Зошто не сум изненадена?? Затоа што ова е по не знам кој пат дело на дивите во овој крај ... Ова е веќе продолжение на тоа од вчера, завчера ... Знаете тие се такви, кога ќе тргнат не знаат да застанат се дур некој надлежен ни ги стегне. И да, она од Вевчани и ова од Струга, Лабуништа ... Мала Речица не можете да ги вагате исто. Има по цивилизиран начин да се решат недоразбирањата, ама тoa за некого е непознат поим. За жал.
Епа слушај вести...и немој да пишиш дека не е некој од муслиманите ок? затоашто не верувам дека некој од православните ее токава будала да си ја пали верата крстот и црквата...сакале вие или не мора да признаете дека муслимани ја палат нашата црква..заради шо се чуствуваат навреди заради една маска..... 300 проблеми напраја
Ла Реина,не.Не сум имала такви проблеми,не сум живеела во таква средина,и на никого не му посакувам такво нешто.Но олош и џган има и ќе има,дури и такви поддржани од политичарите и властите.Плус,после војна секогаш останува рана,секогаш дур е затишје ќе се очекува бура.Меѓусебните односи секогаш ќе бидат како газење по стакло. Баш затоа и зборам,ради на некој ќеифот за таква маска,пак ли да се живее во војна и страв?Зошто да се предизвикува без врска? Јас не спомнав ни градоначалник,ни кој запалил црква ни кој ја гасел ,зошто за нешто што незнам нема да зборувам.Јас само си кажав дека како муслиманка се чувствувам навредена од маската,и далеку од тоа дека ги оправдувам насилствата предизвикани од неа. Инаку Ливинг,гледано од некоја страна,дела како дела,да..палењето црква има поголема тежина од маската.Но за мене имаат иста кривица. Прво,зошто они со маската ги предизвикаа ваквите работи.Они се потсмеваа со муслиманската вера.Они започнаа.Зошто да се дава причина за верска или етничка омраза? Јас знам дека секогаш ќе има луѓе кои ќе искористат се што им се пружа за да си исполнат свои планови,и да не беше ова со маскава ќе измислеа друга прчина,но не е фер кон останатите муслимани кои се ништо не заслужиле вакво исмевање. Ме иритираат они кои што таа маска,ја сметаат за една глупост за која немало потреба од неавредување.Како еве на пример Улата што напишала горе...за една маска. Второ,палењето на џамија мене скоро подеднакво би ме повредило како и испишувањето на полов орган на нашата света книга.
Како што сите муслимани не го оправдуваат тоа што се случува сега, така и маската и навредата нема поддршка од сите христијани. Нема потреба од одмаздување врз сите нас со вакви чинови. Реков, поддржувам мирни протести, но она "ти ме навреди јас ќе те згазам" е надвор од секое верување и така не се брани религија.
Сега и во тетовско а? Почна турата палење на христијански објекти...само не знам како ќе заврши, не е на арно. Да се удри по свет објект...мислам не е ни човечки, да не праиме муабет за свето. За било каков религиозен објект. Виновниците...? Губење на време е да се полемизира за тоа. Само едно ќе речам Господ забавува ама не заборава. Знам за еден случај на опустошување на религиозен објект и што судбина ги снашла семејствата на тие што го сториле тоа. Кој и да е крив, ќе го стигне со гаранција. Без разлика дали и во што верува. Работава, ти му киваш у супата на Мемати, тој те дави у неа. Edit И тоа не бил некој слаб земјотрес, туку 6-7 степени.
Епа значи не ни си ни свесна што се случува во Струга и струшко. Иначе и јас реков дека е навреда тоа што го направија Вевчанците на карневалот, јас не оправдав. Колку за информација и јас сум се маскирала како муслиманка со фереџе, и секогаш имало маски од таков тип и никој ништо не рекол, се маскирале во оџи и се пијанеле до без свест и никој ништо не рекол. Ова што сега го направија е навреда! Јас не го оправдувам. Ама уште помалку она што тие го прават, палење знаме и цркви! И после државава одела напред уште поинтересно е тоа што некои велат дека муслиманите не го направиле а сето се случува во села каде грото од населението е муслиманско. Дали во другите села каде што се само македонци се случило нешто вакво? Спојлер ова Мис не го велам за тебе туку општо за сите, не сакам да се навредиш
Не,не далеку од тоа дека сметам нешто од до сега кажаното за навреда,само дискутираме Инаку тотално се согласувам со Ливинг.Како и што кажав олоши секаде и секогаш ќе има,било муслимани било христијани.Ама тие се поединци,и не треба да се дозволи тие да влијаат на односите. Иако сум муслиманка живеам во околина каде што повеќе се христијани.Моите најдобри другарки,соседите,дечковци...И никогаш не сум се почуствувала омаловажено од нивна страна,или тие од моја.Ме почитуваат,ги почитувам.Верата нема никаква врска со човечноста. Не е во ред поради некои пред се ГЛУПАВИ работи кои што реално можат да ги направат само ГЛУПАВИ луѓе,да се уништува меѓусебниот живот.
http://www.youtube.com/watch?v=tGTCa_7c ... re=related Еве ја фамозната маска. Не знам, можеби е навредлива, ама сепак јас сметам дека само си чекале повод. Каква и да е, не е вредна колку една црква не е вредна за такво однесување. Треба да се засрамат, хулигани. Тие на нас ќе ни кажуваат дека сме биле пагани, дека сме имале пагански обичаи и пагански карневали. Тие се безбожници и со таквото однесување покажуваат што значи маската на карневалот. Се прават верници, а каде во Куранот пишува дека е дозволено да се палат христијански цркви? Господ гледа, ќе ги најде заслужената казна. ilent:
А вие сите мислите дека буквално маската е поводот?? Не драги мои, поводот е политичка заднина. Интереси, конфронтации ... ДПА против ДУИ ви текнува? Само се изнаоѓаат изговори за да се провоцира поради некои нивни веќе апсурдни цели. Муслиманството е најлесно за манипулација и поведување кон агресија и сила. Теси спомна и јас имам слушнато, дека после рушење на еден многу познат и важен верски објект почнале да се случуваат лоши необјасниви работи кај муслиманското население. Па еден дел од нив се понудиле да помогнат во повторна изградба на манастирот. Сите признале или не, се плашат од онаа голема сила која ја има најголемата моќ да создава и руши
Добро, нареден пат кога ќе кажуваш каков е некој..дополни "..од она што јас го знам.." Не ги бранам како народ, туку ги бранам како луѓе,како поединци.. од она што јас го знам. Зошто вакви испади од типот Македонците се со сина крв немаат смисла. Ние си имаме проблем со животните. Оние што не мислат за никаков напредок во својата кариера, оние што религијата ја користат како изговор да се однесуваат како дискриминирани. Јас имам пријатели, муслимани,Албанци. Двајцата се вработени, никогаш немале некаков инцидент или се пожалиле од народот. Зборуваат и албански и македонски, а на девојчето кое има само 3 години го учат да зборува и македонски и албански паралелно,а живеат во општина каде нема ниту еден Македонец. Така да, жалам ако си имала проблем со тие нелуѓе, но како што реков не се сите такви и од ова твоево некој ќе се навреди. А,за карневалот јас мислам дека нема потреба од навреди, бидејќи ете лани бев Вевчани и буквално сите се на тапет. На крајот на краиштата, карневалот нема никаква политичка позадина, се исмеваат сите политичари, попови, оџи.. значи буквално сите. Иако мислам ете штом некој се навредил, човечки ќе е да се извиниш за постапката... па, после да видиме дали само тоа ги надразнало.
Пред малку прочитав една добра статија од Утрински весник со наслов Одете во Струга. Спојлер http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7CD4B1DFDACD7D4AADE7F2F0DFEBBC59 Сакаат да одат во Струга и Вевчани и секаде каде што има аплаузи и каде што ќе им се воодушевуваат. Онаму каде што гори и не е баш пријатно. Ако си блиску до огнот, може да се изгориш. А може и не доаѓаат зошто го гледале филмот со Бучко...
Micho i Nikola биле.Сведочење од еден нивни дека Мичо ја запалил...знаела и полицијата ама чекале сами да се предадат, да се искажат.
Ова што се случува е просто, ниско, некултурно. Очигледно добар дел од спојов на нации кои живеат во земјава, заглавиле некаде пред новата ера, или во одраснати години им е интересно да играат куклен театар со за некого болни теми, предмети, мисли и убедувања.
Пратениците мораа да поработат да си ги извадат платите, Мерко го прозваа да рецитира и го стави македонското знаме пред општина, Перо покажа дека не пие само ракија туку и мези по кафаните, а Вевчанците што ја направиле маската се извинија во случај да навредиле некого, иако немале намера, и уште еднаш покажаа дека се различни, што и да значи тоа. И така си живееја долг и среќен живот...
А бе се ова е масло на Грција. Зошто Албанците не го запалија знамето одма после карневалот, туку сега кога отидоа некои нивни претставници во Грција? Паметно играат пе*ериве од југот. Не сакаат преговори, знаат дека не можат да го оспорат нашето влегување во НАТО како предходниот пат, па затоа го коритат племево да прави тука проблеми. Ама ке им дојдат и на нив на глава, оти и самите Грци си ги имаат истите проблеми со Албанците како и ние само што кријат од јавноста. А да влеземе во НАТО на племето не му одговара, оти после ке имаме воена подршка од таму.