Само што сакав да отворам kadevecer.com.mk, видов дека сајтот е хакиран и се појави овој текст(преведено од албански по гугл). - THE BEST Islam - Islam is the religion of the world seriously, and we Muslims do not fall prey to your provocations, as you make fun of us the Qur'an, but also national outfits. In the Macedonian minority in Kosovo with mir handle more than you how you treat Albanians,. You can laugh at the Qur'an but with this religious culture that does not tell you even a piece of culture. The fact that you are racist People show the matches that we played different sports where you call racist ! Praandaj by this patience is coming to an end ..... But even if you show something that will not always just sit back, but will come out in defense of Albanian brothers! With You All Kosovo! # Op Macedonia Kosovo Security Group neTw0rk-c00d3R - COLD-Trojan - Crau EER. Hackb0x.org Знам дека не е политички настан, но не знаев каде би го ставила.
Морам да ја искоментирам маската, сега дознавам за случајов и само што ја видов маската, и, не сум ни муслиманка ни пак имам намера да ја оправдувам постапката на муслиманите, ама искрено, од маскава како прво јас се почуствував навредена а не пак муслиманиве. Срам да им биде на креторите на маската, што покрај толку работи што може да се исмејуваат во државава, тие ја одбрале баш оваа, иако не ја сфатив целосно поентата на сестрата што рипаше на патлакот од оџата, каква поврзаност имаше едно со друго ако може некој да ми објасни ама ич нема да му замерам. Има граница помеѓу смешно /пародично и вулгарно/навредувачко, а ова дефинитивно ја премина. Навредливо е за сите нас, сервираат вулгарност и очекуваат некој да го сфати ова како забавно и комично? Абе ајде, навреда е за интелигенцијата ова бре. А објаснувања од типот карневал е, маските се заради пагански обичај на бркање духови ни малку не се достојни да го оправдаат ова. За политичка заднина, 2001 (мислам дај, претерувате), не коментирам, овие дивјациве што претерале и тоа повеќе од што требало - претерале, ама тоа е, имаат права и имаат м*да да се осудат на таква постапка во туѓа држава. Не знам дали ако стануваше збор за обратна ситуација колку ние ќе бевме храбри да кажеме нешто а не па да се дрзнеме да палиме објекти (го знам одговорот ама оставам простор за имагинација), но тоа е што е, си ја издробивме попарата, сега ќе ја сркаме. Уште еднаш да потенцирам, не го оправдувам „одговорот на муслиманите“, сметам дека беше примитивен и со ништо не може да се опрадва, зборувам за маската конкретно настрана од политички превези и теории на заговор, настрана од се, дека навистина е пред се вулгарна за било кого, а потоа и навредлива.
Се сложувам дека маската е претерана. Не само за муслиманите, туку општо е недолична. Посебно постарите лица кои ја гледале се згрозиле. Јас како женско сум навредена. Навредена сум и од други маски во кои се исмејуваат жените. Но, продолжувам напред. Не палам и не рушам се` пред мене. Не се спуштам на ниво на вевчанци. Имам многу добри пријатели вевчанци, но знаат да претераат понекогаш. Заради нивното размислување, страдаме ние другите. Но, зошто својот гнев Албанците го покажуваа на други места, во други општини? Зошто не отидеа во Вевчани и таму нека си го решат проблемот со создателите на истиот? Ги разбирам и муслиманите (оние добри луѓе) кои се чувствуваа незгодно поради настаните. Ги разбирам како им е, но сепак нека не ги бранат упорно своите браќа кои прават злодела.
Реално да збориме маската и не толку е интересна , и не толку би ја сместила за некоја интелектуална шега, туку бизарна ниска провокација. Сепак станува збор за нешто што кај човека може да дирне така длабоко и да отвори простор за бес и гнев. Се работи за религија, каква и да е и која и да е . Тоа е религија, и најмалку треба некој да прави шеги на ваква сметка. Не го оправдувам ни палењето цркви, за жал немаме храбри “воини “ кои би можеле да застанат и да спречат вакво нешто.... Напротив тие воини си мислат за тоа како уште да исперат пари и како да ја направат уште еден барок стил на плоштадот, а тоа што се случува наоколу и што претставува закана за целиот македонски народ и тоа што мириса на војна никого не го интересира. Патем нз дал има ваква тема ама сега ова го прочитав и ме интересира мислењето за Спојлер http://skopjeinfo.mk/kje-se-gradi-barokna-zgrada-megju-aleksandar-i-portata-320.aspx#.Ty0oeumL_Gk.facebook
Колку што разбрав денониве, причина за палењето на македонското знаме пред општината на Струга било од чист револт. Типот купил знаме македонско за да навива за Македонија. Отишол во кафич да навива, и добил коментари од типот: "Што бара шиптаров тука?". Такви зборови не се потребни. Некогаш и сами сме си криви иако не сакаме да признаеме...
Ја следам целава ситуација подолго време! Значи маската толку е невкусна, што се згрозив! После се имаше и мали деца кои ја гледаат ова изведба!....Катастрофа! Вевчански карневал одсекогаш ми бил одбивен, затоа што е пагански! Но сметам дека не требаше до тој степен да се разгорат работите, затоа што тоа е само карневал, а нели сме виделе на карневали исмејуваат и попови, политичари и оџи и се.... Но тоа не е главната причина според мене за толкав револт! Само се БАРАШЕ причина....се друго се знае! Тука се вмешани ДУИ, ДПА..па дури сметам и Грците.... Сето ова ми личи на добро осмислена приказна! Се надевам дека нема да им успее!
Има ли некој линк од youtube или пак слики од спорната маска ? Не бев во можност да видам за што точно станува збор, доколку некој знае нека остави линк.
Добро де девојче, зошто упорно ги браниш оние кои ги направиле злоделата и ни кажуваш пазарски муабети рекла-казала? Ајде, молим те, не пиеме нафта ние. А, Македонците, никогаш не би рекле нешто такво, затоа што се мирен народ претежно. Има фер Албанци, ама има и такви кои се за секаква осуда, да бидеме реални, сите го знаеме тоа. Или можеби и сите злодела потоа од револт беа направени?
Рекла-казала? Пред да скокниш на некои заклучоци, прашај како сум го дознала тоа. Тој што му беше адвокат, на моите им е добар пријател. Мирен народ сме биле?! Освен јас не сум слушнала некој да рече албанец наместо шиптар па ко ќе видиш донекаде и ние сме криви. Јас можам да зборам за овој настан, а не за останатите кои се случија од после...
Не си во право. Ниеден албанец во Струга не навиваше нити за нашиот кошаркарски тим нити за ракометниот, а причината беше што нема албанец во репрезентација. Знамето не беше купено за навивање туку беше симнато од столбот пред општина. И столбот осамна неколку дена без знаме! Многу добро видовме кој е причина за овие случувања, а тоа се вахабистите. А тие си најдоа свои овци кои можат да ги командуваат. А нормално градоначалникот ќе го јаде најголемиот СТАП.
Koга слушам за нашава економија шо е најбоља у свет и како треба да вложуваме ми иде и тв и све да испокршам. Што црно да вложувате бре? Тргнете го мраков од Скопје прво. Се враќам од работа и се осеќам како у хорор филм. Али битно за Нова Година на сијаличкии и градско осветлување не се штедеше иако сме у г****. Е сеа навечер, романтично со свеќи ќе се враќаме од работа. А најтрагично е што сепак градско осветлување како услуга, ние ја плаќаме...
Гледам некој ништо не рекол ниту прокоментирал за претопувањето на десниов блок на партии во само во Вмро дпмне. Дошла маца на вратанца. И ние ќе глумиме демократија. Само незнам кој ми е посмешен Гвујо или овие другиве. Кого мислат дека лажат? Поштедете не барем од ти јавни продики и тиe јавни и носталгични враќања to the mother-ship. И зашто воопшто се одвојуваш и да формираш партија ако после си ја виткаш опашката и се враќаш назад кај газдата. Нели со самото одојување си кажавте дека важите идеали, рамисливања движења се во различен правец? Или сега пак се вративте кон патот на парите. Или пак се исплашивте и сега одма опроштајно писмо праќаат. Да не беа жални ќе ми беа смешни, патетични подобро.
Истото е и кај нас во Каменица. До пред една недела, пред да прогласат енергетска криза, светеа сијаличките што ги ставиа за нова година. Синоќа 30 мин се враќавме од излегување со сестра ми, а на 4 мин ни си кафичите. Точно како во некој хорор филм да бевме. Рок темно беше, па кај и се е помрзнато, да не знаеш кај да настапиш од страв да не паднеш на земја и некоја нога или рака да скршиш. Катастрофа.
Пукано кон Алфа ТВ. Два курушума завршија во возило и во прозорец на Телевизија Алфа попладнево кога пред зградата стоеа неколкумина вработени. Според првичните сознанија на крим-техниката куршумите се испукани кон телевизијата. Следејќи ја траекторијата, увидната екипа констатираше дека е стрелано кон објектот оти патот на проектилите е хоризонтален. Најверојатно куршумите се испукани во близина на телевизијата, а според претпоставките на полицајците кои вршеа увид можеби е пукано и од возило во движење. Вештите лица информираат дека куршумите се постари и поради тоа штетата е мала. Вработените кои во моментот на пукањето се нашле пред телевизијата сведочат дека слушнале силен истрел од оружје. Полицијата истражува кој ги испукал куршумите. Портпаролот Котевски вели дека првата претпоставка е оти куршумот е заталкан, но не ја исклучува можноста да се работи за напад врз телевизијата. Полицијата вети дека целосно ќе го расчисти случајот во кој можеа да настрадаат вработени во Алфа ТВ. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=46280 Ја ликвидираа А1, а сега изгледа дојде редот и на алфа. Единствено се прашувам што е следно?
Рестрикциите околу осветлувањево се чиста смешка. Се штеди на билборди, и улични сијалици од една страна на улицата. Битно милениумскиот крст си свети. А дали тоа е функционално, или е онака за украс не е побитно од прашањето дали ќе има паѓања, сообраќајки и слично. Иако не можат да го остават цел град во мрак, пак, надвор е идила за манијациве. Но сепак, морам да признаам дека е подобра опција отклоку да исклучуваат струја по домаќинствата, на ова сибирско време.
Не се секирај и до тоа ќе дојде. Па кога внесуваме барок во земјава споменици, импозантни, огромни и прескапи зданија, со свеќи и газиени ламби би било поавтентично да се долови моментот, тие арни си се, на се` мислат, ние не чиниме .
да да ги гасат преку ноќ а дење кога не треба светеа пред неполна недела, се забораиле да ги изгасат изгледа. Немам коментар и за крстот, ајфеловата кула во Париз свети само 2-3 пати во неделата нашиов крст битно секој ден свети. Заборавив ние сме буржоазија Не сум против тоа да има рестрикција ама таму каде треба кратат а каде не треба се троши на велико.
На мојата улица исто нема светло навечер (а, ние ќе си платиме такса во сметката ) Не се гледа, ама баш ништо, значи жива темница е. Безбедност = нула. На некои улици има светло на секоја бандера, а на некои ниту едно единствено светло. Нелогички и неферски за жителите. Потоа, комуналците веќе цел месец го немаат собрано ѓубрето. Немаме каде да го фрлиме, вриеме во ѓубре, наутро наоѓаме смет низ дворовите и улицата од ќучињата и мачките кои го расфрлуваат. А, сметките пак ќе ги платиме. Не знам каде го има ова. Засрамота за надлежните кои уште еднаш покажаа дека не знаат да се справат со ниту една елементарна непогодност, а и што било друго.
И кај нас е така.имаш право. што сме ние дожни да им плаќаме за уличното осветлување? извини, за кое осветлување?? еве баш вчера ни дојде сметката. срамота. па и демек ќе ги оклучиле пред неколку дена па ајде сега се одложило. Зошто жити се? Што им е сега оправдување??
Полицаец кој не бил на должност убил 2 момчиња во Гостивар... http://www.time.mk/cluster/ecb8dcca44/p ... tivar.html сеуште нема официјално соопштение што како зошто ама сепак ова е ужас. Притоа според последните информации станува збор за полицаец кој не бил на должност што е уште полошо! Па добро бе мајку му каде живееме? Значи дали воопшто се знае кој се вработува во службата за внатрешни работи? Секој ли треба да е полицаец? Дали знаат што е дефиниција за полицаец? Не се вади пиштол и не се пука по се живо што оди на улица. Не не, ова не е нормално. Ова не е човечки!