Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Правам и јас што мислам дека е најдобро за нас.
     
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Тоа воопшто не ти го бранам јас. Твое право е. Ако тебе ти се чека уште сто години за да се поправи економијата чекај си. На други не им се чека.

    Не ми одговори на прашањето. Зошто не ги каменуваш политичарите кои ја ограбија Македонија туку ги каменуваш овие сиротиве и утепаниве кои бараат парче леб надвор од државата?

    И дали ти навистина веруваш дека политичариве немаат бугарски пасош?
     
    На galapce, Aquamarine93, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    38.202
    Пол:
    Женски
    Постојат разни услови за стекнување државјанство, едно од нив е и потеклото. По тој услов нашиве се стекнуваат со бугарско државјанство. Докажуваат дека имаат бугарско потекло кое во 99% е лажно. Затоа и велам дека не е вистинско. Се надевам ме разбра сега :) Јас имам прв братучед кој зеде бугарски пасош со доказ дека дедо ми бил Бугарин, а доказот е дека за време на втората светска војна имал бугарско презиме, а тогаш сите имале бугарско презиме, па по автоматизам сите биле Бугари. Тоа им е доволен доказ за да ти дадат државјанство. Дедо ми сега најверојатно се превртува во гробот знаејќи дека е прогласен за Бугарин, а се борел против нив :^)
    Инаку и ние сме како вас, без постојан месечен приход. Маж ми и ќерка ми имаат европски пасоши (не Бугарски :!:) Свекор ми е државјанин на една европска држава, па и маж ми и ќерка ми по автоматизам имаат државјанство. Се мислевме едно време сериозно на темата дали да заминуваме или не. И решивме да останеме. Многумина не сметаат за глупави :?:
     
    На galapce, referentka, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.609
    Пол:
    Женски
    @malerozna за германија не ми збори. Ова шо си го пишала се само турци со германски пасош. Тие со трајни визи ги нема. 8 милј турци и курди живеат таму со докумементи а сигурно има уште 4 милј што се на црно или со бугарски пасоши. Цели населби во големите градови се турски ама нигде нема турско школо, децата германски си учат.
    Тука имаме луге со мк државјанство два збора македонски што не знаат.

    @Julie има погранични двојазични места во италија германски се збори ама не е на цела територија на Италија нели? Патем и затоа законов не е со европско знаменце дека ваква директива никаде во ЕУ не постои.
     
    На Lianna Anna и Rama им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Не верувам. Не знам кој има и кој нема. Јас не судам на тој што извдил. Негово право, негова одлука, ама јас лично не играм на таа карта.

    Зошто не плукам тоа е мое право на изразување. Што не значи и дека поддржувам криминал. Ама си ја сакам земјата и никогаш не сум се срамела од Македонија, каква и да е.

    @An-na и нас не сметаат за глупави. Ама ако имате шанса за надвор јас ве поддржувам.
     
    На Rama, An-na и carangigia им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.446
    @kikikikirika и овој закон се однесува на оние општини каде што населението е 20 %.
    Еве објаснување:
    1. Законот за јазици е официјално изгласан во 2008г. а не во 2018г.
    2. Измените на законот за јазици кои се случија пред неколку дена го унапредуваат користењето на албанскиот јазик НА ЛОКАЛНО НИВО каде живеат повеќе од 20% граѓани Албанци( на пр. тоа нема да важи во Берово или Кавадарци затоа што таму тој процент е далеку помал од 20)
    3. Со измените на законот за јазици, македонскиот јазик си останува единствен службен јазик за внатрешна комуникација како и надворешна комуникација со земјите од Светот.
    4. За воведување на втор службен јазик во државата потребно е изменување на Уставот на Република Македонија за коњ е потребно 2/3 мнозинство во Собранието. Тоа досега не се случило.
    Ова е вистината. Ова се фактите. Се друго е лага, манипулација и непознавање на законите и Уставот.
     
    На galapce и oblace1 им се допаѓа ова.
  7. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Каква добра емисија имаше Васко Ефтов :clap: :clap: :clap: шарениот како избега :rofl:
     
    На Bitter-Sweet, "Zoki", Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Поентата со камењата ми е дека на погрешно место си ги насочила камењата. Да ги насочевме сите камењата кон политичарите ова немаше никогаш да се случи и немаше Македонија да дојде до ова дно.

    А тоа кој имал кој немал, те молам, не си до толку наивна верувам. И Љубчо Георгиев беше деклариран патриот па испадна на крајот Бугар. Љубомир Фрчковски добивал актовки со пари и грчки амфори за да го смени името.
    Милошов е јавна тајна дека има бугарски пасош. Има уште многу работи што се случуваат позади завесата, не верувај во тоа што го сервираат нашите „чесни“ политичари кои никој не ги осудува на темава ама ги осудуваат овие кои се најутепани и живееле тука со социјално од 3000 денари.
     
    На galapce, malerozna, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.609
    Пол:
    Женски
    Ама војската и полицијата не се . Плус го читав законот многу двосмислено и недовршено е тоа 20% пишано. Ко намерно да е така. Не пушува 20% во општината туку само 20%. Некој утре може да спори дека се работи за 20% на ниво на држава.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Каде прочита дека фрлам камења по оние со бугарски пасоши? Оти јас не се сеќавам на вакво нешто?
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daniel1997

    Daniel1997 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Машки
    Тoa е тoa и јaс рaбoтaм зa 14000 нo душaтa ме бoли зa мaкедoнијa и oвoј нaрoд... И тoј штo ќе ги нaтaжи мoите рoдители или мoјoт дедo...
     
    На zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Електроника продаваш?
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069

    Па овој твој коментар ми звучи како неоправдување за тие што земаат бугарски пасоши, демек ти си Македонка која пак трпиш тешки услови и не земаш бугарски пасош.

    А можно е и да сум го сфатил погрешно. Ако е така извини, ама другпат барем потенцирај дека не фрлаш со камења кон овие лица и дека ги оправдуваш зошто вака може некој да те сфати погрешно.
     
  14. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Зошто поставуваш приватни прашања? Зошто тоа тебе те интересира? ајде трачарајте на четот
     
    На "Zoki" и elimkd им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    А Каранџи Џиа вмровка била? И тоа прашање не е приватно, ама толку го сфати и ти. :)
     
    На Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Затоа што политика нема модератор, а реинкарнирани профили се забранети.
    Ела на чет, сега баш за тебе веднаш ќе идам да пишам.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Зошто зборувате за продавање на државата кога таа одамна сите не продала?
    Ефтина работна сила која секојдневно дише канцерогени честички.

    Ми е смачено да објаснувам овде толку очигледни работи.
    И слободно, укинете им државјанство на тие 100 000 со бугарски пасош, ќе ви се врати како бумеранг.
     
    На faye, Nigredo Odor, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Пола државен врв е со бугарски пасош, тие најдоа по овие да фрлаат и да ги колнат.
     
    На galapce, Lianna Anna, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Значи вака: јас не се пожалив ништо, само ја кажав моменталната ситуација на муабетот дека бугарски пасоши не вадат само тие со полн џеб. За другото државјанство сакав да нагласам дека постојат и луѓе кои се горди што се Македонци, без разлика како се наречени (квази патриоти и слично).

    Јас не се мешам во ничија одлука во животот. Само кажав дека јас не би играла на карта да се пишам Бугарка за подобар живот. И не сакам кога некој ме навредува по таа основа како вие погоре.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daniel1997

    Daniel1997 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Машки
    Не.....