Ме мрзи да барам Во претходните страни беше, мислам дека нена го напиша, не сум сигурна. Ама слично е напишано ко јас шо напишав. И точно е.
И најтрагично во оваа ситуација е шо ни спратот не го дале, туку тоа е изградено од свекорот, оставено на тули и прашина, и сега сите ја чекаат снаата да дојде, да дигне кредит и да го реновира спратот, во кој потоа ќе биде безгласна буква. Ова веќе стана многу чест проблем, скоро секој ден читам по некоја жена шо сака да се разведува и шо го има направено ова.
Брат абе никој не ги тера со сила, ако се глупи да му ја прават куќата на мажот, не знам шо ги жалиме?
И да се одлучиш после на развод, не виѓаваш ништо од спратот. Оти тој имот бил стекнат пред брак и така ќе си останеш со подзината уста. Еве зошто, попрво жени би избрале да седат под кирија, или подобра варијанта да земеш кредит и да купиш стан, него ли живеење и улагање у нешто шо не е твое. За на крај и некој да се мајтапи со тебе дека си придојден. Какви сè не дешавки има, и скоро во секој случај жената си го крка.
Баш за жалење се. Оти немаат салам родители да им кажат дека тоа е погрешно. Оти немаат близок да им каже дека во заедница не треба да прифаќаат да живеат. Туку ова најчесто се патријахално воспитани жени, цел живот им е трубано дека нивен дом е домот на маж им. Оди ова кажи и го на модерна жена, ќе ти се изнасмее и ќе си замине.
Оти најчесто овие "родители" сиот имот им го даваат на синовите, а ќерката, да не осеќаат грижа на совест, ќе и кажат, "Ќерко, ќе си имаш ти од кај мажот ти". Овие сè се, само луѓе не се. Да имаш и да не и даеш на ќерката, да ја остаиш на цедило. И истите се овие шо утре дента ако ќерката е малтретирана од фамилијата на мужот, ќе и кажат "Ќути ќерко и трпи". Ова не е ни патријахат, туку нечовечност и ништо друго. Поретко се случува ова во денешно време, но има уште случаеви каде што имотот се дава само на машки деца.
Ако некоја реши да живеј таму, значи сака да ѝ е комотно. Местото не е вистина наше се дур не почниме да фрламе некој денар во него и да го прилагодваме на нашите желби за како да личи за да сме комфортни внатре. А, ако е венчана со сопругот, ваљда е „нивно“, не само „негово“. Ама никогаш не е „нивно“ ко шо гледаме од реални примери. И за то пак место да се впери прст во мажот шо не е партнер, се вперва во жената зошто била „глупа“.
И после се појавува братот или сестрата и бара дел.. а бе златен предбрачен се на папир. Кој колку каде вложил и ај после нека ми се курчи свекор и свекрва или мајка и татко на жената со имање..
Па не се криви братот или сестрата. Крив ни е менталитетот. Мажот и жената треба сами да си живеат и да си создаваат а не да живеат со своите и после да има караници. Ама далеку сме ние од тоа, иако се повеќе жени се свестуваат џабе е кога повеќето мажи не сакаат да се откачат од мајка им.
Родителите да им мислат на децата нема да креваат спратови за чопоративен живот, туку стај им на сметка да имаат за учество па кога ќе се доволно способни да се грижат за себе и за семејство нека купуваат. А не гарадат куќи и спратови и цел живот им се риба на нос ова за тебе го правевме од уста делевме ти да си одиш..
И не сфаќам сеуште што е лошо во тоа да пишуваме за нашите искуства, во тој процес на адаптација од женски аспект. Слободно отворете и за мажите, ќе коментираме и таму. Само што јас не би можела да споделам лично искуство, затоа што сум жена, а не маж.
Не се негативни, туку реални. Многу од членките тука што искоментираа го имаат или доживеано или од блиску видено проблемот. Финансиите и осамостојувањето не се шала, а бракот уште помалку. За жал многу луѓе влегуваат во брак па уште и деца прават без да ја знаат тежината на тоа. Лесно е до матично да се стигне, ама прашањето е што после тоа. Исто и со деца правење. Ни фали поголема писменост (и свесност) во однос на овие животни прашања.
Не е лошо да пишувате за вашите искуства, само вашите искуства се директен производ на патријархат, тоа ви кажуваат.
Многу јасно дека се реални, ОНИ кажуваат ДА, не ЈА...али ЕДВАЈ ЧЕКАМ, без пред време да се согледа ситуацијата.
Ама зошто е директен производ на патријархат бре Каме? Демек, денеска сме 21 ви век и ако збориме за работи кои се реални, и со кои се соочува секоја жена сме уназадени и задоени со патријархат? Не сметам дека е лошо да пишуваме за нашите искуства, напротив, верувам дека тоа е многу важно за зајакнување на свеста за се што се случува околу нас. Не сметам ни дека треба да го ограничуваме споделувањето на искуствата на еден род. Мажите, исто така, имаат свои искуства и предизвици поврзани со родовите улоги и очекувања, кои исто така треба да бидат тема на дискусија. И прибидејќи форумот е женски, а и јас како креатор на темава сум жена, логичен след на околности е темава да биде за искуства од женски аспект. Тоа не е патријархат.
Овде е опишан татко ми. Пред неколку години ме праша колку години полнам, не беше сигурен. Мајка ми ми купува поклон пред еден месец, само за споредба. Во тие генерации (60+), ова е нормалност, нашево се перцепира како помодарство/збес.
И мојот беше задоен со тие приказни. Он никогаш не сакаше од мајка му да се оддели, 3 брака си расипа заради неа, и според него женските деца не вредат. Затоа и не сакаше да ме прати на факултет ниту сакаше да научам да возам кола. Според него жената треба само да слуша и да изгледа убаво и секси. Фала бого шо немав браќа, оти познавајќи се, ќе имаше кланица дома.
Сосема си во право. Братот и сестрата не се криви што се нечии деца. Со закон им е дадено правото на наследство на имотот на родителите, освен ако родителите не решат поинаку. Тие си бараат да си го остварат своето право. Ако веќе се решите на живот во заедница со старите, мора да се договорите за имотните прашања и трошоците пред да се вселите. Зошто сакале да си признеме или не, бракот и институција, а не само емотивна врска па имотно-правните односи се исто толку важни колку и емоциите. Сите проблеми излегуваат подоцна од неразрешени имотни и финансиски прашања. Не секој може да си дозовли посебен дом и тоа е факт. Но, треба да им е јасно на младите кај влегуваат и што имаат. Кога некој ќе ви даде простор за да го користите, тоа е сеуште нивни простор. Тие се сопственици. Ако решите да вложувате, треба да знаете дека вложувате во туѓа сопственост. И утре ако сака може тој имот да им го остави на сите деца, на ниедно дете, на трета личност. Затоа сакајте си се, ама паметот не го губете.