Го одбрале полесниот начин. Нивна работа, на крајот на краиштата. Ама... барем нека бидат доблесни, па нека не се силат со својот патриотизам. Оти не се. Патриоти кои ја сакаат својата држава никогаш не би и направиле нешто слично Како што реков, ќе има попис, ќе видиме што ќе се случи.
Јaс мислaм декa вo живoтoт мoжеш дa oдлучиш штo сaкaш свoјoт живoт дa биде aкo не си мрзелив a си aмбициoзен... Зимaње бугaрски пaсoш е нaјгoлем кукавичлук... Не ми е гaјле зa oбрaзoт нa oвие луѓе нo кoгa нaштетувaaт нa мирoт нa другите тoa вo мoи oчи е неoпрaвдливo. Кoгa сме кaј aлбaнците oни имaaт гoлем респект oд мене... Нa тaкa прoвиден нaчин не зaфркaвaaт и си терaaт нaциoнaлнo прaшaње сo прекривувaње вo грaѓaнствo... Штo мене кaкo кoнзервaтист тoлку ме фрустрирa дa видaм кaкo нaшите пaртии oд петни жили се бoрaт дa не излезaт нaциoнaлисти нa свoјa штетa. Зa рaзликa aлбaнците тaлaт си стaвa книгa нa нaциoнaлнa прoгрaмa вo кaбинет, не кoристaт мaкедoнскo знaме, не признaвaaт химнa грб знaме... А бaрaaт ти дa пoчитувaш нивниoт ден нa знaме, ти aпсaт прaтеници нa ден нa нивнoтo знaме... И ти нoсaт двoјaзичнoст сo 69 убaвини... Ич не е фрустрирaчкo oвa...
@Daniel1997 едно големо БЛАГОДАРАМ за предлогот на емисија вечерва. Фалеше вакво нешто на македонските медиуми. Разголување до гола кожа.
Поради состојбава во државава луѓево не ги ни обвинувам зошто земаат бугарски пасоши, нека земаат и нека бегаат од тука. Повеќе сепак ми е за обвинување таа маЌедонска контрадикторност за името. Има премногу случаи со бугарски пасоши на пример кои се тешки хард-кор патриоти, не го даваат името а земаат бугарски пасоши. Вакви работи нема на пример ни во збирката легенди на браќата Грим. Али добро, ние сме уникатна држава...
Тие што ги обвинуваат лицата со бугарски пасош за предавство се најчесто или деца кои немаат фамилија и чекаат од мама и од тато или пак се луѓе кои имаат фамилија, но имаат и финансиски средства за да ѝ обезбедат на фамилијата сè што ѝ е потребно за нормален живот. Ништо против. Зошто колку ќе успее тука еден човек да прехрани со 250 евра (па еве нека се и 500 евра) две мали деца, тоа не знам искрено. Моментот доаѓа кога детето ти плаче за патики а ти немаш да му ги купиш зошто си требал да ја платиш сметката за струја.
Со 500 евра сам човек не може да се прехрани, освен ако нема живеалиште, а не цела фамилија. Со две минимални плати во Германија можеш да живее цело семејство комотен живот. Не луксузен, ама комотен. Со две минимални плати во Македонија не може ни да се преживее. Тоа е разликата.
Сите се јаки и се патриоти кога е полн џебот и кога некој е финансиран од некој. Ќе те видам како ќе излезеш со дете на крај, кога ќе ти вришти и плаче за основни работи кои ти не можеш да му ги обезбедиш а тебе ќе ти се кине срцето како родител. Ќе видат тогаш.
Уствари они ти се вечни мрчатори. Не им чини државата, вадат бугарски пасош, се селат у странство и ги читаш тука како таму не чини и им е тешко, а тука мед и млеко. Тоа се ликови на кои секогаш друг не им чини и никаде нема да им се погоди. @zuto Сигурно ли не знаеш на какво вистинско двојно државјанство мислам?
Еве јас имам две деца, и без ниедна сигурна плата сме дома. Маж ми работи како ќе се снајде. Има направено рекорд за гинисова книга во Австралија за која му било понудено австралиско државјанство ако се пише како Австралиец. Одбил државјанство. Стои како Македонец кој прв го направил подвигот. @An-na не знам. Затоа прашав. Не е иронија.
Тоа е твој избор на крај крајава. На некој сака да му е подобро, нема да чека уште 20 години за да се поправи економијата. Прашање до тебе: зошто не фрлаш со камења по политичарите? Двете најголеми партии го направија ова со државава во последниве дваесет и кусур години. Така имаш денеска исто така политичари како Антонио Милошов, Љубчо Георгиев, Никола Груев, Љубомир Фрчковски кој го шиткаше името на Грците и.т.н.
Има личности на форумот што до вчераа плукаа се што е македонско, јавно кажуваа дека не се Македонци, дека мразат се што е македонско и дека ич не им чуе за државата, ниту пак имаат некоја желба да останат во неа. Одеднаш последните 2 дена станаа патриоти. Интересна промена на мислење, нели?
Нова власт, исти срања, исти квалитет на живот. Ску*чено ми е од теми за националност, јазици, вери, партии, со години веќе со истите срања не занимаваат, додека ни тонат здравството и образованието. Нив им е гајле, едните спакуваа куферите, другите ќе ја полнат сеа администрацијата со своите. Деновиве ми е толку преку глава од се, не сакав ни вести да слушам ни темава да ја отворам. Кога слушам како живеат луѓе во другите земји, каков стандард, каква култура све комплет, си викам до народот е бе, им се живее така тука. Само изгледа различни желби имаме за иднината... Некако бев на границата сиве овие години, ама сега дефинитивно влече ногата накај надвор. И тажно е и жално е, што можеме тоа да го имаме овде, ама ете ми се чини дека мнозинството тоа не го сака.
И пола политичари извадија бугарски пасоши, вклучувајќи ги и тие на ВМРО. Јавна тајна е ова а се потврди со нашиот Љубчо Георгиев, екс-премиер де и поранешен водач на ВМРО.