Зошто Груевски не го тужеше за уцени и закни? Зошто Груевски ги снима луѓето во неговиот кабинет? За да се снима по закон мора да има знак дека во просториите има камера. И мислеш дека Зев не знаел дека е снимен? Сериозно ова ти е аргумент за што Заев треба да одговара?
Затоа што зад Заев стои некој. Во кабинетот секогаш се снима. Дали знаел, не знам. Да, серизоно мислам дека Заев треба да одговара. А како правник, истиот став треба да го имаш ти. Немој да ми кажеш дека месијава е безгрешен и не сторил ни едно кривично дело. Иначе знаеш што? И јас сум правник. Го знам кривичниот.
Лиана знам дека си правник. Не мора да ми кажеш. Се познава. Не дебатираме напразно. Кога знаеме дека се снима во кабинет, очигледно е дека и Заев знаел и дека ова има друга позадина. Нека одговара Заев, ако има докази, еве суд, нека одговара. Да млатам празна слама и да велам Заев не гази на мравка, не би. Затоа што секој еден бизнисмен, политичар крши закони, не па човек од ваков калибар. Мене ми е јасно како се функционира, туку ти бараш и очекуваш нешто друго само затоа што си подржувач на друга политичка партија. Јас сум на друга, ама верувај дека тоа не ми мати памет и убаво знам како стојат работите и како се функционира.
Оваа фотка на ФБ ја обајви „Колација Маргини“ која што е ЛГБТИ движење и книгите што ги гледаш се нивна пропаганда за ЛГБТИ и родова иделогија. Тие ја подржуваат и легализацијата на проституцијата во Македонија под мотото „стоп за насилство против сексуалните работнички“ (повторно добра манипулативна маска). Х.Е.Р.А е исто така ЛГБТИ движење (интересна случајност зарем не? ) и нормално дека ќе реагира. И нивната реакција нема врска со изнесените забелешки на Иванов, туку само напишале текст за оние другите неспорни точки од конвенцијата (дека жената треба да се заштити од насилство (добро утро), и повторно ја пишале дефиницијата за род спроед родовата идеологија. Всушност они се едни од тие кои ја гураа работата со ратификацијата во позадина на министерката.
Не е точно. Освен дека сум или бев симпатизер на ВМРО. Барам правда, право, транспарентност, еднаквост за сите. Го барам тоа што го вети Заев. А тоа беше дека дури и тој би одговарал за се. Нека му ја повлечат аболицијата за Глобал. Да видиме колку милиони тежи човекот. Не може криминалец, да ми расправа за друг криминалец. После сите разочарувања од ВМРО, јас на следни избори ќе го искористам правото на глас со Х. Вистината е дека СДС за мене одамна се избришани. Ама после се, на добар пат сум и ВМРО да бидат.
Па знам ваљда и сама каде сум ја видела и лајкнала сликата Како толку брзо ја најде? Тоа другото што си спомнал дека поддржуваат... за на скроз трета тема е, и поделено ми е мислењето на истата. А книгите што ги гледам... пааа, така постарички ми изгледаат, не ко новитет и нешо кул плус и странски автори гледам, и универзитетска литература. Тоа и ми беше поентата и релевантното во сликата Исто како што е интересна случајност, нормално и очекувано тоа што верските заедници реагираат против, зарем не? Инаку не се само ЛГБТИ движење, туку за права и едукација во областа на сексуалното здравје. Не верувам слепо ни на едната од тие, ниту нешто многу ги следам, ама конкретно за реакцијава се слагам и сум на таа страна. Ете, ти првенствено како верник се пронаоѓаш во ставот на верските заедници, јас како либерална личност се согласувам потполно со ова гледиште. Двајцата сме идеолошки пристрасни, let's agree to disagree
Добро Лиана и јас сум само симпатизер кој доколку не ми се исполнат очекувањата секако дека нема да ги гласам повторно. Чинам дека Заев побара да му се тргне аболицијата и мислам имаше и случај за ова. Пак ќе повторам имаш други очекувања и видувања. Јас имам други. Реков дека сигурно Заев не е чист, посочи кој политичар е и не се пазарил? И свесна си дека политичката понуда ни е очајна и секогаш бираме помало зло. Жално е што народот сака вака, не е спремен за поголеми промени.
Пази ова, некој се бори за „правото“ жените голи да стојат во излог, за никаквеци од мажи да можат да ги купат како парче месо и да ги искористат за задоволување на свои најдолни перверзии. Ептен достоинствено издигање на жената, нема што. Наместо да се спасуваат жртвите на трговија со луѓе и да им се обезбеди образование и можност за кариера и напредок, ние би им дале излог да се продаваат себеси на џганот кој поинаку нема изгледи да се доближи до жена. Ова било патот на прогресивноста, ми велат. Не знаев дека прогресивноста значи романтизирање на злоупотребата и страдањето на жената. А истиве овие се залагаат за заштита против насилство на жената. Која контрадикторност човече, кој оксиморон е да си против „насилство на сексуалните работнички“ а тоа да ти значи легализација на проституција Па нормално дека ќе се странски автори, „родовите“ од типот на Polygender, Multigender, Hydrogender, Aerogender, Heliogender, Pangender, Cisgender man, Gender fluid, Non-binary или Two-spirit person... се непознати за Македонија. Во странство ги измислија овие термини и сега сакаат да ни ги бутнат у образованието на нашите деца. Можеби ќе биде, али малку потешко
Груевски се пазареше за слобода, уште во Пржино. Целото сценарио е од тогаш. И уште од тогаш нам ни приредија парада, сцена, концерт, карневал, протест, лаги, маниулации, како сакате наречете го, ама ништо од тоа не беше вистина. Сите гледаат за себе, а никој за нас. Тогаш зошто да гласам било кој? А сега пак капак ми беше изборот за претседател на Вмро. Изборот бе. Не, не можам да се помирам со изборот. А иначе, од каде излезе ова со легализација на проституција сега? На запад е легална, ако не се лажам? Абе, ЕвАнгелос, ако сакаат да ја направат легална, ќе ја направат. Ние ништо не можееме да сториме. Преку глава веќе од протест. Човек по улица не може да помине. Ако не на излог, на улица ќе висат, како и до сега. А вака на зима бар топло ќе им биде. Плус, редовна контрола. Немам уште став околу ова. Само гласно размислувам.
@EvAngelos леле бе, леле... Опасен си стварно, како вртиш, што делови цитираш Абе луѓето сакаат да се објаснат за други ствари тука, стварно сме досадни Лиана, царица си Баш тоа ми значеше она дека немам конкретно мислење, бај д уеј. Немој вака да го будиш инаетот во мене, ти реков ме мрзи... ќе ме натераш да ги изгуглам насловиве што се гледаат за троа инфо. Во што сакаш да се кладиме дека гарант се од време кога не ни постоеле тие поими што ги изнаброја, и дека се едноставно за феминистичка филозофија, рамноправност на жените, што е и поентата на конвенцијата?
@Someonespecial Вака-така,направи да го лајкнам Евангелос(морав,по верска основа) @EvAngelos Ако досега за се си контревме,на тема за Истанбулската конвенција те поддржувам во размислувањата
Се движиме кон легализација на проституција. Се што е лајно од западот ни го сервираат овде. Наместо да копираат од запад како се води бизнис, економија, работнички права, екологија, системи кои функционираат, намалување на партизација и корупција, они родови идеологии, легализација на проституција: http://24vesti.mk/„amsterdamska-nokj“-vo-skopje И мене ми е преку глава од протести, затоа е подобро превентивно да се делува, со петиции, со интеренет петиции, со јавни дебати, да се измерат и споредат позитивните и негативните страни, па власта да може да одлучи размислено, советувано, измерено и транспарентно. И наместо да вложуваме енергија и труд за легализација, за правење „црвени улици“ и ширење неморал и деградација на жената во општеството, таа енергија можеме да ја вложиме во затварање на јавните куќи и илегалната проституција. Од секогаш ми било парадоксално како може проститутки да се шетаат покрај центарот на полицијата БЕКО кај МТВ. Ама ете, се дозволува молкум. Епа ако се крене гласот на народот, тоа „молкум“ нема да биде веќе „молкум“ и министерството за внатрешни ќе мора да превземе нешто, за да не ги сечат на наредни избори. И батали тоа „редовна контрола“. Сум бил 2 пати во Амстердам и сум зборел со христијански здруженија што се трудат да им помогнат на злоупотребените девојки таму. Они не се ни бањаат после секс. Само се прскаат со парфем и одма одат пред излог за да земат нови 50 евра од муштерија, иако според „правилникот на легализацијата“ мораат да се истушираат после секој услужен муштерија. А плус и контрола им се врши на проститутките, а не на муштериите. Ете ти пак неправда. Демек само за муштериите е битно да одат на „роба со проверен квалитет“, а тие кутрите девојки кој ги шиша а? Што ако на неа и се стави некој заразен од сида, па се дупне презервативот и таа се зарази? Греота се ептен. Запознав и бивши проститутки кои сега се христијански активистки со цел да извадат повеќе девојки од тој „бизнис“. Колку само тажни приказни се изнаслушав.
Па така де. Ние како една бедна држава која цели по највисокото од запад, почнуваме од најниското. Приоритети. Иначе, ЕвАнгелос, сега ќе се ставам во позиција дека сум за легализација на проституцијата, иако моментално немам точно дефиниран став за истово. Зашто, тежината за ова е огромна, комплицирани се аргументите и за и против. И малку се наоѓам себе контрадикторна за ова прашање. Социјалните проценки на проституцијата зависат од културните, етички и верски вредности и се предмет на значителна промена. Со државна регулатива и јасни правила во рамките на истово, ќе се дизајнира заштита на проститутките од трговците со луѓе, насилството и макроата. Ова би бил еден од начините за спречување на нелегална проституција, нелегални бордели, бело робје итд. Законот за проституција би бил најдобро оружје против насилна проституција. Односно, колку повеќе им се подобри состојбата на жените, да го прават тоа легално, толку повеќе ќе исчезнува стапката на нелегална проституција. А неретко, по пример на други земји, ќе се намали и стапката на проституција. Барем се надевам. Ова е секогаш од економски причини. Што и да направиме за да регулираме нелегална проституција, финансиски побуди, постоеле и ќе постојат. Таа нема да запре, ами напротив, ќе се шири. Таа е најстарата работа на светот. А кога, ваквата би ја регулирале правно и следствено работата, би плаќале данок, и тоа подобар дел, сметам дека ќе подразмислат дали им е исплативо да продлжат. Потоа, би имале подобра медицинска заштита. Не би маркирале по улици, каде може да бидат мета на злоупотреба од секаков вид. Би имале заштита од обезбедување и соодветни институции и организации, редовни контроли во борделите итн. Потоа и сексуална заштита, заради сексуално преносливите болести. Стапката, апсолутно би се намалила. Значи, со закон и редовни контроли, не верувам дека сопственикот на борделот ќе се обидува да користи и злоупотребува, барем не на начинот на кој тоа сега се прави. Патем, за борделите, ќе биде потребна дозвола. Од друга страна, те разбирам. Вака би се легализирал неморалот. Неморално го сметам и јас. Но не сметам дека со ова се деградира жената. Генерализираш. Ако некој одлучил да се проституира, тоа нема врска со мене и со другите и не не прави нас неморални. Тие што ги гледаат жените со такви очи, би ги гледале и понатаму и покрај легализацијата. Неморалот, не можеш да го искорениш. Постоел и ќе постои. Општествените норми се менуваат, следствено општествените потреби. Неморалот, има и други форми. Жени и мажи и во брак склони на прељуба. Дали тоа треба да значи дека се деградира целиот човечки род? Незаконитоста има последици. Нерегистрираните сексуални работници подлежат на уцени и закани. Мораат да извршуваат бесмислени должности, за да им биде дозволено да работат. Полициските службеници им се закануваат. Ќе работиш како што ќе кажам и ќе правиш како што сакам. Ете затоа шетаат слободно пред Беко. Можат да бидат и силувани, да не им биде платено и уште ред други работи. Дури се и животно загрозени. На сопствениците на нелегални бордели им се прогледува низ прсти. Оти ќе исплатат голема сума пари и готово, решен е проблемот. Законот не ги штити жените од ова. Се плашат да пријават. Законска регулатива, би ги заштитила од насилство и не би создала нови можности за истото. Само, би се редуцирале старите. П.С. Дајте ми мене да го склопам законот.