1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    Во оваа тема може да дискутираме за актуелни настани поврзани со политиката, да не отвораме посебни теми за зе и сешто. И онака кај нас викаат „секое чудо за три дена е“, па според тоа повеќето теми брзо би изгубиле актуелност.

    За почеток, ме интересира што мислите за облеката што ја носеа министрите од Владата, како и други гости, на пример Фуере, по повод празнувањето на Илинден во Крушево? Разбирам и Крушево - етно град, и се', ама кога ги видов облечени како да се во 1903-та некако премногу ми дојде. Можеби ќе ми беше ОК да беа облечени така некои деца од фолклорна група или актери, ама министрите, па и Фуере.... не!
     
  2. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Ова за собирот во Крушево, да ти кажам не ни погледнав на ТВ да видам како е таму :D Од причина што сум сигурна дека повеќе наликувало на вмро-вски собир, отколку на празнување на Илинден :D Иначе, можам да претпоставам како биле облечени :rofl:
     
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Го гледав започнувањето на прославата, на 1ви пред полноќ и просто се запрепастив од Премиерот и неговиот стајлинг. Носеше бели панталони и сиво сако со плава кошула :fubar: Па нели Илинден е најголем празник и тоа беше официјална прослава. Се прашувам како досега никој не му сугерирал на грешките кои секојдневно ги прави во поглед на облеката. Има ли нашиот Премиер лица задолжени за протокол :^)

    Овој дел не го гледав, ама од она што го прочитав мислам дека претерале со идејата да постигнат автентичност со 1903.
     
  4. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    хахахахахахаха, а бе до га**т ми е крушево и не бев, ама фала богу што не сум била бе :^) Што кажувате луѓе, уште да спукале и да се јавел Гоце делчев и Никола Карев па :rofl:
    Ех, од политика ни П нема асално во државава, што може да се прави!
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Незнам дали видовте на вести за митингот на СДСМ во Штип. Се собрале група Вмровски војничиња и протестираат со пароли дека Бранко го искраде народот и слични дежа-вуа. Се појавува една теткица, од прилика 100 килажна и теткицава дава интервју "Бранко кога беше, за корка леб трпевме, немавме за леб". Во моментот првото што го помислив беше "Да, ти од марули си толкава". Убаво беше тоа во делот на цитираниот пост од Боависта, жртвите од транзицијата што протестираа пред СДСМ а земаа 1000 евра плата. Баш плиткост и неукост. Барем да ставеја некоја не толку расна теткица тоа да го кажеше, да држи вода малку.

    Него друго не ми е јасно. Овие што протестираа со пароли на митингов, велеа дека не биле партиски војници, потенцирам дека ова идеше на Сител, па незнам колку е за верување. Не јасното во целата оваа ситуација и воедно прашање е, дали некогаш СДСМовци протестирале на митинг на ВМРО? Или вмро се вечните незадоволни од било која партија што дошла на власт. Пошто мислам дека и на митингот од партијата на Бошковски слично нешто имаше... Крајно нецивилирано однесување. Однесување на ниво на човек од камено доба, мислам дека и тогаш ова не се случувало...
     
    На pink4ever и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    ^^ Мислам дека само во нашата држава може да видиш вакви глупости. Се собрале двајца без тројца и протестираат ни помалку ни повеќе, туку против опозицијата :o, во време кога четири години наназад опозицијата нема гласна буква во државата. Се прашувам дали постои држава во светот во која луѓето протестираат против опозицијата? Не постои. Добро е и во нешто да сме први :lol: Само не ми е јасно нели сфаќаат колку се провидни, па јавно ги читаа со име и со презиме дека сите се згрижени, вработени во државни институции, членови на Управни одбори, скапо платени со народни пари.
     
    На Phyramide и Offspring им се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Наместо крави и трактори пред седиштето на СДСМ, наместо лажни жртви на транзицијата, власта треба да направи РЕВИЗИЈА НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА. Зошто ,, жртвите,, на транзицијата не побараат од власат на направи ревизија на приватизацијата која од нив направила жртви, откако веќе убаво ни објаснија што се случувало во приватизациониот процес. Ревизијата на приватизацијата е заостаната обврска на ВМРО-ДПМНЕ уште од 1998-та, бидејќи нивниот клучен адут на кој ги добија тогашните парламентарни избори беше токму ветувањето за ревизија на приватизацијата.Во спротивно, зошто овие лица прават секојдневни ефтини пресови?
     
    На tanja6 и Offspring им се допаѓа ова.
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ја уште не сум видела Влада да прави митинзи и реклами против опозиција |( Мислам дека Македонија е првата земја каде се има случено протест против опозиционер (Бранко Црвенковски) затоа што не бил добар ...кога бил на влас еејјј :lol: И тоа од организиран од страна на власта...Разбирам протест против влада ,против премиер ,нормална појава е,ама против опозиционер?? :^) Стварно ВМРО со тоа паѓа ептен ниско и го покажува стравот.И ај тоа ама сварно нема смисла и е смешно :D И после што да кажат ЕУ? Браво многу сте паматни , по владата државата се познава.Место да се бави со решавање на проблемиве што на претек ги има,она ќе се занимава со протести..па нормално :tmi:
     
    На ludoto19, pink4ever, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас реков еднаш дека си ја има мувата на капата и ја ишка. Зошто инаку би протестирал против опозицијата која 4 години не е на власт, значи целосната власт во државава е на една партија. И тие протестираат против опозицијата. Друго логично објаснување освен ишкање на мувата незнам. Кој си ја има на капата, тој ја ишка.
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ^ E да Офии ама колку и да им смета мувата кај се видело и чуло да протестираш против опозиција бе еј :D Колку така само пише убедуваат дека се заникаде ни они не се свесни :wasntme:
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Јас морам во темава да вметнам еден настан кој што ми изгледаше толку траги-комично,а беше актуелен деновиве...
    Главниве решиле да го поместуваат споменикот на Мисирков некои три метра,поради Триумфалната капија,(најверојатно се мисли на триумф на глупавоста)а другиве начекаа рачка за докажување правдини и ајде на протест да докажеме дека сме Македонци и не го даваме Мисирков....ццццц...направија фешти.Добро на такви ситуации веќе сме навикнати,едвај се чека ситуација да се докажува кои се ајдуци,кои се антимакедонци итн.Тку мене највише ми забоде очи господинот преставник од Титовите леви сили кои дошол да критикува и да не го дава Мисирков(најгромогласно од сите) а внуката на Мисирков која исто така беше таму неколку пати ја нарече Бугарка,па да донела документ бла бла бла... и едноставно не можеше а да не ми помине низ глава прашањето ,што сака уствари авторов да каже?Докажува македонштини а потомокот на Македонецот го нарекува бугарофил,потомок кој се родил,живее во Македонија и го квалификува Мисирков како Македонец,и на крај дури и излегол да бара правда.Епа не ми е јасно стварно!
    :^) ....битно сите сложно не го даваме Крстета,ако да ги прашаш половина од нив појма немаат зошто уствари дошле на местото на настанот.

    Ама главниве како им вратија значи,они ќе направеле споменик од 6 метра на Крсте,ем поголем ем поубав...ами како,а не кажаа дека и поскап е,тука си поќутија оти скромни се,епа сега наше е да кажеме браво,гладни,голи,боси не е важно,Македонци сме си и има да ракоплескаме на деттските каприци на одговорните уредници на целата слика...оф мори мајко мила!
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    само едно имам да кажам
    крсте има кажано- македонците се поголеми бугари, и од самите бугари :o (значи тој не сметал за бугари)можете да проверите и на нет! епа сега видете грујо на кого му гради споменик! баш македонски патриот е крстета наш :D си се декларирал како бугарин :lol: ајде да видам сега, тешките патриоти што ќе ми одговорат на ова, баш сум нестрплива...
    2рата слика е на гоце делчев... не знам некако на македноски јазик ова не ми удира ...... така да.... ни јас сама не знам кого славиме
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      11,9 KB
      Прегледи:
      231
    • Ustavmakodr.jpg
      Ustavmakodr.jpg
      Големина на фајлот:
      41,4 KB
      Прегледи:
      231
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    А можеме ли сите ние да се заколнеме и да сме сигурни кој бил а кој не Бугарин или чист Македонец?
    Којзнае што се случувало во историјата. Зборот ми беше дека историјата како таква никогаш не е црна или бела од проста причина што оној на кој му се можело - ја пишувал онака како што сакал.

    Едноставен пример. Јас од дедо ми не најдов еден документ каде што е напишано дека е Македонец, или бил Бугарин или Србин. Јас знам дека тој не се декларирал себеси ниту како едното ниту како другото. Па ајде сега најди ја вистината ;)

    Како и да е, на овакви фарси сме веќе навикнати нели? Едни урлаат за некој, за кого најверојатно знаат многу малку нели ;)
    Мене да ме прашате, за никого не урлам, само за себеси и за моите родители! Ама Триумфална капија? Е тоа не.
    Тука некако здравиот разум, кој се надевам сеуште не сум го изгубила, а богами и естетското чуство не ми даваат да поддржувам вакви баналности за кои, за жал се трошат пари од народот.
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ е тоа да се согласувам, ама сакам да кажам дека смешно е да градиш споменик на некој што велел дека си бугарин! и на крајкраева минато е тоа!!! до кога ќе се живее со минатото?! изгради им куќи на луѓето што немаат покрив над глава во сегашноста, а не мадам тисо во бронзена верзија (не знам дали од бронза се споменициве, не сум се ни замарала да видам :?: )овдека ќе ми праиш низ плоштад! тоа ме нервира највеќе кај владава, ко се да ни е арно во државава, ништо не ни фали, па имаме вишок пари да ги гориме по споменици! да земам едно сукало и од глава да му го искршам ми иде :devil: има да вика ррр послеее како подмачкано :envy:
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Е дур владава наша разглаба кој што бил бугарин или македонец или јапонец ЕУ не прелета па сеа ќе се чешаме и ќе вадиме буграски пасоши за да добиеме што со нашиот неможеме..па после и за себе ќе си се пашуваме што сме :rofl:
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Мене ми е хумористичен моментот за банкротот на нашиот фонд за здравство очи у очи со дешавките со Крстета кој е умрен со децении,башка што не ми се чепка во историја,ќе се вознемирам,чуму толку припотресувања?!А допрва ќе бидат изложени на ризик бебуши,трудници,деца,стари и млади у време кога државичево тоне во криза(не кај нас лани не дојде кризата,ниту пак помина,ние во криза сме откако јас сум родена и растев во криза и живеам сега во криза,дерман да се немало) и една третина од населението спаѓа во групата на сиромашни и не може да си ги покрие основните трошоци за живот,а бонус трака на оваа компилација од лакрдии им е трошокот за лекување,кое очигледно ќе си го плаќаат приватно.А ако имале за приватно,не би биле будали редици да прават во државна болница,ќе си платат господски по приватните болници.

    Кво вадис Македонијо со се ова ѓубре од народ што ти натежнал?!
    Мене ми е страв,за вас не знам.

    Структурно тонеме лека полека.Нека е со помин,ние меѓувремено ќе се занимаваме со турски серии со цел да ја избегнеме реалноста,тешејќи се дека во серијата е прикажана реалноста,само малце поромантична,има љубов бре луѓе!За неа се живее,им е гајле,мажачката со богаташ као хепиенд е само финеса,не е муабетот за хепиендот де...мхм,да се потешиме.
    Црешичката е убавиот плоштад,еден убав,сончев ден,ако доживееме со нашево здравство,а и дали ќе се има пари да се доврши,туку за тоа ќе има,плукнати сме да придаваме значење на тривијалности.
    И една поведра тема,за нас со кисел шмек,надвор од темава шо ја начнав,додека на Шанзелизе светнаа божиќните сијалички,украси,елки,ние годинава се прашувам каде елка ќе ставиме?!Да беше Букефал готов ќе го искористевме,тараааам...на задникот,молим лепо.
     
    На De-lovely, Annath, GeorGinnA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Прочитајте го ова и ќе дојдете до заклучок - Магарето му вика на зајакот - Лелее зајко колкави уши имаш... :devil: Ееее, македончиња овчички..До кога вака не знам... :puke:

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129792
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не знаев ова каде да го сместам, па се надевам тука му е местото.

    Во врска со синоќешното тајно преместување на споменикот на К. П. Мисирков, вест објавена на А1.

    Коментар на некој граѓанин.

    :D

    Ах бре, трагикомедија е ова веќе :x Премести, закрпи, гради. Долга магарица. Чаталигубатали, кутнам бутнам, колку се?
    Нејсе. Не се исплати веќе да се пишува, ете чисто тој коментарот сакав да го споделам со вас ;)
     
    На Bokicka, Kika30 и BoaVista им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Латас ме уби!Ме демантираше!Лажат комунистите сеуште!!!Има пари,има пари!!!Ама дека се парите,кој ги зема парите?!