само еднаш ме повредил многу и му удрев јак шамар и заминав и се утепав плачејќи дома иначе знам да вратам на ист начин ама не му вратив.....
Ништо,поминував преку се,некогаш тактички му враќав да го здоболи и да се освести,ама тоа не било доволно за вистинско каење. Ми велеше:прости ми,нема да правам веќе така,многу те сакам и го знаеш тоа,ама не знаев да те ценам .И одново,и одново така
Еднаш ме повредил, но со тоа што јас си заминав и веке никогаш не му се вратив и живеам како да не ми направил ништо, сто пати повеке е повреден и после толку многу години тој е сам и повреден
Ако те повреди...со игнорирање најдобро се враќа. Оф каква болка само ќе нанесеш ако покажеш дека ништо не те боли и гордо одиш напред.
Далеку од тоа дека би се намалила мојата болка. Време лечи се, така да после извесен период, сите вака или онака застануваме на нозе. Тоа што сакав да го кажам е дека доколку сме повредени од личност која многу ни значи, последно нешто што треба да се направи е да му покажеме дека не боли. Од една едноставна причина, а тоа е дека дупло повеќе ќе те боли кога ќе видиш дека него не му е гајле дека ти си повредена. Впрочем, тој што те повредува јасно е дека нема никакви чувства кон тебе. А да, секој што ме повредил, заслужува и тој да се осети ниско, мизерно и повредено. Незнам што е тука нејасно, зашто да му посакувам добро на некој што мене животот ми го уништил. Да не се сфатиме погрешно, тука под повредување не подразбирам слатки љубовни проблеми на тинејџерки, туку за вистинско повредување од личност со која си сакала да градиш живот. И да, би сакала да го боли, како што ме болело и мене, кај мене барем многу е тенка линијата меѓу љубовта и омразата. Откако ќе престане ова чувство на омраза, следува она на индифирентност кон таа особа. Е тогаш веќе можеш да кажеш дека некој си преболил, нели?
Те разбирам...но она што сакав да кажам е дека на тој начин само ја пробудуваш омразата во тебе (и сама спомна дека е многу тенка таа линија) а тоа нема ништо да ти помогне во процесот на совземање, па дури може да има и спротивен ефект... Бумерангот сам ќе си се врати...точно знае кога ќе има најсилен удар - многу посилен од оној што ти го имаш доживеано...
Ехее колку ме повредил. Секој ден. И што можам да му направам? Никогаш нема да му простам што ме изневери.
Ме повредил, сум го повредила, сме згрешиле и врската ете така ни заврши а најмногу поради мешањата од други
Ако ме повреди јас сум крива. Зошто така се поставив од почетокот не го стегнав убаво и не бев толку заинтересирана, а и поранешниот убаво го стегнав, не дека не му давав да излегува со другари и да се забавува, напротив повеќе беше со нив отколку со мене, ама бев строга, па после ми здосади оти скоро па и да беше под моја сопственост, за се ме слушаше. Е сега викам нема да бидам толку строга, нека прави што сака и сега мислам дека има смелост и да ме изневери. А ако ме повреди, не би му вратила со иста мера туку ке направам да го боли и да се покае за тоа што го направил и не би патела по него ако ми направи такви нешто.
ме повреди по незнам кој пат .одново и одново се..до кога ке простувам и до кога ке се лажам дека ке се смени...свесна сум дека секогаш ке остане исти па може и полош и упорно му простувам.
Ме повреди многу со неговите постапки, но јас решив јас да бидам таа која повредува. Му кажав нешто на што не верувам дека остана рамнодушен. Не изреагира никако, како и вообичаено, но нека мисли дека сум среќна и дека мојата иднина е веќе смислена и најубава. Женскиот мозок е опасна ствар, само треба да се искористи паметно против идиотот што си мисли дека ве повредува, за тој да се осети повреден.