А хелоувин не ви смета а? А бе и во странство деца прават за Божиќ и други празници приредби и манифестации и во училиштата и во црквите и сегде. Се претера веќр со мразењето на се што е христијанско. Ако се атеисти родителите не мора да ги праќаат децата, плус зарем не е и тоа со атеизмот наметнување мислење на дете?
Очигледно ви се измешани работите. Уставот на РМ вели дека Македонија е секуларна држава. Тоа во превод значи дека во Македонија верските институции (цркви, џамии и сл.) се одвоени од државата и сите нејзини сегменти и институции, вклучувајќи ги и училиштата. Затоа и предметот Веронаука е укинат од страна на Уставен Суд. Верските убедувања се лична работа, и ниту вашите ме засегаат мене, ниту моите засегаат било кого. Доколку сметате дека на религијата и е место во училиштата, барајте промена на Уставот, што да ви кажам друго.
Имам дете, мислете ако не сакам може некој да го стави во вакви работи? За Божиќ, католиците имаат многу слични вакви работи каде што учествуваат деца. И тоа перење на мозок е? Прифаќање на ЛГБТ заедницата и сличните ствари ни се ок, а вакви работи кои воопшто не се искривени ни се перење на мозок. Остајте ги луѓето што сакаат нека прават и кај сакаат нека ги носат децата.
Веронауката со причина не влезе во училиштата, најмалку па треба да ја има уште од најниски одделенија. Училиштето, образовниот систем е место на кое се стекнуваат факти, знаење, вештини. Религијата е индивидуален избор и чувство, и ако во нешто може да се поврзе со образование – тоа би било да се учи евентуално целосно објективни факти за сите попознати религии, а тоа веќе се прави по историја и филозофија. Конкретно за ова со поворките... не велам дека не се претера со реакциите, со хејтање од рандом твитер ликови за да се направат интересни. Ама, погрешно ја сфаќате @LollySky, поентата ѝ е од професионален аспект и не ѝ е така малициозна и антитеистичка како што се толкува. И една моја професорка на фб вака ја нападнаа за ова, и тоа прилично недолично Нема апсолутно ништо за хејтање и лошо во коледарската традиција со дечиња, баш напротив. Ама сето тоа подобро е да се врши спонтано и лично. Зошто од училиште организирано, и зошто побогу на политичар-градоначалник да се водат да му пеат и да се слика со нив бе луѓе? Тоа е валидната поента! Сепак, уште поглупа ми е мене сликата со Шилегов со сечење лента и поп до него... По сѐ изгледа уште долго нема улогата на МПЦ да се одвои од политиката, политичарите и власта.
Нешто комуњарава слабо ми активна во политикава, што им стана а кратко се на власт сега треба да се најактивни по политичкиве теми, да се пофалат колку ја усраа раборва со се што е вредно во државава
Ако баш сакаш да знаеш, затоа што вие неколку тролчиња ја сведувате дискусијата на ултраниско ниво за потоа да тепате на искуство, ете зошто
Тоа го викаш така затоа што заборави колку тролаше цела деценија, па сега некој ти засмета за само нецела година... А знам зошто не се појавуваш/те во политички теми...Ти и сите комуњарски полтрони, бидејќи ви е срам да кажете дека го подржувате на Црвон од Муртино кој се срами да каже Македнија, а на место тоа вика мојата земја, мојот народ....! Е затоа не се појавувате.Не заради нас кои се најдовме тука да троламе, бидејќи ве нема вас... Не знам до каде ќе ни ја однесат оваа наша јадна земја која ја донесоа на дно дна за само 7-8 месеци, а замисли да беа 10 год....?
Тука сме, јас сум тука, ама празници се бре @ADOKI . Дома не сум прибрана, баклави јадам, зарем на Божиќ за политика да ја тупам и тоа се едно исто? А и знам вие овде сте, патриотите да ја чувате државата и мирна сум.
Децата се на распуст. Зошто ги мешате училиштата во ова? Од министерството за наука и образование ниту било побарано, ниту дале одобрение за учество на децата во верски манифестации. Еве го соопштението на МОН. Универзална декларација за човекови права вели вака: "Родителите или старателите на детето имаат право да го организираат семејниот живот во согласност со нивната религија или уверувања..." Член 18 од Конвенцијата за правата на детето: "За сè што се презема за детето и во негов интерес, одговорноста ја имаат родителите." Значи ако дале родителите согласност, нема ништо спорно. Не слушнав некој родител да се побуни дека бил присилен. Ги читам на фејсбук и твитер атеистиве срипаа дека со тоа се нарушувала секуларноста, дека им ги перат мозоците со религија... и тоа бурна реакција мислиш на колење ги однеле децава. Баш да ги видам дали ќе срипаат така сега кога со ратификувањето на Истанбулската конвенција децата ќе бидат изложени на перење мозок со родовата идеологија и тоа во формалното и неформалното образование, кога ќе им ги перат мозоците дека не постои само машки и женски род, туку дека има и Polygender, Multigender, Hydrogender, Aerogender, Heliogender, Pangender, Cisgender man, Gender fluid, Non-binary или Two-spirit person и уште 70 други родови идентитети и дека е сосема во ред да си го смениш полот ако се чувствуваш како другиот пол.. И баш ме интересира дали ќе бараат одобрение од родителите за ваквото перење на мозоците на сите деца во Македонија.
Затоа што работам во училиште, едноставно од прва рака знам како течеше организацијата. Никој не вика дека не треба да има вакви поворки, барем не јас. Спорен момент е што тоа одеше преку училиштата. Македонија по устав е секуларна држава и религијата е одвоена од сите државни сегменти вклучувајќи ги и училиштата. Ќе повторам МПЦ-ОА побара дозвола и подршка од општините и градоначалниците, ја добија истата, и преку наставниците по етика на религиите се организираа децата. Од родителите беше побарана и добиена писмена согласност. За МОН, не знам дали се прават луди сега или навистина не знаеле за сето ова. Сепак, училиштата се под локална самоуправа, па можно е и навистина никој да не барал дозвола од МОН.
А каква дозвола барала МПЦ од општините и градоначалниците? Дозвола за прием на коледарите кај нив? Како мислиш преку наставниците по етика на религиите се организираа децата? МПЦ побара од наставниците за овие да им побараат на родителите писмена согласност? Тоа веќе е класичен притисок, бидејќи ако родителот одбие, наставникот ќе може за возврат да му стави помала оценка на детето. Ај те молам оваа информација ако можеш да ми ја дадеш проверена.
@LollySky во право си била. Еве дури најдов и фотка од интерна емаил комуникација во рамките на општина Кисела Вода каде што се гледа дека општината соработувала со основните училишта во врска со оваа верска манифестација. Сепак морам да кажам дека ова е против уставната секуларност. Ах бре МПЦ, уште не ти дојде памет дека Македонија не е православна теократија, туку е секуларна и демократска држава.
A kako toa jas mu go peram mozokot na moeto 3 godishno detence so nosenje maskirano na vrata kaj najbliski da ispee edna pesnicka i da si poigra so tetki ? On ni pesnickata ne ja znae kako sto treba , kako bi me razbral sto e ateist , hristijanin , musliman , sekularna ili demokratska drzava ? Nasata vera e takva , a bidejki sme multietnicka drzava , treba seciva tradicija da se pocituva taka ? I da , raspust e i ucilistata nemaat ( ili ne bi trebalo da imaat ) povrzanost so badnikari/koledari , vasilichari i slicni tradicii sto se primenuvale godini nanazad . @ADOKI imaj trpenie , ke se vratime i nie komunjarite na forumot so kritiki ili pofalbi , zavisi kako si zasluzile , ama praznici se bre majku mu , ne sakame za vreme na Bozik i Pravoslavna Nova da se zamarame so Zaev i Nikola . Vo godinata ima 365 dena , moze da odvoime 20 dena za praznici i " pasenje mozok " bez da mislime na ovie dvajca , ili bilo koj od politicarive , i da se zamarame so nivnite lagi olabavi brat .
@LollySky ти благодарам за твоето мислење само тоа знаете вие да навредувате,а и плус си била наставничка. А божем празници биле па сте немале време, инаку цело време дремевте по форумов... @ Grazygirl15 a kaде бевте пред празниците, ај ќе ве почекаме да завршат ама 365 дена не се празници...
Ти како наставник беше океј и со тоа деца уште во градинка (градинка, еј!) да ги учат да се клањаат, кога беше актуелен случајот во Чаир. Токму вака како Лоли треба да реагира еден просветен работник, никаква навреда нема тука. Не знам како треба да се потенцира за да реагирате пореално и подлабоко, а не религиски пречувствително. Не перат мозоци родителите, единствениот проблем е што е сето ова организирано од општини и политичари поврзани со верска институција, па како врв на сè вмешано и образованието. И јас не се согласувам со толку мрчење што се направи општо по социјалните мрежи, не е за рипање ама за дебата и размислување и тоа како е. Btw еве како дел од каква политика се критикува ова, читнете.
https://www.theguardian.com/environment/2001/may/21/globalwarming.europeanunion Зголемен број на заболени од рак, тешкотии при бременост или прекин на истата? Еве уште една теорија на заговор. Извор: The Guardian. Порано мислевме дека сме чмарот на светот, сега имаме доказ за тоа.
^ Ова е веќе друго, ама фамата со поворките беше претерана. Прогуглав и видов и дека лани имало. Кога можат на халолин да се маскираат и тоа во градинки, за Коледе кој 90 % од Македонците го празнуват се дигна волкава фама. Зошто не се крева за "увозните" празници? За овој попот Наум и Водоча имам слушнато се и сешто. Се чудам Заев што волку побожен стана, кога знам дека не ни беше православен претходно.
Репликата ти е на погрешно место и во погрешно време... Каде виде јас да коментирам за тоа децата каде оделе и што правеле...Чирај малку погоре па ќе видиш дека не ти е соодветна репликата, па затоа си оф топик си ова мислење
Имаше и лани поворки, само лани никој не смееше ни да зуцне, туку мене нешто друго ми падна в' очи. Поворките ги организира невладината организација "Бадникови Поворки". Значи оваа организација е формирана со некоја цел, а не е организирање на поворките, затоа што за тоа не е потребна организација, тоа го може и црквата. Сакате да се кладиме дека организацијата е создадена за да примаат донации од органи кои не би смееле да донираат на црквата? На пример, од државата, или не знам... Знам дека имаше таков случај со претходната локална власт, кај што советниците во една општина си беа создале невладина организација за да можат да примаат донации од фирми (затоа што општината не може да прима донации од физички лица), па така советниците си земаа плати и од општината и од организацијата. Мислите никој не зема пари од организацијата "Бадникови Поворки"? Уште полошо е што ги користат децата за да се богатат.