Знам, пиша Царовска на фејсбук пред 5 дена дека „успеале“ да ја ратификуваат. „Успеале“, демек имало некаква дебата околу тоа, па успеале. Успеале да потпишат еден лист. Браво за успехот Еве денес Царовска на фејсбук упати критика до претседателот Иванов дека не бил информиран за конвенцијата заради тоа што посочил дека има одредени ризици (наведени во неговото обраќање на линкот погоре). Еве што и пишав во коментар на фејсбук постот: Почитувана министерке, Во прилог ви го праќам годишното обраќање на претседателот каде што тој се осврнува на Истанбулската конвенција (40:25). Таму тој вака започнува: „Ги поздравувам искрените и добронамерни заложби за борба против насилството врз жените и семејното насилство. Не може да има праведно општество сѐ додека се врши насилство врз жените.“ Ова покажува дека тој е информиран за конвенцијата, но исто така е информиран, а верувам и вие, за таа притаена димензија на Истанбулската конвенција каде ни се наметнуваат некои контраверзни дефениции за терминот „род“ како општествен конструкт кој е различен од биолошката реалност. Оваа дефиниција е во контрадикција со актуелните дефиниции во меѓународното право (на пример со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд). Истовремено, во Член 9 од Уставот на Република Македонија се користи терминот „пол“, а не „род“. Понатаму Член 14 од конвенцијата зборува за образованието на децата, за на нашите деца, за воведување на наставен материјал за нестереотипни родови улоги. И она што претседателот го истакна е дека тоа отвора можност и на тригодишни деца во градинка да им биде наложувано за машкиот и женскиот пол да размислуваат во родово неутрални термини. Потоа Член 14 од конвенцијата вели дека страните ги преземаат потребните мерки за промовирање на принципите споменати во ставот 1 (образование на нестереотипни родови улоги) во установите за неформално образование, како и спортските, културните и установите за слободни активности и кај средствата за јавно информирање. Со ова образовно, формално и неформално, бомбардирање на децата од сите страни, навистина на родителите им се врзуваат рацете и им се нарушува фундаменталното човеково право да ги воспитуваат сопствените деца во согласност со своите морални вредности. Дали пошироката македонска јавност беше или е запознаена со оваа димензија на Истанбулската конвенција? Или се што се слушаше во процесот на нејзината ратификација беше само „стоп за насилство врз жените, стоп за насилство...“ и се играше на таа емотивна карта без да се запознаеме во целост со неа и сите последици што следат од неа? Линк од годишниот говор на претседателот (скролај до 40:25): https://www.facebook.com/macedonianpresident/videos/10155307700041158 Линк од Истанбулската конвенција за проверка на горните факти: https://rm.coe.int/168046253a
Не зависно дали имаме министер или не за здравство.Немаме способни доктори.Од Панче ќе искочат 4та год. И работат како медицински сестри не знаат една вена да погодат.Нема услови.Влезете во диспанзер Карпош или во Идадија горе да видите во какви услови работат.Џабе министер...
Ги читав коментарите од граѓани под нејзиниот пост за обраќањето на Претседателот. . Ако за дебата ги смета ваквите дување под пердуви - коментари од типот „браво министерке“, „алал да ти е“, „што знае Хорхе“, јас не знам каква соработка, транспарентност и конструктивност можеме да очекуваме за било што, од било кого од „Пазаров на суети“ наречен Влада на РМ. П.С. Ако добиеш одговор на твојата дискусија и прашања до госпоѓава министерка, те молам да не известиш. Зошто досега никого не го удостоила.
Ни од ВМРО не беа поарни, ама СДС изгледа заборавија дека не се на власт затоа што луѓето гласаа за нив, туку затоа што гласаа против другите. И ако можевме да ги бутнеме првите кои имаа длабоки корени фатено, ќе ги бутнеме и вторите. И третите. И тие по нив. Ни царевни, ни императори не успеале долго да владеат со неразумно владеење, а не пак министри во демократско општество. Не очекувај, знам дека нема да добијам одговор. А што би одговорила? Ниту ми треба одговор. Целта ни е да ја запознаеме јавноста (обичниот граѓанин) со оваа прикриена димензија на Истанбулската конвенција и таа цел се остварува благодарение на здружувањето на многу истомисленици и здруженија. Денес, во време на социјални медиуми, невозможно е да прикриеш ваква информација.
Кaј нaс уште oд мaли децaтa се учaт сo кoи игрaчки требa дa си игрaaт, кoи рaбoти требa дa ги интересирaaт, кoи рaбoти требa дa ги рaбoтaт вo сoглaснoст сo пoлoт штo се рoдени. Штo имa лoшo aкo нaшкoлo се учaт декa мoжaт дa прaвaт тoa штo ги прaви среќни? Зoштo дa не се учи декa немa ништo лoшo мaшкo дa си игрa сo кукли или девoјче дa не сaкa фустaнчињa? Бaрем јaс вaкa гo сфaќaм тoa, не знaм штo другo би мoжелo дa знaчи. Не мoже мaтеријaлoт штo се изучувa нaшкoлo дa се пoклoпувa сo сите нaчини нa вoспитувaње нa рoдителите. Кoлку рoдители не верувaaт вo евoлуцијa, сексуaлнo oбрaзoвaние, тoпчестa земјa пa пaк oвие рaбoти се учaт нaшкoлo.
http://24vesti.com.mk/od-utre-besplaten-javen-prevoz Се надевам повеќе луѓе ќе ја видат веста и колите ќе ги остават доколку не им се потребни. Кончено таткото Петре се реши да превземе еден чекор за загадувањето. Да си помогнеме сами за почист воздух, користете јавен превоз и известете ги блиските.
од денес е, не од утре. Исклучени се апаратите за наплаќање, ама пак, коли колку сакаш. Најжално, една жена прашува зошто се исклучени и млад дечко на 20тина години и вика "Нешто со воздухот таму". Тотална пасивност, тоа што цело Скопје смрди за него е "нешто со воздухот".
Заев не би да се земат во предвид снимките каде бара поткуп, оти биле објавени на јутуб. Ова секако, не важи за бомбите кои своевремено имаа голем подем на истиов. Бидејќи, доказите требало да бидат тајни, вели Заев, а овие за поткуп биле јавни. И бомбите беа јавни. Што е разликата?! Тоа така кога секој се колне дека ќе настапува чесно, транспарентно, еднакво за сите. Ама истово се менува кога се доаѓа на власт. Изборот за нов претседател на ВМРО, кој патем, не беше избор, е наместена работа, многу повеќе чинам меѓу ВМРО и СДС. И двете партии се имаат согласено на ова, а од која причина, останува да видиме. Всушност, едвај го чекам финишот на терминалната фаза од пародиите кои редовно ни се приредуваат. П.С. За кого да гласам после сите овие случувања?
^ За никого. Заев зборува за ПИМ мерките кои да, се тајни. Не очекувајте дека снимката може да помине како доказ. Бомбите. Јавни беа, подоцна се донесе нели решение СЈО да постапува со нив и престанаа да се пуштат. Да споредеме тежина на снимките може? Првата не ни може да се користи како доказ, вторите се веќе законски доказ и се потврди криминалот. За тежината на криминалот нема потреба да навлегувам. Вака правно ти аргументирав.
Ај малку образложи го ова, те молам? Зошто првово да не може да се користи како доказ ако може второво, и кој криминал е потврден и со што?
Од утре се укинува мерката бесплатен автобуски превоз кој се воведе поради загадениот воздух Машала за само 1 ден воздухот се исчисти
Леле како се смеам со ова приватно-неприватното идење на Заев во Солун за Нова година... на покана на градоначалникот. Ој, мале, мале. Тоа ти е тој, врло веома квалификуван ПР. Комедианти. Еј.
Заев селјак муртински, Бутарис си игра ташак со него.Вика дека он не го поканил, туку Црпнатиов сам му се нудел да оди за Нова год. Па каква пародија е ова бре, кое достоинство го има овој човек.
https://burevesnik.news/index.php/ekskluzivno/358-svinge-svinge-raja-2 Здравството и паралелниот увоз на лекови, повторно цветаат. Нормално, ако се водиме по изворите на Божиновски, кој пак “ништо не знае.“ Интересна работа, додека пишуваше против целата вмровска постава беше величан, втор македонски цар. Само што почна да ја задира новата постава, одеднаш конспирациони теории дека одработува за Гвујо.
Оти се ПИМ мерки, а се објавени јавно на you tube и како такви не може да претставуваат валиден доказ. Плус се употребуваат во определени случаи. Исто, ако е снимен без негово знаење, не важи како доказ на суд. Бомбите добија статус на доказ.