Аденом на хипофиза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Pla4ka, 26 декември 2009.

  1. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Dokolku ima nekoj informacija ili iskustvo so ovoj tip zaboluvanje bi bilo dobro da me informira koi se pricinite sto doveduvaat do sozdavanje na adenom ,nacini na lecene na istiot.?
    Odnapret blagodaram.
     
  2. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.000
    Допаѓања:
    4.064
    Пол:
    Женски
    Izgleda nikoj nema vakva informacija, ajde ve molam ako ima nekoe strucno lice da napise nesto bas me interesira....
     
  3. medicinarce18

    medicinarce18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    ne sakam da plasam ali cim e hipofiza obavezno da si odis na nevrohirurgija i tamu kje ti kazat so kako zoso ne se lekuva taka lesno =/ hipofizata e mn vazen organ vo naseto telo taka da ne baraj nekoj od forumov da ti objasnuva =/ mora konsultacija so nevrohirurg
     
  4. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    330
    вака аденом на хипофиза на е страшно заболување зошто е аденом а тоа значи дека е бенигно,не се шири и не зафаќа други органи.се живее со него.зависи кога се јавува,обично е наследно за друг случај не ни знам дека настанал,а ако се јави во детството делува многу на хормоните за раст каде се покачува или намалува и може да има џуџест раст или гигантизам......а доколку с ејави кај повозрасни каде што јас знам еден случај од искуство кај пациентите се менува фацата,органите се зголемуваат,прстите на рацете и нозете,сите органи се зголемени,имаат обично шеќерна болест,покачен притисок,навечер не дишат добро па секогаш рчат и слични проблеми,затоа што повеќе ве интересира кажете па ќе отворАМ некоја моја книга и се ќе ви кажам...поздрав
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Ako moze da mi kazes sto se slucuva so prolaktinot poradi prisustvo na adenomot kaj mene bese zgolemen tripati od dozvolenoto zemav bromergon terapija koja bese mnogu teska go regulirav no sega mi e na nula znaci nitu e aktiven nitu neaktiven .
    Kazuvaat deka ima problem dokolku sakas da zabremenis ako si vo moznost da se posovetuvas so nekoj te molam za informacija
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.031
    Пол:
    Женски
    Аденомот фактички претставува тумор од жлездени клетки (клетки со способност за лачење) па поради тоа ти било зголемено и нивото на пролактинот, бидејќи клетките на овој тумор го лачат тој хормон во зголемени количини. Се работи за бениген тумор (не се оперира, поради непристапноста на местото). Штом си примала терапија и ти се средила ситуацијата, немаш причина за грижа. Во однос на забременувањето не би требало да имаш проблем, ама нека помине некое време, и следи го нивото на пролактинот, да следиш дали е аденомот активен. Имав другарка со истиот проблем, неа од градите и течеше некаква течност, па отиде да се провери, и имаше покачено ниво на пролактин. Знам дека примаше бромергон некое време, па се среди. Е сега, не знам дали кај неа беше предзивикано од аденом на хипофиза или причината беше друга, ама во секој случај, нема последици. Сега е бремена, а ова и се случуваше пред неколку години.
     
  7. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Фала за одговорот мене др ми рече мозе да се оперира ама се регулира со бромергон и бидна така само ме плаши тоа за бебе ако сакам да имам да не ми влијае ама ако е во нормала пролактинот се ке биде во ред .
     
  8. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Pla4ka јас го имам истиот проблем веќе 2 години, кај мене пролактинот беше покачен за 20 пати. Не е нешто за кое што треба многу да се вознемируваш меѓутоа не е ниту нешто што треба да го игнорираш. Јас исто така пиев бромергон но организмот не ми го прифаќаше имав многу вртоглавици, главоболки и гадења и почнав да пијам достинекс. Достинексот го пијам веке 2 години и пролактинот ми е вратен во нормала а и аденомот се намалува. За да постигнеш добри резултати мораш да бидеш мноогу одговорна во однос на апчињата. Што се однесува до забременување тоа нема да преставува никаков проблем ако го држиш пролактинот под контрола познавам многу девојки кои го имаа истиов проблем и денес си имаат здрави прави дечиња и немаат повеќе проблеми со тоа.Ендикринологот кај кој што одам јас во еден момент ми рече остани трудна се ќе се среди така што нема потреба од паника.

    р.ѕ. Биди срекна што можеш да го пиеш бромергонот бидејќи достинекс терапијата е многу скапа и моментално ги нема у МК.
     
  9. supermenka

    supermenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    јас имам аденом на хипофиза кој е премногу мал и нема потреба од терапија. имав покачен пролактин, тестостерон, уствари све ми беше пореметено, ама сега (да чукнам у дрво) добро сум. треба да одам на контрола на 2 год за да се следи аденомот. инаку знам дека со бромергонот се лечи многу лесно, освен ако не се работи за некој поголем тумор што попречува лачење на хормоните. прегледот е малце језив зашо лежиш на магнетна резонанца со цевка у вена и низ неа ти тече т.н. контраст, ама не е ништо болно или страшно
     
  10. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Не разбирам што значи премногу мал аденом кога големината на хипофизата е колку зрно ориз? аденомот се мери во милиметрити и навистина незнам што значи премногу мал аденом. Како и да е, аденом на хипофиза е многу честа појава денес мегутоа не е нешто со кое што не треба да се замараш, тоа на почетокот изглеа многу наивно мегутоа последиците кои ги остава доколку не се лечи се многу големи. Затоа дколку лекарот ти рекол да не примаш терапија мислам дека треба да побараш уште едно мислење од друг лекар.
     
  11. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Јас го имам истиот проблем, покачен пролактин и галактореа од двете гради. Го открив пред околу 5-6 години, кога забележав лачење на белузлава течност од левата града. Гинекологот ме прати да го проверам пролактинот и беше дупло над горната дозволена граница. Ми даде терапија Бромергон, ама воопшто не го поднесував, едвај издржав 5 дена. После 6 месеци повторно го проверив пролактинот и беше на горната граница. Направив и ренген снимка на главата, каде не покажа некаква промена. Иначе имам редовна менструација. Консултирав уште двајца гинеколози и последниот ми рече дека пролактинот се зголемува од стрес, не треба да се нервирам, да се опуштам и со тек на време хормоните ќе се сределе. Исто рече дека пролактинот се третира со лекови кога ке дојде време за тоа, т.е. кога ќе сакаш да раѓаш, што у превод значи дека во таква состојба неможеш да останеш бремена.
    Така да девојки, сите вие кои го имате овој проблем, пробајте да не се нервирате, избегнувајте стрес и доколку нема некаков видлив аденом на ренген снимката не се секирајте.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Ke vi go kazam moeto iskustvo so adenomot na hiofiza koj go imase moejata majka( borbata seuste trae) . Majka mi imase mikroadenom 7 mm ( nad 10mm e makroadenom). Iako hiopfizata e mnogu mala adenomite koi nastanuvaat na nea mozat da bidat mnogu golemi i nad 50 mm, pricinata za nastanuvanjeto na adenomot ne e poznata kako sto ne e poznato nastanuvanjeto na tumorite. Majka mi imase adenom na predniot del na hipofizata na adenohipofiza, ( od razlicni delovi na hipofizata se lacat razlicni hormoni, od predniot del e hormonot za rast STH koj pod dejstvo na adenomot kaj postarite luge predizvikuva akromegalija) toa e bolesta sto vsusnost ja ima mojata majka. No adenomot bese mal i ona nema mnogu vidlivi promeni na teloto, bidejki kaj ovie luge so ovaa bolest rastat terminalnite delovi... da ne dolzam ako e adenomot na drug del togas se zagrozeni drugite hormoni na primer prolaktinot... E sega bez razlika na se jas ke vi preporacam na otidete na vo drzavna klinka na endokrinologija kaj Prof.D-r Pemovska, toa e profesorka so golema poznavanje i e specijalizirana tokmu za hipofiza i adenomite, osven sto e najdobra vo svojata profesija taa e eden covek so golemo srce ... bez nea jas nisto nemase da preziveam od ona niz koe pominavme i jas i mojata majka, ( operacija preku nosot, pa pojava na recidiv( mora da bidete spremni i na toa), dolgo vreme piese Dostinex koj go nabavuvavme od Grcija ( za zal), recidivot uspesno go lekuvame so Sandostatin, sekoj den se bockase tri pati no potoa pocna so Sandostaitn LAR ednas mesecno). A da i uste edna preporaka za da ne lutate i da bidte postedeni od baranje na toa koj e najdobar lekar, na nevrohirurgija vo go preporacuvam Dr. Stolevski, mnogu mie zal sto ne bes tuka vo perodot koga mojata majka se operirase, pa se borev so eden drug na koj ne sakam ni imeto da mu go spomnam... ( bolesta e teska zatoa sto ne se leci preku nok treba vreme mnogu vreme... pominaa vejke 4 godini otkako mama pocna da se lekuva... no ima nedez...jas veruvam ) Pozz....


    [mod-kirilica:14a5vuun][/mod-kirilica:14a5vuun]
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. angela81

    angela81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    јас го имам истиот проблем повеке од 10 години.имам микроаденом на хипофизата и три пати повисок пролактин од нормалниот.немој да се плашиш не е ништо страшно.секако дека ќе треба да си пиеш терапија во доза која ке ти ја одреди доктор.јас пијам исто достинекс повеќе од 2 години и лекот можам само да го пофалам. навистина нема никакви нус појави за разлика до бромергонот, поскап е ама подобар.мојата доза е половина апче на една недела-тоа секако е индивидуално. за бременост не се секирај, нивото на пролактин со овие апчиња лесно се нормализира и ако немаш друг проблем не би требало да да биде проблем да се дојде до бременост.
     
  14. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Поздрав до сите еве да начнам уште некоја информација за пролактинот неодамна прочитав дека поради зголеменото лачење на овој хормон голем % на жени се склони кон рак на дојка дали на некого од вас му препорачаа да направи мамографија на градите .?
    И од кога почнуваат мамогравските прегледи кај жените дали има некоја граница имам слушнато после 35 година али не сум сигурна.
     
  15. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    128
    И јас го имам истиот проблем.Mинатата недела правев магнетна резонанца и..микроаденом од 7мм.
    Бробергонот го пијам 6 месеци по четвртина навечер и насабајле и сега за сега добро го поднесувам.Кога матичната ми ја намали дозата на 1/4 само навечер се вратија истите проблеми,ненормални вртоглавици пролактин три пати повисок и ме прати на магнетна.Препорака на докторот кој ја правеше магнетната е под хитно да се консултирам со ендокинолог.Матичната со тој мој наод прво рече да ја намалиме дозата на бромергон па и текна дека веке ја намали и се појави проблем па се предомисли и ми даде некој витамини за коса и нокти и ми рече дека немало потреба од ендокринолог зашто испитувањата на хормоните било многу скапо а таа ми дава витамини кој чинат 600ден една лента...
    Нивото на пролактинот секој месец е различно.Еден месец е на нормала следниот три пати повисок....
    И сега едноставно се прашувам дали да одам на тој ендокринолог или не.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.031
    Пол:
    Женски
    Оди, немаш што да изгубиш. Друго е да се консултираш со ендокринолог, друго е со матичен лекар.
     
  17. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Јас ти препорачувам да појдеш остави ти матичната со ти вика, јас искрено не да го потценувам ама кај матична одам за мали работи за се друго си барам упат ... :fubar: со кој памет ти дава да пиеш витамини кога имаш ендокринолошки проблем... не сакам да те плашам ама мајка ми беше на операција со аденом од 7 мм ... топло би ти ја препорачала
    Проф.Д-р Гордана Пемовска на киника
     
  18. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    За матичен гиниколог збориш се надевам .Јас првин направив хормонски статус на повеке хормони во дрзавна во биохемиска лабараторија во делот на гиникологија пролактинот повлекува дисбаланс и на други хормони ако е тој во нормала и другите ке бидат мислам дека за испитување на еден хормон е околу 60 ден усте на времето јас кога правев сега мозе и повеке ај да речеме 100 максимум така да одма барај упат и проверка а после ендокринолог јас немав потреба од него али пак затоа бев да проверам тироидна која беше во ред .
    Еве сега се е ок иако имам аденом али не е активен ама правам анализа само на пролактинот на секои 6 месеци .
    и Покрај бромергонот не земав никаква друга терапија само бев во депресија и узасни главоболки од него ама помина и тоа.
     
  19. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    128
    Да зборам за матичен гениколог мегутоа истото ми го кажа и општиот матичен,дека нема потреба од ендокинолог.А за хормонален статус ке проверам од како ке ми се средат рацете.Не можеа да ми најдат вена за контраст да ми стават па ме боцкаа каде стигнаа и ништо.Сега не можам ни да ги кренам рацете
    Од тој бромергон притисокот ми е 30 со 60 и тенки вени и притисокот...
    Се тешам дека се ке помине..
     
  20. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Мислам дека грешиш, итоа како може да направи проблем аденом на хипофиза, ако почне да расте може да притиска на разни делови, на главен крвен сад кој поминува тука со кој се храни мозокот, најопасно е ако почне да расти нагоре и да го притиска очниот нерв може да дојде до намалувење на видното поле па и до слепило... Најчесто кај девојчињата кои немаат родено им се препорачува да забременат и со тоа доаѓа до сушење на аденомот ама кога станува збор за мал некаде околу 3 мм.... како и да бадијала ние овде ќе пишувам кога си постојат стручњаци.... јас сепак сакам да ви помогнам , затоа што јас тој пат го поминав :( а да и тоа, аденом на хипофиза се оперира,,, кај нас успешно го прават тоа неколку неврохирурзи...