Васко Ефтов, погледнете како само го држи телото, обрнете внимание на неговиот начин на изразување и на тоа како ги формира речените, а доволно е само 30 секунди да го слушате неговиот тон и ке заклучите каков новинар е тој. Одвратна е неговата гестикулација, напорен е. Кога го гледам, добивам впечаток дека ке му прсне некоја жила... Не сме согласни, приморани сме да направиме промена. На која основа е донесен оној, а и овој закон за јазик? Попис нема, прво не знаеме колку жители има оваа држава, па логично не знаеме ни колку албанци има. Кога ќе расчистите дека Бугарски пасош луѓето земаат затоа што имаат потреба? Бидете сигурни дека никој не дава 500 евра онака, од кеиф. Кога оваа држава би нудела сигурност, никој не би земал друг пасош. Кога би требало да се бира еден пасош, сигурна сум дека најголем дел би избрале Европски пасош. Дали и кога Македонија ке понуди таков пасош?
Упорно го прескокнувате фактот дека за да добиеш бугарски пасош се декларираш како Бугарин, и тоа не само како единка туку и неколку генерации наназад. Не станува збор само за ливче хартија која се зема од економска нужност. Станува збор за одрекување од себе, нацијата, својата припадност на македонскиот народ. Она што не се случило ни за време на турско ропство. Што мислите, нема Бугарија еден ден да побара права за бугарското малцинство во Македонија па и признавање на бугарскиот јазик како официјален во градовите каде над 20 посто население се декларираат како Бугари?
Јас те разбирам тебе, ама ги разбирам и луѓето кои се одлучиле да земат Бугарски пасош. Се декларираш, ама бараат документ, не сум слушнала некој да земе Бугарски пасош (барем не последните година - две) само затоа што рекол - "Јас сум Бугарин". Штом постои документ, пример сведителство, тогаш не е баш одрекнување, и тогаш имало причина зошто некој добил такво сведителство. Не си била во таква ситуација, затоа велиш не е економска нужност. Државата не нуди опции, зошто човек, еве да речеме возач на камион, не би зел Бугарски пасош? Конкретно низ Европа, има огромна разлика дали возиш со или без Европски пасош. Не е баш така црно-бело. Можеш да имаш и Бугарски и Македонски пасош, првин треба да се откажеш од едниот, за да се декларираш како Македонец или Бугарин. Ако сум грешка, нека ме поправи некој.
А во меѓувреме што да јаде народот сите овие години? Еден со бугарски пасош, уште тројца, четворица храни дома. Наместо да мислам што после десет години можеби ќе побараат Бугарите, сигурно ќе одберам попрво финансиска стабилност на мене и моето семејство и колку толку попристоен живот. Кога тие што треба не мислат, јас ич. Луѓе, вие знаете ли дека во мојот град НЕМА приватна фирма која во моментот би згрижила ете 20/30 вработени на пример? Бројкава дури и голема ми е и смешна соочена со вистинскита ситуација. Каде бе да бараш работа? Си играте играчки со муабетиве за јазици и врагови некогаш и негде, ами а празниот џеб во реалноста, сега и тука?!
Интересен пост, баш се поклопува со ситуацијата околу колективниот идентитет каде што имаме проекција на сопствеништво врз територија врз која реално власништво или оставштина од претци - не постои. (надвор од физички имот со тапија). Но тоа залужува посебна тема, треба да отворам една Знаеш што е геноцид? Мислам да не претеруваме, при таква дешавка најмалку што ќе има е пишување постови и прашување, се препознава по реки полни со лешеви, бодликави жици зад кои умира раја и булдожери кои закопуваат во масовни гробници... 25К? Среќна нова 2005 "Ние идеалистите" како овој албино сендвичов, во таа група се и Јанко, Миленко, Мирка, Латас, Ивона, оној кумановецот глумец нешто а-у кој наликува на клозетска шоља и слични ликови, нивниот идеализам е далеку поскромен него оној на теткиците зад МТВ (кои се неспоредливо морално и етички на повисоко ниво од овие)... Човек би помислил дека албиното ќе стане командант на герилска единица, дека ќе се одметне по Преспанските прашуми и оттаму ќе се бори против новиот закон...или сепак не?
Што ми требаше да го прочитам Русјаков... Одвратен е, ми се згади од текстон, жими сè. Не дека не сум запознаена уште одамна кои партиски ветришта го дуваат, ама сепак... како љубител на литература не можам да останам рамнодушна на вакви појави во облик на писатели, уметници. Ептен му личи, нема што... па уште идеалист бил Тој, Васко Ефтов... тоа се тие репери. И нели најбитно ни воскресна со нов ник најголемиот патриот во феминската историја, пак е тука да ја брани Македонија од зад тастатура - значи можеме сите да бидеме мирни Ги разбирам и воопшто не ги осудувам оние што со бугарски пасош искористиле шанса да се преселат, само за едно нешто се согласувам донекаде со тие што ги критикуваат - дека не би требало баш да коментираат со полна пареа за тоа што се случува тука. Уствари јас кога би фатила магла од тука, воопшто не би се замарала со овдешните циркузанти наречени политичари. И бај д уеј, скроз ги сфаќам ич-не-ми-е-гајле постовите на @Црна Ружа. Оти вакви глупости, разочарувања од сите можни опции, префрлање на топката од една на друга партија и меѓу најпристрасните нивни поддржувачи - баш водат кон таков нихилизам во врска со целиов политички циркуз. Не знам ни самата зошто ја отворам уште темава, треба да се потрудам тоа да се промени...
Сфаќам.. Нејсе. Муабетот ми беше дека нема потреба од албанофобија. Ние и сами знаеме да се истребиме.
Ако нема потреба од албанофобија, исто, нема потреба и од македонофобија. Оти во последно време на сите му пречат името на Македонците, јазикот , идентитетот, државата ....
А вие од патриотизам и македонска националност живеете? Од фактот што сте Македонци го заработувате лебот? Има луѓе на кои им е побитно да имаат подобар живот, па и едноставно да избегаат од мизеријава, отколку дали им пишува дека се Македонци или Бугари.
Ако веќе го прашуваме гуглот, што не прогугла колку турци се во Германија? Еве википедија што вика. Estimates of the total Turkish population, is 5% of Germany's total population of 82 million inhabitants (which accounts to 4.1 million) На темата се имам изјаснето пред година ипол. Проблемот што влече корени од Титово време, кога имаше 7 народности а само 6 признаени. Албанци на Косово, во западна Македонија, северна Грција, Црна Гора, народот е тука, а права немаат. https://en.wikipedia.org/wiki/Albanian_diaspora#Table Си пратија деца во дијаспората да работат, да праќаат пари тие дома што останале да имаат големи фамилии, да им порасне бројот, да купуваат имоти. И така, од малцинство од стотина илјади во секоја држава, со таа политика стигнаа до скоро 2.7 милиони во соседните 4 земји. Албанците си го преплатија Косово, плаќаат и за западна Македонија, за секоја педа земја. Знаеме дека политиката е ку*ва, па така 2001 настана конфликтот во кој многу животи згаснаа, за сепак решението да е потпишување на рамковен договор, обичен лист хартија. Во време на Вмро, да потсетам. После во 2008 им изгласаа закон за јазици, пак Вмро им го изгласа. После се запнаа со ептен патриотска политика, добиваа на избори, тие упорно крадеа пари, сотреа цела држава, почна народот да вади бугарски пасоши и да се иселува, тие упорно местеа избори и добиваа со огромна разлика. Се прават партиоти, а проблемот со албанците го одолговлекуваа со години, и со два конфликнти, еден голем, и еден за среќа, само 2 дена траеше. И што остана после 11 години Вмро на власт? Многу иселени, многу избришени од избирачки список, фиктивно намалена невработеност, албанското население расте, нашето опаѓа. Погледнете ги бројките на новородени деца од 2000 до 2017 и ќе видите што ќе се случува во иднина. Ај што е намален бројот на новородени, па и македонците се малку над 50%, некоја година и под 50% Еве една статија на вечер http://vecer.mk/makedonija/makedoncite-reshija-vreme-e-da-ischezneme Кај беа последните години да излезат на крај на секоја година и да кажат, колку сме, какви сме. Ништо. Молк. Оти не им одговараа бројките, нема да се совпаднат ни со изборни резултати. Проблемот што требаше да се реши 2006-7, вмро го одложи за 2018 Сега штетата е поголема, ама подобро сега кога сеуште македонците се мнозинство, отколку покасно, кога ќе станеме малцинство во Македонија.
Не ми ја сфаќаш поентата? Луѓе кои сами се откажуваат од нацијата немаат право да тврдат дека друг им го продал името, јазикот или идентитетот.
Да да, зошто само јазикот и името ни се битни. Фактот што образованието и здравството се катастрофа, што има толку невработени, за тоа кој да одговара? Затоа прашав дали само од идентитетот и јазикот се живее. Приморани се, не сфаќаш?
Само околу овој дел да кажам. Разликата е во тоа што низ Европа НЕ Е ДОЗВОЛЕНО да се вози ЕУ возило без ЕУ документи. Така да секој кој вози во БГ фирма, прави прекршок. И фирмата и возачот. (Ако познавате некој кој бара работа со БГ документи, кажете ми ) А поврзано со економската нужност да некој посегне кон БГ документи, се согласувам. Секој си има своја црвена линија до каде смее да оди за доброто на својата фамилија. Секој знае што би и што не би сторил. Ако некој смета дека БГ пасош му нуди благосостојба за себе и својата фамилија, кои сме ние да судиме.
Точно. Ама и нека се затне и нека не збори колку е поголем Македонец од другите,зашто веќе потпишал дека се осеќа како Бугарин
Исто како што може да зборува дека Македонија му е маќеа која не му дала работа...затоа што државата му ја потпишала судбината одземајќи му ги основните човекови права. Тежок муабет
Дај тогаш нека се отцепат и да го решиме проблемот еднаш засекогаш! Нек си се обединат во етнички чиста и обедината држава. Да не одлагаме дополнително со некакви степ-бај-степ мерки и само непотребно да се крвиме едни со други и малтретираме и ние и децата по нас...да упорно бидеме користени и манипулирани. Once and for all.
Двојно државјанство, да, ама вистинско, а не вакво. Кој како сака нека прави, нивно е, ама... иритирачки е кога сите се гоооолеми патриоти и домољубци, а ваму ја продаваат државата. И да, државата сме ние, ние ја правиме таква каква што е. Со овие постапки не и олеснуваме, напротив. Да сме живи и здрави да видиме што ќе се случи кога ќе се направи фамозниот попис и кога Бугарите ќе рипнат да бараат права за Бугарите во Македонија, па ќе кажат дека ние не им дозволуваме да се изјаснат како такви, оти реални да бидеме колкумина од тие што зеле бугарски пасош ќе се декларираат како Бугари на пописот? Скоро никој. А Бугарите имаат докази дека во Македонија живеат +200 000 Бугари и јасно дека ќе прашаат каде се тие на пописот? Е дури тогаш ќе биде интересно. Јас да сум ќе им го одземам македонското државјанство. Зошто да користат привилегии од истото, ако претходно го погазиле?
Ако имале привилегии немало да го погазат и да се самопогазат. Верувај дека многу луѓе земале БГ државјанство и покрај своите спротивни убедувања и чуства.