Baravte, gledajte dzabe I kletvi I se ... se dodeka vo glavata na sekoj ne se stava na prvo mesto nacionalniot interes tuku da umre komsijata kozata da ja zemam vaka kje bide. Ama kje prezivee ovoj narod pak, a dali kje se opameti toa ne znam.
Е па еве сегаа можност овие лешојве се на власт од Април скоро година ќе направат нека сменат нешто.А за Лекови што нема тоа е вина на фондот кој го предводи Сдс и Дуи
Сум споменал и ќе споменам пак. Ич уво не ме боли за ништо. Од независноста па наваму просечната FYR-овца гледаше само да украде и да уништи. Наречете ме ако сакате и предавник, баш ми е гајле на крај крајава. Како што пишав претходно секое можно дно го пробушивме и државава повеќе наликува на претстава во циркус. Ама треба да знаете дека секоја претстава на почетокот е интересна после тоа станува досадна и редно време е да се стави крај на сето ова. Ако ништо друго да се отворат границите, да си избегаме кон ЕУ како што избега пола Романија и пола Бугарија. Тоа ако го направат нашиве политичари смрдливи ќе имам барем малку почит спрема нив. Државата FYROM се „грижеше“ за мене како дете на самохрана мајка и ми ги даде сите можни услови за живот. Не можам да ја смислам.
Па коа ќе ми текне, ликовиве што се против законов, како вреѓаа членови кои укажуваа на ова. Како тоа најголемите комуњари не гласале за сдсм? О мај гад. И да, интересно станува.
http://fokus.mk/saveski-dodeka-go-z...ionalni-prashana-toj-stanuva-se-posiromashen/ Од кога го зборувам истото. Јазикот нема да смени ништо, веќе се и применува. Македонија има поголеми проблеми, на пример сиромаштијата, здраството. Ама вака Вмро правеше, не замајуваа со националистички работи, истово го прави и Сдсм. А вистинските проблеми стојат, народот трпи. Ама оке, сега битен е јазикот.
Моментално и најдобар избор. Не вреди да се нервираш и бориш кога твои луѓе ја продаваат својата земја. Се чудам како една Албанија која до пред некоја година немаше асвалт ја прегази Македонија тоест успеа јазик да и наметне.
З.З на одмор во Италија. Ние ќе се гушиме со загадениот воздух, на неколку дена се воведува бесплатен автобуски превоз па веднаш тоа се укинува. Ќе си уживкаме со двојазичноста. Убаво пишував сдсовците да си ги штедат тие 190 ден од РДТ дека ќе им требаат за курсеви по албански. Што направивме со името? Кога ќе се менува? Ајде нека спроведат промена на име, нека ни ги сменат документите. Што ќе ни остане на крајот? Територијата, ќе ја поделат и неа. Станавме народ без идентитет, без сопствена држава, народ од втор ред. Сдсовци ниту вардар не ве пере.
Ќе го загадат и Вардар. Тоа е затоа 2001 на наши роднини фрчеа куршуми за ТЕРОРИСТИТЕ да говорат свој мајчин јазик,но не Македонскиот.
Што ќутевте во 2008 г. патриоти? Или Грујо арно направи тогаш? https://10bez10.com/vesti/makedonij...dzhoker-na-vmro-dpmne-za-politichki-pazarenja Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, без присуство на опозицијата, на 25 јули 2008 година за само 3 минути и 33 секунди го изгласаа Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа. За законот немаше никаква расправа од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. „За“ гласаа сите 75 присутни пратеници. Пу пу не важи во 2008 г што се случувало, сега сме патриоти Нереални, нефер, не гледаат подалеку од пред нос...Е такви сте најстрашни. Гледам се собираат да протестираат Абе на глава застанете двојазичност ќе има и името ќе се промени. Урлајте.
Јас ниту еднаш не гласав за овој Заев, и сега требало да толерирам неговa будалаштина каква што нема по бел свет. Покрај сувото, гори и суровото.
Нелегитимно избраа претседател на собрание (сдсовците ни за тоа не се побунија).. Што се случува со Македонците што загинаа на Карпалак, Вејце, Љуботенски Бачила? Починати немаат мир....Убијците на Смилковско Езеро се ослободени. Сега нелегитимно спроведуваат двојазичност. Парите, униформите, патоказите и.т.н се ќе бидат двојазични. Деновиве ќе ни го променат и името. Предлогот е Нова Македонија- тоа значи новонастаната држави и автоматски нема да се признаа нашата историја, јазик, химна и.т.н Уште територијата ни остана, но не за долго. Сдсовците со бугарските пасоши ќе си одат од тука, а ние ќе останеме да тонеме во се она што ни го приредија.
Гледам што е и како е, само ме интересира зошто тогаш никој не протестираше? Не се бунеа? Или што направиле направиле, па сега за се се криви другите? И го најдоа крајот на државата и сега тие од новата власт се криви. И што ви е толку чудно дека ќе има двојазничност? Зар не знаевте дека тоа е услов за формирање влада? И вашиот цар да успееше да формира влада, ќе МОРАШЕ двојазичност да воведе низ цела територија. Што сте толку изненадени кога со месеци и месеци се збори за двојазичноста, менување на името и слични работи. Навистина сте чудни.
Каква федерализација и кантонизација,каква тиранска платформа,какви бакрачи,се е тоа во главата на Груевски-рече Орхан Заев,упс Зоран де И,да бидам искрена,му поверував на момент,што дури и го гласав,за да го "урнам режимот"... Ех,беа тоа убави времиња,каде ни се ветуваше се и сешто,европски живот,јаки плати и стандарди,живот за сите и разно разни розови тракатници,ама се да ти било добро режирано филмче бе. А замисли,не лажеа вака ќе биде,така ќе биде,ваше е само да го урнете режимот со пенкало де нај безболно Сега,едно само знам:мајка ни е*баа и двете партии,а ние и тогаш и сега очи си вадиме меѓу себе,а оние другине слават,слават историска победа во туѓа држава,еј,еј А,пак пусто македонче,и брат и син ќе продаде штом седне во фотеља Туку,дојдов да прашам:како за време на овој историски момент на победа,Орхан е токму во Италија? Исто ко и на 27 Април,Грујо што беше Австрија чинам,небитно Упс,има гледано човекот,пошто Артан Груби одеше лајв,и возбуден цел викаше лајк море оди си Косово и Албанија и таму мешај се во законите За крај,иронично или не,до Албанците,им успеа крволочната шема со Косово,им успеа да направат во туѓа држава,во случајов мајка Македонија,да се издигнат на ниво изедначено со матичните граѓани имале ак'л луѓево,тоа е тоа језа ме фаќа дури
Не ми пречи ниту двојазичност, ниту тројазичност... Но пречи: - сознанието дека сето тоа чини пари а Македонија (засега) не е Швајцарија или барем Луксембург во економски поглед и не гледам како службеноста на албанскиот јазик на цела територија на РМ би допринела кон поголема финансисја благосостојба. - Малиот број на квалитетни преведувачи и толкувачи од македонски на албански и обратно. Од прва рака имам информации дека преводите од македонски на албански неретко се очајни, смешни и неразбирливи. Неретко ги правеле со гугл транслејт, но и луѓе кои не го познавале доволно ниту македонскиот ниту литературниот албански јазик. Пред воопшто да се предложел таков закон требало да се испита интелектуалната/ преведувачката инфраструктура во Република Македонија. Да рековте дека е турски и грчки втор и трет официјален, ајде да разберам поради интензивната (се допаѓало тоа некому или не) трговија со Грција и Турција. Респект за албанскиот јазик, култура и народ, но простете навистина не ја гледам логиката на територија на цела Р. Македонија да има статус на службен. За западниот дел од Македонија разбирам и тоа е сосема во ред... ама цела Македонија, не разбирам.
Не мешајте баби и жаби. Во Гевгелија на секое коше има грчки натписи, но тоа го прават приватни фирми за да привлечат муштерии. Или казината за да им олеснат пристап на Грците. НИ државна болница, ни некое училиште, ни суд , ни било која институција нема поставено натпис на грчки. Исто ко Грците што имаат српски и руски натписи сегде по приватни фирми.