Вака пиша Инес Ефремова на фб: (шернете ја ако ви фаќа око напишаното) Со симболични 69 гласа за, СДСМ ни го спопикаа Законот за јазици. Донесен без соодветна процедура и против-уставен. Овој закон го наметнува албанскиот јазик на територија на цела Македонија. Ако досега важеше дека втор службен јазик покрај македонскиот е секој јазик кој го зборува најмалку 20% од населението на локално, општинско ниво (што е одлично и фер), сега албанскиот се наметнува на централно ниво и во општини и места каде воопшто нема албанци (како Радовиш, Делчево, Пробиштип итн...). Поконкретно тоа значи дека и на местата каде нема ниту 20% Албанци, државните институции се приморани да ги преведуваат сите документи и на албански и да водат коресподенција на два јазика. Веќе се одвоени над 100 милиони денари од буџетот за инспекции кои ќе ловат институции и во Источна Македонија и ќе ги казнуваат. Значи, веќе ни земаа наши, народни 100 милиони денари за да ја спроведуваат оваа небулаза, а ќе продолжат да ни зимаат наши пари кога ќе ги казнуваат државните институции, кои пак ќе отплаќаат со државни (наши) пари и така во круг до повраќање. Овие измени во законот не само што вршат дискриминација врз македонскиот јазик, туку ги дискриминираат и другите малцинства во Македонија, неправедно и неодржано наметнувајќи го албанскиот како службен и онаму каде што нема доволно албанско население на локално ниво, притоа не земајќи ги во предвид другите јазици. Воедно се огромен трошок за Буџетот. Ќе се даваат наши пари за инспекции, агенции за контрола, преведувачи, толкувачи и онаму каде нема НИКАКВА потреба од тоа. Притоа, македонското општетсво од мулти-етничко, полека но, сигурно ќе се претвора во бинационално и ќе имаме паралелна држава, со паралелни институции, архиви, толкувања. Патем, овој Закон воопшто не е дел од европските реформи и самиот Хан рече дека не е никаков приоритет или фактор за евро-интеграциите. Туку е само локално партиски дил кој СДСМ го прифати за да дојде на власт и сега го отплаќа, а ДУИ за да си собира поени кај своето гласачко тело. За крај, само крајно НЕПИСМЕНИ луѓе може да го поврзуваат овој Закон со права, слободи или неговото неспроведување со фашизам.
Тиранската платформа беше само во главата на грујовистите а? На здравје стрижење. За некој ден името, па после да видиме што е следно во пазарењето по секоја цена да се биде на власт.
Неуставен е. Ама џабе. Му ставија европско знаменце. Радо би да го најдам постот кога пишував на кој начин ќе помине, а останати сакаа да ме палат на клада, оти сум ширела вмровски лаги и манипулации. Останува да го сменат името, а потоа да ги чекаме ефектите од истото. Кои на жалост, ќе бидат негативни. Сонот за плата од 500 евра и натаму продолжува. Ќе стане фрустрација, кога ќе ја согледате раелноста. Тиранската ви е на дело. Почна да се спроведува. Ќе бидат дефинирани сите точки од истата, а ние никаква корист нема да имаме од тоа. Со кој памет Иванов го даде мандатот?
Јас во 2016. не верував дека навистина ќе се реализира, само затоа што не верував дека сдс ќе победат на парламентарни избори (тука не згрешив, навистина не победија). Инаку, отсекогаш знаев дека се подеструктивни од другите, ама никој те зема предвид кога имаш нешто паметно да кажеш. Вмро се исто така продадени души, со една разлика, би немале храброст да излезат со нешто вакво пред раја. Се ни е средено овде, остана уште да потхрануваме албански национализам.
Така ќе напрват и за името,сценариото мора да се исполни.Ова е геноцид и сквернвење на нашиот јазик.Погубно за нас што дозволивме партиските амбиции за власт,држава да водат.
Во програмата на Сдсм, јасно и прецизно беше напишано што ќе одработуваат. Во малку завиткана форма од зборови, ама се читаше меѓу редови. Натаму, Заев имаше мал милион изјави и интервјуа, во кои самиот кажуваше што следува. Ниту Сдс, ниту Вмро се правилен избор за нас. Ги сакав вторите на власт, затоа што знаев какви деструкции ќе прават првите. Поучени од грешките на минатото, не на сите им дојде паметот. Играта, тек почнува. Народот уште не е свесен. Ако вторите имаа доволен број пратенички места за мнозинство, не ќе можеше никој да ги уценува и ова немаше да се случи. Затоа Вмро бараше 62+. Ама народот одлучи да си ја продаде државата, свесно или не свесно, за да ги казни криминалците. И во право е. Донесе на власт поголеми криминалци. Сега сите ќе ја плаќаме цената.
Нема ни униформи. Уште се дрзнуваат да лажат, дури и во собрание. Утре кога ќе ги гледаме по улици ќе ти речат дека ти треба поголем диоптер оти не ти се гледа добро.
Да. Сум пропуштила. Се согласувам со последната клетва. Не е страшна. Бара само познавање на јазикот и казна од вртоглава сума за негово непознавање.
@DAngel ако мојот пост ти е клетва не знам што да ти речам. Пример, гласам закон против пушење на јавни места и кога некој ќе ми го честита јас тоа би го разбрала како комплимент. Вака не сте ми јасни стварно.
@DAngel а бе до гроб ке ги колнам, цел народ ги колне. Финтата беше Груевски да си ги врати парите, заради тоа и еден куп луге ко мене што 100 години гласаат за ВМРО не испаднваме овој пат . Не беше финтата да ми менува он мене име и јазик . Зошто во Струмица двојазичност? Малку му е на народов, малку!
Абе не си ти нормална. Не знам дали има некој твој пост што не ме насмеал. Нека ме бришат за оф топик, ама морав.
Што е бре ова колнење ко стари женишта на сред село Бел ден да не видат, ова да не видат, тоа да не видат...Ок бабо. И досега имаше двојазичност во западните градови па на никој не му чуеше. Ич не ми е гајле дали Албанците имаат право да зборуваат на албански насекаде...Битно не е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН за останатите, нема да го има на пари и во химна. Името го сменија, двојазничност насекаде, со Бугарија станавме пријатели, а воинот ќе се тргне...Имаш ли душа Зоране? Мајка и расплака на земјава. Пуу јзк.