовремен ми звучи од цела група. Макар што некои од нив, кои имаат финансии, одделно живеат, ама тука родителите помогнале. Вака сами не се нафаќаат. Сеа не ми идеше да бирам дечко по тоа колку му е длабок џебот, ама сепак некои работи ми сметаат. Тоа е што е, од друга страна барем некои други пороци нема, како што е случај со многу претставници од посилниот пол шо ги знам... ама за ова живеењево заедно, проблем е.

    Или јас сум премногу наивна и друга девојка на мое место побурно би реагирала или не знам шо е работава.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    267.586
    Не е до длабочината на џебот, туку до размислувањата негови.
     
    На Angie1432, eliesaab, Cutiepie1 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Ретко на која жена ќе и биде пријатно во нов дом со родители на мажот.
    Сметам дека никогаш нема вистински да не прифатат како дел од семејстово и секогаш ќе не гледаат како странци, што сега дошле во нивен дом и они се приморани да не трпат.
    Никогаш нема невестите да имаат тотална слобода и еднакво право на збор.
    Колку и да мислиме дека сега свекрвите се попрогресивни, самосвесни и они биле снаи еден ден, сепак исто е.
    И ова не е природен и идеален начин на живот и колку и да се и снаите и свекрвите добри, никогаш нема да има хармонија на живеење на домот во заедница, бидејќи реков - не е природно.
    Мене ми е многу тешко од дете гледана со огромна љубов и разбирање во хармонично семејство, сега да се отцепам и да дојдам во семејство каде таа љубов ја чувствувам само од маж ми. Каде што веќе не е битно дали ми е добро или не ми е, дали можам или не можам, сега морам. Ми фали топлината и љубовта каде што од сите членови на семејството сега ја добивам само од еден. За другите сум - ништо, а официјално сега семејство ми е неговото.
    3 месеци и уште се адаптирам, среќа па за кратко остануваме само ние двајца па ќе биде подобро.
     
    На jungle, Цунами, Alm. и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Не е точно, Тоа што ти и јас сме се погодиле со такви не е никој крив. Ама има семејства каде се спојуваат ко едно! Жив сведок сум на многу разбрани семејства. |-)
     
    На Mother of 2boys, Iva.T и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.699
    Допаѓања:
    19.150
    Пол:
    Машки
    Имам осеќај ко ова да ви е одлучувачка цел во животот. Имам неколку прашања, дури и едно ми е толку контрадикторно ама ќе го прашам.


    Сакате нов стан, во ред е да живеете со станари, а не сакате на одделен спрат пошто е кај неговите?!

    Стандардот кај нас е тој кој што е реално да си бидиме искрени за да земиш на кредит стан цел живот ќе плаќаш? (каде е реновирање, летовање, заштеда и слично, цел живот ќе работиме на позитивна нула? :) )


    Честита нека е славата и за многу години да е. :)
     
    На Cutiepie1 и Alek90 им се допаѓа ова.
  17. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Највеќе разводи се случуваат поради ваквата неадаптација, богами треба решение унапред.
    Среќна слава!
     
    На izgubena:) му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.699
    Допаѓања:
    19.150
    Пол:
    Машки
    Јас досеа се шо сум начекал е готовани, значи бараме само момче што е веќе реализирано со стан кола работа и тро пари настрана да се допотрошат.

    Женетина уште немам видено. :)


    Зато малку ми е сомнително сето ова што се пропагира искрено и многу голема амбиција, а жртвата е преголема пошто во поголемиот број на случаеви е еднострана.
     
    На Alek90 и Malesia им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    20.708
    Само не можам да сфатам зошто ако не би се погаѓале во заедница, тоа го сфаќате дека неговата фамилија се лоши, не ве сакаат и тако даље.
    Демек ако неќе свекрвата да ѝ се мешате дома во манџата одма ау вештерка, ау не ме сака. Ко деца да сте, све лично да сфаќате.

    Многу подобро да ви речат од таму дека неќат да им се тупнете дома него да бидете добредојдена снаа за три дена, па после да немате раат ни вие ни они, па ако сакате да се преселите, да изиграваат бесни глисти. И затоа повеќе ги почитувам овие првите, а не да ми филозофирате дека ако е на маж ти е и твое, ама идеш кај маж ти, ама и тоа е нејзин дом. Пошто на свекорите не е дом де.

    Мене ми се смееја у темана зошто не ме планирала свекрвата да живеам кај неа, па зошто во нејзин дом сум прашувала за све. Зашо ваљда не е тоа мој дом и нема никогаш да биде.
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    13.431
    Пол:
    Женски
    Комшијата нема да очекува да ручам со него секој ден, да пијам кафе со него секојпат кога сум слободна, и со комшијата не делам сметки.
    Со комшијата може да се скарам и опцујам, и нема да ми го афектира целиот живот, само ќе престанеме да си викаме добар ден во лифт.
     
    На izgubena:), moonlight-girl.55, Emy867 и 15 други им се допаѓа ова.