Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Исто како што се наоѓа тешко министер за живот. Така покажува фактичката состојба. Приоритети.
    Точно.
    Пак точно.
    Да. Во некој нареден живот. Ова што се прави е надвор од границите на Рамковниот. Тој одамна престана да важи.

    --------

    Прво зборувавте дека промената на името и законот за јазиците се вмровски спин. Видовме дека не се. Сега се помиривте дека е вистината таква и зборувате дека истово ќе води до прогрес и оти вам другото ви е сеедно. Едвај чекам да видите дека тоа нема да се случи.

    Новата Македонија наскоро ќе изгрее, заедно со новиот јазик, новата црква и новиот идентитет. :clap:

    Речиси сум сигурна дека, да имаше ВМРО 60+ пратеници, ова немаше да се случи. Минатите Влади, не за џабе го избегнуваа ваквото решавање на македонското прашање. Сега, ќе мора и тие да потпишат.

    Прогресот кој го очекувате, ќе се случи, но само во насока на федерализација и ништо повеќе од тоа.
     
    На carangigia, "Zoki", H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Во право си.А знаеш зошто е толку тешко било каков министер за здравство да се назначи?Бидејќи тоа е единствено министерство во кое не тече чиста пара за лесно да се лапне.Таму начекуваш неразрешени ситуации од минат министер независно од која партија бил и те чекаат милион проблеми кои се очекува министер за здравство со магично стапче да ги реши за одма.Не оди тоа така.Таму има мачење за ништо,зошто колку и да се трудиш секогаш некој нема да биде задоволен,бидејќи нема доволно средства од буџетот кој Владата го распределува на Министерство за здравство кои ќе ги решат сите здравствени проблеми на сите болни во државава. Едни ќе те величаат а други плукаат.Ете затоа е тоа така. А и министрите го знаат ова па повеќето прифакаат позиција министер за здравство за престиж,за лични интереси со веледрогериите и добавувачи за во џеб де или за да се сликаат еденмандат и чао пријатно таму кај што лежи лесната пара.
     
    На galapce, Gosh, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ..Queen..1998

    ..Queen..1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Според мене министер за здравство секогаш треба да биде некој познат т.е докажан врвен доктор, кој си ја знае работата. Кој знае што му е потребно на нашето здравство ...
     
    На galapce, Asistentkа, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Само ова не ми е јасно. Како нема средства? Па секој ден вртоглаво се задолжуваат.
     
    На zuto, H.VAGA, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека има средства и те како, само се трошат на глупости парите
     
    На galapce, Gosh, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Да ама од задолжувањата колкав процент пара капнува во министерство за здравсравство си подразмислила. И се што се префрла кон министерство за здравство е премалку.Не стига за пациенти а здравството тоа ли опфаќа само?Не треба нови објекти да се градат,да се реновираат постоечките?Платите на здравствените работници се најниски во овој домен. Зошто сите искусни доктори избегаа на приватно а помладите во странство?Затоа што во здравството е очајно.Нема доволно средства за достоинствени плати а камо ли за нешто најважно-здравјето на граѓанинот.
    п.с. споредба почетник општ доктор во ординација што ја држи поискусен доктор зема месечно околу15 000,а УЈП кажа највисока месечна плата зема доктор приватник 225 000евра(Жан Митрев-Филип 2ри). Која разлика а???
     
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Каква градба на нови објекти, што е предвидено да се гради? Најголем дел од буџетот треба да иде во здравство и образование. Пак, приоритети.
     
  8. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    На нови објекти во здравството,на тоа мислам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Тогаш ок. Ами кај се да почнат? Потрчаа прво имево да го решат.
     
    На zuto, carangigia, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Е ај кај се и јас тоа велам. Тргни застани се.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.449
    Филипче нов министер за здравство.
    Зошто волкава лавина на негативни коментари? Бил советник на Тодоров и потписник на контра пленумот.
    Зошто Заев става ваква личност на најпроблематичниот ресор?
    Докторот е врв, лично сум била кај него.
    Еден од најдобрите неурохирурзи.
    Сдсм упорно сакаше овој ресор да биде во нивни раце, и нормално.
    Ама ова со Филипче? А мислев дека е добар кадар. Ете Јоци јавно го валка и го дотепа цел ден. А да ме извини ама не му е ни до колена.
     
    Последна измена: 18 декември 2017
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    Каде објавија дека е он министер!?

    Одложено е за 25декември...бруки се, бруки..ми иде од газов да си гризнам што гласав за тие неспособни преваранти и продадени души без образ.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.449
    Зошто?
    Еве кажи што му фали на Филипче?
    Луѓе се скока за секој кадар, а порано јас еднаш не прочитав нешто за некој министер кога се поставуваше. Сега сите се знаат.
     
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    Не реков ништо за него оти нема ништо официјално. Што знам, немам чуено нешто особено, ни позитивно ниту негативно.
     
  15. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    ...цитирам,,,...најнеопходните скапи лекови за специфични болести -Има !, ама пациентите не можат се уште да ги добијат поради административни проблеми...! ,, вели заменикот за здравство д-р Гоце Чакаровски,
    да имаше доблест, заменикот требаше да каже дека скапите лекови за специфични болести - Нема ! оти истите се заглавени во увозните и тендерските постапки поради немање Министер за здравство кој единствено е тој потписник за такви активности !
    денес 18.12.2017 понеделник, се уште немаме Министер за здравство !
     
    На zuto, carangigia и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Само за ова сакам да прокоментирам.
    Според тоа како е направен системот, картичките воопшто не биле ни потребни. Се внесува ЕМБГ на пациентот и излегуваат сите податоци. Значи државата наплаќала за сосема беспотребни здравствени картички.
    Е, сега, дали е добар ваквиот систем? Сметај дека за било кој да ја види твојата здравствена историја потребно е само да има пристап до системот и да ти го знае матичниот број. Малку катастрофално, нели?
     
    На Baby-bubu, Yowannty, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  17. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Сите промени кои се направени во МКД им се допаднало на некои или не, сакале некои или не, ТИЕ МОРААТ ДА СЕ СПРОВЕДАТ, ете ќе дадам примери од различни сфери од животот :
    - аналогна ТВ е исфрлена во интерес на 100 % дигитална !
    - регистрациите на автомобили ознаките што се нови, нели?
    - екстерното полагање ( во образованието) ,
    - исклучување на евтина попладневна, ноќна тарифа на електрична енергија,
    - забрана на користење на скара на дрва и задожително користење на ростфрај садови во рестораните,
    - забрана на пушење во јавни установи, ресторани,
    - забрана на продавање на алкохол по супермаркети после 19 ч,
    - дури има тенденција за забрана на сервирање на храна во големи количини во чинија по ресторани, туку да биде минимално како оброк,
    - забрана на користење на бионеразградливи најлони по супермаркети или наплата на истите и користење на картонски и биоразградливи најлони,
    - воведување на биометриски документи за лична идентификација, возачка...итн
    - воведување трансакциона сметка при плаќање и подигање на личен доход и други платежни манипулирања !
    - воведување на РТВ такса
    - воведување на дигитални водомери ( не обични водомери)
    - воведување на автоматски осигурачи по домаќинства ( не со бушони)
    - воведување апарати за индивидуално мерење на парното ( во тек )
    - задолжителен противпожарен апарат во автомобилите и домаќинствата
    и да не наведувам уште примери од други сфери, ете и во здравството покрај другите работи ќе дадам неколку примери:
    - воведување на Електронска здравствена картица, Мој термин, приватизација на примарното здравство со воведување на матичен лекар (стоматолог, општ, педијатар, гинеколог и крајно матична аптека), обврска за ЗАДОЖИТЕЛНИ месечни, годишни систематски прегледи НА РАБОТНИЦИТЕ, задожителни прегледи на граѓани НА ОПРЕДЕЛЕНА ВОЗРАСТ, лабораториски анализи како и други дијагностички испитување кај жена дојка, матка, Пап тест, со написмено известување на домашна адреса (безплатно)... итн
    Сето тоа е со препорака на ЕУ, за своето членство и за тукушто примените држави, а ние како Македонци и како Македонија ,,што чекаме во чекална на ЕУ,, ги исполнуваме ДОБРОВОЛНО нивните препораки иако не сме нејзина членка за да се ,,удвараме,, и побрзо влеземе...
    така да кој сака нека биде на Власт МОРА СЕТО ОВА ДА ГО СПРОВЕДЕ, ако сака во ЕУ и ако сака богами да побара и ДА ЗЕМА КРЕДИТИ од ЕУ.... :!:
     
    Последна измена: 18 декември 2017
    На zuto, carangigia и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Така е, благодарение на ВМРО и интернетот е побрз од пред 11 години што беше.
     
    На galapce, Mishela, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Интернетот во Македонија беше порано преку телефонска линија (дијал- уп) спор поради самата технологија нели? потоа се појавија оптичките кабли т.е оптичка инсталација со што интернетот стана побрз, сега сето ова зависи од независните провајдери ( Телеком, Вип) кои користат најнова технологија независно нели, од други структури од власта, тие си водат сопствени бизниси!
    но, само да спомнам дека постојат ,,афери,, докажани ем недокажани за земање високи провизии токму од ,,некои од власта,, од овие фирми, пример ,,Телеком афера,, која требаше СЈО да ја спроведе, а не ја спроведе- до тука, натаму не објаснувам! :x цензура !!!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Куку нонеее, и Бонева ја подбраа за патарините
    http://a1on.mk/archives/833928
    Па и странските служби на Грујо
    http://plusinfo.mk/vest/137733/sjo-otvori-istraga-za-stranskite-sluzbi-na-gruevski
    Раскол во дпмне- Милошоски и Димовски против местењето на Мицковски од страна на Грујо
    http://plusinfo.mk/vest/137739/rask...ki-otvoraat-front-protiv-gruevski-i-mickovski

    Многу настани на денот, да не може човек да постигне :)
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На makedonkamak, galapce, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.