Искрено кога сме кај испрашувањето сите оставаат за последен ден ако за утре треба да се научат 10 лекции, денес ќе ги учам и ќе викам нареден пат сите лекции на време ќе ги учам ама џабе ќе ја прочитам еднаш првата и ќе речам нема врска ќе научам за испрашување. Исто и сега матура треба да полагам и се одложува од денес за утре да учам.
Друга ми беше поентата, не да навредам некого. Затоа што постојат деца и деца на разведени родители. Има и такви кои со еден родител се далеку повоспитани, помирни, со повисоки вредности, од оние што растат со двајцата, а каде нема љубов, почит, хармонија. Овде се работи како што пишав за дисфункционално семејство, кое до скоро се настојувало да се одржи, но според зборовите на девојчето, исполнето со многу психичко и физичко насилство, кое се одвивало пред очите на детето и оставило големи психички последици. Запоставено и од двајцата родители, препуштено само на себе, се оддава на пороци како многу алкохол, цигари и на крај опојни средства, самоубиствени нагони и самоповредување со сечење по рацете. Среќа што моето дете е голем противник на сето ова и фала му на Бога што не успеала да го навлече да проба нешто забрането.
Да, на 18 веќе како полнолетен припаѓаш во возрасни, со сите права и обврски. Но, низ литературата се наоѓаат различни ставови и различни периоди од кога до кога треба да е адолесценција. Некои го вклучуваат и пубертетот, некои не. Има екстреми каде што и до 21-ва го рачунаат. Мислам дека тоа 18 или 21 е поврзано повеќе со законите и правата кои се стекнуваат со возраста во конкретни држави а има разлика од земја до земја. Штом има доволно години да важат за него некои закони/обврски/права за возрасни, тогаш веќе не е адолесцент. Меѓутоа во психолошка смисла границите се малку полабави, зошто созревањето не е идентично кај секој поединец, се гледа да се најде средина некоја. Има и задоцнета адолесценција и преран пубертет, ама тоа пак се помалку чести случаи. Низ историјата уште под 14 години се пуштале да работат и заработуваат децата и биле така и третирани- како возрасни. Дури подоцна откако се увиделе штетните последици во возрасното доба од таквото детство, се смениле и правилата и се вовеле забрани.
A уствари мозокот и начинот на мислење се развивале до 25, така викаат... Спојлер: спојлер ...recent research has found that adult and teen brains work differently. Adults think with the prefrontal cortex, the brain’s rational part. This is the part of the brain that responds to situations with good judgment and an awareness of long-term consequences. Teens process information with the amygdala. This is the emotional part. In teens' brains, the connections between the emotional part of the brain and the decision-making center are still developing—and not always at the same rate. That’s why when teens have overwhelming emotional input, they can’t explain later what they were thinking. They weren’t thinking as much as they were feeling.
Децата сакаат планирање и организација. Дури и тинејџерите кои отворено одбиваат такво нешто, потајно ценат ограничувања. Може да не им се допадне секогаш она што го бараат родителите за нив, но евентуално ќе го прифатат и ќе го почитуваат. Тука треба многу балансирање и тактизирање со тоа колку си строг и колку даваш слобода. Не е добро ни да си престрог ни да си премногу попустлив и да даваш целосна слобода. И ако си шеф и ако си најдобар другар кај кој се поминува, на крајот ќе доведе до ист резултат а тоа е неодговорно и непослушно дете. Кај тинејџерите најдобро е да се даде одредена слобода за да знае дека имаш доверба и дека неговите потреби и желби се почитуваат и ценат. Значи му се дозволува нешто, во склад со тоа што го бара и му треба, ама потоа да се контролира од страна на родителот што прави со таа слобода- дали ја злоупотребува или не. Обично сите пробуваат да земат повеќе од што им е дадено и тоа треба да се очекува дека ќе се случи, дека ќе се обиде да ги прекрши правилата или да ги заобиколи, да се извлече и сл. Едноставно нормално е да проба тоа да го прави и тоа е ок. Она што не е ок е да не реагираш како родител кога ќе го забележиш тоа, туку да го игнорираш. Е сега доаѓаш до ситуација како не знаеш како да реагираш на соодветен начин. Што да направиш тогаш? Казна во класичен смисол, нема ефект (викање, дерење, ќотек, и сл). Повеќе ефект има ако се корегираат ограничувањата умерено наместо екстремно. Зошто целта не ни е да се ја наметнеме својата воља врз детето, да го научиме на слепа послушност, туку да стекне одговорност за своите дела и да сфати дека однесувањата имаат последици...Во ситуации значи кога ќе ја премине границата успоруваш со давањето слобода. На пр. си му дозволил да е излезено до подоцна од обично надвор наместо до 10 на пр. до 12, ама не почитувало детето кога треба да се врати дома и се вратило со после 12. Ти дава оправданија, изговори. Му даваш објаснување дека треба да е поодговорен ако сака да останува подоцна и даваш нова шанса да се корегира за нареден пат. Ако и после сите обиди не се корегира, во краен случај се ограничува дадената слободата и тоа делумно, не целосно. За одреден временски период, не за век и веков, се додека не ја поврати и зработи довербата. Па му велиш дека сега границата е поместена за пред 12ч. Ако не ја цени слободата која му е дадена, му даваш помалку слобода. Не како казна туку како време и можност да се прилагоди детето. За таа цел мора да се искомуницира соодветно. Не само грубо „епа од сега у 12 дома или..“ па да личи на закана или казна, туку да се пренесе со смирен разговор една јасна порака дека сте се обиделе на различни начини да соработувате ама откако сте виделе дека немало успех или разлика, сте заклучиле дека можеби сте избрзале и сте дале прерано преголема слобода. Дека едноставно не е доволно зрел и одговорен да му се дадат тие привилегии. Кога ќе ја заслужи дадената доверба после може да се даде слободата и привилегијата. Да, значи не само физиолошки и физички туку и неговите функции се развиваат постепено. Когницијата, различните видови мислења, самоконтролата на постапките т.е. кочниците имаат различни темпа на созревање. На пр. хипотетското мислење се развива во овој период и тоа им дава голем залет, ама има разлики од дете до дете кога го совладуваат тој развоен чекор. За жал постојат и лица кои се веќе возрасни и по години ама немаат хипотетско (апстрактно) мислење развиено. Исто и самоконтролата убаво е објаснето во ова што си го цитирала. (еве на кратко за тие што не знаат можеби англиски: контролата на емоциите е послаба зошто фронталниот дел од мозокот кој е одговорен за нивна инхибиција, не е сеуште созреан). Може и кај 19-годишни сеуште да не е доволно зрел овој дел од мозокот, темпото на созревање е различно. Додека не се случи тоа, едноставно им фали инхибиција на импулсите и се склони кон импулсивно и ризично однесување.
Децата честопати даваат отпор на нешто што им вели и бара родителот, не соработуваат со родителот. Тоа обично се јавува затоа што дел од детето сака да ви обрне внимание на нешто друго, на некоја своја незадоволена потреба или желба. Кога детето ќе ја прими пораката дека родителот навистина го разбира тоа што го сака и што му треба, дека е поддржувано и сакано и отпорот ќе се намали. Отпорот е често заради тоа што детето верува дека родителите не го разбираат, т.е не ги разбираат и препознаваат неговите желби и потреби, односно дека има и некои други, поинакви. Затоа е многу битно родителот да одвои време да го ислуша детето. Да се одвои време за да се сослуша детето, за да се искомуницира правилно со него е побитна работа, него ли да се одвои време за сите домашни обврски околу грижата за детето и домот. Така да нема оправдание дека се нема време или дека тоа е невозможно да се прави секој пат кога детето пружа отпор (зошто детето е многу тешко, напорно и по цел ден дава отпор). Можеби некогаш ќе се потроши време на меѓусебното разбирање, ама тоа е тоа што на детето му е стварно потребно, повеќе од се друго. Тоа е она што значи- да му се даде емоционална поддршка на детето- да се сослуша и да се разбере. Ако отпорот (најчесто под оправдание дека се нема време) се реши со казна, закана, потиснување, и сл и се спречува да се изрази, наместо да му се дозволи на детето да ни пружи отпор, фрустрацијата кај детето ќе расте со тек на времето и ќе создава уште поголем отпор. Па ќе се случи да се манифестира фрустрацијата како експлозија баш кога најмалку ќе биде потребна во ситуацијата и моментот и кога родителите се најнервозни. Ако бараме соработка од детето, треба и од наша страна да се покаже соработка, зошто соработката значи двете страни да дадат нешто. Во спротивно и детето нема да сака да соработува. Затоа попаметно е кога се може да се застане со што и да е што се прави или работи и да се одвои доволно време за детето да се ислуша, разбере и поддржи. Откако ќе се ислуша детето и што тоа сака, треба да се пренесе правилната порака и од родителот, односно да му се стави до знаење, на смирен начин, дека ги препознавате чуствата кои се кријат зад неговиот отпор. А зад отпорот често се маскирани бес, страв, тага и сл емоции. или се крие едноставно потребата да бидат ислушани, чуени, видени. Некогаш децата се свесни само за отпорот и фрустрацијата, а не се свесни за подлабоките емоции и потреби кои се кријат зад тој отпор. Ако родителот низ пораката што ќе му ја каже ги идентификува пред него тие емоции, се отвара можност детето да ги истражи на безбеден начин. Така ќе сфати детето дека неговите вистински потреби и желби се осознаени од родителот, уважени и задоволени. Во иста реченица ќе има идентификација на неговите емоции и изразување на разбирање и поддршка ако му се каже на детето нешто во оваа смисла на пример: „знам дека сега го сакаш тоа и тоа, дека стварно си/се осеќаш х, у, z зошто сега одма ми го бараш, а јас неможам да ти го дадам“. Значи ги изговараш емоциите кои стојат зад отпорот. На пример ако е страв дека никогаш нема да го добие нештото, се адресира токму таа емоција: „знам дека се плашиш дека никогаш нема да ти го дадам/купам/дозволам тоа и тоа, затоа си толку љут. Но, сега треба да причекаш до тогаш и тогаш, заради...“. Постарите деца, може и да знаат точно зошто и што бараат и што стои зад нивниот отпор, но едноставно да имаат потреба некој да им го ислуша нивното размислување. Заради способноста да размислуваат хипотетски имаат и свои мислења. И треба родителот да ја увиди и да ја уважи нивната логика, да го испочитува нивното различно мислење и да се ислуша, дури и ако не се согласуваме со нив. Дури откако ќе се ислуша нивната причина и логика, може родителот да го изрази она што го бара од детето. На пр. разбирам зошто го сакаш тоа и тоа. знам дека сите го прават/имаат тоа. Ќе размислам за тоа што ми го кажа но мислам дека треба да одлучиш после тоа и тоа... Причините зошто се бара тоа исто може да му се кажат. И на помало дете, не само тинејџер, кое веќе има развиено логичко мислење (отприлика после 9 година) може да му се објаснат причините зошто нешто не смее или се бара од него, зошто има можност да разбере. Отпорот може да е и заради тоа што им е ограничена слободата или зошто имаат потреба од поголема слобода. Така да треба да се балансира помеѓу слобода и контрола, и да се внимава до каде се поставуваат ограничувањата. Тие секогаш треба да се во склад со тоа колку се одговорни. Ако покаже помалку одговорно однесување и ги прекорачува правилата, привремено ги намалуваш привилегиите додека не стане поодговорно и не ја заслужи укажаната доверба и дадената слобода. Истотака, причина може да е и тоа што веќе имаат подобар осет и смисла за правда, фер однос и правичност него ли кога биле помали, па се бунат зошто воочиле неправда, нечесност и сл. Ако се изложат на диктаторски однос од родителот сигурно дека ќе се спротистават. Така што наместо наредби треба да се практикува ислушување на причините и почитување на логиката на детето. Па потоа јасно изразување на она што родителот сака и бара од детето. При тоа наместо зборовите: немој, ти треба, ти не смееш, направи ова, направи вака, заменете ги со: сакам, ми треба ова и ова, јас имам потреба да, важно ми е да, и сл. На пр. „разбирам дека ова не е фер за тебе, дека сакаш ..., а не сакаш....но ова ми е мене битно и јас сакам ти да...“ Само внимавајте да не направите грешка, да почнете да го оптеретувате со своите емоции (на пр. „знаеш ли колку лошо јас се осеќав заради тоа што ти..“), зошто тинејџерите треба да научат дека не се одговорни за емотивната состојба на родителите. Не треба да носи чуство на вина наметнато од родителот.
Сакам да размениме мислење за тема која деновиве многу често ми е тема на муабет иницирана од други мајки на тинејџери. Ме интересира како вие го решавате прашањето за џепарац и пари со вашите деца? Детето на оваа возраст е сеуште ученик ама троши како за возрасен: Пари за ужинка, пари за денско кафенце или за журка навечер (ако може и за двете), пари за гардероба, козметика (шминки и козметички услуги за женските), некој имаат потреба од пари за цигари ..Па додај на тоа пари за хоби, интереси, спортови и курсеви, влезници, концерти, мали патувања, понекоја екскурзија, излети со друштво, прослави за нг, родендени на деца од друштво (друштвото кај нас е широко зошто сме многу дружељубиви, не знам како е кај вас) итн, итн. Дали вашите деца бараат или не повеќе финансии? Дали успевате да им ги задоволите финансиски желбите или не? Дали мислите дека и да можете финансиски да одговорите, треба да му се задоволува секоја желба (секако разумна, не некој бес)? Кој систем го имате поставено? Мислите ли дека е подобро да му давате одредена сума однапред месечно или неделно на детето, па тоа раководи со своите трошоци и да научи да менаџира со својот буџет? И ако така практикувате, колку мислите дека е соодветно да му изнесува џепаралакот? Или можеби мислите дека не треба да му давате џепарлак однапред туку како ви побарува, така му давате пари? Дали парите им ги давате или ги терате да ги „заработат“ на некој начин? На пример, ако заврши некои обврски низ дома, ви помогне за нешто во работата или ако има добри оценки и успех? И конечно, околу едно нешто што забележувам дека денес е многу почеста појава него ли јас кога бев средно: Работа за плата додека учи средно училиште. Законот за работни односи дозволува вработување над 15 год. со согласност од родител. Многу деца од 15-18 год веќе работат за својот џепарац, најчесто непријавени и без писемни договори. Некои затоа што нивното семејство нема доволно приходи, некои затоа што сакаат. Некои помагаат на родителите кои имаат приватни бизниси и така си го заработуваат џепарацот. Еден куп примери имам каде што тинејџери паралелно работат и учат средно. Што мислите за ова?
tuka vo Danska rabotat da poveketo od decata od 15godini,megutoa mojot si go ima nasiot mentalitet pa ceka od mene,megutoa sto se dobiva kako za dete tuka prihod,jas mu gi davam tie pari i odma odat na garderoba,dodeka za hrana i takvi stvari licno jas go sponoztiram
Значи добиваат од државата помош ама генерално не чекаат на неа туку сами заработуваат... А за тоа чекање од родителите што викаш, стварно мислам дека беше некој наш менталитет кога ние бевме тинејџери ама ми се чини дека тоа се менува во поново време. Денешниве деца не се такви веќе ни во МК. Гледам промена во начинот на размислување кај нив. Не гледаат од високо на оние кои работат и го прифаќаат како нормално, па дури и го сметаат за паметно (демек дур дреме на мобилен во слободно време, бар ќе го користи времето за да заработува). Мене ми е дилемата дали е навистина паметно искористено време во прашање, ако тоа време можело да се користи за учење, курсеви и дообразување, што е инвестиција за иднина. Дали не е уствари трошење на времето за учење, зошто треба да учи баш во овој период за да има подобри изгледи утре кога ќе почне да работи. И втората дилема ми е: дали оваа промена е зошто се посамостојни новиве генерации или сето тоа е зошто стандардот ни е толку низок што треба и малолетни да почнат да работат. Еве во вашиов случај, во Данска не е значи ова второво, особено ако државата го помага финансиски семејството кое има деца.
da da,sekoe dete od raganje si dobiva pari,fakticki roditelite dobivaat za samite deca i toa do 18godini,megutoa ovdesnite deca si zarabotuvaat rabotejki vo marketi po nekolku casa od tri do cetiri e vo princip,a sekako spored mene e ubavo deteto da ima rabotna navika i da bide odgovorno
Ке ве замолам за совет.. Имам внукичка од прва братучедка 12 г е ама многу сме блиски и гледам дека не ужива во детството или веке тинејџерството а незнам како да помогнам. Живеат на село и во класот не се многу деца мислам дека се вкупно 8 или 10. Внуката се соочува според мене со булинг на училиште, сите ја избенгуваат,не сакаат да ја дружат, ја навредуваат и сл. Таа од мала се издвојуваше со тоа што за нејзина возраст премногу убаво црта прав уметник е а и на 8 год. доби менс. циклус. и некако не успева да се носи со ситуациите околу неа, премногу е чувствителна, сака правда, и сл. Кога разговарам со неа ми кажува дека нема доверба во никој, освен во мене и мајка и, дека никој не скаа да се дружи со неа дека ја игнорираат сите ама дека се навикнува на ситуацијата, дека не ја играат дека била глупава, незнаеле да зборува и сл. Не сака да оди во тоа училиште веке ама не и даваат наставниците да се запише во друго бидјеки сепак е талентирана и носи дипломи за тоа училиште. Мајка и се обидела на секој можен начин да и помогне да се вклопи да се брани од средината но нема разбиранње. педагогот на школото само со неа разговара на само и и кажува да ги игнорира но како тоа дете само ке минува уште 3 години во тоа училиште сето тао влијае на нејзината психа. Има една другарка од градот што успеав некако да ги зближам но сега гледам дека и со неа не ска многу да се дружи од причина што кога биле во друштво со повеке деца другарката не и обрнувала внимание како да ја игнорирала. Ми остави впечаток дека мојата внука незнае баш како да се социјализира и дека може само да функционира со еден човек во друштво и затоа и замерува на таа другарка дека не и е посветена во целост и се плаши дека ке ја изгуби и таа другарка бидјеки не е интересна за неа. Јас сеуште немам тинејџери и незнам дали правилно ја советувам ама и велам дека мора и таа да се потруди прво да работи на себе во зголемување на самодовербата, никогаш сама за себе да не мисли дека е глупава.Да проба во одделението да се зближи со дел од децата кои не се водичи на групата што ја навреудуваат, да не речам со послабите карики и да ги привлече на нејзина страна, да не мисле дека ако некој со неа размени 2 збора а со друг 4 дека другиот го сака повеке и сл... Незнам колку успевам да допрам до неа, и ве молам и за ваши совети зашто мислам дека запага и во депресија сака само дома да седи и цело време на телефонот, други активности и се досадни...
Периодот меѓу 12 и14-5 години мислам дека е доста критичен во развојот на децата, дури можеби за девојчињата и повеќе, зошто тие некако како побрзо да созреваат од машките (посебно што во овој случај ете и пред 10 год. возраст се случиле пубертетските хормонски промени). На оваа возраст се случува тој премин кога веќе полека излегува од детството и влегува во светот на возрастните, кога почнуваат да се будат нови чувства со кои треба да научи да се носи а пред се кога мислењето и прифатеноста од другите врсници станува најбитното за детето. Мама, тато и семејството се битни но во оваа возраст кругот на врсниците добива тежина каква што немала претходно. Така да периодот е тежок за многу деца, можеби потежок него на 16+ кога веќе ќе созрее и ќе се дефинира себе си малку повеќе. Во ситуација кога детето треба интензивно да се дружи, да менува друштва и клики, да сретнува разни деца од разни средини и да си го бара своето друштво, внуката реално е во средина која има малку деца. За жал тука е малку „виновна“ и самата средина и тоа што живее во мала заедница. Динамиката меѓу дечињата е тука различна. Десетина деца е навистина мала група, а во мала група и односите се поинакви отколку во поголема од 30-40 деца. Односно нема многу простор за формирање подгрупи и клики. Групата ќе притиска да биде компактна. Можноста за поделба на помали групи тука е помала, него во групи со преку 35 деца, па и да се поделат во подгрупи веројатно нема да издржи таа поделба подолго, зошто мора да соработуваат едни со други. Оние кои на било кој начин се двојат од групата ќе бидат принудени да се прилагодат кон неа, инаку остануваат изолирани. И таа како поединец трпи притисок. Од друга страна пак децата кои се натпросечни во некоја смисла од мнозинството (што исто го спомна како одлика на девојчето) се отфрлени од него, било заради тоа што групата не го прифаќа, било заради тоа што на надареното дете не му одговара нивното друштво. Многу често ваков пример сум видела, дури и со моите деца. Кога се преселивме во нова населба, синот беше во забавиште и во маалото, бидејќи беше ново, немаше многу семејства вселени и бројот на дечиња од негова возраст не беше голем. Јас исто така го туркав и терав да излегува надвор со нив, да ги кани на врата ако не се излезени, да си играат и да иницира дружба со нив. Детето ме послуша излезе неколку пати со нив и по некое време рече јас веќе не се дружам со овие деца. Кога го прашав зошто рече не знам како да се однесувам со нив- нив ги интересира само фудбал, мене не ме интересира тоа, ама ајде не е вика до играта. Рече дека неможел да разговара за ништо со нив. Децата ми рече зборуваат како мали бебиња, немам за што да разговарам со нив. Се смеат на „срамотни“ зборови како делови од тело (газ, цициња и сл.), кој прднал, кој паднал и сл што него не му биле ништо смешно, односно му биле кога бил помал, сега веќе не. Кажувале смешки од тој тип, безобразни и само такви муабети правеле. Пцуеле многу често, онака сочно како што дома слушнале, него тоа му беше некултурно..значи детето самото си осети дека не му се ниво, ми вика не сум три годишен. Јас тогаш престанав да му бирам пријатели. Еве сега се сите тие деца пораснати, имаат 13-14 години, верувајте дека разликите во однесувањето сеуште постојат. Една група од класот ја шие другата група од класот во однос на зрелост, училишен успех и дополнителни активности. Многу предничат. И дури баш и таа борба на наставниците за талентираните деца што ја спомнувате ја има и во урбаните училишта. Оваа година беше буквално борба меѓу предметните наставници за тие деца кој да ги прати на натпревар, да ги вклучат во колку можат повеќе натпревари.. Дајте му искуства на детето вон средината колку можете повеќе. Работата со напредни деца бара посебно вложување труд, исто како што треба и за децата подпросекот, зашто системот е направен за мнозинството - односно за просекот. Некои наставници се навистина за почит, на своја воља спроведуваат посебни дополнителни активности за талентираните деца и работат дополнително со нив, но не сите имаат таков осет. А и без тоа, тоа мора да го има детето и од домот. Една моја пријателка го земаше својот внук на оваа возраст намерно на театар, посетуваа историски локации, музеи и сл, ред забава, ред едукација. Еднаш ми рече - има другари на улица, тоа не му недостига, ама ова никој нема време да му го даде. Мама и тато работат, школото не се замара, затоа јас ќе му ги ширам видиците бар во однос на културата. Да види дека светот е поголем. Баба, тата, вујче, тука и те како можат да помогнат. Носење, враќање на курс, преспивање во градот и организирање вакви активности таму, зачленување во клубови, работилници, курсеви, спортови, базен, играорна, танцови групи, во случајов ликовни работилници и групи, креативни работилници... можеби баш тука ќе си најде друштво според своите интереси...Иде и лето, па еве екскурзии и летен одмор со деца е исто добра прилика, ако се има финансиски средства. Мора да и се создадат прилики да излезе од малата средина.. Извинете за долгиот пост, ама навистина има што да се каже. Моќта на детето има свои граници, а возрасните треба да ги создадат условите да може да се развива според своите способности.
Морам негде да си се пожалам, па реков ајде во темава, може ќе ме разберат тука луѓето кои имаат поголеми деца. Децава наши не се ни деца да ги наречеш, а ниту возрасни, дури и ако се полнолетни. Ми треба мене совет сега. Ако некој има слично искуство, сакам да знам како се справува. Како надминувате комуникациски проблеми со детето? Последниов период многу тешко комуницирам со ќерката (18 г). Многу лесно избувнува при разговор, особено со мене. Ама и со татко и, само што јас сум позборлеста од него. Брзо крева тон, како да има краток фитил. Со нас се кара за работи кои мене ми личат не доволно важни за да се кара за нив и да прави драма, ама не ги омаловажувам. И кажувам дека не вреди за некои работи нервоза, ама џабе е.. На пример за сликите од нејзиот телефон, за телефон, за облеката нејзина, за нешто поврзано со имиџот нејзин и сл.. Ајде ок, разбирам дека тоа што неа сега и е важно, нас може не ни е, тоа ми е нормално. И нас ни било битно нешто на таа возраст, сега не ни е...ќе сфати со време.. Ме затекна што при кавга користи зборови кои никогаш претходно не ни ги кажувала. Тоа ме збунува зошто моето очекување е дека на оваа возраст веќе треба да има поголема емотивна контрола, а ми личи како да ја нема сеуште. Дури ми личи и поимпулсивна од порано, зошто полека стекнува некоја независност и тоа и дава некоја сила и самодоверба која не знам колку се заснова на реални способности. Самата си признава дека некои работи не ги знае, бара помош од нас, а се баш основни работи. Ќе и помогнам ама пак не и сервираме на тацна за нешта за кои е доволно да си писмен малтене..и кажувам како сама да го најде одговорот, ама тоа не и се допаѓа, полесно е друг да и завршува работи. Почнав да одбивам еве веќе подолг период да сум сервилна..ја пуштам да си сработи и направи самата. Што би рекол татко ми- ем шуто, ем боде. Зборовите кои ги кажува во кавга, не се пцовки, не се вулгарни зборови, сепак е воспитана девојка ама се за нас се болни. На пример: лажете, ме правите будала, ме правите слепа и сл. Ме болат тие зборови не затоа што ми го повредуваат егото, туку затоа што од нив гледам дека таа мисли дека ние нешто ја манипулираме, убедуваме и се трудиме да и наметнеме нешто што не сака. А ние не сме такви родители. Сме се труделе да ги вклучуваме децата во заедничките одлуки. Не наметнуваме и не присилуваме да прават нешто што не сакаат. Ако се обидеме да го објасниме нашиот различен став, со аргументи, таа нема ниту трпение да сослуша. Веднаш со висок тон и со дерење вика не ме убедувај, не разбираш дека јас тоа не сакам, ама нема да ме убедите и сл. Значи очекува да се прифати или направи како што таа бара без компромиси и без да сослуша ние што мислиме. Нашето мислење ако го кажеме гласно, веднаш го сфаќа како разубедување. Она што најмногу ме загрижува е што некогаш и не сака да каже и да разговара зошто одма претпоставува што ќе биде нашиот одговор. А некогаш, кога ќе праша, нашиот одговор е и позитивен ако се согласуваме со неа. И кажувам дека тоа се предрасуди кон нас, дека не е фер да претпоставува дека секој наш одговор ќе е негативен. Ние не сме и противници, непријатели или некои инаетчии, за да се и браниме и ограничуваме. Не сакам да мисли дека не може да се довери на нас. На крај разговорот завршува со лутенка. Или ставаме крајно не, па ја оставаме да се лути ако е нештото надвор од сите граници и можности, ако е штетно на некој начин за неа или семејството и сл... А некогаш завршува со тоа што ја оставаме да прави како што сака, за да ги осети сама нештата што и ги кажуваме, за да се научи да ги сноси сама последиците од одлуката. Ако тоа нешто е да речеме поврзано со финансиски трошок и импликации кои не ги одобруваме, ја оставаме сама да си плати ако има од своите пари (има некои нејзин џепарлак, од работа или пари од подароци кои сама си ги раководи). И многу многу често се муабетите за пари за работи кои ги бара од нас. Не сакам нескромни и размазени деца. Не сакам да гледаат се низ призмата на материјалното. Ние на таа возраст веќе почнуваме да сфаќаме дека не е се во марката, цената, она што се има и носи..овие деца како да доцнат со тоа сфаќање. Дали тоа го гледаат околу нив, кај своите врсници? Сакам да ги ценат парите и трудот да не се расфрлаат со пари колку и да имаат во животот. Знае како изгледа да заработи свои пари, како изгледа да троши од нив. Ама пак и од нас очекува... Ама некогаш се прашувам како сме биле јас и татко и толку скромни на таа возраст, ниту сме барале скапи нешта, ниту сме се бунеле ако ни одбивале да ни дадат. Во кој дел од воспитувањето грешиме? Дали и вас нон стоп ви бараат пари и ви зборуваат на таа тема?
Грешите што уште ја чувате дома, со никакви обврски и одговорности и не сте ја пратиле во Мекдоналдс да работи во Немачка. Немам толку возрасно дете ама имам роднински деца на таа возраст. И многу живо се сеќавам на своето тинејџерство, за да ми се јасни своеглавоста и избувливоста. Нашата генерација, моја и твоја, порасна во еден друг систем. Не дека немаше класни разлики, ама срамота беше бе да се чаталиш колку имаш. Сега чаталењето е глобален лајфстајл, сите се капат во шампањ со ајфон што кошта колку просечна кола. И реално, мене ми е малку страшно колку се нема осет за вредност и пари, за најбанални работи. Сите болни паднати по последниот модел од штотијазнам кој продукт, што ќе им прдне дека е битен. Сериозно мислам дека проблемов е геолокациски, оти овде кајшто живеам, а нагоре уште повеќе, луѓето во глобала живеат со максима ,,срамота е да се претерува,, По себе знам дека личност на таа возраст не се превоспитува, дали на било која возраст е можно не знам и не е битно. Барем не е во домен на родител, сигурно. Па така ви остануваат 2 опции- или ќе удоволувате до и преку вашите можности, или ќе и предочите некако пластично, дека таков животен стил е неодржлив. Друго, не знам, ваљда треба практично да научи дека буџет е лимитирана категорија, па некоја показна вежба не е на одмет. Пример еве семејниот буџет е толку, да се подмират трошоци толку, остануваат толку, ги делиме еднакво на 4, па со својот дел види што како. Не тврдам дека би биле помалку кавги така, ама некои лекции за финансиска писменост е подобро да се научат порано, отколку подоцна или никогаш. Изгледа како тешка битка, многу живци ви посакувам. Иначе веројатно да, вчера ја читав Ведрана Рудан, изгледа децата имаат неограничени финанскиски побарувања. А може и не, може нејзините колумни се сепак само фикција
Генерално дали се пари или не во игра, македонското општество е многу назадно, такашто сигурно станува збор за социолошки феномен иако самиот социолошки феномен е повезан и со економскиот фактор.
Абе сосема друг систем беше нашиот. Тоа е скроз јасно. Овие деца не се либат да работат. Беше келнерка во кафич, редеше роба во маркет..син ми и тој летово првпат работеше во кафич. Додека работеа со тие пари си плаќаа за своите искачања, си купуваат облека и сл. Не ми бараа пари. Кога беа на училиште не работеа. Не сакав да ја терам, сакав да се посвети на успехот. Ама и таа не сакаше, немаше енергија, имаше доста обврски со учењето и фала богу со сите петки заврши. И тоа што го објасни со семејниот буџет е зборувано. Објаснувано е, дури мислам дека и обратен ефект имаше кај неа тоа објаснување. Син ми сфати дека или треба да зголемиш приходи или да скратиш побарувања ако сакаш да ти стасаат парите. Ќерка ми заклучи дека многу сме трошеле на храна месечно, зошто појде од себе дека тоа и е најнебитно-јадењето. Ако сака таа може и да скокне оброк, парите ќе си ги потроши за нешто друго..Таа јаде двапати, а брат и пет пати дневно. Морав да и објаснувам дека не може да гледа само за своите потреби. И собиравме колку месечно ја чини само нејзиното јадење, зошто таа најчесто се храни надвор од дома и џабе си мисли дека е поефтино, зошто тој оброк купен од надвор, ја чини колку три домашни оброка или колку еден просечен ручек за сите... Од сегашна перспектива се каам што и објаснувавме до толку, зошто само си изведе заклучок дека таа подобро би го распределила трошењето на буџетот од нас и дека ние треба да бараме подобро платени работи. Мислам дека не е до културата, зошто стварно гледам разлика меѓу двете деца како карактери. Им даваме пари за цел месец, колку што ние сме пресметале дека им се доволни, на пример, да ги располагаат по свој план. Дали за кафе секој ден (или дома ќе си пијат кафиња ), дали за пет журки или за една, дали за гардероба, дали за ужина (или од дома ќе носи ужина, парите за друго ќе ги даде), нивна одлука.. Син ми си ги распредели и цел месец му траеа, не ми побара дополнително. А таа ги потроши во две недели и после немаше за пола месец. Има некои замисли како би правела кога би живеела сама, и кажувам дека се нереални не ми верува. Жал ми е што не сака да учи од туѓи примери ама едноставно некои луѓе мора на тој начин да си ги научат лекциите- на своја кожа. Некогаш добивам желба стварно да и речам да живее сама и да работи, баш како што еве кажуваш дека прават во Германија и другите земји. Засега не го правам тоа зошто не сакам да и дадам изговор да не запише факултет и да почне само да работи. Многу имавме за факултетот и изборот дискусии.. засега планира да се запише на факултет, нека се запише. Сериозно мислам после првичната адаптација на него да почне и со работа. Мислам дека и таа самата ќе го посака тоа. Гледам дека се повеќе деца штом малку се прилагодат на факс, почнуваат паралелно и со работа.