Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,395
    Gender:
    Female
    Јас само се надевам Бонева ќе скапе во затвор... 100 илјади евра за патни трошкови :x со лажни патни налози.
    Алал нека и се парите.
    Нека ги троши за сапун и цигари во затвор.

    Патриотика :inlove: го следела примерот на н. г.
     
    Justicija, galapce, JuLleE and 7 others like this.
  2. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2016
    Messages:
    681
    Likes Received:
    1,268
    Gender:
    Female
    ...да, да си велам да кисне во затвор струмичанката што патни трошкови беа тоа, но не сама туку заедно со колешката од Гевгелија која исто испотрошила толку, па уште повеќе затоа што е уште активна во трошењето :(... единствена разлика е што првата е мачкица, а втората маторица :D
     
    zuto, galapce and carangigia like this.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,395
    Gender:
    Female
    Јас ви предлагам да излезете и да протестирате за МАЧКИЦАТА да не иде у затвор :rofl: :rofl:

    Или масовно организирајте се за неделни посети во зандана да и шверцувате цигари на МАЧКАТА БОНЕВА :drunk:
     
  4. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2016
    Messages:
    681
    Likes Received:
    1,268
    Gender:
    Female
    Едно научив, околу Протестите во Македонија за да бидат успешни потребен е следниот рецепт:

    [​IMG]

    - по 10 кг боја по можност, црвена, зелена, жолта па и плава

    [​IMG]

    - четка, по можност пластичен пиштол за боја , а може и платнен катапулт

    [​IMG]

    - качулка или дуксерица со капуљача и темни наочари

    [​IMG]

    и најважно, креативност на било кој зид само не на сопствениот! 8)
     
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,962
    Likes Received:
    14,028
    Gender:
    Female
    Толкава им е свеста за заедничко добро, не се свесни дека мајмуниве крадејќи ја државата всушност крадат од нивниот џеб. Небаре им фрлиле некој денар од крадените пари. Ако краделе, важно се нивни!
     
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    4,170
    Likes Received:
    53,179
    Ја да организирав протести, немаше Шарена, него Гомнена револуција ќе се викаа. Со цистерни од канализација ќе се збираше, и по градов ќе се ,, зачистуваше ,,.

    Да се види убаво што народ сме, доста се криеме испод античките фасади...
     
    Nausicaa, +++, Feminka22 and 8 others like this.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,601
    Likes Received:
    55,724
    Gender:
    Female
    http://www.press24.mk/ponishten-oglasot-za-avtomobil-od-35000-evra-za-direktorot-na-traumatologija

    Да,поништен е?
    До кога,дур поминат неколку денови,да подзаборави народот? :D
    Ова му иди нешто слично ко:Ако можеше Груевски да набави автомобил од 600 000 евра,видете ме мене,обично директорче оти да не се возам во скапа кола бе8)
    Уф,душичка тој не можел да најде досега шофер никако:^)
    Ах,златен Грујо сите ги вработи,ете затоа нема ниту еден слободен шофер:P

    Нели поскромни ќе беа,оној пред некој ден бил стресиран леташе со бизнис класа до Бразил или каде и да беше,а другиов немал шофер за неговата скромна кола,па сега удри мујо,дај ќе купиме количе од 35 илјади евра,не се многу,шо:wasntme:

    Ај нека ми објасни некој,како тоа да мора да се купи автомобил толку скап,за обичен директор,а од друга страна сам вели:во долгови сме,нема пари болницата ни за лек,дрн дрн дрн8)

    Сите се да се запалат на клада,оти крвта ко лилјаци ни ја исцицааа,и уште не цицаат.
    Нека платат сите од Бонева до директорчиња и останата багра.
     
    Last edited: Dec 19, 2017
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,962
    Likes Received:
    14,028
    Gender:
    Female
    Тоа е проблемот, влегуваат во политика вошки ненајадени и буџетот го сфаќаат како извор за лично богатење. Ќе ги фатат на дело, па после глумат лудило или стануваат хуманитарци, донираат наши пари во хуманитарни цели.
    На народот му скисна од лопови. Тотално сме потонати во беда и сиромаштија, режимот изминативе 11 години не доведе до дното, но овие сегашниве нема ни две години да дочекаат ако тргнат по тој пат. А тргнаа веќе.
     
  9. Priroden

    Priroden Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2015
    Messages:
    806
    Likes Received:
    2,977
    Gender:
    Male
    Oва со гвујопаторот и слугите негови Милошоски, Димовски демек се бунеле нешто е типичен циркус у стилу "Миле ми текна, а ја демек го фаворизирам Мицкоски, вие демек незадоволни и на крај Попоски ќе го избереме после 2 месеци. Ама нека почне Филип Пртровски прв со негодување за притисоци. Од причина шо него го прибравме после тоа шо јавно не пцуеше у демократска десница. Народов ќе мисли, Филип еднаш сврте грб, кога тоне бродот ете го пак. Кога веќе ја си идам, дај да им продадеме приказна на луѓето"

    Ова го мислам од причина шо буквално никој од тие собрани у тој комитет не смее да помисли да зборне, а камоли јавно у писма да кажува дека нешто не ваља у партијава и пошо не смеат ни до вц да идат без да го прашааѕ него и бате саше. Мислам слушнавме у разговорите како Гоца и Ставре(осврн овој два три пати)кога зборат за него зборат за претседателот, страв им беше името да му го изговорат а не преврат у партија да праат.

    Уффффф досаден ден чим почнав да им ги анализирам состаноците на извршен на вмороните.
     
    Elen4e_sonce, Yowannty and JuLleE like this.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,962
    Likes Received:
    14,028
    Gender:
    Female
    Интересна теорија. А што мислиш, зошто ја прават таа претстава наместо директно да го назначат Попоски?
     
  11. Priroden

    Priroden Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2015
    Messages:
    806
    Likes Received:
    2,977
    Gender:
    Male
    За да се претстават како подемократски барем пред народов шо ги гласал до 2016, демек ете ќе почекаме уште 2 месеци да не биде и многу набрзина и за да не го зборат грујо дека он го одбрал новиот лидер туку дека му се спротиставувале. Попоски беше само пример.

    Право чудо ќе е за мене ако ова не е претстава, после 11 години едноумие, после дебакл на локални до пред 5 дена сите исто изјавуваа, прв почна Филип со прриказните за притисоци
     
  12. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2014
    Messages:
    1,696
    Likes Received:
    2,713
    Gender:
    Male
    Се надевам дека има и други како Бонева без разлика на партија да бидат обелоденети и доколку имаат земано пари незаконски, а со тоа ја оштетиле народната каса ( џеб).
    Парите да ги вратат или да им се конфискува имот во таа редност.
    Јас верувам дека има многу Боневи во Македонија...
     
  13. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Joined:
    Dec 11, 2016
    Messages:
    27
    Likes Received:
    27,995
    Gender:
    Female
    Се додека не се спроведи потекло на имот,а со тоа и конфискација на истиот,а пред се тоа да е без разлика на тоа кој од која партија е,ништо не бидува.Сето тоа кај нас ми изгледа на невозможна мисија,барем од сето досега.Години уназад од осамостојувањето па до денес,само слушаме,меѓу себе се расправаме,секако зависно од тоа кон која партија ни се симпатиите,па само оние друѓите ни се пример за непоштено работење,работата ќе биди-кучињата си лаат,караванот си врви.И не е битно дека сме го достигнале дното,важно е ,,нашите да се на власт,,,па ќе им ракоплескаме и ќе се гордееме додека ете баш тие живеат удобен и лагоден живот,а ако не ни остават ниту трошки на трпезата не е важно.Не сум наклонета ниту кон едни,ниту кон друѓи,напишаново важи ѓенерално за сите,и власт и опозиција.
     
    Црна Ружа and Rama like this.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,200
    Likes Received:
    222,313
    Gender:
    Female
    Каде беше онаа сликата што кружеше низ фб со овците. Пред гласање и после гласање.
    24/7 рекламации со ова ќе направиме она ќе направиме и на крај никаде ги нема или пак ќе направат нешто па ќе украдат 10 пати повеќе, па после некоја година се тоа ќе падне оти не е квалитетно ами замаскирано. И се така во круг. Народот овци па ќе ги стрижеме веќе кујзнае колку години.
    Ќе се истепат меѓу себе за партии и гомнарии а овие лапат и ви ср смеат.
    Стоки сме и ние.
    Кај политичариве дно дна ама ние што цветки дан не сме што се тепаме за овие горнине милијадери?
    Мизерии беше мизерии ќе си остане.
    Това е.
     
    Lejla8, LollySky, Rama and 3 others like this.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,107
    Likes Received:
    266,908
    Имаше закон за конфискација, знам учевме на факултет. Нема шанси да заборавам, кривичар сум. Знам проф. Тупанчевски предаваше. Што стана со законот? Мислам ја опфаќаше и проширента конфискација, или да појаснам потекло на пари и на пријатели дури.
    Треба да гуглам. Да не го укинаа? Има некој тазе од Правен да разјасни дилема?
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    4,101
    Likes Received:
    11,428
    Gender:
    Male
    Опширно Соопштение по повод најавите за ратификација на Истанбулската Конвенција

    Евангелско Протестантска Иницијатива (ЕПИ), асоцијација на евангелско-протестантски цркви во Република Македонија, изразува целосна и недвосмислена поддршка на клучниот сегмент на Истанбулската Конвенција - осудата на и борбата против сите форми на насилство и дискриминација врз жената.

    Владата на Република Македонија на својата 41 седница го усвои предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција. Сепак, внимателна анализа на Истанбулската конвенција покажува дека нејзината ратификација носи со себе повеќе ризици и проблеми отколку решенија за конкретниот проблем. Нејзиниот опсег е многу поширок од насилството против жените и домашното насилство. Одредени делови на конвенцијата се контроверзни и во спротивност на меѓународните конвенции за човекови права и како такви не би смеело да влезат во собраниска процедура без консултација со експертската и пошироката македонска јавност. Дел од проблемите што се јавуваат со Истанбулската конвенција се:

    1. Контроверзна дефиниција на „род“

    Со Член 3, точка в, Истанбулската конвенција кодифицира контраверзна дефиниција на „родот“ како општествен конструкт што е независен од биолошката реалност. Оваа дефиниција е во контрадикција со актуелните дефиниции во меѓународното право (на пример со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд). Негирањето на постоењето на разликите меѓу двата пола има сериозни правни последици што можат да се одразат на родовите политики и слободата на религијата. Истовремено, во Член 9 од Уставот на Република Македонија се користи терминот „пол“, а не „род“.

    Корените на оваа дефиниција се во парадигмата позната како „родова перспектива“. Заговорниците на оваа парадигма признаваат дека „полот“ како биолошки факт постои, но, спеак тврдат дека концептот „род“ е многу поважен. Притоа, сметаат дека родот е едноставно општествено и културно конструирана улога што не е поврзана со биолошките критериуми, и како последица на тоа, може да се менува според волјата. Парадигмата на родовата перспектива ја замаглува категоријата „род“ со цел да ја направи секоја разлика меѓу мажите и жените нерелевантна. Целта е да се создаде „двосмислен род“ и со тоа да се елиминира „бинарниот поглед на полот“. Како последица, она што е невозможно со терминот „пол“ станува возможно со терминот „род“, кој може да се менува според волја. Со други зборови, она што треба да се смени не е нечија перцепција ако таа не одговара на видливата реалност. Напротив, видливата реалност мора да се смени и прилагоди на нечија перцепција.

    2. Ограничување на фундаменталното човеково право на родителите да се грижат за образованието на своите деца.

    Истанбулската конвенција со Членовите 14, 28-35 го ограничува правото на родителите да бидат основните едукатори на нивните деца во согласност со своите верски и филозофски убедувања. Ова фундаментално човеково право е гарантирано со Универзална повелба за правата на човекот, Член 26, Меѓународен пакт за економски, социјални и културни права, Член 13, Протоколот кон Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, Член 2. Правото на родителите во овој домен е дефинирано и во Законот за семејство на Република Македонија Член 8 и Член 46, став 1. Со Истанбулската Конвенција се ограничува правото на родителите да се спротивстават на контраверзните образовни програми што на децата им го претставуваат родот како „општествен пол“.

    Она што всушност се случува е искуството на значително малцински број на луѓе се користи за да се оправда идеологијата на радикалната индивидуализација и само-дефинирање и како таква да им се наметне на огромното мнозинство. Не само што родовиот идентитет е дефиниран како социјален конструкт, туку за него се тврди дека треба да биде истражуван од најмала возраст. Сега веќе се нагласува дека и на деца од предшколска возраст треба да им се предочи дека родот и полот се две различни категории и дека родот како таков е флуиден, додека пак биолошкиот пол е само физички факт кој не значи ништо за самоопределбата на една личност, била таа и на тригодишна возраст. Обидите да им се излезе во пресрет на малкумината (дури и со најдобри намери) го изложува на конфузија и може да му наштети на мнозинството. Како што стојат работите во моментов младите децата се заморчиња на социјален експеримент кој не е подложен на ригорозните законски норми на кој било продукт или метода ако стануваше збор за лекови во медицината, козметичките препарати или прехрамбената индустрија.

    3. Стигматизација на хетеросексуалниот моногамен брак

    Во Член 12 од Истанбулската Конвенција стои: „Страните ги преземаат потребните мерки за промовирање промени во општествените и културните шаблони на однесување на жените и мажите, со цел искоренување на предрасудите, обичаите, традициите и сите други практики кои се зановаат врз идејата за инфериорност на жените или врз стереотипните улоги за жените и мажите.“ Ова значи дека бинарниот поглед на човештвото и бракот што се дел од најголемите религии можат да бидат стигматизирани како „традиции втемелени врз стереотипни улоги за жените и мажите“. Верувањето дека човештвото е дизајнирано за хетеросексуалност е обликувано од древни религиски и културни сили, кои мора да бидат почитувани како дел од интелектуалната различност. Одредбите на Истанбулската конвенција кои го негираат бинарниот поглед на човештвото и бракот како хетеросексуална заедница на маж и жена се во колизија со учењата на сите големи религиозни учења и заедници.

    Ја користиме оваа прилика да истакнеме дека ова се само дел од контроверзните членови на Истанбулската конвенција.

    Насилството врз жените и домашното насилство, за жал, претставуваат реален проблем што мора да се адресира. Сепак, понудените решенија преку ратификација на Конвенцијата во суштина најмногу се однесуваат на конструирани проблеми поврзани со „родовата перспектива“ во рамките на ЛГБТ движењето. Загрижува фактот што вакви социјални експерименти се спроведуваат под плаштот за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, и е еден вид на суптилна злоупотреба на жените од наводните борци за правата на жените.

    Ваквите социјални експерименти се наметнува како норма, меѓу другото, и преку политички механизми, не даваат гаранција какви ќе бидат последиците ако со него се продолжи со несопрено темпо.

    Оттука, произлегуваат две можности за Република Македонија во однос на ратификацијата на Истанбулската конвенција:

    А. Нератификување на Конвенцијата.

    Република Македонија ќе остане само потписник на Конвенцијата, и ќе ја фокусира енергијата во изготвување на законодавство за заштита на жената што соодветствува на македонските општествени и културолошки специфики, без притоа да внесува контраверзни концепти кои се туѓи на нашето општество.

    Б. Ратификација на Конвенцијата со резервираност по одделни членови.

    Доколку носителите на одлуки сепак инсистираат да ја ратификуваат Конвенцијата, тогаш препорачливо е тоа да го направат со следната резервација:

    „Република Македонија истакнува дека дефиницијата за „род“ што е дадена во Член 3 од Конвенвијата ќе се интерпретира и разбрита (без предрасуди кон / во согласност со) вообичаеното и широко разбрано значење што му се придава на тој термин, а се однесува на двата пола, машки и женски, во контекстот на општеството, а во согласност со Извештајт од Четвртата светска конференција за жени и Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд.“

    Од таа причина ЕПИ од надлежните институции и општествени сегменти бара запознавање на јавноста со содржината и значењето на Истанбулската конвенција, како и започнување на широка јавна дебата преку која ќе се искристализираат придобивките и адекватноста од ратификацијата на Истанбулската Конвенцијата и воедно:

    - Ја повикуваме Владата на Република Македонија да ги консултира претставниците на верските заедници во РМ, кои претставуваат/застапуваат повеќе од 90% од народот. (Особено околу Чл. 3ц од И. Конвенција, каде се кажува дека „род ќе означува општетствено креирани улоги, однесувања, дејствија и својства кои дадено општество ги смета за соодветни (appropriate) за жени и мажи“. Во потцртаниот дел е шансата РМ да не дозволи релативизирање на значењето на поимите „машки род“ и „женски род“ надвор од „тоа што во нашето општество се смета за соодветно за маж/жена“.

    - Ја повикуваме Владата на Република Македонија да го следи примерот на поконзервативните земји од ЕУ по ова прашање, како Полска, Ирска и др., а не на најлибералните, со оглед на нашето општество, кое може да се смета за конзервативно.

    Копија од писмото е доставена до:
    - Претседател на Република Македонија
    - Собрание на Република Македонија
    - Претседател на Собранието на Република Македонија
    Пратенички групи:
    - ВМРО-ДПМНЕ
    - Граѓанска опција за Македонија
    - Движење БЕСА
    - Демократска обнова на Македонија
    - Демократска партија на Албанците
    - Демократска партија на Србите во Македонија
    - Демократска партија на Турците на Македонија
    - Демократска унија за интеграција
    - Здружение за културно обединување на Бошњаците – АВАЗ
    - Коалиција „Алијанса за Албанците“ (ДР-АДП, УНИТЕТИ, НДП)
    - Либерално-демократска партија
    - Независни пратеници
    - Нова социјалдемократска партија
    - Партија за движење на Турците
    - Партија за европска иднина
    - Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија
    - Сојуз на Ромите од Македонија
    - Социјалдемократски сојуз на Македонија
    - Социјалистичка партија на Македонија
    - Српска странка во Македонија
    Работни тела на Собранието:
    - Законодавно-правна комисија
    - Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
    - Комисија за образование, наука и спорт
    - Комисија за труд и социјална политика
    - Комисија за еднакви можности на жените и мажите
    Влада на Република Македонија
    - Кабинет на Претседателот на Владата на Република Македонија
    - Министерство за труд и социјална политика
    - Кабинет на министерот за труд и социјална политика
    Со почит,
    Евангелско Протестантска Иницијатива

    Скопје, Република Македонија
     
    orevokrsacka likes this.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    4,170
    Likes Received:
    53,179
    На една тема цркаат оти биле дискриминирани ради верата, на друга дискриминираат ради верата...

    Утната е темата за продавање на муда за бубрези.

    Не сме у Религија, у Политика сме.
     
    galapce, Nausicaa, Mishela and 8 others like this.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    1,000
    Likes Received:
    3,685
    Gender:
    Male
    Кафеава револуција :mm:
     
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    1,000
    Likes Received:
    3,685
    Gender:
    Male
    Не ти е малку параноично тоа со "стигматизација на хетеросексуалниот брак" небаре постојат 7 видови брак во РМ па сеа ќе се стигматизира нешто?

    Најголем проблем овдешниот брак има од традиционални, верњикави лица, домољуби, кои украдоа све што можеа, воведоа анти-култура на живот и го срозаа животниот стандард до таа мера што рандом машко и женско треба 9 пати да размислат дали ја крунисаат врската со брак.
     
    galapce, faye, Nausicaa and 6 others like this.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,786
    Gender:
    Female
    :bow::bow::bow:

    Ја у случајов против конвенцијата не слушнав да изреагирале дури ни вмровскиве демохристијански цепидлаки што секаде бараат ЛГБТ закана за политички поени... @EvAngelos, што ви е?! Читам и не ми се верува што сте извадиле. Параноја и вадење од контекст левел 99999...
    Чинам порано разумни мислења имаше во политика... Страшно, сте претерале навистина, а и не е место да се фалиш тука со вашата реакција!