Хм ме повредиле... не плачев... не му вратив ... what goes around comes around....тркалцето му врати... јас оставив времето да покаже....
сум тип на човек со мото Не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават тебе сакам да кажам оној што те сака вистински е човекот кој ти треба покрај тебе за цел живот..истиот ке го препознаеме по тоа што секогаш максимално ќе се труди да не те растажи но ете луѓе сме се случуваат разни работи имаме моменти на лутина и правиме грешки некои од нив се фатални а има и такви кои вреди да се простат но ако се повторуваат ...и партнерот не се труди доволно за да му простите баталете тоа да бидете центар пажња или да чекате да ве моли како и секогаш излезете од неговиот живот еднаш за секогаш...и скратете си ги маките
значи потребни состојки: 68 шајки 1чекан 2 пара штикли 1 боја за кондури 1ножици 15 м јаже 1 кутија цигари 1 банана значи го факам го легнувам го врзувам со јажето потоа го зимам чеканот и полека му ги набивам шајките,па со ножиците го шишам како ке ми дое у моментот,со бојата ке го измачкам ,со штиклите ке го лупам по малиот мозиок,па ке му ја даам бананата да ја изеде пошо ке биде уморен а ја ке седам на стол ке пушам цигара ке одмарам и ке го гледам како се мачи така да после ке биде...она мене ме повреди.....
Па ти баш си луда! Не ти е лоша идејата.. Ако ме повреди... Би почнала да им пишувам пораки на некои чупиња,и да се претставувам како него... Би го посрамотила.. Абе со мене нема играчка! Ќе го уништам!
Леле девојки толку рецепти видов во темава што можеме и еден прирачник да направиме "Одмазда во неколку чекори-испробано, ефекти загарантирани" Мојот рецепт: Јас игнорирам!!!! Ако тој човек толку многу ме повредил што ја преминал секоја можна граница на "прифатливи грешки" веќе не го сметам за жив! Ако го случајно го сретнам него исто како да не сум видела никој, едноставно на неговото место стои празен простор. Ако некој негов другар или другарка ми го спомне викам а кој е тој, не познавам таков, или уствари ми текнува на тоа име и презиме, го прочитав пред некој ден во Црна хроника Нема јас што да се замарам да му враќам, не го заслужил до толку мојот труд, да трошам неврони за да му вратам, ќе ги искористам на попаментни работи! Рецептов е испробан со максимални резултати и потврда за она what goes around, comes around илити Се се враќа, се се плаќа! Си знае лицето врз кое бил применет
ако ме повреди ќе му го загорчам животот ќе направам да се кае цел живот за тоа што ми згрешил се се враќа се се плаќа
АКО МЕ ПОВРЕДИ НЕКОЈ ДЕЧКО ЌЕ ГО ИГНОРИРАМ КАКО ДА НЕ ПОСТОИ И НОРМАЛНО ЌЕ СИ НАЈДАМ ДРУГ.НИКОГАШ НЕ ПЛАЧАМ.
Понекогаш ме повредува ,ама не е намерно или е несвесно. Некогаш ќе избрза , ќе каже нешто и мене тоа ме боли. Неможам да се лутам, ниту да се карам, затоа што не ми доаѓа и не сакам. Но, знам да вратам, да бидам ладна и да направам да го здоболи.
Како што кажа и Старфиш,знае некогаш да каже нешто во афект и тоа многу да ме здоболи.Тогаш најпрво се исклучувам од сите околу и сама ќе си се исплачам да ми олесни,после тоа телефонот на сајлент и игнорирам цел ден..Немам срце да му вратам со лошо.Нешто најмногу што мразам кај себеси е тоа што сум мноооогу емотивна,работите прво низ срце ми поминуваат па потоа низ разум.
кога сум повредена имам една цудна стратегија се вика автосугестија и самата се убедам дека јас сум прекрасна ли4ност а тој мозе само да сонува таква како мене а посто до сега кругот секогас се завртел и сите ама буквално сите сто ме повредиле се вратиле на мојата врата полесно ми е да се убедам дека нема потреба од пла4ки инаку приземна сум ама кога сум повредена егото ми е најголемо мислам дека тогас и сама немозам да се препознаам.цудно ама помага ептен
Зависи колку ме повредил. Некогаш може да осетам бес, лутина и желба да му вратам за се, некогаш коа сум сама може да пуштам некоја солза али да почнам со освета кон цел машки пол не иде во предвид, нема зошто друг да плаќа нечии грешки
Охохохох... Јас,најмило го замолувам да не ме повреди. Зашто ќе му го расплачам мамичето после тоа. Прво ќе бидам разочарана затоа што излегол нешто што јас сум мислела дека нема никогаш да биде,но потоа... Се стабилизирам и ..Одмаздата е неизбежна. И таа секогаш се сервира ладна и кога најмалку очекува. Во моментов не ми текнува баш точно како би го извела тоа,но знам дека сето тоа ќе биде промислено и добро осмислено. За да не ме заборави никогаш.
Зборот повредување за мене има значење само од личност која што искрено сум ја сакала ...мене неможе да ме повреди некој со кој сум била заради провод или полупијана , таквите немале значење за мене и нема ни да имаат . Емотивна личност сум и во прво време би плачела но само кога сум сама . Немоѓам да поднесам другарки да седат до мене и да ме соѓалуваат како тој не бил за мене како јас ќе си најдам подобар од него и сл . Ендоставно во такви моменти сакам да сум сама ,убаво да си се изнаплачам и да си ја гушкам перницата . По неколку дена ќе ја ставам лажната насмевка која трае неколку дена , а потоа не е веќе маска . Не ми треба многу време за да закрепнам но тоа не значи дека во скоро време ќе тргнам по нов дечко . Исто така , зависи за каков вид на повредување станува збор . Ако ме повреди со тоа што ќе ме изневери никогаш ама баш никогаш не би му простила бидејќи во мојов живот ни еднаш не сум изневерила, и таквиот вид на повредување е најлош за мене . Ако ме повреди со зборови враќам со иста мера , значи ништо на денешницава неможе да ме изненади. Искрено подобро и да ме повреди со зборови отколку во себе да си ги чува, а јас да незнам за тоа .
Мене не само што ме повреди, проба и будала да ме направи. Затоа, заслужено си доби дупла доза од мојата психоза. Има и рима. Беше прилично убеден дека ќе му поверувам (да, го наведов да мисли така за да можам да го егзекутирам мојот лукав план) и дојде кај мене. Му сварив кафе, му се смешкав на муабетите. И почнав да го мавам со чаши. Мислеше дека се заебавам, а јас пустата се утепував од смеење зошто очајно сакав да го ѕвекнам во глава ама никако да успеам. Кога видов нема аир од чашите, го однесов во кревет, го напалив ко млад мајмун...и му реков да си ја однесе ку*одрвицата подалеку од мене и никогаш да не му текне пак да ме побара. Го избркав од дома целосно збунет и со шаторче.