Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Машки
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Koга веќе е офтопик ајде и ја
    Ова е еден од оние моменти кога жалиш што форумов е анонимен и не смееш да откриваш идентитети.
    Помина периодот на гратис давање усб па досадно ви е сеа?

    еве шо викаат
    "Секој Студент" се секта. Другарка моја доби USB лани и материјалот што го видовме на него...

    А да, после тоа ја бараа и ѝ пишуваа на Фејсбук оти не пошла на состаноци, ѝ викаа да се сретнат на кафе и така натаму.

    Овие истиве „Секој студент“ уште на првиот ден на факултет почнаа да нé бомбардираат со летоци и анкети кои од темата секојдневен живот и факултет полека вртеја накај прашањето дали го носиме бог во срцето, небаре некој несигурен и срамежлив младич кој влегува во аптека и преку рецепти полека стигнува до презервативи.
     
    На DAngel и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    11.039
    Пол:
    Машки
    Не. Не постојат сега 7 видови брак, ама оваа конвенција отвара врата за редефинирање на бракот.
    Во Член 12 од Истанбулската Конвенција стои: „Страните ги преземаат потребните мерки за промовирање промени во општествените и културните шаблони на однесување на жените и мажите, со цел искоренување на предрасудите, обичаите, традициите и сите други практики кои се зановаат врз идејата за инфериорност на жените или врз стереотипните улоги за жените и мажите.“ Ова значи дека бинарниот поглед на човештвото и бракот можат да бидат стигматизирани како „традиции втемелени врз стереотипни улоги за жените и мажите“.

    Иначе на оваа конвенција се огласи и православниот богословски факултет:
    http://pbf.edu.mk/stav-na-nns-pri-mpb/

    Следни се другите верски заедници и организации кои го подржуваат бракот, семејството и нормалните родови.
     
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Веројатно дебатава ти е за во тема Религија. Јас лично не гледам зошто ти или било кој друг се чувствувате загрозени што некој има поинакви ставови и потреби од вас.
     
    На galapce, Lianna Anna, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.774
    Пол:
    Женски
    Повторно парафраза со испревртување на поентата до непрепознатливост. Повторно ниту во овој член нема ништо спорно, а и не верувам воопшто дека во некој член има.
    За да се огласиш и застанеш во одбрана на нешто, треба тоа да биде нападнато. Јас не гледам дека тука бракот (меѓу маж и жена) како вредност е нападнат, всушност не е ни споменат.

    За тебе поимот стереотипни општествени улоги на жените и мажите (кои сѐ уште постојат во 21 век) се сведува на бракот и плукање по истиот како институција?!
    Или пак, еднаквост на различностите кои се сметаат за ненормални би значело превртување на улогите, опресија и стигматизирање на тоа што досега било нормално и нормативно?

    Ајде, те молам, размисли малку... Штета е, интелигентен човек си. Мислам дека ни самиот не веруваш во ова што го пишуваш.
    Сте седнале да анализирате корисна конвенција за нешто неоспорно правилно – сузбивање на насилството и дискриминацијата, пред сѐ семејното насилство, сте барале дупки и ,,ненормалности“ според религијата и сте ги извртеле како за сценарио за параноична дистопија.
    Никогаш не сум била толку брутално искрена кон тебе, ама ова што го пропагираш околу конвенцијава звучи како бетер теорија на заговор од она вмровското дека ќе нѐ казнуваа 5000€ за незнаење албански.

    И да, додека не си ја сфатат сите религии улогата во современи СЕКУЛАРНИ држави, дека не се тука да рипаат за секакви државни работи – не може никое општество да оди напред.
     
    Последна измена: 20 декември 2017
    На galapce, Lianna Anna, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Многу добро се сеќавам и на тоа тетратките кои ги делеа, заедно со флаери. Прв ден на факс, наместиле некој свој штанд внатре. Љубезни, културни, те убедуваат дека мора да ги земеш. Убаво било, за сите студенти. Отвораш внатре, на некој не го мрзело воопшто да пишува есеи. Мислам дека нешто и за љубов имаше составче. Да се спаселе младите луѓе, да не станат промискуитетни. Клише фрази.

    Ми идеше тоа тетратката да ја фрлам во корпа уште од прв ден. :D
    Гревови.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Не знам со каква леснотија отфрлате работи без да ги анализирате, загребете под „обландата“ во која се завиткани, или во најмала рака да се заинтересирате какви се искуствата на другите земји во однос на ова прашање (во случајов спорните членови на Конвенцијава). Оваа за нас, непозната материја е многу лукаво смислена и протната во системите на многу држави, кои веројатно, на почеток не гледале ништо лошо или дискутабилно во ова. А всушност, во најмала рака ни се наметнува, поттикнува дегенерирање на човечката природа. Мене језа ме фаќа какви се не „општествени конструкти“ ќе се изродат од плејадата родови идентитети. Денес си Митра, утре си Славко, задутре ќе се разбудиш како сирената Ариел, што сакаш тоа. И уште ќе имаш право да ме тужиш за психолошко малтретирање ако не ти го разберам родот и не те третирам во сооднос со истиот.
    Не знам, можеби кога ќе успеат одредени структури да ги напикаат овие родови идеологии во школството, а вие како родител нема да смеете да го изопштите вашето дете од некакво „сексуално образование“ како предмет, па уште и да ни донесат закон како во Орегон дека дете од 15 години може да го смени полот без знаење и дозвола од родители, (на трошок на државата) зошто си го пронашол вистинскиот родов идентитет, можеби тогаш работите ќе станат појасни.
    Најдете време изгледајте туѓи искуства:
     
    На Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    11.039
    Пол:
    Машки
    Секуларна држава не значи ниту атеистичка држава, ниту ЛГБТИ држава. Секуларна држава значи дека верските заедници се одвоени од државата и дека тие се еднакви пред законот, дека државата треба да биде неутрална кон нив и не треба да фаворизира ни една од верските заедници.

    Сепак верските заедници претставуваат 90% од граѓаните на Македонија и нивниот глас во однос на некоја општествена појава и те како е битен. Како што атеистите имаат право да си го кажат своето мислење или загриженост кон нешто, така и верските заедници имаат право.
    Секуларноста не значи дека атеистите имаат повеќе права од верниците. Демократско право на секој граѓанин или група граѓани е да си го кажат гласно мислењето. И тоа и го прават сега, без разлика дали тоа на вас атеистите ви се допаѓа или не.

    п.с. Вие што коментирате дека темава е за религијата олабавете малце. Ако се спомне верска заедница не значи дека темата е религија. Темата е политичка и се однесува на конкретна одлука на владата.

    п.п.с. Јас не сум против Истанбулската конвенција и ја подржувам 99%.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Абе за ова зборев дека ми треба копче "среден прст". Постот на @EvAngelos не е вреден за дискусија, дискусијата се сведува на ниво "јас сум во право! - Е не, јас сум" и сѐ така во недоглед. Остајте го, му сметало што не треба да има поделба на женски и машки улоги. Значи тој смета дека на жената местото и е во кујна и тој нема зошто да се меша таму?
    @EvAngelos да, конвенцијата е за заштита од дискриминација на сите, ако се почувствуваш дискриминиран - тогаш те заштитува и себе. Ако никогаш не си се почувствувал дискриминиран, честитки, уште сега си во предност пред поголемиот дел од населението.
    На тема "Истанбулската конвенција" нема да дадам друг одговор, се чувствувам како во темата за рамна Земја да дискутирам, до толку е другата страна затворена на туѓо мислење. Никогаш не сум имала лошо мислење за вашата религиска организација, ама благодарение на тебе, вака по малку гаднички ми станувате.
     
    На Jas!, Gosh, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    11.039
    Пол:
    Машки
    Баш така, со тоа што многу земји се „понапред“ во однос на овие прашања, лесно е да се научи од нивните искуства и да се предвиди кои ќе бидат последиците во нашата држава. Така што или не се запознаени, или се игнорантни, или пак им одговара да бидат игнорантни и да ги напаѓаат оние што не се.
    И тотално си во право кога велиш дека многу држави на почетокот не гледале ништо лошо или дискутабилно во ова, а потоа кога виделе, било предоцна.


    Еве една мала листа од Википедија:
    Agender (genderless) Androgyne Bigender Genderqueer / non-binary Gender bender Hijra Pangender Queer heterosexuality Third gender Akava'ine Bakla Bissu Calabai Fa'afafine Fakaleiti Hijra Kathoey Khanith Koekchuch Māhū Maknyah Mukhannathun Muxe Sworn virgin Takatāpui Travesti Two-Spirit Winkte Trans man Trans woman Transmasculine Transfeminine Transgender lesbian Transsexual Trigender Two-spirit

    Во Америка и Англија сега кога регистрираш фејсбук во полето за род (gender) можеш да бираш една од 71 опции :) Пред 3 години беа 50тина, сега се 71. За три години можеби и над 100 ќе бидат. Еве ти линк каде можеш да ги прочиташ сите 71 овие родови идентитети:
    http://www.telegraph.co.uk/technolo...books-71-gender-options-come-to-UK-users.html

    На следниот попис во овие држави голем дел од овие 71 родови идентитети ќе бидат и дел од пописот. А како што сме го фатиле тој воз, наскоро и кај нас.

    Она што е најјако е тоа што 15 годишно дете не смее да стави тетоважа, не смее да пуши, не смее ни да донира крв, не смее ниту да оди во солариум, ама затоа смее да си го промени полот без знаење и дозвола на родителите.

    Ова е само уште еден доказ дека лобито на LGBTIQA+ нема за крајна цел да се бори за еднакви права на LGBTIQA+ лицата, туку да ја доминира нивната родова идеологија врз сите останати, притоа ускратувајќи ги правата на сите останати неистомисленици.

    Ова силно ме потсеќа на шерјатските агресивни муслимани (од типот на ISIS) кои влегуваат во нови држави како малцинство, се прават жртви дека немаат права, а за кратко време сакаат сите права да се вртат околу нив со ултимативна цел да прогласат шерјат во целата држава.
     
    Последна измена: 21 декември 2017
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Убаво и јасно образложено. Мене додуша се ми е јасно, но јавна расправа и дебата во општеството мора да има, мора да се притиска и некои работи си инка да се ставаат за да се разберат и сварат.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.774
    Пол:
    Женски
    Покрај еднаквоста на сите религии, секуларноста во својата дефиниција вклучува и дека сите тие подеднакво треба што помалку да се мешаат во државните работи. Конвенцијата е државна работа. As simple as that.

    Оревокршачке, не те гледам првпат на темиве. Добро ми е позната твојата политичка идеологија, па извини ама и партиска определеност.
    Видео поставено како едукативно од страна на десничарка, со ,,поука“ и ,,предупредување“ уште во насловот дека се креираат ЛГБТ деца и тоа преку образованието – јас немам намера ни да го кликнам, не да потрошам неколку минути на истото. Таа пуста мрачна страна на Јутјуб уште малку ќе нѐ убедува и дека ние самите не постоиме, сме холограми, ликови во серија, роман или не знам што :D

    И престанете веќе со бизарни случаи од другиот крај на светот што никој прогресивен со здрав разум не ги гледа како нормални. Доста Евангелос со жени-мачки, кучки... не си интересен уопште друже, верувај.
    За само 1% спорен ти не само што тука верглаш приказни, туку и приговор сте пратиле до сите можни партии и институции, а?
    Конвенцијата конкретно нема апсолутно никаква скриена негативна намера, освен за оној што сака да ја види или од партиски или од религиозни причини.

    Кај нас скептиците, неверниците и прогресивните верници, не проаѓа хомофобична параноја, од која било религија и деноминација и да доаѓа и колку и да е sugar coated и интелигентно спакувана. Нема да ти пројде ниту ова твоево Евангелос, колку и да си разумен и аргументиран на други теми ;)
     
    На galapce, LollySky, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    11.039
    Пол:
    Машки
    Тоа „сите подеднакво“ ги вклучува и атеистите и ЛГБТИ организациите. Конвенцијата е државна работа, а државата е на граѓаните - кои замисли се над 90% припадници на верските заедници кои го креваат гласот против имплементирањето на родовата идеологија, а атеистите и подржувачите на ЛГБТИ родовата идеологија се помалку од 10%. Тоа што моментално на министерското столче за труд и социјала седна Мила Царовска која е позната подржувачка на ЛГБТИ лобито, не значи дека таа има право да одлучува против вољата на мнозинството граѓани на Македонија. Ние ја биравме и таа треба да не претставува нас граѓаните. Во демократија одлучува мнозинството, затоа што ние сме демократија, а не царство.

    Да беше родител во државата Орегон 5 пати ќе кликнеше на видеото.
    Сите знаеме, а особено родителите, какви се бубачки ги маваат децата у пубертет. И замисли да си родител таму, го праќаш детето у школо и таму некои хирурзи ти го масакрираат додека ти се чудиш кај ти е детето и после ти го враќаат та даааммм... со променет пол.
    - Марко што ти направиле?
    - Не тато, ја сум Мартина. Ама утре ако ми здосади мож ќе бидам Марија. Ти како си мамо, што има ново по дома?
     
    Последна измена: 21 декември 2017
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Подобро детето да ми е транвестит отколку хомофоб, барем нема да се срамам од неговите размислувања. Стварно, на дискусијата не и е место во политика, нема зошто никоја секта да се меша во политика.
     
    На LollySky, malerozna и Priroden им се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Многу нормално дека МПЦ ќе мрчи против ова, тие никогаш не се огласуваат за нешто битно, според нивните реакции можеш да заклучиш дека нешто е небитно, сигурна ствар ти е тоа :D

    Дали муабетот ти е дека постои глобален план, агенда, завера - да се фураат некои нови ситуации или е тоа само духот на времето на запад кој се увезува и во јадни места како РМ?
    Пошто ако се земе за точно тоа што го тврдиш - тогаш мора да има некој глобален центар од каде што потекнуваат тие напади, не е ништо локално тоа.
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.774
    Пол:
    Женски
    Не, не знаеме дека во вообичаени пубертетски бубачки спаѓа да ти чукне у глава да бидеш од утре спротивниот пол. Јас знам дека се раѓаат луѓе (значи уште како деца) со трансексуални склоности, оти така ги створила природата, Господ, whatever.
    Очекувам кај и да е и рамноземците да дојдат да те лајкуваат за муабетиве, па и да им станеш по малку симпатичен. Можда тогаш ќе ставиш прст на чело како звучиш.
    Повеќе не дискутирам за ова, офтопик е и многу напорен си.
    П.С. Поздрави ја другарка ти Ина Многуфина и кажи ѝ да ти оддржи онака едноставна лекција за овие ствари. Ако нешто ѝ поштувам, тоа е баш поддршката кон вакви иницијативи и статусите колку е глупа работа хомофобијата, мислам и сум ѝ шернала еден. Можеш да научиш од неа да оладиш по овие прашања 8)
     
    На galapce, LollySky, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тоа се проблеми на Империјата, таму нек си мислат за тоа, тотално неспоредливи со овдешните прилики, ситуациите во САД со нивната специфика, разни лоби групи, милион адвокати кои мораат да работат нешто, недостатокот на основни егзистенцијални проблеми како мотив за глупости, секакви организации кои ги прегазило времето и просторот и затоа прават срања - тоа е сосема далечно.

    Тука проблемите се поинакви. Поголема е шансата да те укаса зајак отколку да се појават редефинирања на родови идентитети во земјата на античките хунзи. Ако не ај да праиме муабет каков огномет ќе има на дочекот на РМ како светски првак во фудбал наредново лето. Oh wait, they aren`t there...:party:
    Барем во наредниве 100 години нема нешто поврзано да има тука со такви ситуации.
    Од 2117 не знам, ама има време до тогаш...

    Кроењето на капа на уште неродено дете е извор на параноја а паранојата е извор на беспотребни замарања и смарања :devil:
     
    На LollySky, Gosh, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    11.039
    Пол:
    Машки
    А од каде би знаела ако немаш истражувано што се дешава на ова поле во светот? Кај нас не можеш да правиш истражување бидејќи сеуште овие работи не се навлезени, законски регулирани и општествено стимулирани.
    Еве на пример ова момче на 12 години му удриле бубачките дека сака да е женско, а после две години му поминале бубачките па пак сакал да си биде машко.
    http://www.independent.co.uk/life-s...ll-australia-oestrogen-hormones-a7933741.html

    Глупа работа е хомофобијата се сложувам, ама не можете сите што не се согласуваат со родовата теорија на ЛГБТИ лобито да ги на етикетирате како "хомофоби", да ги дискриминирате нивното право на став и мислење кој е различен од вашиот. Тоа е класична нетолеранција на неистомислениците.
    Тоа е исто како сите што не се согласуваат со платформата на СДСМ да земеме да ги нарекуваме СДСФОБИ или оние другите ВМРОФОБИ или атеистите да ги нарекуваме БОГОФОБИ. Неразумно е.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    48.549
    А зашто толку сте против конвенцијата?

    Оти многу од вашата црква ( или било која, сеедно ) ќе соберат храброст за да не се кријат веќе, и ќе укопчаат дека не се прифатени од Црквата, иако се верници, па и да останат верници, нема веќе да посетуваат миси и да оставаат парички?

    Џебот највеќе боли...
    Лажен -морал-и-ГоспоТ-ги-сака-сите,-сите-не-мразат-оти-сме-верници,-а-не-оти-продаваме-муда-за-бубрези- на нивоу...:clap:
     
    На Nausicaa, galapce, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Машки
    Сепак грешна теорија. Сум ги преценил вмороните.

    Да имаше двајца кандидати може ќе се истепаа, а вака не можеш нова теорија да смислиш :D
     
    На JuLleE и LollySky им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.774
    Пол:
    Женски
    Ај, да ја остаиме непродуктивната дискусија... Trying too hard теории на заговор најдобро е да бидат скроз изигнорирани :)
    Туку, дежаву сликчево го видовте ли? :drunk: :D

    [​IMG]
     
    На galapce, Jas!, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.