Јас не знам што се чудат сите и што изигруваат изненадени дека ќе има двојазичност, кога тоа беше најглавен услов за формирање влада. Wooooow колкаво изненадување. Веќе има двојазичност од порано само сега што е официјално. Не моравте да го гласате ако нејќете двојазичност... Ама штом победи, значи бааѓи си го гласале.
@JollyGril он не победи. тој што победи не формира влада од шо нејкеше толку многу да витка кичма. А и тие шо го гласале муртинскиот, го гласаа за промени, за грујо да ги врати парите , такви некои ко мене што не гласаа ЗА ЗАЕВ туку ПРОТИВ ГРУЈО. Ај да видиме уставен шо ке каже. Денес и уставните ги смениле:
Војната шо ја најавуваше од чкљ српски сајтови уште не почна? Мигрантите кај се? Косовските муџахедини шо чекале повик за да не нападнат се спремаат? Убедливата победа на локалните на вмороните?
Не се секирај душо, како мрзелив народ сме, нема нигде да мрднеме.. Виде и ти на протестот што беше за загадувањето на воздухот, колкумина беа излезени... Ние ќе умреме од карцином на плуќа а не поради зајко, шајко или грујчо...расправаме за двојазичност, за курци палци а најбитниот фактор што ќе ни го уништи здравјето никако да го ставиме како приоритет, никако да се сплотиме сите заедно...мизерија од без свест народ сме...ни за сопствените деца не мислиме....Така да душо моја, ич не му ја мисли, бистри си политики ти со црни дупки и биг бенг.
Баш... Тоа го докажува и целото донесување на законов (плус со нови уставни судии и Заев во Италија), ама и стилот на реакции од поединци. Клетви бе еј... срамота. Убаво беше кажано она за ултраниското ниво. И смалете доживљај вие докажано „објективните“, ништо не плескате никому, не е ова никаква лекција за да се „засрамат“ тие што гласале за промена. Доказ е (како и другите киксови на власта за важни прашања) дека и двете опции ни се дно. Не го поддржувам законот, се согласувам со македонистите што реагираа уште пред неколку месеци. Еве, читнете ја Катица Ќулавкова. Жената не е поврзана со партии и излезе со аргументи... а, да – и не колне и не повикува на војни
Јас дојдов да плукам, ама не по јазикот кои гледам ве погодил. Од денес сте патриоти, а 11 години во зимски сон ли бевте? Знаете колку ми е гајле за јазикот ваш и макендоштината? Ма ич. Се враќам од Скопје, од Детска клинкика. Дојдов, видов и си отидов. Дијагноза нема син ми, наод има. И сега треба да бракам приватни доктори оти оние на клиника немаат време. Да не зборувам за нехуманиот однос на клиника каде пациенти се деца, за нехигиена, за непрофисионалноста. Денес бев и на приватен оротопед. Преглед како што треба. Ама го платив. Сега морам да платам за мешето и за очите оти ми вели "Мама ме боли", а не ми вели "Мама а јазикот". Е така вие загрижени патриоти кои глумете лудило со маски оти загаден ви е воздухот, сега силете се по форуми и фб за јазикот, и молете се да не треба да одете на Детска клиника. Или имате да си платете на приватно. Јас немам, па ќе се снаоѓам. Да предавник сум, гајле ми е за државата оти јас во ова држава барем треба да имам право на здравствена заштита. Ама не ја добивам. Името, ме заболе. Ќе се доусовршам, стабилизирам и чао Македонијо, или како и да се вика. Ако сака и Скопје нека е. Заев нема да го плукам за јазикот, ама за здравството и те како. Законот не е изненадување. И името ќе се смени. Впрочем оддамна пишав дека на мене во Министерство во правда пред година и кусур ми бараа преведувач. Ама тогаш патриотите беа во зимски сон.
Видов дека на @Doozy fangirl life ќе и се активира, Дарио кога ќе исфрли една песма сега со рефрен од 4500евра јухууу
Само не ми е јасно зошто Заев дозволи да го уценуваат, кога на Локални се виде дека да оди на Парламентарни ќе си добие мнозинство?
Дојде Живот во Македонија (Гасна комора) Македонија која ќе ја заборавиме,аш ќе ја нема. Така да и Животот ќе го заборавиме. Да сте живи и здрави толку на тастатура ќе кажам. Бели знамиња пак ќе се вејат,кога тогаш. Afugas kapak
Така некои поедноставни кулинарски ситуации, комплицирани ствари не знам. Is this the time for the first suicide squad to be activated? The 1st special asignment "Kjose" brigade please step forward !
Деем, откриле дури сега дека американецот влечи конци тука. Какво откритие. Очекувам славје од најпривилегираната етничка група во мк, ќе бидам сериозно разочарана ако не дојде до тоа.
Види вака, за мене, Татковинава претставува дом за живеење. Тука живеам јас, ти, мојте, твојте и сечии деца и наши ближни. И ВАЖНО ми е се` она што се однесува и го изградува овој наш ДОМ. Важно ми е и името, знамето, идентитетот колку што ми е важно и здравството, образованието, економијата и се останато. Не може да ми биде гајле само за една-две работи, а за другите баш ме брига. Или се е важно - или ништо. Секое прсте на рака и нога е важно, зошто постои со причина, дел е од нашиот организам. Затоа, на сите вам, кои „баш ми е гајле за.... штоидаемакедонско“ ќе ве прашам само: Што чекате уште? Пакујте куферите и - ауфидерзен, ене ви ја Џерманија, ве чека. Со ваква ментална проекција ниту може да очекувате нешто од државава, ни да придонесете нешто вие за неа. Ако седите уште овде вака исфрустрирани, само болештини ќе заработите. И искрено ви посакувам да ја пронајдете вистинската среќа таму каде што ќе си најдете нов дом. А мојот дом е тука. и на многумина мои сонародници - Македонци. И додека мрдам и претам ќе се обидам да го зачувам и да придонесам да биде пристојно место за живот. И се ми е важно, зошто се е мое, и дел од мене. А вие кои се чувствувате како привремени кираџии во сопствена земја, имате најмалку право да тргувате и да ставате на лицитација нешто што не го чувствувате за свое.!
Оф-топик: @Ana Marija 1, па затоа уште повеќе браво за Катица Жената има доволно доблест, интегритет и љубов кон македонскиот јазик за да застане против глупостите на своите партиски лидери. Во ова време на општа продаденост за ситни пари, ретко се среќава човек кој не си ги погазува ставовите и вредностите.