Офф-топик малку, ама „на маж не се верува“ создава (вечна) одбивност/огорченост дури и да влезе членката во здрава врска/брак. Треба, дури и пожелно е да се верува (па сега, те зафркне ли - што можеш, вон твоја контрола е); во никој случај не треба женско да се откаже, да престане со амбициозноста, со нетрудењето (со или без партнер). Грешката што се прави е кога ќе се почне тој домаќинскиот живот (да не сум погрешно разбрана, го поддржувам доколку парнерот максимално ја почитува жената и е свесен за жртвувањето - но е преретко) и жените забораваат дека и тие се корисни и треба да бидат корисни. Моќта не е само да заработува една жена, туку и да придонесува за нешто во општествената заедница.
Колку е тажно ова и полно со омраза да го зборуваш, на маж да не му се верува... Бисексуалка си, лезбејка шо си или пак го користиш мажот само како некое дилдо од човечко месо?
Многу живеат под туѓ покрив поради чување на родителите, тие граделе куќи за децата да имаат каде да живеат. Не оправдувам, само си несвесна каде живееш. Тоа нема врска со самодовербата. Кога девојката се мажи, куќата е исто толку нејзина колку што е негова, па не отишла на гости. Ама тоа некако не го разбираат сегашниве свекрви, како да не биле никогаш снаи.