Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Така ами како, има све да се евидентира бре...канта, канта...утре кога ќе велите ѓубрето насекаде расфрлано нема канти, власта е крива, оп еве ти снимка, како нема,еве ги...:D
    Во секој случај јас пак си го сакам Грујо-домаќин човек е тој, на се си мисли... ;)
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Како нема да се пикнат они во кантите и ајт комплет сите во депонија. Ја незнам се заебаваат ли бре? Седам и се чудам, до каде со глупостиве бре, ало бре? Палми, канти... Аххххх... :x
     
    На BoaVista и Peperutka90 им се допаѓа ова.
  3. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Изгледа свесни се дека 1/3 од луѓето веќе почнаа во кантите леб да бараат за да јадат, па веројатно сакале и на нив да помислат со НОВИТЕ канти нели? По хигиенски да е :@ ! Нека се засрамат :@ :@ !
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Неможам да поверувам дека некој го поддржува проектот канти! Абе, вие свесни ли сте дека тие пари со кои они се расфрлаат за канти и палми дека ќе ги враќаме со години? Ние ќе ги враќаме, нема Грујо од џеб да си ги извади и да ги врати! Нормални ли сте вие?! Канти... Неможам да поверувам дека канти... Седам и си повторувам сама ко будала, "не е можно... канти" И дајте веќе тоа смајли што се крсти нека се вметне на форумов, имаме неверојатна потреба од него.
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Морам да ви кажам дека кај мене у школо веќе скоро месец стои у секоја училна канта и смее само хартии и чисти работи да се фрлаат и не смее мрсно нели, и ако ја оштети некој ќе плаќал сто денари а таа канта е картонска не вреди ни 10. Истотака, во хол има многу канти за хартии, за пластика за ова за она.. се чудев прво а второ никој па и да се обични листови не фрла во тие канти..
    Инаку за палмите..
    http://www.demotivacija.mk/newest/all/i ... a-637.html
     
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    А гледам ти сета математика си ја направила, уште да ми кажеш колку год. ќе ги враќаме парите и по колку од човек да знам да одделувам и за тоа, да не земам кредит за нова кујна :D
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    ^Не бе па ти, не части светов милиончиња редовно нас, нема потреба да ги враќаме. |(
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    ^^^ Скорпионке :) исправи ме доколку грешам, но јас твојов пост не го сфатив како поддршка, а напротив саркастично исмејување :rofl: , бидејќи богами си во право до некаде.. доколку е тоа, како што јас сум го разбрала. Па, тргнувајќи од мојот шеф како ги правда парите за проектите :lol: , па има нешто и вистина дури и во купувањето мали нешта. Процес на перење бели алишта, на центрифуга ќе му дојде сево ова, ем се сликнале луѓето. Па, освен доказ сметка од Грција, оп и сличе, фацата на Коцета наш, голем маж :D . Вчера, кога чув, пак и Есма, не ми се веруваше и се уште не ми се верува. Искрено се прашувам од каде ли ги црпат сиве овие идеи, кој е тој генијален, прекрасен ум кој што им ја осмислува оваа кампања, овој прекрасен ПР. Се, надевам само не фрлиле премногу пари за истото, бидејќи некако многу ... не ми текнува збор како да им го опишам... :rofl: ма у стил, селски кметови се збрале ко пиштолџии да прослават, свечено отварање на полски н*жник, во некоја од локалните куќарчиња. За доброто на општината е тоа еј! Нема шала, нема лабаво |(
     
  9. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Изборна афера ја тресе ВМРО-ДПМНЕ

    Притисоци закани и ветувања. Со овие алатки владејачката партија се користи за да обезбеди што повеќе гласови за претстојните избори. На удар се вработените во училиштата, фондовите, министерствата, државните институции.

    Во видеото можете да ги слушнете скандалозните сведоштва за начинот на кој од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се врши упад во изборниот процес кој вешто се менаџирал изминатите месеци.

    Ова се сведоштвата на раководителите и вработените во државните институции:

    „Како може да не гласаат. За нив се борам за медицинско оплодување. Имаат проблем со in vitro оплодувањето. Списокот за гласачи ако сакате ќе го проширам. Како раководител имав обврска да направам список од 30 луѓе“.

    „Списокот што го доставив гарантирам дека 1.000 проценти ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Како референт имав обврска да донесам листи од 15 луѓе. Тоа ми го наложи раководителот“.

    „Вработен сум во Фондот за здравство. Имав обврска да донесам 15 гласови“.

    „За работното место на ќерка ми требаше да донесам 15 гласови. Таа работи во училиштето „11 Октомври“.

    „Кога имаше локални избори истото го бараа“.

    Застрашувачките податоци слушнете ги во прилогот.

    Секоја чест за обелоденувањето на оваа афера со докази.
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    ^^Страшно :x
    Незнам друго што да кажам. Се знае дека пред избори има прљави работи, ама да уценуваш некого да ти обезбеди од 15-30 гласачи за да си го задржи работното место е страшно и жално.
    Ама тоа е, за пуста власт овие вмровците го изгубија умот, па незнаат веќе кај тераат. Газат преку се и секого.
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Абе јас знаев дека кога ќе дојдат пак на власт нема никој да ги тргне веќе :x
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15066406,00.html

    Свет | 11.05.2011
    Македонија и Србија пред визна суспензија

    Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:
    Европската комисија има предлог за суспендирање на визната либерализација за Македонија и Србија. Европскиот парламент стравува дека земјите членки на ЕУ можат да ги усвојат механизмите без консултација со нив
    Ситуацијата е алармантна, бранот на имигранти и бранот на луѓе кои доаѓаат од Србија и посебно од Македонија кои бараат азил во Белгија, Шведска или Луксембург, по барање на некои земји членки на ЕУ, на прво место Белгија побараа од Комисијата да најде решение за овај проблем.
    „Европската комисија подготви предлог за воведување на механизми за суспендирање на безвизниот режим. Тој предлог е ставен на маса за прв пат и поради тоа ситуацијата е алармантна“, вели во разговорот за Радио Дојче Веле, словенечката европратеничка Тања Фајон, која беше известувач за укинувањето на визниот режим за земјите од Балканот.
    Во моментот кога во Европа се водат сериозни расправии за промена на шенгенските правила, бидејќи има се повеќе и повеќе имигранти од Северна Африка и од другите места во светот, непочитувањето на безвизниот режим од граѓаните на балканските земји, доведоа до алармантна ситуација.
    Македонските власти треба да си ги исполнат обврските
    „Поради тоа јас мислам дека би било многу значајно да властите во Македонија го спречат заминувањето на имигранти од кои најголемиот број од нив се припадници на етничките малцински заедници кои бараат азил во Европа. Имаме исто така информации дека има се повеќе организирани мрежи на луѓе кои се занимаваат со незаконска трговија на луѓе и на незаконски начин ги доведуваат луѓето во ЕУ и Шенген зоната. Тоа се многу сериозни и алармантни информации“, нагласува Фајон.
    Словенечната европратеничка Тања ФајонBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Словенечната европратеничка Тања ФајонТаа стравува дека предлогот на Европската комисија ќе биде усвоен од земјите членки на ЕУ, без тој да биде разгледуван од Европарламентот.
    „Јас стравувам од тоа. Денес ќе имам средба со комесарката за внатрешни работи Мелмстром, бидејќи механизмот кој го има подготвено Комисијата за суспендирање на механизмите на безвизниот режим не се познати во детали, ниту колку време ќе трае таа суспензија. Има и друга грижа, од што исто така стравувам е дека тоа ќе биде механизам кој ќе биде усвоен брзо од земјите членки на ЕУ, без согласност на Европскиот парламент. Тоа значи дека би можеле две или три европски земји членки на ЕУ, кои имаат проблем со баратели на азил многу брзо да го воведат тој механизам за суспендирање.
    Одговорноста паѓа врз политичарите во Македонија
    Мислам дека тоа не би било добро ниту за граѓаните на Македонија, ниту за тие на Србија во овај случај. Слободата на движење е темелно човеково право и европска фундаментална вредност и се надевам дека сите ние ќе си ја завршиме својата работа и ќе бидеме одговорни, но одговорноста е повеќе на страната на политичарите во Македонија.“
    На прашањето што треба македонските власти да направат за да се запре бранот на азиланти, Фајон одговара:
    „Имавме повеќе разговори, Македонија треба да ги исполни сите услови. Таа веќе ги исполни во 2009 година, но работата со тоа не е завршена. Таа треба да продолжи и понатаму да работи на почитувањето на тие услови. Европскиот парламент во БриселBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Европскиот парламент во БриселЛуѓето треба да знаат што значи безвизен режим, треба да се спречи криминалот, да се гарантира безбедноста на границите. Мислам дека властите добро знаат што е важно и само треба да ги исполнат овие услови.“
    Бранот на азиланти од Македонија и Србија се должи пред се на многу лошата социјално-економска положба на ромското население, чии припадници се и најчестите баратели на азил.
    „Луѓето кои бараат азил, го бараат бидејќи немаат можност за добар живот и сé што е можно да се подобри нивната ситуација за да останат и имаат услови за добар живот во нивните земји би било се разбира корисно. Се разбира тоа значи издвојување на повеќе пари за тоа“, заклучува словенечката европратеничка Тања Фајон.

    Автор: Тони Гламчевски
    Редактор: Борис Георгиевски
     
  13. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Па нормално, треба да се преиспитаме каков народ сме, ние како луѓе не сме спремни за Европа,а после државата како држава. Кога ни дадоа прилика, визна либерализација, и што зборувавме? Е што е тоа не е ништо, не ни треба такво нешто,а сега ќе кукаме кога ќе ни ја одземат и таа можност. И после кој ќе ни е крив?
     
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Криви се тие кои ѓи пуштаа азилантите надвор од Македонија.
     
  15. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Кои се тие,навистина кој ги пушти?
     
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Имаш ли слушнато за гранични контроли?
     
  17. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    И ?
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    :rofl: Ти изгледа си озбилна... Па можеа да воведат некој ред, некоја контрола, како сега што ги применија оние мерки каде ти бараат секакви документи, дозволи зошто и како и каде одиш плус 1000 евра за тамошен престој.
    На граница не знаеја каде одат десетици организирани автобуси со роми и цела нивна покуќнина во вреќи?
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Па донекаде и ги оправдувам азилантите, и јас да немам пари за леб и никаква иднина ќе си барам азил. Треба државата пред се да ги обезбеди тие луѓе и да ги задржи тука, без разлика дали се роми, вакви или такви. Што ако почнеме сите да си бегаме од државава и да си бараме азил.
    Во однос на контролата кој би ги спречил да ја напуштат државата ако си ја имаат потребната документација, ќе кажат дека одат на одмор, кај роднини.. и врз кој основ би ги спречиле да поминат граница? Џабе е тука контролата, и мислам дека не се шверцуваат преку границата, зошто спомнуваш гранична полиција, па тие легално ја напуштаат државата и легално влегуваат во друга држава, ама неможат да ги избркаат после.
     
  20. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    ромите масовно заминуваат и бараат азил по белгија,шведска швајцарија и сл иако нема шанси да им се додели азил..ми текнува пред некој месец даваа на телевизија само не ми текиња за кое место кажуваа,за неколку месеца одделение во училиште се преполовило,ромчињата сите заминале фамилијарно во странство.и ја би сакала сеа да му ја летнам за швајцарија,ама размислувам кај би отишла,ко немам никој свој таму,што би работела како би се снашла,а тие многу многу не му ја мислат..бегајки од сиромаштијата спремни се на се,на секаков живот.ама нажалост поради ваквите неконтролирани масовни заминувања,ке ни го укинат безвизниот режим..странците одамна ја предупредуваат владата,требаше да превземе нешто а не да ги остави работите така..изгледа како да не се занима многу многу владата со тоа прашање..