Владата се задолжила пак за половинка милијардиче. Сигурно е за тие 500 евра плата што ги вети. Патем, како се вика 500 евра плата на албански? Се согласувам дека е однапред испланирано и референдум да не се случи. Дик не исчезна без намера. Исчезна и не се спомна повеќе.
Лиана, мала група на луѓе е вака размрдана околу јазикот. Добар дел се спинува, законот како таков, има свои лоши членови кои се премногу за било чиј стомак, но не е и толку колку што одредени медиуми ја нампупаа работата и ја доведоа и до федерелизација. Законот ќе го осетат Западна Македонија, каде што сето ова се применува, само што сега стои на лист. Во Источна Македонија нема законска основа за негова примена, ама битно е да се пумпа работава. За банкноти и униформите сеуште не се изјаснила Венецијанската комисија. Јас сум сигурна дека нема ни потписи за референдум да се соберат, а камо ли да се одржи. На пример, Казандол ако се отвори ќе направи повеќе штета отколку јазикот, и референдумот пак не успеа. За жал, кај нас сите си го гледаат сопствениот интерес. Така почна, борба за опстанок е. Дома на детето не можеш да му објаснеш дека нема пари за леб, така да ако треба да бираш дали ќе излезеш на референдум за јазикот или ќе си чуваш грбот, верувај ќе седеш дома. Оти секој ден гледаме како Македончето го интересира само фотеља. Нема кај нас работиве да се сменат во скоро време.
Се задолжила за да враќа доспеани, а неподмирени долгови од расипничко работење крунисани со 11 години аплаудирање и стискање тупаница. Исто кога и едно семејство зема кредит за да врати кредит како резултат на недомаќинско трошење.
Дечки добри сме? Ако све е диригирано од надвор, не знам зошто се трудевме Грујо да го тргеме. Барем немаше да бидеме поново изненадувани од едни та исти работи. Навикнати бевме. А ова моментално е колективно убивање на надежта и вербата на народот. И повторно обичните патат. Луѓе кршат минорни закони со големи казни зошто немаат грб, а бога ми ни леб и од немукает тоа го прават, некои не трујат и прават геноциди, се толерираат зошто се големи ѕверки или со јак грб. Кога си обичен исто ти се фаќа. Ова е брутално болно веќе... Се е баш, баш, баш исто за обичниот кој нема партиски интереси. Сега други се силат и уживаат, напредуваат, унапредуваат, црпат... а ти обичниот, па...гледаш и се чудиш, додека умираш од труење. А што е со моменталното недомаќинско работење? Буџетот ваљда го виде. Не ми делува за разумна и домаќинска композиција од збран интелектуален мозок. Тужно и ружно е што и метафорава ти е вистинита што просечниот македонец кој бил жртви на приватизации и шуткање на секакви влади, кој не успеал да си го намести задникот под државна капа, е токму вака живее како што си пишала. Ама не заради своето недомаќинско трошење, туку од недомаќинското однесување на државата.
@poenta не се задолжи за тоа. Се задолжи -за да им дава пари на Цацко и Лешко и илјада такви нови вработувања со по минимум 40 000 плата -за нови двојазични табли и униформи -за песните од Ристо Бомбата и да не набројувам уште еден куп глупости Си знаеја они во каква состојба е буџетот. Нели викаа ке го полнат со пари од Грујо и дека нема да се задолжуваат. Па пола милјарда Грујо не се задолжи во годината кога глупавото Скопје 2014 се градеше. А тука ем нема најава за некоја инвестиција ем пари се земаат . @JuLleE убаво си пишува на цела територија. Тоа е тоа што го прави различен од оној порано со 20% население. За казандол референдумот како што знам само во Валандово не успеа, а и да успееше по закон локален референдум државата може и да не го земе во предвид.
Имаме долгови и нашите пра,пра и правнуци да враќаат,но не и нивните. Се разбира ако преживееме,ако не цркнеме од глад со платата што ни ја нудеа. Pesegind euro Само колку ќе се фрлат безпотребно за униформи,за табли и ред други работи. И сега шарениве ќе речат ама и Грујо. И така цел живот ќе живееме од еден на друг вината,а делата закопани во земја. Живот во Бутел за сите.
Се пишувале доста мислења во темава.Е сега со ладна глава,би искоментирала нешто...Законов е состојба на апсолутен апсурд,повеќе од јасно е тоа.Лаички кажано ќе има ситуации од типот: Се случува потпишување на купопродажен догвор помеѓу македонец и албанец,по овој закон албанецот ќе бара договор на албански...и доаѓа до ситуација да се преведува купопродажниот договор,па процедури.Или еве уште попросто...Во јавна админстрација,граѓанинот албанец се обраќа на албански,а македонскиот службеник не го познава истиот добро...и? Ќе следуваат казни,бркања од работа,што??? Има луѓе,најчесто среднновчни 40-50 години,кои не би го учеле јазикот.Па јас од себе тргнувам,едноставно не ми звучи убаво јазикот(без навреда),не го сакам и не сакам да го учам,па 5 казни да ми пишат.Примораноста е нешто противуставно.Реално,нашиот претседател со малкуте овластувања што ги има,како правото на вето,не може да направи ништо.А и уставен суд,не би реагириал,исполитизирано ни е судството.Луѓето помалку прости(без навреда кон никого) и повеќе со свои проблеми(читај болест,сиромаштија...) и најмногу себични(секој си го гледа сопствениот интерес)-од страв од казна ќе го учат јазикот.Само не знам колку е етички и коректно од страна на албанците родени тука,израснати тука,да не знаат да говорат-пардон да не сакат да говорат на јазикот на мнозинство,на јазикот на државата во која живеат.Срамота за нив. Summa sumarum: Законот е политичка игра,под „заштита на европското знаменце“... Ова е силување од страна на една етничка заедница кон цела држава. Трето,овој закон не би можел да се спроведува практично од многу причини. Го гледав подоробно законот,и дојдов до моментот каде што се вели: Дека „ќе се работи на јавната свест за почитувањето на овој закон“...Само не знам како,преку закани од казни или...? Каква јавна свест,какви глупости? Ни го правите живот пекол,не терате да глумиме идиоти. Би го препорачала текстов да се прочита,особено од оние кои се занимаваат професионално со право и политика,случајно го најдов на интернет. https://www.facebook.com/notes/karo...на-тиранија-на-малцинството/1622869261108257/ И да,многу беше ниско „урлањето“ и честитањето од страна на поединци,претставници на држави,за усвојувањето на законот. Е тоа е мој народе,уживај ти со 500е плата и не се секирај што се случува. П.С.Ова го пишувам без тронка патриотизам.Ова е само мој став во однос на ситуацијата.И да,немам намера да навредам никого,ниту некој да повредам.
Жал ми е да кажам, по кој знае кој пат, не е спин. Се спроведува Тиранската, а сите знаеме каде води тоа. Дај, земете ја предизборната програма на Сдс, прочитајте, без да пропуштите ред. Делот за локална самоуправа, делот за децата и градинките, а по основ јазици или како и да беше. Нема да коментирам понатаму, ами ќе чекам да се случи. Исто како со законов за јазици. Ќе се спроведе од прв до последен член, во пракса. Овој закон, го надминува Рамковниот договор. Срамота е да дозволиме, всушност веќе дозволивме, Венецијанска комисија да се изјаснува по основ прашања кои не засегнуваат нас. Народот треба да одлучи, никој друг. Иронија е, наша армија да има албански симболи на униформите. Референдум на регионално ниво, бара 150.000 потписи. Јас со две раце ќе потпишам, оти јазиков нема да ми го поправи стандардот. Референдумот, или во краен случај потписите за истиот, нема да биде успешен, само поради твојата последна реченица. Ако мислиш дека јазиков на било кој начин ќе ти го заштити грбот, тогаш, седи дома. Јас бирам да гласам против, ако има референдум. За другото, реално, во право си. Мал милион граѓански иницијативи за референдум се покренати, ами ниту еден во пракса не е спроведен. Оти на владата не и одговара. Ако сме паметни, ќе реагираме соодветно. И овој пат, нема да се делиме партиски.
Лиана, ама се делиме. За жал доведени се голем број да зависат од нив. Со години седам дома и без асална работа оти не сакав да зависам од партија. На крај и во приватен сектор ми бараа книшка. А ги има такви еден куп како мене. И јас тврдев дека не ми треба, ама ми треба. За жал, јас не можам да го изберам името. Ми треба работата за да го гледам син ми. Затоа верувај референдум нема и да има. И јас се надевав дека вработувањата ќе бидат поинакви, ама не се и во блиска иднина нема да бидат.
Само едно ме интересира... Како двојазичноста ќе ми стави леб на маса? Оти гледам муабетите дека поарно е двојазичност да има отколку за леб да се трпи. Како од вчера на ваму ви се наполнаа трпезите, баш ме интересира и која е поврзаноста меѓу двете работи?
E aj да ти преведам. Освен мрчење на социјални мрежи и колнење како баби, ништо нема да направите. Ништо.
@Julie иако има притисоци на крај никој никого не може на сила да го тера да гласа или не. Ако мислеше на тоа за дали да излезеш да гласаш или не, тогаш да , може да те уценуваат. За жал така е. Не за џабе велат дека не е политика за сиромашен народ. Секој пред семејството (работата) и државата би го избрал првото. Туку сега читам. Има нови подпретседатели во ВМРО. Ги нема изгледа Илче и Тони. АРно рекоа нови луге да дојдат. Уште да одговараат старите, и да вратат тоа што украле и ке биде супер. http://republika.mk/870185
Молчи народот како што молчеше и порано за да си го сочува лебот. Се знае решението, сите надвор на протест, или референдум, ама никој нема да излезе. Како што не излегоа за амнестијата на хашките случаи, за загадувањето. Личните интереси се на прв план. А и народот се засити од вакви националистички работи, па му стана сеедно. Искрено да ти кажам си имам јас поголеми маки, и сеедно ми за јазиков. Па и за името.
А зошто албанците не се заситија, зошто нив не им е сеедно за јазикот? Зошто е во ред тие да си штитат национални интереси, а македонците да се исмевани со зборот патриоти (во негативна смисла).
Да Јуле, ама ова веќе не е интересно вака. На народот сеедно, они како знаат така прават... Дежа ву од кога постоиме. Ама бар да ведниш глава за некоја јака плата ич да не ти е криво. Вака, секако ние сме мизерни. И после некој ќе ми вика, во странство граѓанин од втор ред, во своја земја од прв. Оу, да. Исто како во МаЌедонија. Не дека ме интересира, ни сум патриот, ни се надевам дека ќе тргнеме чекор напред. Ама се посраа бе. Само НАТО, НАТО, НАТО. До таму стигнавме, дома се ни е подмачкано.
Извини ако лично сфати, мислев општо на сите незадоволни од законов. За жал, освен силење на тастатура, ништо нема да направат. По мене, црвената линија ја преоѓаат уште со самото декларирање како Бугари за да земат бугарски пасош, не може некој да везе за патриотизам а истовремено да се колне дека има бугарски предци. Лично се надевам дека законов ќе падне на Уставен Суд.
Не се лажете дека само западна Македонија ќе осети а истокот не.Не сте свесни што ќе се случи.Чекајте за некоја година кога ќе бидат македонците малцинство и во источна Македонија.На запад имаат добиено се и одамна си го зборуваат нивниот јазик не е за џабе донесен овој закон да биде на цела територија.Ќе гледате како преку ноќ ќе никнуваат нови населби со етничко албанско населене верувајте знам што зборувам родена сум во град каде се доминантни албанци и живеам исто во место каде се мнозинство. Исто како што се направи населба со едничко албанско население увезени од Косово и како што монентално се финансираат албанци да купуват куќи и места од македонци а и узурпираат државно место кое после за едно евро си го легализираат и станува нивна сопственос. Не се радувајте дека е далеку од вас не е,тек сега тоа што ние овде го преживувавме доаѓа кај вас таму на истокот.На моја голема жалос,кај нив закони нема тие самите се закон .Може ќе се запрашате што има сето ова со законот за јазици има многу зошто законот е прва фаза после следи се останато.