Значи не ми кажувај што да правам.Фала богу глупава не сум.Сум била на натпревар во Борис да сум била во театар,не сум се сликала на плоштад што ќе ми е?Извини молим те ама може не можам да си приуштам такси или кола па морам со автобус да одам и сеа шо праиме?И тоа е копија од Лондон.Клима?Нема клима летно време се гушам во автобусите зимно време нема ни вентилација ни ништо, смрди на пот, неизбањато, лук. Моите фала богу не работат во државни институции и не ни треба нити надоместок за трето дете нити ништо пошто само мене ме имаат. Сте се фатиле за името и јазикот, нити ќе се учи албански нити името ќе го менуваат маркетиншки трикови се.Не гледате дека пола град ни е додатоци од Европа.. ужас и не ми кажувај ти на мене каква крв имам жити Господ оди описмени се *не се возам како студент беЗплатно пошто сум средношколка.Ај поздрав и не ме влечи за јазик.
Во двокатните автобуси има клима и има греење. Не е крив Груевски или било кој политичар ако луѓето не се бањаат, мирисаат на пот, лук и.т.н Ако ти си едно дете во семејството има многу луѓе што имаат 3 деца па надоместокот од 8 000 месечно им е од многу голема помош. Ако си средношколка, треба да знаеш дека и средношколците имаат бесплатен автобуски превоз. Сите Македонци треба да се фатат за името и јазикот, бидејќи со нивна промена нема да имаме идентитет (иако повеќето сдсовци со ова не се замараат) Ако промена на името е „маркетиншки трик“ објасни ја изјавата на Таљат http://news24.mk/dhaferi-sobranieto-a-ne-graganite-mozhe-da-odluchi-za-imeto-makedonija/ http://republika.mk/847573 Сдс не може да се справи со загаден воздух, не може да го украси плоштадот, што имаат направено? О да, ја укинаа РТД и воведоа евтина дневна струја што планираат да ја укинат
Како тоа јас кога ќе се качам во автобус нема ни клима ни бутур?И да имало ништо не останало.За вентилација зборам..и не ми ги извртувај зборовите молим ти се. Имаат бесплатна вожња да ако живеат на километар или километар ипол од средното, како и да одеше тоа. И што?Што ќе ми е мене бесплатна вожња кога секој ден е ЗАТКА и побрзо ќе се разболам во автобус да постојам 10минути него некој болен да ми кивне во лице. Јас не зборам за Таљат маљат девојко. Гласовиии, некој купува гласови со брашно некој со нешто друго. А ти можеш мене да ми ја објасниш зошто делат брашно,пенкала и глупости по куќи? Хм? Користете ја евтината струја дур ја има де. Похлепен народ сме само уште уште уште.Жедни сте за пари и моќ.Парите ви го вртат животот. Голема мизерија сме.
..актуелни политички прашања, не е само во контекс на проблеми со загадувањето! што со тоа дека веќе два месеци нема Министер за здравство, прв човек што ќе се грижи за тие што имаат проблеми за загадувањето ? Др.Таравари настапи амбициозно, ветуваше како прв човек во здравството, Министер за најосетлива сфера не е шала, ама ете не остави на цедило поради локалните избори човекот на време увиде каде се може да се манипулира подобро од централно на локално...а пациентите? два месеци никој не ги есапи??
Епа тешко се наоѓа како министер смрт Тодорофф.Ај доста со провокации и офф. Доста шириш вистина што е поактуелно од загадувањето.Бтв има заменик министер овластен да врши функција министер за здравство. И за некој ден ќе стане официјално д-р Филипче министер. И јас не предвидувам како тебе. Факт е. п.с.Министерот за здравство нема функција да есапи пациенти. Тој ги раководи одговорните за здравјето на пациентите-докторите.Што мислиш како правник Тодорофф заврши како министер смрт? Ете тој па цел мандат не поесапи пациент зошто не беше нит професионално обучен нит овластен за тоа. Деца ли да ве учат за ова а?
...Шилегов пред локалните избори вети ИТНИ мерки против загадувањето, арно ама сега кога го доби градоначалничкото место ТАТКО НА СКОПЈЕ, ееееее сега не се решава толку брзо проблемот со загадувањето, не е ова ,,реалити шоу,, треба на долги стази, една, две години... и Да, доколку од граѓаните некои имате идеи околу сопирањето на загадувањето, било какви идеи...повелете во негова канцеларија секој работен ден, ќе бидете ислушани вашите идеи, оти од толку идеи веќе нема идеи првиот човек на Скопје! ете рече, дека стратегија против загадувањето ќе има ,,утре,, , а тоа утре испадна да граѓаните ги дадат свои идеи во негова канцеларија, тој ќе зема кој знае колкава плата, а граѓаните ќе даваат идеи, алал да му е, му се восхитувам! ... ние не гласавме за заменици, ние гласавме за здраво здравство со прв човек Министер, замениците не можат да решат ниту да потпишат главни проблеми во сфера на здравството во врска со лекување, лекови и слично како прво, замениците се за еднодневна, неколкудневна замена, но не со месеци со што се блокирани сите процедури во здравството НЕМА ЗДРАВСТВЕНИ КАРТИЦИ, не функционираат ТЕНДЕРИ ЗА НАБАВКА НА ЛЕКОВИ И ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ, нема КОМИСИИ за решавање на посложени здравствени состојби и упатување во странство, нема вработување на недостаток на медицински кадар...а ваму заменик ќе работел, негов потпис не е ,,овластено,,секаде, како на Министерот ....оф ама на кого да се каже, најтешко е да објасниш на некој што не знае, а мисли дека многу знае и нема што не знае, а нема ниту искуство, ниту пракса ниту животен тек во тие води
^заменикот од премиерот Заев е назначен да врши должност на министер. Нема што ти да кажуваш и со сила паметна да се правиш. А за кој какво искуство и во кои води има нема што ти да коментираш има деца упс асистентки и во здравство. А ти ако работиш во здравство засрами се што не знаеш што е основна дејност на министер за здравство.Ама мене ми делува дека ти си тоа детето тука на форум што поима нема за што пишува или го мрзеше да пишува веќе. http://www.telma.com.mk/vesti/doktorot-venko-filipche-kje-bide-noviot-minsiter-za-zdravstvo
Јас мислам дека со оваа владина гарнитура, како министер за здравство најдобро би "легнал" Кили. Типот е вистински врач и плус успеа да открие иљач кој лечи све! Кили за министер!
Вo секoј двoкaтен aвтoбус имa климa и греење. Пoреткo се случувa сaмите возачи да не ја уклучат. Инаку можеби тебе не ти треба бесплатен автобуски превоз ама има многу средношколци, студенти и пензионери на кои им треба. Бесплатен автобуски превоз е огромен олеснителен фактор за многу семејства. Ти збореше дека маркетиншки трик било промената на името, затоа ти реков објасни ја изјавата на Таљат, дури и ти го постирав линкот. Зошто за тоа молчите? Се што пишуваш треба да ти биде поткрепено со докази, ајде постирај линкови,слики, имиња и.тн. за тоа кој купувал гласови. Дневна евтина струја има едвај 1 месец и сега сакаат да ја укинат, ама на сдсовец тоа не му смета. Такво нешто да направеше Груевски ќе се жалевме наредните 10 години. Јас никогаш не пишувам дека ме интересираат парите или моќта, мене ме интересира мојата држава во која не сакам да и се смени нејзино име,јазик, химна и историја. За разлика од мене секој сдсовец пишува дека не му е важно дали ќе се промени името најважно било да си ги платат сметките.
.. Овие месеци, активности на заменик министер за здравство во одсуство на првиот човек Министерот за здравство, се состои од обраќање, од поздрави, од подршка на актуелни медицински збиднувања ... 11.2017 Светската недела за рационална употреба на антибиотици, заменик министерот за здравство д-р Гоце Чакаровски се обрати на Третиот симпозиум за Здружението на специјалисти по семејна медицина. 11.2017 Светската недела за рационална употреба на антибиотици, денеска заменик министерот за здравство д-р Гоце Чакаровски се обрати на Третиот симпозиум за Здружението на специјалисти по семејна медицина. 11.2017 заменик министерот за здравство д-р Гоце Чакаровски ги поздрави присутните гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози, интензивисти и медицински сестри од цела држава, кои се дел од обуките што се одржуваат во следните неколку дена за најнови методи за клиничка дијагностика, за пред и постнатална грижа. Обуките ги одржуваат истакнати професори од Амстердам. ...пацинети немаат основни животни лекови кои се прескапи и се снаоѓаат на црно од другите соседни држави (прашање на исправноста на такви лекови) тука спаѓаат хормони за раст, за леукемија, за мултиплекс склероза, антиканцерогени лекарства за различни типови, за увоз, за отварање на тендер одредува само првиот човек Министерот за здравство, потписник за Електронски здравствени картици или ако повторно се воведат здравствени бонови...нема одлука, пациентите немаат валиден здравствен документ, нема доктори во примарно здравство на многу места, Драчево нема матичен гинеколог, нема медицински сестри доволно се затвараат хирушки сали и се одложуваат оперции поради немање нов примен кадар од инструметарки, медицински сестри...итн сето тоа главниот човек Министерот за здравство одредува вработување, комисии за здравствена нега и друга услуга на пациенти одредува Министерот за здравство... доколку следната недела не се одреди Министер за здравство ќе биде целосен крах во Македонското здравство, па макар имало негови десет заменици .... п.с. Села нема толку лесно ,,да го пушти,, Министерското место во здравство!, а тоа ,,Телма,, што пишува ама баш не е ништо сигурно апсолутно !
За кое генерализирање поточно збориш? Ако нешто не ти е јасно разгледај ги мислењата на сдсовците и спореди ги со оние на ВМРО
Не им е сеедно на СИТЕ сдсовци дали ќе се смени името,или ти го знаеш ставот на сите сдовци? Ама тоа е вмровската логика што ја подели државава,ако не си со нас ти си предавник,сороспија и одработуваш за странски амбасади
Ајде убеди ме дека не е така Секој што мене ме цитираше на форумот ми рече мене не ми е важно како ќе се вика државата нас ни е важно да си ги платиме сметките. Ми пишуваа дека не е важно како се викал АЈРОдромот и дали ќе се рушеле спомениците важно било да бидат најадени и напиени. Епа како да се наречат тие луѓе патриоти? Секогаш ќе биде поделена државата бидејќи едните ќе се залагаат да се зачува историјата, идентитетот, јазикот, името, химнтата и државата, а другите ќе велат сеедно е само џебот да ни е полн
Токму тоа сакав да ти го потенцирам,познавам повеќе луѓе кои се членови на СДС(ко што ги нарекувате) кои што се поголеми патриоти од сите вмровци заедно. Затоа ми засмета твојата генерализација.
Ако се смени името Рамковниот договор не важии!! ? Затоа што мислам дека тој важи за Република Македонија не за Нова,Вардарска итн... Македонија. Затоа им се брза со законот за јазици. Ој Аљии(Аце) Ој Талат (Трајче) Кукууу нонее Ќе се вратат во џунглата кај што припаѓаат Уште да имавме закони добро ќе беше
И јас знам еден куп "патриоти" кои името не го даваат, ама трчаат да се пишат блгарчета за да земат бугарски пасош. Многу од нив се прилично активни низ форумов
Ама ти мене очигледно не ме разбираш? ИМАМ СЛОБОДНО ВОЗЕЊЕ ЖЕНО ти викам зошто немаат тие што се на оддалеченост под 1км од школото Бог да чува и да брани сте. Имам 16 години не ме тормози со непотребни работи.Не си ми ти мене ништо за да прикажувам докази овде, ем неќам ем сметам дека не се потребни.А кога ќе најдам ќе ви ги плеснам во фаца таман тоа брашното да ви го зачистам од пред очи.А со маиците што ви ги поделиле можете прозори само да бришете пошто се чиста синетика и не ви вредат за ништо освен за по митинзи. И да маркетиншки трик е пошто во Македонија 28% се Албанци, тие гласови му влијаат на Заев да дојде каде што сака.Затоа он рече ќе се учело албански лево десно колку да земе гласови.А за името не сум чула такво нешто поврзано со него.
Прво зборуваше дека ти било сеедно што имало бесплатен превоз. Потоа велеше дека немало клима и вентилатори, а луѓето биле небањати. Ти дадов одговор на двете прашања,а ти пак не ја искоментира изјавата на Таљат. Зошто да има бесплатен превоз за некои што живеат помалку од 1 километар од школото? Па тоа е патетично, само за џабе ќе зафаќаат место во автобус, а ќе се возат едвај една станица. Голема работа ако се раздвижат помалку од 1 километар. За твои 16 год. многу детинесто се однесуваш, поработи на начинот на изразување, а за да не те тормозат не пишувај на форумот. Кого за некого пишуваш дека делел брашко, маици и др. објави си слики, не е убаво да измислуваш. Попис за тоа колку Албанци има во Македонија не е направено, некои велат дека се помалку од 20%. Штом не си слушнала изјава за промена на името, еве една на Заеб па објасни ја.
Ај вака пошто сум од телефон сега.Здравје Боже да не раздени ќе станам ќе се уклучам од друго место и ќе збориме.Важи? Ајт лека ноќ сега. А утре се што не сфаќаш ќе ми ти разјаснам. *слободната важи за превоз низ цело Скопје а не само за од дома до школо тоа ми е муабетот.Што ако школото ми е на 10минути од домот пешки кога искачањето или домовите на другарките се подалеку?Конташ што сакам да кажам?