Еме таа мизерна плата од 20.000 илјади денари и не е така мизерна кога имаш некој кој зависи од тебе. На крајот за кого да бранеш држава, за кого да бранеш име и јазик? За пола народ со Бг пасоши, а пола сместен во државно? Они уживаат, деца и на одмори и скијање, а јас исправувајќи правдини ќе врзувам ден за ден? Ние имаме проблем со менталитетот. До народот е, затоа сите политичари ни го прават истото.
Во западна ,македонскиот е втор јазик,а македонците се граѓани од втор ред,со години,законов ке го осети Скопје најповеке.Ги игнориравме сите проблеми таму. со децении заради мир во куќа.Сега истото ке ни дојде во Скопје,ке видиме како било да се живее во Тетово или Гостивар.
20.000 ден. ако си ручал со Господ во една чинија Јуле. И не, ни исправам правдини, ни ме интересира. Само нели, за тоа рипаа 11 год. Они ќе направеле подобро. Еве, чекаме. Добро си направија само на нив. Доброто ќе не види нас. Не сакам да шпекулирам и да се изглупирам со изјавава оти не следам ами само што прочитам нешто по некој форум (а фала Богу мислам дека никогаш тој ни не кажа што тоа таму правеше и преговараше), ама ако Заев ја замрси работата со Бугарија и на тие негови преку ден 'пријателски средби и посети' придонесе процедурата за стекнување бугарско државјанство да стане тешка како никогаш до сега, тогаш он е бетер од Грујо! На сила на мизерија да ме осудува никој нема право! Мој куфер, мој живот. Ќе го влечам каде сакам!
Еме, во државно од 20.000 па нагоре се платите. Со образование. И за наставници и професори толку. Не е мала платата. За бг пасош и јас имам поднесено. Кај мене многу се развлечка работата.
Јуле бе, еден наставник со 20 наставни часа оди во пензија, двајца примаат. Ако имаш среќа да фатиш полн фонд часови годинава, догодина може само 8 ќе ти дадат. Ама ај, да не ја шириме... Не бива што не бива.
Полека само, Трамп коа ќе тепа на избори ќе видите. Да го исуши мочуриштето и да го сотре дип стејтот и веднаш доаѓа на ред РМ.
А зарем ти Ружо не-ми-чуе-за-ништо, вистински си заинтересиран за прашањава? Да видам да не верувам. Биди без гајле, акција ќе има. Пушките се нарамени, се чека само на знакот. Ама тебе Ружо не те даваме во партизани. Кој ќе ни ги плаши после децата со Теории на заговор, илуминати, кастрати и остали баба-роги. Не дамо те Ружоо!
Пола од овде што глумат патриоти душата би си ја дале и на ѓаволот за пари.Без навреда само сум предиректна. И други земји има со по 2 јазика ама проблемот е што е Албанскиот втор.Како беше они се шиптари они не испокољеа во 2001 они не брцаат и све тоа.Извинете ама за помош попрво ке сконат т.н ,,шиптари" него нашите препиздени маженца. Ако не сакате да зборувате на Албански не зборувајте, еве јас сакам Германски да е втор официјален јазик па никому ништо.Џабе пишувате овде ништо нема да смени тоа.Треба дела е не зборови.Ако нешто не во чини одете до крај а овде што пишувате ќе соберете некое лајкче или ќе избие кавга а никому не му е гајле.
Чаир, Бутел, Сарај, селоСв.Петка, Aрачиново... За жал не е непознато. Само што Ск е поголемо па каде фатил бранот...
Па како што се живее во Тетово ке се живее низ цела држава . На никому не му беше галје како живееме ние , беше битно само скупје , е сега мечката секаде ке заигра
Еднаш во СДК пишав вака: "Разликата меѓу нас и вас е тоа што ние знаеме дека вие постоите, а вие не сте свесни дека ние постоиме." Толку ли ви е тешко на тие што не сте патриоти да сфатите дека постојат луѓе поинакви од вас? Луѓе со поинакви перцепции, ставови, чувства. Луѓе кои си ја сакаат сопствената земјата? Или тоа ви е само оправдување за вашиот став? Ако навистина не верувате дека постојат и такви кои се поразлични од вас тогаш не вреди да се дискутира понатаму со вас. Читам по други теми демократија, либералност, open minded, дека секој има право на свој личен став и истиот треба да се почитува. Или тоа не важи за патриотизмот? Зошто некој што себе си се чувствува како патриот да биде нарекуван "лажен патриот", "патриотче", "националист" или не знам како? Не е ли навреда и дискриминација тоа?
Што вие подразбирате под терминот патриот? Или патриоти сте само кога демек Сдсм ја уништува државата? Не бевте патриоти претходно, не беше уништување на државата кога се крадеше 11 години за лични интереси, кога исто се носеше закон за јазици, кога се амнестираа хашки случаеви, кога Милошевски бараше име? Тогаш не ве болеше за татковината на која 20 и кусур години маме и *б*аа? Епа извинете ама не ви верувам. А вакви националистички работи за палење на народ не поминуваат кај мене. Еднаш да прочитав критика ќе поверував дека си ја сакате земјата. За жал, сите сме од интерес. Па и сега со јазикот, од Вмро скокаат нормално оти се опозиција па еве добра работа за напад, други се од Западна Македонија па не знаат како ќе биде. И на никому не му верувам дека ова го прави од патриотски побуди.
Владата е нелегална. Мандатот се даде под притисок, никако по Устав. Иванов е виновен. Требаше да има прегласување. Претседателот на собрание е нелегален и е џелатот од Вејце. Сега има ингеренции да ја управува АРМ, па дури и да биде претседател на државава, во отсуство на Иванов. Уште малку, кога на униформите ќе има албански симболи, супер ќе му биде. Ќе замислува дека ја води УЧК. Рамковниот договор е нелегален. Донесен е под закани и уцени. Најиронично, во него стои, дека не смее да се носат закони под притисок. Законот за јазици е неуставен и е надвор од рамките на Охридскиот. Се што има во Рамковниот, им се даде. Сега, Македонија станува третата албанска држава. Не сме способни да спроведеме ниту попис или ни е тоа забрането. Додека Заев скија, Македонија тоне. Законот е само основа за она што следува. Точно знаевте што правите. Точно знаевте за кого гласате. Ама изгледа дека се надевавте на нешто друго. Не гледам друго оправдување за ова. Човекот кој требаше да донесе живот, ја закопа државата. После ова, ќе сонува уште еден премиерски мандат. Наводните терористи кои се во притвор, се таму со намера, за да не се крева народ против влада, оти така ќе заврши. Можеби ќе ги пуштат, кога ќе ги изгласаат сите деструктивни закони. Дотогаш, не им одговара. Немаме ниту здрава опозиција. Како се чини, уште долго ќе нема. Со договорот со Бугарија, стануваме еднакви со фашистите. Договорт со Грција, ќе ни го избрише и името и идентитетот. Кажете ми, дали се ова условите за подобар животен стандард? Ни самите не верувате во ова. Освести се народе. Потребна е нова политичка алтернатива. @JuLleE Доволно беше споредување со Вмро и минатите 11 години. Вмро го доби заслуженото. Ама никако да разберете дека и овие заслужуваат политичка смрт.
Колку само ја нејќам Најчевска, толку колку шо и се поклонувам ради муабетов: http://kvadraturanakrugot.crnaovca.mk/2018/01/12/za-zakonot-za-upotrebata-na-jazicite/ Е, па, да се преброиме другари, а?! Оти избегаваме, од што тоа се плашиме?! Дека ќе се повеќе од 20% и ќе ни бараат нешто повеќе?! Да, богами, видовме...вака сме заштитени од втерување на мултиетничко општество во бинационална држава на тендер-коалиции. Мрш бе.