Форумџика на годината

Адаптација на жената во новото семејство

Дискусија во 'Брак' започната од Alm., 15 декември 2024.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    18.894
    Пол:
    Машки

    Обично јас уште на самиот старт си поставувам граници до каде можи некој да оди во смисла како да разговара со моја девојка (или идна жена откај знам). :)

    Тука ќе си го барате проблемот кај дечкото или сопругот.
     
    На Cutiepie1 и Malesia им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.491
    Допаѓања:
    165.911
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите прајме разлика меѓу роднини (особено родителите на партнерот) и комшии. Исто и прајме разлика во односите кои ги имаме со двете групи и при конфликт шо поќе не афектира на лично ниво. Еве искрено, за комшии имам некој "основен" респект и ништо поќе. Ни близок однос, ни љубов, шо и да имат да речат прелетва преку мене оти не ми е гајле. Со роднини не е така. Така да тука и лежи одговорот зошто радо би да не делам ни двор со родителите на партнерот. Нормално, ова е моја "желботека" ( |( ) за која не прам компромис и ми е deal breaker. Кој уште има проблем да го разбери овај став, снаи и свекрви темата е доволен и доста обемен пример.
     
    На senjorita-v, Alm., LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Јас не сфаќам како уште млади луѓе во овој век не би сакале приватност, слобода, мир. Да ти дојди на гости девојката и да се криете по соби, па да пазите да не ве чујат ако сакате да си се опуштите или да не ви влезат в соба. Незамисливо ми е тоа и во врска, па камоли во брак. И не е толку до финансии колку што е страв од одделување од мама и тато бидејќи потоа треба сам да си бркаш работи и да си мислиш за себе.
    И не, џабе е и посебни спратови и сѐ, тоа сепак е заедница, куќа на свекорот. Зошто жената да оди во туѓа куќа, да живее со туѓи луѓе и да вложува во нешто што никогаш нема да е нејзино? Кој маж би го правел истото, ако жената има цел спрат ете, да дојди и да вложува во туѓа куќа?
    Сум живеела и уште живеам под кирија, сум се снаоѓала за триста ситуации сама, па утре да дојди маж да ми кажува како е подобро со неговите да живееме бидејќи мајка му ќе ни ги чувала децата. :D
     
    На SummerGirl, lovemme, Alm. и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    18.894
    Пол:
    Машки
    Во ред чим е така, се осетив засегнат со зборов желботека. Како бе вака само во таа тема ако има жалопојки и сегде е така??
    Еве не сум бил во други теми ама верувам дека има исклучоци. :)
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.491
    Допаѓања:
    165.911
    Пол:
    Женски
    Има добри заедници. За почеток сите вклучени треба да го сакат то. Ама колку си поблиску физички со некој во простор имаш поголеми шанси за конфликти. Шо исто е нормално. Е сега стави уште еден слој на дисфункција шо многу често ја има, најчесто незаинтересираност од страна на партнер (се ова шо сите членки го опишуваат, маж шо неќи да се помести од комфортот) и/ли преинволвираност на родителите. И ете ✨ disaster ✨.

    То настрана, мирот шо можам да го имам е незаменлив ако јас си прам дома ко шо сакам без да имам некој да ми пререди, или да се качи од долу оти сега сме комшии покрај роднини и границите полесно се поместват, плус оти до некни нивно било (а, на документ можи уште е).

    Јас ваков живот би плаќала со ментално здравје. И друг пат имам речено. Се шо морам да платам со ментално здравје е прескапа цена да се плати. На кој му одговара - океј. Јас стварно мислам дека секој чоек е башка и на некој можи ова ќе му функционира. За мене не е. И ги сфаќам сите членки на кои не им е.

    А, за темата. Прочитај неколку страни. За онака. Вон дискусијата тука.
     
    На senjorita-v, Sugamama11, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.050
    Па во која тема да има ,,жалопојки,, на таа тема освен во снаи и свекрви и во брачни проблеми? Во форумски игри или во политика? Јас ти кажав, најди си реален пример во животот околу себе, да и двете засегнати страни се задоволни. Пошто јас во цел мој живот, од тетки, братучетки, јатрви, таков пример немам. Вујна ми е посебна прича, ем никогаш заедно не живееја, ем не се поднесуваа. А јас со свекрва ми сум супер, пошто сваког госта, 3 дана је доста. :sun:
    Прашај ја баба ти,ако живеела во заедница да ти каже, ама искрено.
     
    На Emy867, CameliaMiller, Malesia и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.580
    Допаѓања:
    7.534
    Пол:
    Женски
    Ама џабе пробуваш да ме разубедиш. Јас сум си женска која цврсто стои на ставови;)

    Моите мислења не се фрлени туку така од ракав, туку све што јас пишувам тука, е од мое искуство. Секогаш кога ќе напишам нешто, точно знам за што зборам, не си ја ни пробувам шансата да зборам на теми кои отприлика ги знам:wasntme:

    Ако сакаш да живееш во заедница, и ако си најдеш жена која е рамна како тебе, слободно:DБаш ќе ми биде мило да се посреќиш со некоја која ти одговара на секое ниво;)

    Да. Израснав без мајка горе-долу, па од кога памтам за себе јас сум се грижела за сè во домот. Татко ми има напорна работа, па никад не сум сакала да се замара и со обврски од типот на перења алишта, садови, бришење подови и тако даље. До душа си готви човекот топ, секад ручек вкусен дома се наоѓа, али останатитите грижи дома биле мои. Додека баба седеше со нас, ми помагаше, после тоа се пресели она, а и јас потпораснав.

    Возрасни луѓе се моите. На доктор никад не ми побарале, но да знам дека јас сум пожелна, со трчање би ги однела. Како што јас сакам приватност кога одам на доктор, така и моите сакаат приватност. И они се личности. Не е потребно на доктор да се гураат 100 личности, ако се може сам:)

    А и со здравје сме сите топ, по еднаш на секоја престапна година се иде на доктор кај нас. Читај, многу ретко, колку е тоа, не знам:wasntme:

    Секоја моја плата што сум ја земала, ама баш секоја, била оставана на куп дома. Ако може татко ми што е возрасен човек секад да остава пари на располагање, иако притоа иам свои, можам и јас. Картици иам, али ситно на нејзе (девизната што ми е), колку да не е без ич, де.:wasntme: Парите се заеднички дома и не се гледа кај нас кој колку троши. Картиците наши се исто на куп. Поскапи чизми, нов телефон, доктор, уплатници, поклони и тако даље, се има. Роман ќе напишам веќе од постов.:rofl:

    Пари се заработуваат и се трошат. За живеење на само, само воља и добра желба треба, немањето пари не е изговор. Да, кажав:D Немањето пари е ручка само. Во овој капитализам кај шо живееме, пари се има на секој чекор. Само желен треба да си, па да ги најдеш:D
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, Stark и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Абе камо повеќе среќни примери да има, сите на купче среќно да си живеат. Ама дали е 1 на 100, може и помалце, каде снаата среќно живее со свекрва во ист двор, а да не прават муабет во иста дневна. Не дека не постојат, ама веројатноста да ти се погоди така е толку мала што ич не вреди ризикот. Или како што пиша членка погоре да вреди за цената на менталното здравје.

    Адаптацијата кон мажот што треба да го сакаш и доброволно почнуваш да го делиш животот со него, тоа е доволно тешко, за да на тоа додадеш плус луѓе на кои треба да им се замараш.
    Абе со маж ми едвај се договоривме дали кога ќе се покриваш се става прво ќебе па јорган, или обратно. Поглуп муабет мислам никогаш не сум имала, ама ете, кај мене дома едно се правело, кај него друго. Ама него нели го сакам па ќе речеш ајде и непокриена ќе спијам. Да ми дојде свекор или свекрва да ми каже како да се покријам, ќе се разведам уште првата зима.
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, Noemi и 8 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.804
    Првото прашање: многу е голема разликата меѓу станари и роднини прво колено (мои или негови родители). Со комшиката ич не ми е гајле во какви односи сум, а ниту се дрзнуваме една на друга да си влагаме дома, да си делиме памет која како домаќинство да си тера, која пере на скапа, која на ефтина струја, ништо со неа немам заедничко и НЕ МИ Е ФАМИЛИЈА.
    Не е исто да се спукаш со комшија и со татко, или исто е?

    2. Живеам под кирија, така што ни свој стан не плаќам. Меѓутоа да, цел живот ќе плаќаш за да имаш сопствен мир во животот. Како маж немаш поима пошто не си размислувал на темата ти да си тој што ќе се сели и ќе се адаптира на цела нејзина фамилија и сите нивни желби и барања и специфики.
    Скроз реалност - цела тема имаш снаи и свекрви (и свекори, девери, золви, јатрви...).

    Бараме човек кој со нас заедно ќе се замара да обезбеди за нас живот, не да се замара со цела поширока фамилија на куп.

    Еве ти, исто некоја типка ти рече ела со моите да живееме, сестра ми и мажот и', нивните деца, има место бе. Како ти личи?
    Сите сме давежи. Ти на твоите не си им давеж оти си дома, инаку сите сите ги дават. Никому не му прија некој нови правила да му поставува, а сите сме возрасни. Ни јас можам навиките на свекрвата на 65 години да и' ги менувам, ни па таа може на мене. Во тоа е проблемот, а не дали е некој "давеж". Сите сме оти па сите имаме свои сфаќања како треба да изгледа едно домаќинство.
     
    Последна измена: 20 декември 2024
    На SummerGirl, senjorita-v, andromedae и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    2.115
    Ама зошто викате дека е патријархална темата, што е патријархалното, не разбирам? :?:

    Дури и да си сам човек, и да се преселиш некаде ти треба адаптација. Човек читајќи ве од страна да си помисли дека има проблем некаков со себе и сопствените ставови, мисли, емоции. Нема ништо лошо во тоа да имаш период на транзиција и прилагодување, никој не е бесчувствителен.

    Дури и за заедничко живеење пред брак (што секако дека сум за, за истото), секако дека треба прилагодување еден на друг со партнерот, на неговите навики, неговиот начин на живот, и сл. Исто и обратно.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.404
    Допаѓања:
    4.185
    Пошо нема тема адаптација на мажот во новото семејство, затоа.
     
    На SummerGirl, јolene и Alm. им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    12.392
    Пол:
    Женски
    Интересен дел, се мислев да отворам тема за ова.

    Да не беа жените што отплаќаат кредити половина од семејствата во Македонија ќе немаа каде да живеат.

    Мажите се плашат од сопствените родители (ќе ги скратат на имот не дај боже), немаат храброст да речат гласно и јасно дека новото семејство ќе се состои од него, избраната и идните деца. И дека нив ќе ги почитува како што треба, но останатото е внатре. Плус, нема он што да зема зашто веќе има и сето е само фикс идеја на жената. Како дошла така може да замине, оти нели друга ќе си донесе.

    Жените отсекогаш тежнееле да се жртвуваат и паѓаат на приказните кои најчесто им се сервирани, а не размислуваат дека после се само приморани да седат зашто нели, отплаќаат кредити. Најчесто се оставени без поддршка од своите партнери откако ќе подигнат, и ова е совршена прилика да се надодаде дека да ја сакале од дома ќе имала стан/куќа. И ќе си ги собере нозете, ќе си умисла дека си го сака. Ќе си отплаќа во име на семејството.

    Многу ретко има асални мажи. А тие што ги има, за жал си страдаат пак од жените. Оти како има мажи олоши, така има и жени.
     
    Последна измена: 20 декември 2024
    На SummerGirl, senjorita-v, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.956
    Пол:
    Женски
    Пази молим те, маживе биле стигматизирани, а на жениве им е супер да се селат во куќата на мажот?!
    Не си нашол на некоја која вистински ќе ја сакаш, бидејќи кога ќе наидеш на таква девојка, ќе сакаш да бидеш заедно со неа, а не близу до мама и приоритет ќе ти биде заедничкиот живот, а не сопствената комоција.
     
    На Emy867, SummerGirl, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  14. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.953
    Пол:
    Женски
    Темата е скроз ок и од сам старт јас ти ја разбрав поентата на првите прашања.
    Сосема е нормално да се има чувство на измешани мисли и емоции, нормално е прилагодувањето во секоја средина и зависи најмногу од карактерот.
    Јас при разговор увидов дека на повеќето жени преселувањето тешко му паѓа и се чувствуваат изгубено тој период.

    Еве ние предходно не живеевме заедно, колку и да сакавме бевме спречени од ххх причини. Јас не сум живеела со баба и дедо, кога сум одела кај нив многу работи ми сметале.
    Живееме сами во нова куќа, на 2 км од мојата стара дома.
    Наместо да сум ослободена и кул мене ми требаа 2.5 - 3 години.
    Мислам предходно да живеев сама и подобро и побрзо ќе го надминев процесот на адаптација верувам дека тоа има голем удел. На почетокот ми беше многу тешко и ми фалеше мојата соба. Ама се е навика.
    Среќа се погоди карантинот тој период и нон стоп бевме заедно дома, разговори само со него.
    Можеби за олеснување ќе ми беа и поинаквите реакции од родителите. Но ете...
    Во првите месеци од заедничкиот живот при правење идеи за новата куќа ми беше кажано од свекорот дека сум донесла еден кревет и две штици за плакарот така да не сум имала право на збор можеби и тоа влијаеше да не го чувствувам ова место како свој дом и да се чувствувам дека никаде не припаѓам.
    Ама ок можеби и мојот карактер е премногу чувствителен, на некој ова не би го ни погодил.
    Но ете тоа беше голем шамар за да се освестам и пораснам па после пола година си купивме стан еве дури после 4.5 години станот е готов оваа година ги земавме клучевите. А свекорот веќе 5 години нема згазено во новата куќа што ја правеле заедно со син му. Тој изгуби да поминува моменти со нас.
    И тогаш да одев под кирија немаше да ми е криво мене но на партнерот и тоа како ќе му беше бидејќи соништа, години и пари вложил.
    Ама па затоа ни шајка немаме од тогаш до сега закачено.

    Еве сега јас без никаков проблем би се преселила на било кое место со него и мислам дека многу ама многу побрзо и полесно би се адаптирала. Имаат влијание сопствените мисли и тоа многу.
     
    Последна измена: 20 декември 2024
    На SummerGirl, Alm. и Iva.T им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.143
    Допаѓања:
    112.847
    Пол:
    Женски
    Затоа што станарите нема а ти се мешаат во бракот, нема да ти се качува во спална да ровари по фиоки, нема да ти мршти сурат ако нешто не е по нивно, не дај боже да се искараш онака убаво одма ќе се качат и ќе се мешаат..
     
    На jungle, SummerGirl, mKdevojce и 8 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.804
    Поради начинот на кој е поставена темата. Жената се адаптирала т.е. трпела затоа што ја третирале така, како предмет, ќе ја мажиме, друго семејство ќе си ја земе итн.
    Денес до некаде тие работи и се искоренуваат, но постојат, а треба да се искоренат сосема.

    Еве Старк ти е пример на темава дека не разбира низ што треба една жена да помине за да се пресели кај неговите дома, бидејќи не му паднало на памет дека можеби тој ќе треба да биде во тие чевли.

    Да, адаптирањето на нов живот надвор од семејството е комплицирано, секоја чест на тие кои од 18, па и порано (кога биле средношколци) што почнале со истиот процес, потешко ни е на нас постарите, а најтешко им е на оние кои ќе земат маж што не пресекол папочна врвка со мајка му, нема тука адаптација, само Бог на помош и акл во глава да бегаат колку ги држат нозе.
     
    На SummerGirl, senjorita-v, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.580
    Допаѓања:
    7.534
    Пол:
    Женски
    Скоро секад од случаевите жената оди да живее со фамилијата на мажот. Домазет кај нас е закоравен збор. Мислам да се отвори таква тема, домазетовци и дедовци, прашина ќе ја фати:rofl:

    А кога ќе отидеш кај нас да живееш како снаа, скоро секад таа куќа припаѓа или на свекорот или на некое друго машко од фамилија. И чива е куќата, на тој највеќе се слуша зборот. И ете го патријахатот за кој сите збориме:smirk:

    Патријахатот не подрабира под дифолт заедница. Но кај нас, толку децении и векови народот бил угнетуван и утепуван од сиромаштија, што се немало услови за повеќе имоти и повеќе куќи. Сите фино лепо ќе се тутнеле у една куќа и така си живееле.

    Многу е нормално кога ќе стапиш во брак да посакаш да си живееш со сопругот, сопругата на само. Нормално е да посакаш да изградиш фамилија од 0, во која ти и маж ти сами си ги воспитувате децата и сами се грижите за домот, без при тоа некој да се меша од страна. И добронамерно некој да се умешува, сепак не би сакала таков живот за мене.

    Ако порано морало да се живее заедно со сите; свекор, свекрва, браќа на мажот, нивни семејства и тако даље, сега нема потреба да се силиме да живееме исто како некад.

    Ако некој сака да си живее во задница, апсолутно не ме дотича, апсолутно... Но дајте луѓе, нека не станува стандард мажење со сите по ред од фамилијата на мажот. Јас ако се омажам утредента за некого, не значи дека се согласувам да рибам, чистам, перам и да и бидам послушна на цела куќа. Туку значи дека го сакам него и само него, и дека со него сакам да градам фамилија:D

    Секад додека живееш во заедница ќе се стискаш до некаде. Ќе нема да можеш во свој сопствен дом да се прошеташ по гаќи или шорцеви. Кога ќе се роди дете, ќе треба низ соби да се криеш да го нахраниш. Сексој, само навечер и со заклучена врата:!: Бањање со пазење и заклучување, и дур да стигнеш до соба со две бањарки да се покриваш, нели, да не ти ѕирне цицето, се извинувам на безобразлук:?:

    И ова што го набројав е све, ако ти се погоди фамилијата на мажот супер. Ако не, психички ќе си го кркаш јако. Оти да не бидеш прифатен во свој сопствен дом, многу мава на психа на чоек. Ајт може уз пут да се оствари сонот да се стане Пепелашка, ако се погодат некои ептен зајадливи. Живеењето во заедница е супер, ќе се лажеме до утре ако треба:D
     
    На SummerGirl, mKdevojce, Alm. и 6 други им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    12.392
    Пол:
    Женски
    @Puellapulchra ех, ти си мислиш дека домазет е закоравен збор. Има префригани и паметни со имоти што не знаат да си ги избројат, ама седат кај жената која плаќа сè. Ако бара нешто за децата овој не дава оти тоа биле негови пари. Од сметки, до облека, до јадење и тн., сето сама, еве јас лично не ја гледам улогата на мажот. Ако е за правење деца само, тогаш и тоа сама можела.
     
    На SummerGirl, senjorita-v и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    Живеењето во заедница е супер само за мажите :D
    Како шо кажа една членка претходно, тато плаќа сметки, мама прави јадење и ме пере, жена дава пичка и раѓа деца, децата се гледани од женските членови, а на мене ми останува само да шетам и работам.

    Туку да ви кажам искрено, и мене така да ми се погодеше, и јас немаше да сакам да си заминам од заедница. :rofl:
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.580
    Допаѓања:
    7.534
    Пол:
    Женски
    Кај е ова мислење? И како го иам пропуштено? Де, цитирај ми го:wasntme: ме заинтригира цело да го прочитам:smirk:
     
    На eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.