Знаете кога во јуни Груевски сакаше избори во кои ВМРО ќе биде единствената партија на ливчето, па граѓаните во вистинска демократија ќе бираа помеѓу ВМРО и никој? Без грижа, си ги организира Груевски изборите од соништата сега. Мицковски единствен кандидат за негов наследник. Не сум уште сигурна дали ми е смешна или фејспалм ситуацијава. Мислам дека е смешна. Каде бе така ВМРО, каде? Нели треба Заев да го победите на избори?
http://skopjeinfo.mk/angjushev-gragjanite-nema-sami-da-nabavuvaat-kalorimetri http://skopjeinfo.mk/parnoto-kje-se-naplakja-spored-potroshenoto-ne-spored-kvadrat И сега, кој лаже? Анѓушев вели дека мерачите за топлинска енергија нема да бидат на товар на граѓаните, а Димитров од МАЦЕФ вели дека „граѓаните треба сами да си платат“.по 50 евриќи од радијатор. Мат немат, имат немат. И плус нема гаранција (за тие што уште се крстат во евтина струја) дека либерализацијата на пазарот за струја , нема да доведе до поскапување на истата. Што значи, ќе не „шинат“ од високи сметки.
http://www.libertas.mk/amdi-bajram-ja-napushti-koalitsijata-na/ Политиката е курва !!! Му даде гол со пета на бранко , на заев му спремаше кафез од 3 метра и морков одпозади ке му ставел ..... А вечно ке бил со грујо....а сега?
@ADOKI нели кажував пред месец дека грујо ке си намести марионета христијан мицковски? Све испадна како што прогнозирав , бидејки знам до каде може да оди изнопачениот мозок на грујо ... Либералот мицковски уште повеке ке го втурне дпмне во дното (човекот ај што не е вмровец , и фацата му е ептен гадна ) , како што рече ти најхаризматичен и најдостоен би бил Никола Поповски , тогаш сдсм би имал големи проблеми со таков достоинствен лидер.... Но грујо ептен ви го затупа вмрото .... И ептен е смешен со тоа пунтото
Не се води,не значи дека нема (прислушкуван материјал).. за да отфрлиш некаква констатација, би требало да имаш повеќе инфо. А, како и јас...немаш. Така да, и твојава отпаѓа.
Како и да е без разлика на се сметам дека треба да има повеќе кандидати...А како што ми изгледа мислам дека Мицкоски е само грејач на столче...За кратко ќе биде за најмногу пола или 1 год а после тоа ќе има нов конгреес каде ќе се одвиваат работите најсериозно и на кој конгрес ќе се избере лидер кој ќе го победи на Зајко и ќе го стави зад решети за сите зла.што и го нанесе на Македонија
Да беше така уште коа кажуваше за кафезот за заев и кога ја плукаше катица јанева сега ке беше амди бајрам во затвор .
Ама јаа ти зборам за местенкава од грујо за мицковски , не за заев. Грујо си намести марионета , иако ти кажав најдостоен би бил поповски . Уште пред еден месец ти кажав дека ке биде вака и бидна . Недемократијата на грујо излезе на виделина . Ај кажи сега сериозно ти се допага тоа да мицковски биде лидер на вмро дпмне ?
На резолуцијата предводена од обединетите нации против признавањето на Трамп на Ерусалим за главен град на Израел, Македонија гласаше против одлуката на Трамп, а Босна и Хрватска беа воздржани. Америка се закани на сите држави што го кренаа гласот против неа дека ќе ја прекине финансиската помош, а верувам дека и визите ќе ги стегнат. Што мислите за оваа одлука на Македонија? Ја мислам дека сме можеле да бидеме барем воздржани и да не заземаме страна од овој табор околу Израелско-Палестинскиот конфликт.
Да бидеме искрени Трамп не е во ред со паметот . За дека ке ги стегне визите и ке ја прекине финансиската помош воопшто не ме чуди , еве поднел предлог за укинување на лотаријата ... Не е во ред човекот. Инаку пак се стегнати визите во мк за уса , како пред 10 години ... Што му требаше да додава бензин во огнот , зошто му е потребно да го признае Ерусалим за главен град на Израел , кога знае дека ке избие војна со Палестинците ? Мислам не му е многу сјајна ситуацијата во Америка па сега реши да исправа дрини во други држави , а во кампањата кажуеше дека приоритет му е само Америка и Американскиот народ... Ништо од тоа ......
Не може да се каже дека Грујо го мести Мицкоски иако можеби навидум така изгледа. Сепак секој кој што се сметаше за способен да биде лидер на една така голема партија требаше да се кандидира, па макар и да загубил. Вака се можеме да кажуваме.А сметам дека има подобри кандидати од Мицко... ама тоа не беше Филип..П Ајде да оставиме да каже времето дали Мицко ќе биде достоен за Лидер ако биде избран?Зш може да се случи се иако има конгрес да не биде избран за лидер. Па така за два месеца да има нов конгрес и по редовна и фер процедура сите што имаат амбиции за лидер да можат фер и достојно да одат од општински и месни комитети и да си ги претстават своите програми и визии..Се е можно во игра се многу комбинациии..
Ке биде мицковски избран за лидер на вмро дпмне . Никола Поповски даде оставка од ИК од револт , бидејки на повекето делегати им е наредено од грујо својот глас да го дадат за мицковски , исто така и Антонио милошевски нема да присуствува на конгресот во знак на револт заради грујо го мести мицковски (ова лично го кажаа и антонио и илија димовски ) Мицковски е член на лдп , па во 2010 год оди во вмро дпмне како директор на елем. Во Елем дава наредби кој нема платено сметка за струја 2-3 месеци , на тие грагани одма да им се исклучи струјата. Инаку исто така му бил/е асистент на татко му ,кој е проф на машинскиот факултет (чисти непотизам ) , погадна фаца не сум видела Од толку стари вмровци овој најде грујо да го мести ? Од 350000 членови на вмро (од кои половина се стари вмровци , другите сончогледи) , либерал најде да стави ??? И нема ништо овој да направи ептен лош глас го бие , скоро и никој во вмро не го сака . Да те потсетам дека Ф.П е стар вмровец и не можеш да го споредуваш со мицковски .
Грујо брате, колку ножеви во грб прими вчера? Од Илија, од Антонио? Друг? Повеќе од 100 души не отишле вчера на конгрес... Веќе му немаат толку страв и почит... Со цел памет Мицковски го стави за наследник, а не некој што е 100 години со него. Вчера и денес се собрани за гласање и избирање нов лидер, така? Какво избор имаш кога постои само ЕДЕН член? Епа убаво му направија поблиските колеги и соработници... Му го забија. Одамна се гледа крајот на дпмне, а шлагот е Христијан Мицковски.