Адолесцентска (младинска) психологија

Дискусија во 'Психологија' започната од Cosmic Girl, 9 февруари 2022.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.366
    Допаѓања:
    179.519
    @Cosmic Girl исто како син ми да си го опишала,ииистоооо
    А со сестра му е чиста спротивност од него
    Шо ке правам со него кој знае
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Во разговор со наши пријатели и роднини кои имаат деца колку нашите, ми кажуваат дека и некое од нивните деца што е на таа возраст, исто размислува, слично се однесува.

    Дури ми се случува да ми речат дека исти размислувања имаат во однос на факултет, вредноста на високото образование, околу идната работа и сл.

    Не велам дека нивните вредности се сменети, знам дека и тие сакаат како и генерациите пред нив да си работат работа со која ќе си имаат финансиска самостојност, и сл. Ама начините на кои мислат дека треба да го остварат тоа е многу поразличен од оној на постарите.
    Тоа толку и не ме загрижува, го гледам како нормална реакција на сето она што им влијаело во средината во која растеле (од големи општествени фактори до нашиот пример кој го гледале).
    Дури и очекувани ми се нивните размислувања.

    Мене ме загрижува чисто психолошкиот проблем со комуникацијата со нив, универзалниот проблем со сите адолесценти, за кои се цели томови изнапишани.
    Теорија не недостасува и со тоа сум запознаена, сум читала зошто ме интересирало.
    Ни фалат практични и модерни совети како да комуницираме поуспешно со младите. Го гледам тоа како нешто што им фали на сите родители на големи деца. И во такви ситуации овие родители најчесто го прават она што го прават сите луѓе кога немаат каде да побараат помош и совет (мислам институционална) - а тоа е да се свртат еден кон друг, сами да се помагаат и сами да си даваат поддршка. Споделуваат искуства.

    Со оглед на тоа што начинот на комуникација кои младиве го практикуваат е различен од тој што ние го преферираме, стварно родителите мора да се прилагодат на нив и да се обидат да ги следат..
    Поаѓам еве од самиот момент дека тие повеќе комуницираат преку мобилен отколку со директен разговор лице в лице.
    Некогаш буквално пораката што сум сакала да ја примат од мене полесно и побрзо ми ја прифаќаат ако ја пренесам на чет на инстаграм, него ли со директен разговор.
    Имам впечаток дури како и разговорот во очи да им е само за некои одредени теми и ситуации, како да им е напорен, како да се секогаш со паметот на друга работа (најчесто поврзана со нешто на телефонот пак). Сакаат брза и кратка комуникација. Веќе со втората реченица стануваш досаден и држиш лекции.
    Еве и золва ми баш се смееше пред некое време на темава и ми вика - не е веќе ни реченица. Ти го прашуваш со текст како е, тоа ти праќа гиф или слика.
    И од психолошки аспект го разбирам тоа, зошто некогаш поинформативна е сликата или видеото од текстот, побрза е и буквално ти е на два клика.
    Ама вербалната комуникација не им е јака страна.
    Дали тоа утре ќе им се покаже како недостаток во животот, живи били па видели...

    Се фаќам еве последниве пати кога се скаруваме дека поспремна е да го реши конфликтот со мене преку пишување на вибер, него со разговор во лице. Зошто така кога разговара, се насочува на она што ми е поентата на муабетот, а кога зборуваме лице в лице, реагира на невербалните знаци кои ги гледа кај мене и на нив го насочува вниманието.
    На пр. ми вика - ти ми викаш, а не викам 100% (други дури ми биле сведок дека не сум кренала тон) ама така таа го доживеала и толкувала. И се кара со мене 15 минути дали сум викала или не. Тотално изгубена енергија и поента на муабетот.
    Ама затоа, на вибер нема викање, само текст, нема фаци, нема мимики, нема воздишки и превртување со очите (ако не ги ставиш). Ставаш капс ако сакаш да викнеш...
    Маж ми пред некој ден вика како на шега демек - што убаво се решавале проблемите тивко на чет. Од сега така да разговараме со неа.
    Ама некако не ми е смешно.. жално ми е... не знам
     
    Последна измена: 22 август 2023
    На do-re-mi, sonuvana, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Па во Македонија од 2016 навака се тера еден животен стил кој мене ми е бизарен. Мислам дека тоа скролање на Инстаграм им го помати мозокот. Имено, срамота е да не носиш брендирана облека, да немаш свое возило и да не одиш на одмор на некоја странска луксузна дестинација, туку во Охрид на пример. И животот им е тоа, постирање на слики и фалење со животниот стил. Ама трагичното е што стилов не е од нивни пари најчесто. Познавам луѓе позајмуваат пари или земаат брзи кредити, како муви без глави. Замисли да појдиш на одмор и да не објавиш ниту една слика? Трагедија. Најнов муабет од роднина кој работи во странство, сам е таму и одвај крпи крај со крај. Ми кажува колку било просто да се оди на ефтини дестинации на Балканов и во Источна Европа. Ако не беше трагично, ќе беше комично. Вака се однесуваат оти ова е за нив сега нормално, мислат дека се во Холивуд. Од мали правете им рестрикција на социјални мрежи за ваше и нивно добро.
     
    На cresa-jagoda, Cosmic Girl, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    188.650
    Бркај од дома Алисо]:)

    Зафрканција на страна, мене ми беше чудно колку колешка ми се трудеше да го избрка синот од дома, ама па реално, не можеш цел живот да бидеш слугинка на возрасен човек. А од друга страна, ако не живее под твој кров, не значи дека ти завршила грижата за детето. Нејзиниот постар син, веќе ,,избркан,, и осамостоен, влегол пак во некои ,,инвестициски,, шеми со цела заштеда(facepalm). Јер нормално е парите да растат на дрво, треба само дрвото да го најдеш. Па го оправаше и него, на долго и широко, да ги извади парите дури не се стопиле скроз.
    Нереални слики и приказни им се продаваат наголемо. Е како да ги научиме што е реално и како да ги спремиме за иднината не знам, изгледа многу тешко.
     
    На marsilia, sonuvana, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.366
    Допаѓања:
    179.519
    Да,си ја доправам куќата и јас ке бегам од дома он останува сам да живее у станот
    Тогаш сака неќе ќе мора да,се управе коа ке му засвират чочек цревата
     
  6. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Прочитав неколку мислења во темава и на неколку места истиов проблем ми влезе во очи. Доста мислења прочитав за деца кои се умни и вреди и ете идат по натпревари.

    Ова го зборувам како некој кој во основно и средно истото го правел. Па госпоѓо дали е во ред дете во една школска година да појде на 40 натпревари? И згора на тоа да заврши со одличен успех. И знам од многу роднини, самата понова програма е многу потешка за разлика од таа што порано се учеше.

    Сте се запрашале ли некогаш дали моето ДЕТЕ има ДЕТСТВО уствари? Децата и младината се одговор на општеството кое ние го создаваме. Ретко каде што проблемот се децата.

    Може проблемот се и преамбициозни родители, или родители што својата желба за успех најлесно ја проектираат врз децата. Потсвесно ако не можам јас - ќе го постигнам со моето дете. Не за џабе кај многу мислења (вака вашево последно го прочитав па ве цитирав) што ги прочитав е слична ситуација, паметни деца што почнале да одбиваат послушност. Да не сте ги префорсирале малце?

    Родителите на децата треба и потпора да им бидат, и онака е лудо општеството, сите сакаат повеќе пари, повеќе успех, повеќе, повеќе, повеќе... и време за живеење на животот не ви остана.

    Плус тоа, таа послушност и не секогаш ќе им е од корист на децава. По мене знам. И гледам со мојава генерација што се случи. Тие што бевме најпослушни, најдобри ученици, што идевме по натпревари не се научивме како функционира реалниот свет. За живот ти требаат и други вештини, да си прилагодлив, да се снајдеш, да се избориш за свое место. Оти на работното место реално ако си со тие карактеристики нема да те чекаат награди, ами само повеќе работа за иста плата, а и бизнис тешко со вакви карактерни особини се гради. Мора да се научиш да гребеш и да научиш други вештини.

    Оставете ги децата да го искусат животот и сами ќе се снајдат, и онака се работи за паметни деца. Единствено како родители треба да се грижите да ги заштитите од опасноста на пороците, како што се алкохол, дрога, коцка... се друго овде ми звучи како грижи за кои навистина нема потреба.

    Јас како млада личност, кога гледам и знам што се случува околу мене, повеќе би дала совет да се стави фокус на стварање одбивност кон пороци и оставање на детето да го искуси останатиот дел од животот само, за да може утре кога ќе ги нема мама и тато, само да се снајде, а кога ќе погреши како мало да се остави да си ги сноси последиците, дали е тоа лош успех, дали е скратен џепаркал, за утре да биде свесно дека чекај, ако сега згрешам - тоа си носи последици.

    Вака со расправии и молење по дома цел ден да се учи и напише домашното нигде не ве води. Остави го де, ако е добар ученик битен му е и успех и углед во класот и просек, остави го нека си сноси последици. Па следно полугодие нема да мораш сам да го тераш да учи, ќе си ја знае работата.

    И за џепарлак ако е проблем, ако му е кусо или само е криво што не си го има распределено, остави го, нека си сноси одговорност. Следниот месец веќе ќе знае како треба.

    Гледајќи ја денешницата мене повеќе ме плашат пороците, него ли вакви банални работи што само го земаат мирот во домот, и кај децата ствараат недоверба и одбивност кон родителот. Ситници се тоа.
     
    На do-re-mi, Ahoy, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.216
    Допаѓања:
    277.197
    Пол:
    Женски
    Леле Космик како реално и исцрпно си ги опишала децава на таа возраст.Иако како една од најстручните и најпоткованите психолози (не за професија него онака реално)те сметам на форумов и искрено се изненадив што и ти побара совет.
    Имам ќерка на иста возраст и во 90%се пронајдов .Е сега оваа не бара наши пари онака експлицитно и сама подработува ама гледам дека се гледа низ призмата на пари.И иако подскриено е ама се гледа колку е исфрустрирана за тоа што не може да им пружиме некоја голема финасиска моќ .Се оттргна од сите другарки со финансиски помоќни родители.
    И комуникација нууула.
    А какво дете беше преинтелегентно самостојно амбициозно.А сега незнам ни на факс дали ќе се запише.
    Као да одела не некоа академија побрзо да завршеле побрзо да прајле пари.
    Мислат така е тоа лесно.
    Уф...
    Е ова :
    Ау, пригушуваач да става на устава ми иде .Таа вика поќе од мене а не јас сум викала .
    Поголемата е само 5 години постара а која генерациска разлика се гледа.Таа е друга приказна ама односот кон парите кон родителите е многу поинаков.
    Незнам ама ја во депресија паѓам од страв за децава и иднинава нивна.Имам чувство дека ние како родители ја утнавме некаде .

    Браво за темава има доста родители кои треба да се вклучат а не е лошо и од помладиве на форумов да чуеме мислење .
     
    На sonuvana, ALISA0000 и Dentina им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Дали таа академија што ја спомнува е Бренјстер?

    Сакав да пишам дека сите ама баш сите деца зборат да учеле на неа. За заработка е муабетот нормално, да почнат со фриленсерско работење.
    Баш му велев на маж ми очигледно им функционира маркетингот штом цела генерација за нив зборат. Браво за нив. За мене тоа е доедукација, ако сакаат и универзитет нека ја наречат.

    Морав да и објаснувам за акредитации на образовни институции и сл, се надевам ме разбра.
    Конечно ако финансиите дозволуваат, немам против да се запише, ама да не го изостава факултетот.
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.216
    Допаѓања:
    277.197
    Пол:
    Женски
    Па незнам точно која.Од што одбивам да размислувам така.
    И јас го делам мислењето дека тие академии се само доедукација.
    А се ужасно скапи.
    Ама нивниот контраргумент:зошто да се "фрлале пари за факултет "ако после пак одела на академија а можело и само со неа:headbang:
    За се имаат одговор.Засега сме во молк на тема образование ама наредно лето ќе биде жустро.
    Незнам навистина.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Јој. Барем вашиве сакаат да студираат. Мојава мисли дека парите на дрво растат, или веројатно дека со работа во маркет ќе го има сегашниот животен стил.
    Просто не сакам да знам што носи иднината.
    И на другарките децата се такви ( во мк).
    Јас се шалам "сидо, родила си идијоте", ама бар во мојов случај, висок IQ слабо ЕQ и дисциплина. А желби милион и една. За начин на разговор, исто. Зошто ми звониш, пиши ми. Баш преѓе ми се сипа. После "извини". Шо извини, контрола малце, се јавив да те прашам како си таму на жешкото..
    Тешко. Не знам каде грешам.
     
    На mareane, sonuvana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.366
    Допаѓања:
    179.519
    Мојов еве не сака да уче факултет
    Имам и финасии и сите услови да му пружам ама не сака
    Се се надевам дека за година две ке му светне да се запише
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Послушните и добрите се обично казнети за својата послушност и добрина. А тоа со префорсираните деца завршува на еден начин, ги одбегнуваат родителите после 28-ма. Такви ми се примерите во околинава, јас сфатив дека со бубачење ништо не се постигнува. Гледај само да не го пропуштиш животот и опкружи се со снаодливи.
     
    На Trexane, Cosmic Girl, Цунами и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    188.650
    Тебе ти е барем лесно, имате Мекдоналдс во секое време.]:)
    Пушти ја нека тера една година, сама да полни фрижидер и да плаќа сметки, па ако не и чини нека смени курс.

    На темата адолестцентска психологија- ваљда е нормално после извесна возраст да почнеш да чувствуваш дека си самостојна личност и дека твоите погледи кон светот се правилни, а тие на твоите родители се анахрони и немаат врска со реалноста. Мислам дека кога јас бев адолесцент, бев повеќе во право отколку моите родители:lol:. Ама:!:, кога јас имав 24 ставовите веќе ми беа валидни, на 18 не баш. Оти и јас имав фаза, пуштете ме да работам таму и таму, ќе студирам паралелно. Е тогаш татко ми беше во право, и неговото не, беше последното. Инаку ќе имав некоја работа и некој кеш привремено, до наредната реорганизација на фирмата, а после којзнае што. И многу луѓе влегоа во таа замка на привремен кеш, па и одличен за тоа време...ама...времињата, или попрецизно речено приликите, постојано се менуваат. Уствари тоа е единствената константа, приликите постојано се менуваат, и затоа е битно да човек биде колку што е можно повеќе подготвен на промени и нови почетоци, па имал 20, 30, 40 или 50...дури да стигнеме до пензија, ако и воопшто, којзнае уште колку пати ќе се преврти светов наопаку. А мислам дека факултетот како формално образование, како вежба за развој на мозок, барем делумно не подготвува за таа потребна флексибилност.

    Бтв, продавачки многу веројатно во наредниве 5 години ќе престанат да постојат, така што @Dentina нека смисли малата друга кариера.
     
    На marsilia, Cosmic Girl и Dentina им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Хахах, тинејџериве надзор сега прават на скенирање, јер....се краде..
    Мада , да, постарите продавачи исчезнаа, сето е тинејџери кои се платени помалку од возрасни.
    Што сака нека прави , Билјарке. |(. Криво ќе ми биде, оти има интелект, ама не е само до тоа. Не можат сите магистри да бидат, некое мора да е здраво и живо..е сега јас двечки не си родив:devil:
     
    На Cosmic Girl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    @Cosmic Girl Да не се работи за надворешно влијание? Можеби сака да импресионира некој дечко, или друштво што се „побогати“, а не може баш да ги следи? Ако одбива да разговара за проблемот веројатно нешто крие зошто знае дека се коси со твоите ставови... неа и изгледа многу битно, ама знае дека нема да добие твоја поддршка.

    Верувам дека социјалните мрежи и маркетинг индустријата многу лошо им влијаат на денешните тинејџери (и не само нив...), но мислам дека тука има конкретна причина зошто така се однесува.

    Да се надоврзам на другите муабетите за високо образование вс новопечени академии, искрено и јас многу често се каам што се замарав со факултет. Ако завршев академија и влезев на пазарот на труд досега многу многу подалеку ќе бев стигната. Тоа е реалноста.

    Свесни се децата дека образованието не ни е квалитетно и често не нуди добри можности во Македонија (не знам за странство). Фриленсингот е навистина многу привлечен, и јас сум од тие што завршија факултет и се префрлија во таа сфера. Не знам на долг рок што ќе излезе од тоа, ама досега е многу подобро од стандард работно место. Од една страна ме плаши иднината, често се прашувам дали е bubble што ќе пукне во наредната декада/две, ама истиот муабет се вртеше и пред 10тина години, па еве има многу позиции што се дефицитарни.

    Не знам што да кажам како совет на родителите, светот толку брзо се менува што веќе ништо не е како порано. Со популаризирањето на фриленс пазарот некако многу брзо застареа тие сфаќања за стекнување на високо образование, а и тоа што е подостапно за сите произведе премногу кадри за бројни професии и ги девалвира.
     
    Последна измена: 22 август 2023
    На Cosmic Girl, do-re-mi, Цунами и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Па откако го сторив тоа, продишав, почнав да живеам. Таа послушност и бубање ништо не ми донесе. И искрено до негде и ми е криво што ете пример, вака лупам, наместо да се дружев повеќе со врсниците, јас дома географија некои глупи броеви за колку овци имало во некој предел сум бубала за добар просек. И по тие натпревари што професорите не форсираа да идеме поталентираните за они да имаат плус поени ми беше без врска. Ќе не најдеа наивни и амбициозни и ќе не заакаа по натпревари и што?

    Школски другар со награди математика на балканска олимпијада, на упис на финки дипломите буквално в лице му ги фрлија и му бараа просек од годините и матура?? А на матура се отепавме од препишување. Па другар што седеше блиску до нас на полагањето матура, на школо не се појавуваше, извади просек од матура скоро колку нас. И овде читам испотресени мајки за децата кога се работи за школо?? Аман бре луѓе свестете се.

    Ама среќа со сите се дружев и тие што беа послаби во школо сега дебели пари заработуваат и многу поубаво живеат, оти ја имаат уличната школа. Среќа фини ми се другариве па некако и јас почнав да се снаоѓам покрај нив. Ама фајде од толку години образование и послушност не видов, ајде може да речеме работна навика одлична стекнав и одговорност, едино тоа бенефит. Друго многу слабо.
     
    На Spicy Senorita и see.emily.play им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.161
    Допаѓања:
    175.151
    Пол:
    Женски
    Меѓу 18-20г. границите се стварно многу блендирани. Уште се деца само легално шо не се (впрочем не само за пиење, за се ми се допаѓа границата за легалност над 21г.), од таму ова е фрустрацијата кај шо се "возрасни" и нормално, влечат кон независност пошто то е природно и очекувано на тие години. Ама не можат да си приуштат поголема независност како кога би биле возрасни. И тука прво има конфликт внатре во детето, и покасно избива надвор оти мисли дека му следува (entitled) да има нешто/да биди понезависен и моментално един начин на кој е возможно е преку родителот и тука се клава притисокот и на родителот. Накратко му фали искуство за да излези од тој калап. 18 или Септември се враќа во училиште или почнува на факултет. Ако е второто е баш новото искуство шо му треба. И следователно летна работа за нахнадно искуство или работа ако не оди на факултет. И се то носи до зрелост. Не дека готово детето е такво и 18 е последната граница. Hell neah. :D Споредивте дека во "ваше време" :D не било така. Па нормално. Условите на растење биле подруги и порано сте добиле искуство шо ви е потребно да сфатите некои работи. Шо им фали денес на 18 е искуство. И ќе го добијат. Па како научиле да се справуваат - или ќе го искористат то искуство или не. Ама јас не би форсирала зрелост толку млади, пошто буквално сама ќе дојди како шо се развива и расти и стекнува искуство. Па сите врсници и јас сме биле вакви, вакви се и генерацијата на брат ми. Ретко кој не излезе од тој калап, не дека нема.

    Сакав да прокоментирам уште за форсирање на децата на натпревари. Океј е амбиција. Океј е гордост. Океј е натпревари. Ама нема смисла да се турка детето со сила, да прај од поќе. Академски успех = добро ментално здравје и среќа. И искрено меѓу 40 дипломи од натпревари и сите 5 наспроти с р е ќ н о дете - второто секогаш треба победва. Оти најчесто деца кои толку биле форсирани, како возрасни се само burned out. Самиот факт дека растите дете е причина да сте горди и среќни и вреди. Оти е огромен предизвик. Не му ставајте и огромни очекувања.

    Ај и за високо образование ќе прокоментирам. Јас сакам учење. Не се каам дека бев на факултет. Се запишав оти ми беше интересно не дека гледав иднина. Го гледав како искуство и хиперфиксација шо длабоко ме интересира сеуште. Генерално јас често носам одлуки на вајбс, 0 IQ. Толку шо после 4 години студирање запишав 4 години нахнадна едукација. Ама искрено? Факултетот е искуство и не секој го сака. Не ја гледам поентата некој да мора да проба за да знај дека неќи. Во мое друштво пола сме со факс, пола не. Полата шо не се под притисок дадоја пари и пари да завршат една година за на крај да откажат. Кога можеа да откажат од старт и да прат шо замислиле оти од старт знаеја дека неќеле. Било то работа или академија. И полата шо не се на факс не се воопшто глупи/незрели луѓе. И бивш ми беше без факс и со него сум имала попродуктивни дискусии него со некои кои завршиле. Вчера баш зборав со еден магистер, стомако ми се преврти од кринџ.
     
    Последна измена: 23 август 2023
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    188.650
    Дај бе @theowndemon кое искуство повеќе сме го имале ние што сме биле адолесценти пред 20 години, што денес младите го немаат? Што не праќале по леб на 7 години, или што сме си играле надвор со кал? Или што сме преживеале распад на држава, транзиција, војна во регионот па и локално? Озбилно прашувам,да знам за свое дете.
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.161
    Допаѓања:
    175.151
    Пол:
    Женски
    Ќе тргнам од татко ми. Работи од 18 во туѓ град. Искуство. Мајка ми учеше во туѓ град надвор од дома од 15. Двата вака оти немаа други услови. Јас го имав луксузот од комфортот на мојот дом да прам се, дури и прва работа. На 18 не бев by any means форсирана да прам нешто шо не морам. Оти преживувањето не ми зависеше од то. На двата мои родители им зависеше. Кога зборавме за одделување толку рано и студирање надвор ме убедуваа и праеја филм како јас нема да можам сама оти сум младо чупе. Sheltered. Има ситуации каде заштита ваква помага, ама често осакатува. Пак прочитај од кога тие биле самостојни. Да скокнам генерација назад. Баба ми работеше на нива од дете и на 17 се мажи и тогаш роди. Дедо ми од толку во иста фирма се до пензија. Искуството на 18 шо го имале баба ми и дедо ми или мајка ми и татко ми не е приближно исто на моето. На 18 јас то не можев да го видам и мислев дека сум entitled на одредени работи оти сега сум "возрасна". Шо е типично за та возраст. Едино ко ќе си форсиран да се чуваш сам тогаш - тогаш те менва порано него покасно. Ама не мора да е толку сурово, се можи во мали дози да се стави.

    Накратко, остајте ги да растат. Ќе пораснат. Луѓе шо не одрастиле оваа фаза, на рака се бројат во мојот живот за разлика од тие кои ја надраснале. Се е склоп на околности не дека има универзален калап шо бил порано и шо е сега.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.390
    Пол:
    Женски
    @Cosmic Girl
    Помалата ќерка е помала од твојата но сличност во однесувањето имаше на некои 15.5 год. со такви избувливи моменти.
    Но,за пари никогаш ама никогаш ниту бара ниту премногу троши.
    Во моментите кога комуникацијата беше невозможна (ние з аодложување обврски се караме)користев тајм аут, не сакаат многу муабети, филозофирање, џабе беше везење, објаснување, кратко и јасно и кажував што имам.
    Ќе се налути и ке си оди во соба ќе преседи ама па и кажав и јас се лутам, јас ќе одам во спална и двете ќе се лутиме и ништо од тоа.
    Годинава ни се смалени конфликтите.
    Татко и не дозволува да работи бидејки смета дека ако почне да заработува ќе биде чао на школото, нема да сакаат д аучат ќе сакаат да работат и да имаат месечен прилив на пари.
    Имаме блиски роднини чија ќерка работи во маркет , а родителите се др на науки(физика) и мр.по дефектологија.
    Од летна работа (редење роба во маркет) остана да работи не запиша факултет.
    Дете што беше одличен ученик, имаше капацитет за повеќе, а заврши некое од тие 3 год школи колку да заврши побрзо.

    Кај вас мислам дека ти е најпаметно да видиш друштвото какви се, иако мислам дека веќе си, ако има размажотки во друштво, тие ја влечат.
    Знаеш друштвото влијае многу повеќе
    од нас овој период.
     
    На cresa-jagoda, mareane, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.