@Lianna Anna баш така, се е против уставно освен она што Вмро го правеше во изминатите години. Доста ќе биде споредбата кога ќе престанете со зборување дека сте патриоти и дека си ја сакате државата. Не сте, еве нека не сум и јас. Барем сум искрена. Еден од вас да беше реален и да кажаше кој е вистинскиот мотив за упадот во Собрание. Ама во ред, нека ви стое ова. Затоа и изгуби Вмро на локални. Инаку, во цела кампања, знаете што го интересираше обичниот народ? Вработувања и здравство. Покачување на животниот стандард и подобрување на економската состојба. Името, јазикот никој и не ги спомнуваше. Вмро водеа кампања за јазикот и името, за федерализација и слично. Не им помина. Не знам зошто уште се мачите со ваквите пропаганди. Заев ќе падне ако не го оствари ветеното во областа на здравството, економијата и правната држава. Затоа и беше избран.
Да бе Јуле. Ме платија мене еве за пропаганда. Исто како што ми зборувавте за јазкиот кога пишував. Така и сега. Па каде се здравство, вработувања, економија? Нити ќе дојдат на ред, нити ќе се случат. Ете, ќе пишуваме пак. Ама ниту тогаш нема да признаеш. Заев ќе падне, поради се досега сторено. А никако да дојде на ред она што го вети. Вмро го доби заслуженото. Сега им е време на овие. Не можеш да го употребиш тоа како аргумент, оти не е доволно. Вмро не е на власт. И никој не рече дека не работеле противуставно. Барем не јас. Си ја сакам државата. Ниту можеш, ниту смееш да ме обвиниш за тоа. Колку ми веруваш, ич не ми е гајле.
Досадни сте веќе, ВМРО и СДСМ со вашето дефокусирање, релативизирање, спинување и што не. Кому му се оди од државата, нек издржи дур си го земе бугарскиот пасошот и нека фаќа фитиљ, кој чека за во администрација работа..нек ве вработат веќе, дај ќе собереме потписи, ќе ургираме, само доста веќе продолжувате да го убивате буквално секој отпор со едни исти досадни дискусии кога нит им е време, нит им е место. Доста бре. Обете страни глумите лудило.
Да, Лиана, затоа што сум 99.9% убедена дека и локалните беа. Нешто што човек се труди да не го покрене и јавно да го зборува, оти преку глава од партиски тастери на сите страни. Онакви резултати, ни во сон не би имале СДСМ. Ни во сон! Ама, крај краева, ја знаат одблизу стратегијата на ВМРО. Па копи-паст.
Жабо зар мислиш оти треба да се вработам па го пишувам ова? Не. Туку како да ти кажам, сеедно ми станува. Од лични причини. Оти се е џабе, кога се е до народот. Секој си го гледа својот интерес за жал. И двете страни, и Вмро и Сдсм. Видов и слушнав со свои очи. Така да во моментов и на мене ми е битен мојот интерес. За кого да собирам потписи? За некој "борец" да се смести во нова фотеља? Ова што ни се случува е жално, ама сами сме си виновни.
#Julie и #zhap4e јас памтам времиња на форумов кога осудувавте луѓе што ги бранат ВМРО демек биле од интерес а сега читам , нема каде тоа е, сите се исти, гледаат интерес... НЕ ! треба да се смениме... Julie Ти си од ретките што ги поддржуваш СДСМ но колку толку гледаш реално на работите, затоа и сакам со тебе да коментирам а не со други тука што гледаат се црно бело. И на такви луге треба да им се даде власт. За жал во штабовите гзолижачите се секогаш во прв ред. Затоа и нема просперитет. Оти во штабот никој не смее да писне! Рангелова губи во Центар избори со години по ред, дошла тука во Куклиш што е под власт на СДСМ и пак води ВМРО, и ги уценува и им кажува избори како се тераат. Ни партиски бев активна тој период ни ништо отидов на Унија на жени во едно село и и реков, Нели ти е срам ма госпоџа тука на овие леб шо немат да јадат да им продаваш ум а другарка ти Ивона од Сител да се крие ко мечка у пештера за милјон евра. Ако сакаш гласови вети им на лугето дека такви ко Ивона затвор ке лежат. Па шо кога ти е другарка!!! За 5 дена 200 инспекции ми стигнаа у фирмата. Ама и инспекторите ВМРОвци што преку глава им е веќе од апашишта, и никој ништо не ми пиша казна. Партиите се плашат од луге што зборат јавно и праведно. Нека смееше некој тогаш казна да ми пише, имаше и Рангелова и свети Рангелова на 200 објави кај мене да се на ѕидот. Ке застанев пред штабот на Вмро и на секој еден шо ке дојде ке му кажам еве нашиве каква хунта прават. Ме знаат и инспекторите и ВМРО и СДСМ каква сум мрдната и подобро нејкаат да си имаат работа со мене. Си реков ке правам што ке правам нејкам во животот од партија да зависам. За среќа ми успеа. Јавно секаде го бранев ВМРО и ги гласав дури не се случи тоа со Хашките случаи. После се тргна наопку. Партиите вршат притисоци врз членството, и на крај баш од тоа членство паѓаат. ВМРО не падна од СДСМ, падна од луѓето што ги вработуваше за плата од 3000-8000 и ги држење на таа плата со години. Плус ги уценуваше да одат по митинзи и да се активни во партијата. И му се врати!!! Оти џабе административец си ја поддржува политичката партија, ако таа лошо работи, ке падне од власт, пак ке дојдат другите и пак ке го избркаат. И се така.
@kikikikirika знам што сум пишувала. Од денешен аспект, мака ми е што волку доцна го сменив ставот, бидејќи ако прифатев пред 5 год сега ќе имав и кариера. Јас како единка ништо не можам да сменам, вакви како мене во партиите ги има повеќе, ама за жал се непожелни оти не се согласуваат со масата и не климаат со глава. Затоа велам јас за друг не горам, јас нема да ја управам државата оти таа е гнила од народот кој гледа само лични интереси. Не сум јас глупава и заслепена, знам што да правам. А верувај ова никако нема да го аминувам и подржувам. Гласав за промени, ама со ова свест на овој народ тешко. Јас реално не гледам средина каде нешто ќе се промени. Се додека од политичарите ствараме идоли и гледаме каде да се сместиме, нема иднина.
Јуле, не ти е сеедно. И не ни треба да ти е. Нити за тоа кој се' исповработија, нити за тоа што се' друго се случува, вклучувајќи го и законов. Оти битен е. Исто ко што оние преговори за името кои се одвиваат по спиди Гозналес постапка се битни. Ама, и мене не ми е сеедно. Разликата (помеѓу мене и многу луѓе кои релативизираат) е што, јас немам план нит намера да се вработам во администрација. Јас не чекам бугарски пасош. Јас нема да заминам во странство. Јас живеам и ќе живеам и ќе работам (се надевам) тука. Јас не сум виновна за ова што се случува, оти јас не ги поддржувам нити твоите, нити нивните. Јас не одлучувам - јас трпам и мојот глас заради „ВМРО вака“, „СДСМ онака“..не се слуша. И не е само мојот глас. Мојот личен интерес е, државава во која јас живеам и ќе живеам, да продолжи да биде нормално за (со)живот и за стварање. Ова не е тоа. И јас многу добро знам и гледав и гледам како партиски (форумски и малски) тастери се борат за да влезат и останат во администрација. И јас знам како такви те ставаат на списоци на “неподобни“ и те блокираат во секоја сфера, и не само државна. И мене ми е преку глава од тоа. Ама, Ако некој не мисли да менува, ако не мисли да остане, ако му е сеедно... нека не остави бар другите. Пошто ние тука ќе останеме. @kikikikirika, ако од сите мои постови сегашни и минати, тоа ти останало во памтење, не само што ти е кусо него е и многу, ама многу погрешно. Нејсе. Тотално небитно. Другото ќе го прочитам попосле.
Еве каде ме боли, бугарски пасоши. Не ги даваат жапче и Бугарите кренаа стандард, све нешто измени во процедури, враќање назад, малку докази за “потекло“. Еве јавно да си апелирам, знам дека Зајко и Борисов се прави другари. Па дајте мајку му стара, олеснете ги тоа процедурите, па да си се иселиме. Таман да ги оставиме големите да продолжат да глумат држава.
Јас мислам дека ќе дојде време кога Зајко кој намерно избега на одмор во Италија, да одговара за сите предавнички работи кои и ги прави на Македонија, и тогаш ќе заврши како Николај Чаушеску кој се сеќава како беше обесен на плоштад..Тоа не му бега на Црпко! Живи били па видели...
@zhap4e и да не ми е, ништо не можам да сменам јас оти се губам во масата. Заминувањето во странство го ставам како опција. Вработувањето во државно ми е пак последна опција откако пробав се. Верував дека нешто ќе се промени, ама ете гледаш. Има и во мене револт, многу голем верувај, и порано и јас вака размислував, ама очигледно во погрешна држава. И дојде време да се помирам со некои работи и привремено да ги прифатам. Ако постои поинакво решение, еве прва ќе го подражам, ама со ваков менталитет тешко. Оти гледам што се случува по штабовите. Имам прилика да гледам и од кај двете партии. И ете, се е исто!
А ти толку не сфаќаш дека уште во Турско ропство се доселиле Албанците?Нити ВМРО нити СДСМ ги донесоа.А во 11 год. мочано владеење на неизживеани суштества им го дадоа сите права.Иди сега кај твојот г.г Глујо да бараш отчет.Мислам дека треба да ти дадат нешто од украдените пари што шириш пропаганда овде.
Види вака...Ти почна да мешаш жаби и баби...Ако сакаш да знаеш кој донесе 155000 државјани на Косова, прашај во штабот на Сдсш , па ќе ти кажат. А тие 11 год од кои 9 год беше Грујо премиер беа најубавите години од осамостојувањето на Македонија, а оваа смрдена нецела година откако е Црпко е најлошата во историјата на Македонија...Вака не било за Турско време...Ама Сега неможеш од кај да прочиташ по што немаме историја, ја продадоа предавнициве...И уште нешто мене никој нит ме плаќа нити може да ме плати за да ширам пропаганди... Јас само кажувам тоа што е реалноста во моментов...!
Изгледа историја не си имал во средно.Сега го учев тоа.Бегајќи од Османлиите се населиле во З.Македонија.Најубави?Со што бе? И полека малце овде на форумов има и Албанци може ќе се навреди некој.Што ги ставаш во ист лонец сите?Очигледно имаш проблем со расудување..хаос
Види ваму, ти пишуваш за историја а јас ти кажувам за сегашноста,значи има разлика..Никој не спомна дека тие или некој други не се доселиле од некаде овде кај нас...Ама не е исто на 150 000 да им се дадат државјанства од БЦ во 1996 / 97 год. Па оттогаш нивната бројка значително се зголеми во Македонија...Секако дека и дотогаш ги имало тука ама не 20% како сега.Благодарение на сдс тие се сега каде што се и колку што се..Инаку немам ништо против нив, и баш ми се драги..Туку имам против лошите политики на Црпко кој за да биде на власт и газ ќе даде...