Добро извини не разбрав јас дека станува збор за матичен гинеколог, но тоа н го менува моето мислење дека треба да посетиш ендокринолог....од срце ти посакувам побрзо оздравување..
Јас не реков дека воопшто нема да направи проблем, јас само реков дека не мора да значи дека ќе има проблеми со забременувањето, тоа прашуваше девојката. Инаку, зависи од самиот аденом дали ќе може или нема да може да се оперира... многу фактори влијаат тука. А дека може да предизвика проблем, може, нормално, како и секој друг израсток било каде во телото
Може да се оперира кај мене пробавме со бромергон и се намали ама постоеше и опција доколку сакам да се оперира али добро е што вака се заврши. Е сега ова за рак на дојка повеке ме загрижи искрено заради лактацијата од пролактинот но прашањето беше дали некој од вашите гиниколози ве предупреди за ова кај мене не дали е рано да барам мамографија да направам имам 27 немам родено сеуште .?
Јас прв пат овде дознав дека постои таква можност никој до сега ми нема спомнато.Патем да прашам дали кај некој од вас со микроаденом се појавиле проблеми со тежината.Јас за 6 месеци скоро 10 кг сум поправена.И никако да ги симнам.Постојано сум гладна иако некогаш повракам од што сум прејадена и пак сум гладна.Или ми е психички,или ова прави проблем не знам.
Да од терапијата ти е и јас се поправив добри 15кг на жалост а и во депресија бев ама се за здравје тогаш не ни мислев на тоа сега кога не примам терапија се вратив во форма се разбира со диети не само од себе .
Колку што знам не би требало да има проблеми ни поврзаност...но тебе ништо не те кошта да направиш мамографија сите треба да прават мамографија таму после 25 или не знам колку години... е сега стрес е ама... што се мора се мора...
Здраво, пред некое време ми е откриен микроаденом од 4мм. Пролактинот ми е во нормални граници, го проверив неколку пати и до сега не ми бил висок. Но имам мн вртоглавици, пред некое време почнаа да ми се јавуваат и главоболки. Вртоглавиците ми траат 2недели максимум, некогаш мн ми се врти така што мислам дека ќе се онесвестам наеднаш ми се појавуваат вртоглавиците и така некогаш кога одам наеднаш ми се свртува Многу ми е страв, не знам дали ќе исчезнат овие симптоми оти мн се неподносливи и загрижувачки............
Дали некој може да ми каже кога е најдобро да се испита пролактинот дали пред менструација или?Јас бев пред менструација еден ден ,правев проверка на тироидната и пролактин и открив дека е покачен пролактинот дупло од дозволеното малку беше и шекерот над нормала во паника сум ве молам ако некој знае да ми каже дали од хипотиреоза се покачува пролактинот
Што да ти кажам како да ти помогнам,еве и јас петок одам на снимање,страв ми е,ке побудалам,се плашам да не имам аденом,висок ми е пролактинот.со бромергон се покачи уште повеќе,па го прекинав бромергонот па сам од себе ми се снижи и така.По форумиве пишува дека МР на хипофиза е ужасно искуство и јас уште повеќе се плашам.
Како помина на МР и колку време чекаше? Имаш проблеми со тироидната или само пролактинот која вредност ти беше ? Мене една вредност ми покажа приватно а на Ендокринологија друга ?
имам 2мм микроаденом на хипофизата, покачен ми е и пролактинот, пробав и терапија но не можев да ги поднесам ни бромергонот ни достинексот па ме остави докторката без терапија и така сум веќе 4 месеци. само проблемот е што и 5-6 месеци пред да ја почнам терапијата (пред да знам за микроаденомот и покачениот пролактин), и кога ја примав, па и сега, имам големи главоболки и непрекинато ми се врти во главата кога ќе одам, некогаш одвај одржувам рамнотежа и страв ми е дека ќе паднам. постојано им кажувам на сите доктори за ова, но викаат дека не знаат зошто ми е така и кога не примам терапија, бидејќи знаете терапијата и сама предизвикува такви ефекти и кога ќе се прима тоа е нормално, но чудно е што ми е така и без неа. дали некоја од вас го има истиот проблем?
Јас имам хипотиреоза и примам терапија за тироидната .Тие симптоми ми се добро познати на последната проверка на хормоните на тироидната самоиницијативно го проверив и пролактинот .Бидејки го проверив приватно и имав некој резултат у несвес да паднеш ,решив и на Ендокринологија таму беше над нормала но докторката ми рече дека е нормално да се покачи од ТСХ ми беше покачено и ми ја зголеми дозата.Сега сум во септември на контрола и ке видам дали е намален пролактинот Јас немам главоболки ама немам рамнотежа и се ми се врти катастрофа се затворив од ова топлово уште повеке .Поздрав и провери ги тироидните хормони.Јас немам правено магнетна никој доктор не ми кажал?
Фала богу на магнетна си велам дека наодот ми е в ред.Пишува дека хијазмата е уредно поставена без некои притискања и дека доколку имам и понатаму хормонални отстапувања повторно да се направи МР но по 1 година.сега чекам резултати од хормоните на клиника,па на преглед кај докторката.чекав околу 2 саати ама со ред беше,ми се допадна имаше ред во чекањето реален а не со пријатели.искуството е малку језиво ама безболно.
Имама повишено ниво на пролактин кое резултира со изостанување на циклусот 3 месеци. Од гинекологот ми се препиша прималут нор за да добијам и потоа кломифен за да останам бремена, а во мегувреме да пијам и броемргон(мислам дкеа се викасе за да се намали пролактинот). Сакав да прашам дали некој знае кога е најдобро пак да се испита пролактинот да видам дали е намален.
мислам дека најдобро е да го испиташ на трет ден од менструација.јас го правев тоа испитување пред 2-3 недели.и јас имам покачено ниво на пролактин и маката е што докторката како прва опција ми ја става да одам на магнетна резонанаца на снимање на хипофизата место да добијам некава терапија со лекарства.и сега не знам што да правам.највероватно ќе барам мислење и од др доктор.
не сум лекар ама имам прочитано доста литература и претргано многу маки покрај татко ми. Сите што ја имате оваа дијагноза на кратко ќе ви објаснам како да се извлечете 100% од оваа ноќна мора. Ќе направите магнетна резонанца на хипофизата и доколку постои аденом било да е микро или макро, ќе идете кај Проф.др Гордана Пемовска (ендокринологија) човек со многу големо срце и врвен стручнак во оваа област ќе ги земете снимките од МРИ да ги види и да ви каже дали може да се направи ГАМА НАЈФ (Gamma knife) метода со која можете да си го решите проблемот трајно ( но треба вие да и спомнете). Оваа метода за жал кај нас не се врши а и во соседството. Тоа е зрачење кое трае 2 саати и кое има ефект после 6 месеци од зрачењето малку е скапа и најблизу ја има во државна во Загреб и чини 4000 евра и во Бодрум или Истанбул во Аџи Бадем која чини 5000 евра вие се одлучете. Но прво да ги види резултатите Пемовска за да ви каже на кое место е во кој правец расте и дали е близу до некој орган или крвен сад или треба прво да се оперира па да се зрачи. Оваа метода е врвно достигнување во медицината.Обично докторите не го кажуваат овој метод незнам зошто,но вие секогаш кај било кој доктор барајте мислење за гама најв. Верувајте ќе се спасите од лутање по болници. Мислам не сум сигурен кај микроаденомите не е потребно да се оперират туку можете да си поминете со 2 саати зрачење и 5000 ребра во џеп и после 6 месеци тоа се суши. Да ви кажам и полесен начин да завршувате работа кај Пемовска.Не барајте закажување во амбуланта дирекно со упат од матичен доктор до ендокринологија и снимки од магнетна резонанца и дирекно кај неа во канцаларија на клиника само ја замолете да ги види резултатите и ќе ви каже што да правите. Избегнете ги закажувањата пошто се чека многу а она е толку фина што нема да ве врати ќе ви даде лабараториски упат за крв и автоматски избегнувате 2 месеци чекање. А што се однесува до гама најв посредникот е од гостивар вработен во аџи бадем му го имам бројот ама да не го пишувам тука кој е заинтересиран нека ми пише ЛП, па ќе ви го дадам, дечкото е многу фин и ќе ви објасни кои документи треба да ги дадете за да ги преведе на турски и снимките на цд мислам дека ги бараше од магнетна резонанца и одговор ќе ви даде за една до две недели дечкото не бара ПАРИ за тоа.И ако повратни информации дека може да се зрачи само ќе треба да му платите авионска карта за да дојде со вас да ве спроведе во болницата доколку не знаете турски. ЈАС ТОЛКУ МОЖАМ ДА ВИ ПОМОГНАМ ќе заборавев ако имате потреба од операција барајте го на неурохирургија Др. Шумковски доста успешен во овој вид на оперции и многу фин човек.
Вака значи и јас имам микро аденом на хипофизата , должината е о.7 а иначе над 1 мм мора да се оперира. Значи тоа се дијагнозира како тумор на хипофиза, меѓутоа болеста не е смртоносна, меѓутоа нетреба и да се батали. Јас имам проблем со циклусот, во рок од 1 ипол год се здебелив преку 20кг, постојано имам главоболки и низок притисок и имам лачење на пролактин. Значи има и др симптоми како поголема длакавост,потење и сл меѓутоа ги немам јас тие. Пијам терапија бромогрон или така некако се викаше меѓутоа од неа немам нешто големи подобрувања. Е сега сакав да ве прашам нешто, ми кажаа дека ако терапијата со апчиња не делува а големината на аденомот се зголеми , задолжително е операција или зрачење меѓутоа тоа било мнг опасно затоа што хипофизата се наоѓа кај центарот за вид и може да има компликациии со видот? Имам направено секакви испитувања , порано на почетокот големината беше 0.5 а сега е зголемена. Има некој кој има лично искуство со ваков проблем, на кој е направена операција?.... или сите сте примале само терапија...?